Следете не

Хороскоп

Хороскоп за денес (20 април) вторник

Објавено пред

на

ОВЕН

Во некои периоди од месецот ќе се чувствувате како сите да се против вас, но веќе во втората средина од мај, ќе добиете покана за забава која нема да можете да ја одбиете и тогаш напнатоста ќе исчезне. Некој ваш пријател ќе ве запознае со нова личност која можеби ќе стане дел од вашиот живот. Вашиот среќен ден следниот месец е 16. мај.

БИК

Вашата работа и завршувањето на веќе започнатите проекти, ќе ви бидат во прв план месецов, а гледајте сето тоа да го завршите уште на почетокот на месецот, бидејќи тогаш ќе бидете полни со енергија. Иако звучи досадно, сѐ што ќе направите ќе биде во ваша корист. На средина на месецот најверојатно ќе бидете фокусирани на една одредена личност. За време на викендот неочекувано ќе научите нешто ново, или ќе сфатите дека долго време сте грешеле во врска со нешто што ви е важно.

БЛИЗНАЦИ

Смирете се и бидете сериозни на почетокот на месецот. Бидете подготвени да направите добар план и држете се до тоа. Само така ќе можете квалитетно да ја извршите работата која е пред вас. На некој член од вашето семејство ќе му бидат потребни пари и ќе побара од вас. На љубовно поле буквално ви цветаат рози. Ќе се чувствувате исполнето во текот на целиот месец, а главниот виновник за тоа ќе биде вашиот партнер.

РАК

Оваа недела посветете ја на одмор за потоа со наполнети батерии да можете да ги извршувате сите обврски кои ве очекуваат. Ќе посветите доволно време на вашиот партнер, и поради тоа љубовта ќе ви биде возвратена. Во средина на месецот ќе добиете пријатно изненадување кое ќе го подобри вашето расположение. Вашиот среќен ден следниот месец е 22 мај.

ЛАВ

Вашите среќни денови допрва доаѓаат, затоа не разочарувајте се доколку некои денови од месецот кој ви претстои почувствувате монотонија. Кон крајот на месецот, ќе се чувствувате многу сакано, и поради тоа ќе влијаете многу позитивно на вашата околина. Вашиот среќен ден следниот месец е 10 мај.

ДЕВИЦА

Првата недела на месец мај нека ви помине во знакот на убавината. Дозволете си шопинг и некој козметички третман. Ќе се чувствувате толку убаво во вашата кожа, со што ќе зрачите околу вас. Но, и работата не може да чека, па затоа потрудете се да ги завршите сите работни обврски на време. Вашиот среќен ден следниот месец е 12 мај.

ВАГА

Потрудете се да не бидете толку директни кон пријателите и обидете се вашите мислења да си ги задржите за себе. Можеби ќе бидете преоптеретени овој месец со обврски на работа, а колегите ќе ви одат на нерви со нивните коментари, но на крај сѐ добро ќе заврши. Ве очекува прекрасно помината романтична вечер со вашиот партнер исполнета со многу игри.

ШКОРПИЈА

Полн погодок! Овој месец секојдневно ќе измамува насмевки на вашето лице и ќе остави траги од среќа до крајот на годината. Едноставно сѐ ќе ви оди од рака, семејството, работата, пријателите, па дури и љубовта. Викендов, спремете се за добра забава со пријателите, а слободното време искористете го покажувајќи ги вашите кулинарски способности и подготвувајќи им некој од вашите вкусни специјалитети.

СТРЕЛЕЦ

Бидете трпеливи и не ја трошете енергијата залудно. Еден од најубавите периоди штотуку доаѓа, па фокусирајте се на тоа. Со прифаќањето на вашата моментална финансиска состојба ќе отидете чекор напред. Следете ја својата интуиција и така ќе ги решите сите проблеми. Кога ќе одите на некој деловен состанок, или кога ќе имате собир со пријатели, повторно ќе сретнете некоја личност што ви оставила добар впечаток првиот пат кога сте ја виделе.

ЈАРЕЦ

Како и секогаш, вашата мистериозност и саркастичност ќе го нервира вашиот партнер, па поради тоа можно е да дојде и до прекин на врската. Ве очекува повик од личност која го повредила вашето его во минатото, па месецов ќе имате можност да ги израмните сметктите. Посветете повеќе внимание на вашето семејство, во последен период поради вашите љубовни проблеми се одалечивте од сите.

ВОДОЛИЈА

Со својата харизма насекаде ќе плените и нема да можете да кренете глава од понуди од спротивниот пол. На работа ќе добиете понуда за некој проект, но пред да ја прифатите понудата размислете прво како би постапиле и дали тоа е вистински проект за вас. Бидејќи се ближи лето, можеби е вистинско време да почнете да внимавате на вашата исхрана. Партнерот посебно ќе биде изненаден од вашата досетливост во кревет.

РИБИ

Ќе бидете преоптеретени со тоа на што да се посветите повеќе, дали на работата или семејството. Ќе се соочите со финансиски проблеми, а тоа дополнително ќе ве разочара. Излезете со пријател и кажете му што ви се случува, можеби ќе најдете некакво решение. 4 мај е вашиот среќен ден, па очекувајте да ви се случи нешто убаво. Влеговте во прекрасен период на љубов и љубовни остварувања. И конечно ќе ја имате можноста да ви се исполнат сите желби на тоа поле.

Хороскоп

Хороскоп за петок (18 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН
Ако неодамна сте донирале дел од вашите пари, сте позајмиле одредена сума на пријател или си купиле нешто непотребно, денес можеби ќе бидете разочарани од себе и ќе се плашите од иднината. Ништо не е црно или бело, не бидете негативни, туку барајте нова можност за заработка. Размислете што можете да понудите.

БИК
Доколку реагирате доволно брзо на барањата на пазарот, за кратко време ќе можете да ја промените позицијата и да постигнете завиден успех. Оние од вас кои денес се во тајна љубовна врска ќе почувствуваат дека нешто се променило; колку и да сте изненадени, не реагирајте веднаш, туку излезете со лукав и мудар одговор.

БЛИЗНАЦИ
Ако дозволите да ви пречат емоциите, веројатно ќе ја почувствувате загубата денес или ќе започнете серија дискусии кои ќе резултираат со прекин на деловниот проект. Ако сакате да напредувате и важно ви е што ќе мисли околината за вас, тогаш работете на добри меѓучовечки односи. Не барајте кратенки.

РАК
Работите на работа полека си доаѓаат на свое место. Денеска ќе можете да промените некои работи или нечие мислење, за да обезбедите подобра финансиска иднина. Не дозволувајте некој да си игра со вашите емоции или да ве убеди да ги доверите тешко заработените пари на трето лице. Пристапете кон љубовта традиционално и малку потешко.

ЛАВ
Утрото ќе сфатите дека сепак треба да ги чувате мислите за себе. Колку и да ви е тешко, воздржете се од иницирање дебати и обидете се, барем навидум, да се приклоните кон размислувањата на мнозинството. Побарајте помош само од некој на кого навистина му верувате, а пред да направите промени дома, објаснете им на другите.

ДЕВИЦА
Потрудете се да ги одржите деловните активности искрени, добрата атмосфера на работното место и добрите односи со колегите. Ќе бидете доста директни во комуникацијата и во моментов најважно е секој точно да знае што мислите и какви ставови застапувате. За да постигнете една од целите, ќе биде доволно да ги разјасните вашите мотиви и очекувања.

ВАГА
Добри работи ќе дојдат кај оние од вас кои не се алчни. Со своите идеи ќе можете да го привлечете вниманието на вистинските луѓе кои имаат моќ и се влијателни. Доколку денес планирате да договорите нешто или да потпишете договор, дозволете да се знае дека имате искуство зад себе. Денешниот ден ќе биде уште подобар откако ќе добиете шанса подобро да ја запознаете вашата сакана личност.

ШКОРПИЈА
Колку и да се стремите кон совршенство и да се трудите се да правите како што треба, денес сепак ќе треба да се согласите на нешто помалку од тоа и да прифатите дека некои работи треба да се направат што е можно поскоро. Не ги критикувајте другите и не ги омаловажувајте бидејќи ќе ја изгубите популарноста. Потрудете се да се забавувате, да стекнете нови познанства и да пиете кафе со пријателите.

СТРЕЛЕЦ
Секој потег што ви изгледа позитивен денес ќе ве донесе чекор поблиску до постигнување на вашите цели, не двоумете се ако интуицијата ви каже дека треба да одбиете или прифатите нешто. Љубовната ситуација функционира се подобро и денот е идеален за правење промени во бракот или заедничкиот живот. Размислете како можете да бидете подобра личност.

ЈАРЕЦ
Нема да ви бидат достапни сите информации и тешко дека денес работите ќе бидат како што изгледаат на прв поглед, особено кога се работи за приватниот живот и љубовните врски. Останете подалеку од туѓите проблеми, фокусирајте се на своите и обидете се да го пронајдете најдоброто можно решение, дури и ако е привремено. Фокусирајте се на парите.

ВОДОЛИЈА
Не верувајте во се што ќе слушнете денес. Обидете се прво да ги истражувате работите онлајн или во писмена комуникација, бидејќи на тој начин ќе ги добиете вистинските информации и нема да трошите премногу време за донесување одлука. Некој ќе се предомисли, но тоа не значи дека сè е неуспешно или дека треба да ги прекинете плановите.

РИБИ
Не погрешно толкувајте нечие однесување и заклучете дека таа личност има емоции кон вас. Ако не сте сигурни како стоите на работа, поставете отворено прашање до вашиот непосреден претпоставен. Можни се проблеми со постарите во приватниот живот, но не ги доведувајте во прашање вашите начини поради нив.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за четврток (17 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо. Некои нешта не се онакви какви што изгледаат. Не можете да си дозволите да превземете ризик околу некоја ситуација. Можностите кои доаѓаат кај вас треба да бидат детално разгледани.

БИК
Вашите емоции денес ќе делуваат напнати и премногу изразени, тоа може да предизвика себичен впечаток кај другите. Но себичноста не секогаш мора да се карактеризира како нешто лошо. Понекогаш е здраво да направите нешто за себеси. Требада се грижите повеќе за себе.

БЛИЗНАЦИ
Вашите романтични ѕвезди денес изгледаат многу моќно. Месечината и Венера, двете најмноќни планети се подредени така што ги поместуваат вашите чувства и го запалуваат вашето срцео. Се што ви е потребно е да се појави вистинската личност.

РАК
Гледате на нештата црно бело, ќе морате да направите избор помеѓу повеќе опции. Обидете се да бидете повеќе флексибилни, разочарувањето и успехот ќе ве направат потолерантни кон другите, можеби со добра причина.

ЛАВ
Се отпуштате од некои нешта од минатото, особено во домот. Денес се изразени вашите врски со децата, на психолошки план, а тоа ве прави да делувате помладо. Се разбира тоа значи дека ќе уживате повеќе од вообичаено.

ДЕВИЦА
Партнер или колега е подготвен да направи договор што ќе ви донесе многу добри нешта, особено во домот. Ако можете да го забрзате вашето темпо, тогаш тоа ќе ви биде од корист. Вашата цел е да ја дознаете вистината а не да покажете дека сте биле во право.

ВАГА
Денес вашите лични избори и одлуки ќе бидат направени во духот на оптимизмот. Тоа е добро се додека сфатите дека некои услови се промениле во текот на времето, па ќе морате да се прилагодите.

ШКОРПИЈА
Можно е да сте биле излажани или сте биле водени на погрешен пат. Вашите планови сега треба да се прилагодат на конкретната ситуација. Ќе морате да работите надвор од вашите можности, нема друга опција.

СТРЕЛЕЦ
Следните неколку дена ќе се чувствувате како да сте се разбудиле од длабок сон. Ќе почнете да сфаќате дека некои ситуации кои ви делуваат збунувачки се всушност многу појасни. Ќе му дадете поддршка на некој помлад член од вашето семејство.

ЈАРЕЦ
Понекогаш притисокот да направите избор и да одлучите што е исправно е премногу голем. Можете да чувствувате како да се повлекувате настрана. Во минатото сте биле под притисок од многу луѓе, после се сега ќе мора да се изберете себеси.

ВОДОЛИЈА
Ќе ви биде потребен комфорт и стабилност, но во последно време тие некако ви се испуштаат од рака. Не грижете се, на крај се ќе биде добро. Ако вложите малку повеќе труд сега, ќе добиете многу повеќе во иднина.

РИБИ
Вашите емоционални длабочини се бранувани од последните борби кои сте биле принудени да ги водите. Ќе почнете да гледате кон иднината со повеќе јасност. Пристигнуваат добри вести. Никогаш не се сомневајте дека ќе ја имате љубовта од една специјална личност.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (16 јули)

Објавено пред

на

Овен

Пробувате да дојдете до некои промени, но тоа не ви оди од рака.

Можно е да имате трема пред средбата со личност која многу ви значи. Имате впечаток дека таа е вашата сродна душа.

Исцрпени сте.

Бик

Можете да се потпрете на своите колеги. Денешниот ден е многу поволен за работа.

Ако сте слободни, можете да очекувате ново познанство кое во вашиот живот ќе донесе среќа.

Имате проблеми со циркулацијата.

Близнаци

Можно е да не добивате поддршка онака како што очекувате и да морате да ги менувате плановите врзани за работата.

Ве очекува интересно познанство на љубовен план. Пред вас е фаза која е поволна за почеток на нова врска.

Можни се проблеми со зглобовите.

Рак

Можни се недоразбирања со надредените. Потрудете се да на ги комплицирате работите многу.

Запознавате интересна личност овие денови која покажува голем интерес за вас. Денот е поволен за флерт.

Можни се проблеми со алергиите.

Лав

Немојте да очекувате премногу бидејќи денешниот ден не е претерано поволен. Пуштете ги работите по својот природен тек.

Не се сложувате најдобро со саканата личност. Сепак, избегнувајте ги кавгите.

Лош метаболизам.

Девица

Имавте некои поголеми трошоци, но успеавте да ги избалансирате. Горди сте на себеси.

Често мислите на личноста која ви значи.

Намалете го алкохолот.

Вага

Ситуацијата на работа во голема мера зависи од ставот кој ќе го заземете. Потрудете се да се поставите зрело и одговорно.

Добро се чувствувате покрај саканата личност. Ве очекува фаза во која вашата врска ќе напредува.

Ве очекува мал пад на енергијата.

Шкорпија

Можете да очекувате позитивен став од колегите. Работите ви одат од рака и задоволни сте.

Денес ве очекува интересна и возбудлива ситуација со личноста која ја сакате. Ќе се зближите повеќе.

Потрудете се да вежбате.

Стрелец

Ве очекува поволен ден за почеток на нова работа и нови соработки.

Добивате внимание од личност за која подолго сте заинтересирани. Можно е конечно да сте подготвени за љубовна врска.

Стомакот ви е чувствителен.

Јарец

Можете да сметате на стабилна ситуација кога станува збор за работата. Работите ви одат од рака.

Лесно ги покажувате своите чувства и добро се сложувате со брачниот партнер. Задоволни сте со тоа што го имате.

Здравјето е одлично.

Водолија

Ќе бидете добро расположени и мотивирани за работа.

И верувате на личноста која сте ја избрале и сметате дека ве очекува светла иднина.

Можете да очекувате одлична состојба.

Риби

Ако сакате промена на професионален план, ќе треба да се потрудите за тоа.

На прво место ви е односот со саканата личност. Тежнеете кон стабилност.

Низок притисок.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хроника60 минути

Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот

На 17.07.2025 во 14:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У....

Кичево1 час

АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево Заштеди веднаш, само во...

Македонија2 часа

Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?

На 17.07.2025 во 14.21 часот на регионален пат Царев двор-Макази, кај место викано „Ипоз Преспа”,  полициски службеници од ОВР Ресен...

Lifestyle2 часа

Не ги ставајте овие овошја и зеленчуци во фрижидер – еве зошто

Правилното складирање на овошјето и зеленчукот може значително да влијае на нивната свежина, вкус и трајност. Иако фрижидерот често се...

Магазин3 часа

Google го најави датумот за претставување на новите Pixel уреди

Американската технолошка компанија Google најави дека на 20 август ќе го одржи својот следен голем настан – „Made by Google“...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за петок (18 јули)

ОВЕН Ако неодамна сте донирале дел од вашите пари, сте позајмиле одредена сума на пријател или си купиле нешто непотребно,...

Свет15 часа

Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!

Најголемиот досега познат марсовски метеорит што стигнал до Земјата е продаден на аукција во Њујорк за импресивни 5,3 милиони долари....

Македонија18 часа

Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од...

Кичево21 час

Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

Фејсбук статусот ви го пренесуваме во целост: Извор: Група граѓани с.Цер (фб Србјани)

Хроника23 часа

МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години

На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача...

НАЈЧИТАНИ