Хороскоп
Хороскоп за недела (1 септември)

Овен
Премногу сте исправни за нечиј вкус. Не претерувајте во она во што сте најдобри. Пробајте и на другите да им помогнете во тоа што може да ги зголеми финансиите.
Премногу се расплинувате на сите страни, па немате време за својат сакана личност која едвај чека да ве види.
Посетете стоматолог.
Бик
Се замарате со неважни детали и постојано се критикувате себеси, а од вас се бара само точност и одлучност.
Ако флертувате со некоја личност, не ја избегнувајте средбата со нив. Ве чекаат убави моменти.
Болки во грбот и вратот.
Близнаци
Кога станува збор за работата, не е лоша идеја да се посоветувате со поискусните колеги. Тие многу ќе ви се најдат во наредниот период.
Онолку колку што ќе се отворите на полето на љубовта, толку можете и да очекувате од партнерот. Една Девица е заљубена во вас.
Зајакнете го имунитетот.
Рак
Не е лоша идеја да погледнете напред и да се поставите кон нови предизвици. Не плашете се од нови нешта.
Оставате впечаток на важна и смирена личност. Не сакате да бидете негативни, но денеска нема да можете да го избегнете тоа.
Времето е променливо, внимавајте на имунитетот.
Лав
Не морате да го работите тоа што не го сакате. Бидете креативни и најдете нешто што сосема ви одговара.
Ако сте во брак или долга врска, избегнувајте ги кавгите. Не ви се потребни.
Главоболка.
Девица
Оставате впечаток на работлива личност која точно знае што сака. Тоа е одлично.
Сакате ред и на тоа сите ви завидуваат, но малку му пречите на партнерот со своите правила.
Дигестивни проблеми.
Вага
Имате особини на лидер, но морате да направите точен распоред на вашите работи. Поставете ги своите приоритети, така ќе успеете.
Не ја навредувајте саканата личност, бидејќи таа не го заслужува тоа.
Болки во мускулите.
Шкорпија
Саркастични сте кон колегите, а тоа не ви носи ништо добро. Не ги гледајте луѓето од високо, какви и да се.
Морате почесто да излегувате.
Студено ви е, облечете се топло.
Стрелец
Среќни околности ви се случуваат на работното место и имате многу пријатни искуства со колегите.
Сакате една Шкорпија, но склони сте кон флерт со личност родена во земјен знак.
Болки во нозете.
Јарец
Полето на кариера ви е нагласено, па ве очекуваат одлични деловни потези во текот на денот.
Ако сте заљубени во една Девица и Бик, ќе имате многу убав ден. Пред вас е солиден ден кога станува збор за емоциите.
Внесувајте повеќе витамин Ц.
Водолија
Полето на приватен бизнис ви е одлично нагласено, но само ако се отворат аспектите кои ви овозможуваат да се поставите подобро кон колегите и да се занимавате со нешто поконкретно.
На љубовно поле, имате неизвесност со личност родена во земјен знак. Покажете ги емоциите.
Вежбајте повеќе.
Риби
Премногу сте самокритични, па се чувствува и доза на скептицизам за вашата конкретна работа. Морате да бидете појасни во своите намери овој пат.
Ако една личност на која често мислите е родена во знакот Водолија, не пробувајте да се отворите кон таа личност. Почекајте.
Пијте повеќе течности.
Хороскоп
Хороскоп за петок (14 февруари)

ОВЕН
Мирен ден е пред вас и ова темпо одамна не сте го почувствувале. Претходно секогаш брзавте некаде и не успевавте да ги завршите целосно обврските, но откако го успоривте темпото, завршувате сѐ без притисок и стрес. Немате доволно сила за секојдневните активности, зголемете го внесувањето на витамини и минерали.
БИК
Некои колеги се обидуваат да ве изнервираат од ден во ден, немојте да си го дозволите тоа, особено ако сте свесни дека тоа е нивната цел. Мудроста е важна не само во работата туку и во љубовта, пријдете му на проблемот свесно и рационално и не дозволувајте да изгубите контрола над своите мисли.
БЛИЗНАЦИ
Ако денес имате недоразбирање со некој деловен партнер, вие не сте криви за тоа. Зачувајте ја смиреноста како и секогаш и не им давајте можност на другите да ве изнервираат. Внимавајте што и говорите на саканата личност, само една погрешна изјава може да доведе до тоа да бидете сфатени погрешно и да настане кавга.
РАК
Ако ве наговорува деловниот партнер да направите нешто надвор од своите деловни способности, тоа треба да ви биде опомена да не го правите она што не смеете. Емотивно сте неисполнети, но не е така лесно да напуштите сѐ и да запознаете нова личност толку бргу. Мора добро да размислите пред да донесете конечна одлука.
ЛАВ
Сѐ уште немате влијание врз колегите за да им кажувате што да прават, но се надевате дека денес ќе дојде до решение на некои конфликти од претходно и дека конечно на вистински начин ќе ги распоредите деловните обврски. На тој начин секој ќе знае што треба да направи. Не наоѓате заеднички јазик со саканата личност во последно време и се чувствувате како никој да не ве разбира.
ДЕВИЦА
Се чувствувате исцрпено затоа што работите од утро до мрак, но немате кому да се жалите поради тоа, ќе добиете совет да ја промените работата но моментално не можете да го направите тоа. Внесувајте доволно здрави намирници за да имате сила и енергија да ги завршите сите обврски во текот на денот.
ВАГА
Долго чекате одговор на вашата моментална ситуација на работа и полека губите надеж дека надредените воопшто се занимаваат со вашиот проблем. Ако не можете да најдете заеднички јазик со саканата личност и доколку немате исти цели, сите ваши планови ќе паднат во вода.
ШКОРПИЈА
Не дозволувајте да ви биде криво доколку сте пропуштиле можност да напредувате на работното место, којзнае зошто е тоа добро, ќе имате уште една шанса во иднина за тоа. Плановите се прават за да се реализираат, а вие и вашиот партнер досега ниеден план не сте исполниле.
СТРЕЛЕЦ
Ако првиот впечаток за деловниот партнер е позитивен, тоа не значи дека е реален. Обидете се добро да процените пред да заклучите за каква личност станува збор. Симпатии постојат помеѓу вас и еден познаник, но никако да дојде до ситуација да се зближите и подобро да се запознаете.
ЈАРЕЦ
Не го одбивајте предлогот за соработка од колегата само затоа што не се вклопува во вашиот досегашен стил. Понекогаш мора да се прилагодите на условите на пазарот и денес е идеална пригода за тоа. Не можете да се согласите со партнерот околу некои заеднички цели и сега тоа ви се одбива од глава, мора да прифатите некои работи кои не ви одат од рака.
ВОДОЛИЈА
Нема време за експериментирање на деловно поле, досега сте применувале една тактика, таа се покажала како успешна и држете се до неа и понатаму. Сакате флертот да ве доведе до некоја нова авантура, некои нови емоции, но бидете реални со своите очекувања за да не се разочарате.
РИБИ
Изјавите на вашите соработници нема да ви се допаднат, но ако подобро размислите, можеби се во право, не го давате својот максимум во последно време и треба да го промените тоа. Успехот во љубовта не е исто што и среќа во неа. Ако сте имале многу врски, тоа не значи дека во нив сте биле среќни и исполнети.
Хороскоп
Хороскоп за четврток (13 февруари)

ОВЕН
Тешко дека овие дена ќе можете да изберете што е најдобро за вас, главно затоа што нема да можете да размислувате премногу широко или нема да ги имате сите информации. Ако можете, одложете ги состаноците што ви се важни или одлуките што можат да почекаат. Пред да ветите нешто, размислете што очекуваат другите од вас.
БИК
Без разлика каков е крајот на работната недела, ќе имате доволно мотивација и енергија ентузијастички да ги прифатите новите предизвици и да ги решите старите. Обидете се да посветите доволно внимание на можностите кои нема да се пропуштат, а кои во комбинација со цврст став и одговорно однесување можат да ви донесат пари.
БЛИЗНАЦИ
Иако тоа ќе биде личност со која сте многу блиски, не верувајте во се што ќе слушнете бидејќи тоа ќе биде информација дека и таа знае од втора рака и има мали шанси да е точна. Читајте меѓу редови за да можете навистина да разберете што се случува околу вас. Не ги игнорирајте можностите за промена на кариерата поради туѓи потреби.
РАК
Немојте премногу да ви пречи она што другите го прават или зборуваат, особено колегите на работното место. Ако одлучите да тргнете по својот пат само за да им докажете на другите дека сте независни и единствени, ќе го привлечете вниманието на личност која може многу да ви помогне. Некој кој ви бил важен во минатото, периодов ќе ја промени вашата иднина.
ЛАВ
Овие дена би можеле да бидете многу разочарани од личност која не ја очекувавте. Иако најголемиот дел од настаните ќе се одвиваат на деловно поле каде се можни нови предизвици како и проблеми кои ќе треба да ги решавате во движење, во исто време можни се нови ситуации поврзани со член на семејството. Сепак, не дозволувајте второто да ве заслепи.
ДЕВИЦА
Овој викенд ќе бидете во ретко добра форма. Ќе бидете емотивни, страсни во се што правите и во исто време во склад со се што се случува околу вас. Денот е идеален за склучување нови зделки, договарање разни детали и планирање на патување. Оставете доволно време и за љубовното поле, особено ако сте во тајна врска.
ВАГА
Внимателно бирајте кому ќе му се доверите овие дена, со кого ќе разменувате идеи до кои штотуку сте дошле или кому ќе му дадете предлог за деловна соработка. Тешко дека ќе победите ако одлучите да склучите нови деловни партнерства. Посебен успех ги чека оние од вас кои работат онлајн или патуваат.
ШКОРПИЈА
Што се однесува до изборот на вистинскиот момент, сега ќе бидете непогрешливи. Не се откажувајте од вашите цели и не мислите дека нешто или некој не е вреден за вашиот труд затоа што едноставно може да изгубите нешто што е големо и наскоро би можело да биде ваше. Денот е поволен за патување, комуникација и за создавање нови познанства и договори.
СТРЕЛЕЦ
Речиси случајно ќе бидете вовлечени во туѓи проблеми, веројатно оние на некоја личност која ви е драга. И покрај вашата желба да помогнете, немојте да бидете склони да споделувате премногу информации или да озборувате за други луѓе. Бидете барем малку таинствени и на работа во спротивно колегите ќе го искористат вашето добро расположение. Многумина ќе добијат одобрение што го сакаат.
ЈАРЕЦ
Овој викенд не треба да правите никакви промени. Ќе се случи премногу и ќе мора повеќе пати да се прилагодите на новите околности, затоа не си создавајте нови обврски и наметнувајте премногу динамично темпо на работа. Иако ќе ве привлече некој со одлични идеи и планови, не давајте пари.
ВОДОЛИЈА
Колку и да сте уморни деновиве и да ги избегнувате секојдневните обврски, имајте на ум до каде сте стигнале и како треба да го задржите истото темпо во спротивно некој ќе ве врати барем еден чекор назад. Не претерувајте со ништо, особено во преземањето нови обврски или прикажувањето на деловните детали. Изберете мудро во љубовта.
РИБИ
Овој викенд најважна ќе биде вашата сила, но не и физичката сила. Не попуштајте пред луѓето кои се негативни и премногу напорни и не препуштајте се на пороците бидејќи сето тоа само ќе ве успори или целосно ќе ве спречи да ги реализирате вашите планови. Личност од минатото би можела да ви претстави ново искушение, да бидете силни и да се почитувате себеси.
Хороскоп
Хороскоп за среда (12 февруари)

Овен
Ситуацијата на работа е стабилна и задоволни сте со околностите во кои се наоѓате. Можете да очекувате добар ден.
Подготвени сте да бидете уште некое време сами за да ја најдете личноста која ви одговара.
Ќе ви годи рекреација.
Бик
Денешниот ден е одличен во однос на работата. Не се грижете за ништо.
Личноста која ја запознавте ни носи многу љубов. Пред вас е поволен ден за почеток на нова врска.
Имате многу сила и енергија.
Близнаци
Можете да очекувате силна поддршка од личноста со која сте пријатели пред се, но и колеги.
Ако сте слободни, денот е одличен за нови познанства.
Зголемете го внесот на течности.
Рак
Подготвени сте да работите прекувремено за да остварите добри резултати на полето на работата за да ги подобрите своите финансии.
Ако ви се допаѓа личност родена во знакот Стрелец, можно е односот да ви биде покомплициран.
Внимавајте на имунитетот.
Лав
Не допуштајте да влијае на вас негативната атмосфера во која се наоѓате.
Потребна ви е нова љубов иако се уште не сте ставиле точка на старата.
Грлото ви е чувствително.
Девица
Не е претерано поволен ден за вас. Можни се проблеми и компликации.
Можете да очекувате добар однос со партнерот ако сте во брак. Имате чувство дека совршено се надополнувате.
Ве мачи вртоглавица.
Вага
Поволен ден за приватен бизнис како и за нови важни одлуки.
Можете да очекувате интересен развој на случувањата на полето на емоциите. Симпатијата која ја имате е заинтересирана за вас.
Слаба циркулација.
Шкорпија
Новите ситуации на работа ви носат чувство на нервоза и неизвесност. Можно е и самите да не сте сигурни во која насока оди тоа.
Ве очекува интересно познанство преку пријателите или на некоја забава.
Здравјето е добро.
Стрелец
Потрудете се сериозно да се посветите на своите обврски ако сакате да дојдете до подобрување на ова поле.
Чувствувате тензија во љубовта и постои некоја несигурност во вашиот однос.
Можни се проблмеи со бубрезите.
Јарец
Решени сте да се посветите на својата работа, но постојат некои лични проблеми кои ви пречат во тоа.
Можно е едно скорешно познанство да почне да станува позначајно одошто сте се надевале.
Проблеми со стомакот.
Водолија
Ако сте напнати, таа тензија и лоша енергија ќе им ги пренесете и на колегите.
Спонтано ќе запознаете личност која во вас ќе пробуди силни чувства.
Пад на имунитетот.
Риби
Новите информации кои доаѓаат во вас, на некој начин ве подготвуваат за некои опасности.
Можно е да и се допаѓате на личност која не ја познавате доволно добро.
Избегнувајте го алкохолот.
-
Кичево2 дена
„Супра Психолошкиот Центар“ во соработка со кичевската ПЗУ „Супра Медика“ организира бесплатно пријавување на луѓе за поддршка на болни од малигни заболувања
-
Кичево2 дена
Полициски службеници од ОВР Кичево одржаа едукативни работилници во ООУ „Санде Штерјоски“, на тема „Булинг и сајбер булинг“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (13 февруари)
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за петок (14 февруари)
-
Здравје и убавина14 часа
Киселини во желудник: Седум намирници за спас кои ја гасат „огнената“ болка
-
Временска прогноза2 дена
Доаѓа снежен бран на високите места, најпрво ќе резултира со дожд со умерен интензитет
-
Lifestyle2 дена
Како да се спречи губењето на колаген? 6 едноставни навики за поздрав изглед
-
Lifestyle2 дена
Прополис и топол пијалок – природен начин за чистење на белите дробови и синусите