Следете не

Хороскоп

Хороскоп за денес -[ 24 септември ]- петок

Објавено пред

на

ОВЕН
Оваа недела ќе се случи емоционален климакс со влегувањето на месечината во вашиот знак, време е да се посветите малку повеќе време на себеси и своите чувства. Венера влегува во Девица а тоа ќе ве поттикне да направите промена во вашиот изглед и да се грижите повеќе за вашата убавина.

БИК
Ќе имате тотално луди соништа. Обрнете внимание на вашиот внатрешен глас. Вашата планета влегува во Девица а тоа ви донесува пријатни изненадувања во вашиот љуовен живот и креативното поле.

БЛИЗНАЦИ
Благодарение на месечината во Овен вие ќе бидете социјална пеперутка која ќе сака да се дружи со сите. Исто така ќе сакате да поминувате време со вашите сакани. Сега е одличен период за да започнете со редекорирање.

РАК
Фокусирани сте на вашата кариера. Енергијата ќе тече низ вас и комуникацијата со вашите колеги ќе ви оди беспрекорно. Очекувајте пријатна порака.

ЛАВ
Месечината ви донесува авантуристичко расположение денес. Ќе го планирате вашето следно патување. Ќе добиете неочекуван подарок. Подобрување на финансиската состојба.

ДЕВИЦА
Ќе сакате да се зближите со некоја личност и ќе сакате да се отворите за своите чувства.Полето на љубовта се подобрува. Ќе привлечете личност која долго време ја посакувате.

ВАГА
Месечината во Овен ви донесува голем пресврт на деловно поле, ќе успеете да склопите договор со соработниците кои долго време ви биле недостижни. Нема повеќе да се срамите од вашите чувства и ќе сакате отворено да прозборувате за нив. Ве очекува приватна средба која ќе ви ги разбуди пеперутки во стомакот.

ШКОРПИЈА
Денес ќе бидете особено посветени на организирањето. Ќе сакате се околу вас да доведете во ред. Вашата популарност во социјалните кругови се зголемува. Ве осветлува посебна аура која прави да бидете ѕвезда на сите случувања.

СТРЕЛЕЦ
Подгответе се за забава затоа што месечината во Овен ќе ве направи дружељубиви и полни со енергија. Ќе се чувствувате особено привлечно и сите ќе сакаат да бидат воо ваше присуство. На деловно поле ве очекува награда за која сте мислеле дека никогаш нема да ја добиете.

ЈАРЕЦ
Денес ќе бидете сконцентрирани на семејството и решавање на сите проблеми кои одамна ви го расипуваат расположението. Ќе бидете особено комуникативни и расположени да разговарате на секакви теми. Љубовното поле полека процветува.

ВОДОЛИЈА
Ви пристигнуваат вести кои ќе ве шокираат на пријатен начин. Ќе бидете расположени и ентузијастични во текот на целиот ден. Некој ваш драг ќе ви даде подарок за кој одамна сте сонувале.

РИБИ
Месечината во Овен донесува мали проблеми на работното место. Но од друга страна донесува подобрување на љубовното поле. Ве очекува понуда која ќе ви го растрепери срцето.

Хороскоп

Дневен Хороскоп (27 јануари) – четврток

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес е позитивен ден за вас. Месечината е на ваша страна, ќе бидете во добро расположение и полни со енергија. Ќе правите планови за иднина. Ќе почнете да верувате во нешто за кое сте сметале дека не било вистина. Февруари ви носи нова љубов.

БИК
Можно е да ве вознемират некои зборови упатени од некоја блиска личност. Премногу сте осетливи на туѓото мислење, не морате да се земате се толку при срце. Успешно ќе завршите некоја работа која се одолговлекува. Гледајте напред!

БЛИЗНАЦИ
Денес ќе се чувствувате изморено и исцрпено. Преку целата недела сте работеле напорно, а тоа ја одзема целата ваша енергија. Време е да се посветите на себеси и да ги наполните своите батерии. Избегнувајте конфликт со семејството.

РАК
На повидок е разделба со партнерот, не успевате да ги надминете разликите и тоа ве мачи. Ќе морате да зборувате отворено и на смирен начин да ја решите ситуацијата. Очекувајте понуда за нова работа. Февруари ви носи чувства кон нова личност.

ЛАВ
Денес ќе ви биде здодевно. Чувствителни сте и емоциите владеат со вас па можно е лесно да направите некоја грешка. Сакате премногу нешта одеднаш и тоа ве спречува да бидете спокојни. Подобро е да бидете во мало опкружување затоа што преголемата бука ќе ви пречи.

ДЕВИЦА
Можно е да се чувствувате збунето, ќе мислите дека ништо не ви поаѓа од рака и постојано се вртите во круг. Не грижете се, со почетокот на викендот сето тоа ќе помине. Ќе се чувствувате смирено. Доколку сте имале расправија со партнерот, време е да направите нешто за да се искупите. Ако сте сингл, внимавајте кога влетувате во нова врска, другата страна нема исти намери како и вас.

ВАГА
Денес ќе биде интересен ден за вас. Ќе бидете креативни и расположени да направите некоја промена во ентериерот на домот или работното место. Ќе чувствувате страст и ќе сакате смирена атмосфера. Ќе започнете да работите на некој нов проект.

ШКОРПИЈА
Внимавајте на вашите зборови, во текот на наредните неколку дена можно е да зборувате нешта кои ќе ги повредат другите. Ако не сте сигурни што да кажете подобро премолчете. Исто така можно е да имате некој погрешен заклучок во врска со некоја блиска личност.

СТРЕЛЕЦ
Денес ќе добиете добри вести. Оние кои работат во секторот на финансиите ќе напредуваат. Доколку сте имале проблем со дете конечно ќе биде разрешен. Финансиската состојба е солидна.

ЈАРЕЦ
Можно е да одите на кратко патување во врска со вашиот бизнис. Ќе добиете поддршка од некој член од семејството. На работното место може да почувствувате стрес. Избегнувајте да давате позајмица и немојте да влегувате во конфликт со пријателите.

ВОДОЛИЈА
Денес е среќата на вашата страна кога се во прашање финансиите, ви претстои пријатно изненадување кое ќе ве расположи. Морате да му верувате на вашиот партнер повеќе, ќе откриете некоја информација која ќе ви користи.

РИБИ
Морате да научите дека не можете да имате контрола врз се околу вас. Да се биде одговорен е добро но не можете да преземете одговорност за секое нешто. Внимавајте некоја одлука да не го комплицира вашиот живот.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (26 јануари)

Објавено пред

на

ОВЕН
Нови можности се на повидок и шанса за подобрување на вашата финансиска состојба. Иновациите кои ги изнесувате ќе бидат пофалени и наградени. Но немојте да очекувате дека засекогаш ќе бидете фалени поради нив, ви претстои уште многу труд. Соберете ја својата сила и чекорете цврсто напред.

БИК
Денес ќе имате одлична комуникација со вашите соработници а можно е и стекнување на нови пријатели. Голем број луѓе ќе сакаат да разговараат со вас. Внимавајте да не се посветувате на повеќе работи одеднаш тоа ќе ја ослаби вашата енергија. Одморете и уживајте во друштвото.

БЛИЗНАЦИ
Некоја женска личност во вашето опкружување особено ќе ве иритира и ќе ве направи да размислите подобро за љубовта која ја имате спрема неа. Сега не е вистинско време за да бидете исполнети со горчина. Ќе имате сакате да направите некои поправки за да го подобрите домот. Чувајте ја вашата енергија за активностите кои ви годат наместо за препирки.

РАК
Во последниот период можеби мислите дека вашиот сакан се оддалечил од вас, но ако забележите подобро ќе сфатите дека всушност го следи својот пат и тоа е најдоброто за него. Бидете трпеливи. Наскоро ќе ги проширите вашите хоризонти преку нови познанства и врски кои ќе ви помогнат да научите доста корисни нешта.

ЛАВ
Сте одлучиле да одите во одредена насока пред долго време, но сеуште постои можност да го смените вашето мислење. Немојте да се изненадите ако другите сметаат исто затоа што тие ве следат вас како водач. Ги имате симпатиите на сите околу вас.

ДЕВИЦА
Имате толку нешта на ум кои сакате да ги кажете а толку малку време. Ќе сфатите дека материјалната сигурност не е најважното нешто, во иднина ќе морате да бидете подготвени за поголеми предизвици.

ВАГА
Периодов сте доста зафатени и како што изминува времето обврските ве преплавуваат. Се ви стои на располагање, резултатите од вашиот труд се тука и ќе бидете доста задоволни. Може да се чувствувате изморено но бидете сигурни дека ќе научите важна лекција која ќе ви помогне следниот пат да бидете уште поподготвени.

ШКОРПИЈА
Денес е одличен ден да се посветите на финансиските побарувачки кои ви претстојат и сѐ уште не сте одлучиле што конретно треба да биде направено. Важна информација ви пристигнува која ќе ви олесни некој тежок проблем.

СТРЕЛЕЦ
Ќе морате да донесете некои важни одлуки и да извршите тешки задачи наредните денови, денес подгответе се добро за кога ќе дојде вистинскиот ден да завршите се успешно. Наместо да се грижите за тоа што во минатото тргнало наопаку, потрудете се да го промените тоа што во овој момент сеуште може да биде променето.

ЈАРЕЦ
Некои ваши желби се подготвени за да се исполнат. Денес ќе бидете ослободени од обврски и ќе можете конечно да одморите и да си посветите време на себе. Но некоја важна задача полека пристигнува и ќе морате да ја завршите во краток рок.

ВОДОЛИЈА
Доколку сте имале планови за да отпатувате некаде, најдобро е да почнете со подготовките и да го направите тоа што поскоро. Ништо друго нема да може да ви го подигне расположението како малку промена на опкружувањето. Професионално дадете си малку одмор од обврските за да се вратите назад на своите должности со нови свежи идеи и полни со енергија.

РИБИ
Денес е важно да бидете колку што е можно покреативни, поимагинативни и романтични без оглед на тоа што луѓето околу вас бараат од вас. Што се однесува до деловните работи, важно е да зборувате што мислите, на другите им е важно што имате да кажете.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за вторник (25 јануари)

Објавено пред

на

ОВЕН
Конечно можете да донесете одлука, иако тоа е вашиот најголем проблем. Надминете го двоумењето и прифатете ја одговорноста. Избегнувајте расправии со мажи. Не двоумете се во љубовта, вистинско време е да заземете цврст став.

БИК
Не верувајте во различните ветувања што ви се даваат. Треба да бидете целосно ангажирани и да си помогнете да најдете решение. Се очекува дека сè ќе стагнира, затоа не обидувајте се да започнете некоја нова деловна активност.

БЛИЗНАЦИ
Чекате ги промените што се приближуваат. И како што обично се случува, вашите минути стануваат како години. Ве мачи нетрпеливоста, потребно е да се најде начин да се опуштите. На пример, попладнето поминете го со некој близок или пријател.

РАК
Не исполнувавте некои семејни обврски на време, па дојде моментот кога веќе нема одложувања. Наместо да се лутите на себе затоа што си дозволивте да го сторите тоа, одете веднаш на работа и оставете ја анализата на ситуацијата за друг, поповолен ден.

ЛАВ
Ве интересира некој нов и во моментов се обидувате да се фокусирате на тоа. Не се занесувајте со нови љубовни авантури, особено ако сè уште не сте се расчистиле со некого од минатото. Спомените што ве измачуваат можат да станат непремостлива пречка за нова романса.

ДЕВИЦА
Расеани сте. Преокупирани сте со грижи што сами сте ги смислиле и решавате проблеми што сепак би можеле да се случат. Вашата деконцентрација и однесување на работа може да ве чини многу, па затоа е подобро да започнете со време и да ја одделите реалноста од вашата имагинација.

ВАГА
Поминувате добар дел од денот преиспитувајќи го она што можевте да го решите поинаку во далечното минато. Свртете се кон пријателите и слушајте што имаат да кажат. Зголемената физичка активност може да ве зајакне, особено долга прошетка или трчање.

ШКОРПИЈА
Се ближи моментот на реализација на некои проекти, како и можноста за потпишување нов договор. Сепак, бидете трпеливи и одложете ги последните потези, бидејќи, иако сè оди според планот, сè уште не се исполнети сите предуслови за ставање крај на сè. Избегнувајте кратенки.

СТРЕЛЕЦ
Вклучени сте во во сите случувања околу вас. Чувството дека сте повикани да реагирате на сè е резултат на вашето претходно вклучување во туѓи проблеми. Инаку не ви пречи, но сега сте уморни. Не лутете се, размислете колку има ваша одговорност во сето ова.

ЈАРЕЦ
Им давате преголемо значење на луѓето кои ве осудуваат само од сопствената досада. Вашата љубовна врска е само ваша, за неа не треба да се грижат околината. Ако го игнорирате она што другите го зборуваат, ќе сфатите дека на вашата љубовна врска не и недостасува ништо.

ВОДОЛИЈА
Пред вас е лекција во која треба да ги надминете колебливоста и несигурноста. Ова се одлики кои честопати ве спречуваат да постигнете поени дури и кога сте сигурни дека сте во право. Верувајте си, игнорирајте што мислат другите.

РИБИ
Имагинативна сте, разноврсни и полни со идеи. Добро расположение, накратко, може да расипе невообичаен телефонски повик што не го очекувате. Вестите што ќе ги слушнете ќе бидат чудни и не ви останува ништо друго освен да слушате и да заборавите што е можно побрзо.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево2 часа

La Casa викендов: За прв пат Дуото „Кико и Коки Бенд“ во живо и неповторливиот Алекса Петрески учесникот на „Ѕвезде гранда“

Овој викенд кичевската ноќна-викенд програма ја надополнуваме со настаните од „La Casa – Ресторан и Бар“ Петок 28 јануари: Алекса...

Здравје и убавина3 часа

Истражување: Мерковиот антиканцер лек може да делува на ХИВ инфекцијата

Истражувачите кои го проучуваат лекот против канцер Keytrud на Merck & Co Inc за пациенти со ХИВ, кои исто така...

Магазин4 часа

Измама која им се закани на 105 милиони корисници на Android

Измамата со Android, која вклучува претплата на премиум услуги, е активна речиси две години. Тоа е Dark Herring, операција во...

Магазин4 часа

Xiaomi го претстави Redmi Note 11: четири модели за сечиј џеб

Xiaomi го претстави Redmi Note 11. Популарна серија на уреди за сечиј џеб. Компанијата претстави четири телефони, а спецификациите се...

Автомобили4 часа

Rimac најавува нов хиперавтомобил Bugatti со SUS мотор?

Rimac ветува дека ќе бидеме „изненадени“ од новиот хиперавтомобил, кој ќе има невидени карактеристики на сериски автомобил. Уште во август...

Кичево5 часа

Сабота со „The Groove“ бенд во „Република 96250“ – Кичево

Сабота (29.01.2022) е вечер која не треба да ја пропуштите во Република 96250, на репертоарот ги имаме THE GROOVE Резервации...

Lifestyle5 часа

Дали го местиш креветот наутро? Еве што кажува за вас тоа

Според истражувањето спроведено на 68.000 луѓе, дури 59 отсто од нив признале дека не го средуваат креветот наутро кога ќе...

Скопје5 часа

За утре најавен прекин на електрична енергија во следните локации на град Скопје

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 28.01.2022 година – петок, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во...

Занимливости5 часа

Непознат ротирачки објект е откриен во нашата галаксија

Австралиските научници тврдат дека откриле непознат ротирачки објект во нашата галаксија и истакнуваат дека тоа е нешто што досега не...

Кичево6 часа

Сѐ е полесно со „топла вода“, остатоците од замрзнат снег веќе не се проблем – Самопослужна автоперална и Вулканизер „Виктор“ – Кичево

За прв пат во нашиот град веќе 3 години покрај достапноста за самоуслужување на вашиот автомобил овозможено е перење со...

НАЈЧИТАНИ