Следете не

Хороскоп

Хороскоп за недела (15 октомври)

Објавено пред

на

Овен
Вашиот дневен хороскоп е фокусиран на заработка, затоа потрудете се денес да направите се како што треба. Во тоа најмногу ќе ви помогнат вашите комуникациски вештини, ќе му се допаднете на некој иден деловен соработник. Ве мачи некоја тајна, разговарајте со личноста која ви го кажала истото.

Бик
Денес е ден за постигнување одлични резултати! Ќе добиете неочекувани пари, а вие сте на ред да ги потрошите само на себе! Купете работи кои ви се потребни долго време. Љубовта цвета, задоволни сте од вниманието што ви го дава партнерот.

Близнаци
Не дозволувајте влијанието на другите луѓе да ве кочи. Што се однесува до работата, само вие треба да одлучите бидејќи само вие тоа ќе го правите секој ден. Нов познаник ви се насмевнува, личноста ќе биде крајно антипатична кон вас. Сепак, чувството ве мами, бидете сигурни!

Рак
Емоциите настрана, работа во фокус. Тоа треба да биде вашата мантра денес. Прифатете ја помошта од колегата, таа ќе ви значи повеќе отколку што мислите. Не сте задоволни од емотивната врска, на ред е да ставите крај на она што не ве прави среќни.

Лав
Дневниот хороскоп предвидува неочекувани трошоци. Внимавајте на што ги трошите парите, не се расфрлајте. Партнерот ви подготвува изненадување, но изгледа нема да ви се допадне. Бидете искрени, кажете му што ве мачи.

Девица
Знаете да ги охрабрите, расположите и мотивирате луѓето, а таквиот став на работа може да ве однесе далеку. Иако бевте прилично скептични за новата личност во вашиот живот, се чини дека станувате посериозни за вашите намери. И таа е, подгответе се за романса.

Вага
Денеска не поднесувате авторитет, па можни се проблеми со претпоставените. Како што одминува денот така ќе бидете порасположени, а за тоа ќе придонесат и пријателите и семејството. Организирајте патување, семејството сака да поминувате што повеќе време со нив.

Шкорпија
Веќе некое време сте тема број еден во колективот, се чини дека сите знаат се за вашиот приватен живот, а тоа влијае на вашата самодоверба. Кога обрнувавте внимание на туѓите мислења? Продолжете со свое темпо, ќе ви се исплати. Нова љубов на хоризонтот.

Стрелец
Денес не треба да купувате, да склучувате зделки, да преговарате, а не е ниту вистинско време за нови познанства. Фокусирајте се на партнерот, тој има нови планови да сподели со вас. Не би било лошо доколку одите некаде заедно и да си посветите време исклучиво еден на друг.

Јарец
Натпреварувачите на работа ќе ве принудат да дадете се од себе и да научите нешто ново. Добриот финансиски потег ќе ви се исплати, но тоа не значи дека треба да трошите онолку колку што можете да си дозволите. Можни се несогласувања со партнерот, добро размислете дали навистина го сакате крајот.

Водолија
Денес е одличен ден за финансиски работи, парични трансакции или потпишување договори. Имотно прашање можете да решите и на иницијатива на член на семејството. Денес е одличен ден за флерт, нова љубовна авантура ќе ве разнесе!

Риби
На работа ќе се соочите со некоја стресна ситуација, но најдобро е да останете смирени и да се обидете да ја скриете фрустрацијата. Нервозни сте, а тоа се одразува на вашите резултати. Најдете хоби за да си го одвлечете вниманието. Задоволни сте на љубовно поле.

Хороскоп

Хороскоп за сабота (25 јануари)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо. Некои нешта не се онакви какви што изгледаат. Не можете да си дозволите да превземете ризик околу некоја ситуација. Можностите кои доаѓаат кај вас треба да бидат детално разгледани.

БИК
Вашите емоции денес ќе делуваат напнати и премногу изразени, тоа може да предизвика себичен впечаток кај другите. Но себичноста не секогаш мора да се карактеризира како нешто лошо. Понекогаш е здраво да направите нешто за себеси. Требада се грижите повеќе за себе.

БЛИЗНАЦИ
Вашите романтични ѕвезди денес изгледаат многу моќно. Месечината и Венера, двете најмноќни планети се подредени така што ги поместуваат вашите чувства и го запалуваат вашето срцео. Се што ви е потребно е да се појави вистинската личност.

РАК
Гледате на нештата црно бело, ќе морате да направите избор помеѓу повеќе опции. Обидете се да бидете повеќе флексибилни, разочарувањето и успехот ќе ве направат потолерантни кон другите, можеби со добра причина.

ЛАВ
Се отпуштате од некои нешта од минатото, особено во домот. Денес се изразени вашите врски со децата, на психолошки план, а тоа ве прави да делувате помладо. Се разбира тоа значи дека ќе уживате повеќе од вообичаено.

ДЕВИЦА
Партнер или колега е подготвен да направи договор што ќе ви донесе многу добри нешта, особено во домот. Ако можете да го забрзате вашето темпо, тогаш тоа ќе ви биде од корист. Вашата цел е да ја дознаете вистината а не да покажете дека сте биле во право.

ВАГА
Денес вашите лични избори и одлуки ќе бидат направени во духот на оптимизмот. Тоа е добро се додека сфатите дека некои услови се промениле во текот на времето, па ќе морате да се прилагодите.

ШКОРПИЈА
Можно е да сте биле излажани или сте биле водени на погрешен пат. Вашите планови сега треба да се прилагодат на конкретната ситуација. Ќе морате да работите надвор од вашите можности, нема друга опција.

СТРЕЛЕЦ
Следните неколку дена ќе се чувствувате како да сте се разбудиле од длабок сон. Ќе почнете да сфаќате дека некои ситуации кои ви делуваат збунувачки се всушност многу појасни. Ќе му дадете поддршка на некој помлад член од вашето семејство.

ЈАРЕЦ
Понекогаш притисокот да направите избор и да одлучите што е исправно е премногу голем. Можете да чувствувате како да се повлекувате настрана. Во минатото сте биле под притисок од многу луѓе, после се сега ќе мора да се изберете себеси.

ВОДОЛИЈА
Ќе ви биде потребен комфорт и стабилност, но во последно време тие некако ви се испуштаат од рака. Не грижете се, на крај се ќе биде добро. Ако вложите малку повеќе труд сега, ќе добиете многу повеќе во иднина.

РИБИ
Вашите емоционални длабочини се бранувани од последните борби кои сте биле принудени да ги водите. Ќе почнете да гледате кон иднината со повеќе јасност. Пристигнуваат добри вести. Никогаш не се сомневајте дека ќе ја имате љубовта од една специјална личност.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за петок (24 јануари)

Објавено пред

на

ОВЕН

Слушајте ги другите повеќе од себе. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од вас и имаат влијание на работите. Затоа поврзете се и не препрашувајте премногу. Следете ги до целта. Љубовта ви се чини дека е далеку од вас, но другите содржини од животот ви даваат сила да ја издржите самотијата или дистанцата во личните односи. Така ќе биде до крајот на оваа седмица.

БИК

Некои ќе отидат на пократок пат или на излет со саканата личност. Ова може да остане во незаборавен убав спомен. Други ќе пречекаат роднини кои ќе ги поврзат со личност која искрено ќе ги заинтересира. Добро ќе се справувате со тешки и значајни теми. Некои ќе бидат изоставени, или пак пред нив ќе бидат поставени поголеми задачи. Од финансиска гледна точка би требало да остварите добри резултати.

БЛИЗНАЦИ

Како што ќе одминува седмицата, сè повеќе ќе сакате да отидете на годишен одмор. Оние кои сè уште не можат, веројатно ќе мораат да се ангажираат околу некои заостанати работи за кои одамна мислеле дека се завршени. Пријатниот амбиент, поголемата отвореност и подготвеноста да го изразите она што го чувствувате како и наклонетоста на другата страна ќе ви ги направат овие денови убави.

РАК

Можеби ќе се чувствувате незаинтересирано за некои позначајни љубовни потфати. Тоа е како резултат на вашата блокираност. Објективно, можни се дискретни уживања кои ќе се помнат.  На дневен ред доаѓаат инвентивности. Ќе има и такви кои дефинитивно ќе завршат една фаза од својата работа. На повидок се нови очекувања, но за нивно остварување ќе треба да се постават нови темели.

ЛАВ

Повеќе би сакале да се повлечете и да работите нешто од дома. Некои ова влијание ќе го искористат за вистински домашни работи, па кога ќе им заврши работното време ќе отидат дома каде ќе се претворат во вистински мајстори. Љубовта во оваа седмица е некаде на страна, тивка и малку скриена.

ДЕВИЦА

Подгответе се за инвентивност или за затворање на деловните фази. Ќе има и такви кои непредвидено ќе отидат на годишен одмор. Овие денови нема да дојде до значително придвижување во вашите приватни односи. Ќе имате доволно енергија, особено за комуникација, па многумина со зборови ќе го надоместуваат она што им недостасува на емотивно поле.

ВАГА

Пред вас е ден за добри, но не големи љубовни прилики. Искористете го така што ќе ја зајакнете довербата помеѓу вас и партнерот. Исто така би требало да примените самоконтрола бидејќи од време на време ќе реагирате како што не треба. Бидете воздржани. Потрудете се да ја искористите можноста за унапредување на работното место.

ШКОРПИЈА

Од големи идеи и амбиции вие во оваа седмица полека ќе се спуштите на земја. Ќе има помалку соништа, а сè повеќе приземна работа, но тоа нема да ви биде непријатно. Од вас и вашата способност за самоконтрола зависи успехот во вашиот приватен живот. Потрудете се. Можно е да се случи нешто преубаво.

СТРЕЛЕЦ

На работното место ќе се случуваат значајни работи, а работата ќе добие на тежина. Тоа е нешто што го обожувате, па ќе и се предадете на работата без задршка и безрезервно. Мноштвото забави и бројните излегувања на атрактивни места ќе бидат ретко видени доживувања кај вас овие денови. Уживајте, но немојте да заборавите и на оние мали вниманија кои многу им значат на луѓето. Особено на вашата драга личност.

ЈАРЕЦ

Како што одминува седмицата ќе биде сè појасно дека тоа што го работите има поголемо значење отколку што ви се чинело на почетокот. Тоа ќе ве мотивира да работите уште повеќе и уште подобро. Се наоѓате во фаза на богат социјален живот, но вашите ново настанати приватни односи ќе бидат од површен карактер. Сепак тоа не значи дека подоцна нема да се развие нешто подлабоко.

ВОДОЛИЈА

Ќе бидете активни во барањето на сродна душа ако сте уште сами. Нема да ви биде тешко да отидете на крајот од светот само да го најдете она што го барате. Оние што се во врска ќе ја изненадат саканата личност со предлози полни со активности и динамика. Посветете малку време и на семејството.

РИБИ

Работите лесно ќе ги завршувате, а вашата самодоверба ќе расте. Многумина овие денови ќе имаат можност да ги покажат и докажат своите способности. Ако сте сè уште сами, дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Тие ве чекаат. Оние што се во врска ќе почувствуваат како се развива нивниот однос во вистинската насока. Ќе им биде мило.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за четврток (23 јануари)

Објавено пред

на

ОВЕН
Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве збуниле. Личноста од која најмалку очекувате би можела да ви сврти грб и да ве доведе во непријатна ситуација. Иако нема да можете да добиете многу денес, ќе можете да се заштитите од губење.

БИК
Ако нешто е за учење или деловни активности што ве привлекуваат, прифатете го и потрудете се да истражите нови можности. Не плашете се да поставувате прашања бидејќи тоа ќе ви помогне да дознаете се што треба да знаете, но и да им покажете на другите колку навистина сте заинтересирани. Може да сметате на поддршка од многу постара личност.

БЛИЗНАЦИ
За да го добиете она што го сакате, не треба да се предавате на емоционална уцена или драматично да реагирате на новите ситуации. Покажете им на другите дека сте стабилни со тоа што ќе бидете искрени, но и иновативни. На многумина од вас нема да им се допаднат промените кои ќе бидат се повеќе и повеќе во текот на денот, но ќе мора да се прилагодите на нив. Не се противете

РАК
Сè ќе биде добро под услов да се воздржите од ненадејни реакции и критики кои на почетокот не сте ги мислеле добро. Немојте да молчите ако тоа е нешто што не го одобрувате бидејќи ќе се смета дека ви одговара на сите. Кажете го она што го мислите и овој пат бидете целосно искрени, ова е единствениот начин да откриете што точно сте нафатени и што можете да очекувате.

ЛАВ
Денеска барем потрудете се да направите малку помалку, бидејќи така ќе се чувствувате подобро и ќе се спасите од непотребно каење поврзано со настани на приватно поле. Време е да им објасните на вашите најблиски колку ви значат и дека сте тука за нив. Планирајте нешто посебно што ќе ви помогне да уживате и да се опуштите со забава.

ДЕВИЦА
Ќе имате убаво чувство и денес нема да ви недостасува мотивација, особено за оние активности и разговори за кои мислите дека ќе постигнат некои од поважните цели. Продолжете со плановите што ги имате, но обидете се да оставите доволно време за стекнување на нови знаења или поставување прашања. Не плашете се од успехот.

ВАГА
Сè ќе биде добро и оди според планот под услов да не ги преземате туѓите заслуги поврзани со идеи или зборови. Верувајте во себе и во сопствените ставови инаку би можеле да се опкружите со погрешни луѓе и да изгубите чувство за времето. Ако имате намера да го привлечете вниманието на деловното опкружување, прифатете ја можноста и почнете да ги правите работите малку поинаку.

ШКОРПИЈА
Денес особено ќе ве привлекува личност која позитивно ќе влијае на вас преку креативни идеи. Слободно прифатете учество во нови проекти, но обидете се да останете цврсто на земја за да не губите време на нешто што не е исплатливо на долг рок или е тешко остварливо. Бидете јасни за позицијата што ја сакате.

СТРЕЛЕЦ
Не дозволувајте љубовта и емоциите да ве одведат во погрешна насока. Останете верни на визијата што ја имате затоа што не можете да си дозволите да правите грешки во моментов. Во одреден момент ќе бидат потребни промени, но сега најважните одлуки што ги донесувате се насоката што неодамна сте ја избрале. Дури и ако се сомневате во себе, не го покажувајте тоа.

ЈАРЕЦ
Иако денес ќе почувствувате дека се е под контрола и дека ситуацијата се развива токму онака како што сте се надевале, всушност треба да бидете внимателни, особено ако не сте биле директни или намерно сте биле нечесни. Време е да започнете да ги решавате емоционалните проблеми бидејќи само така ќе избегнете загуби. Искреноста ќе доведе до нова можност.

ВОДОЛИЈА
Денес ќе бидете доста емотивни, а на моменти ќе имате впечаток дека ве обземаат нови настани од околината. Не им покажувајте на другите како се чувствувате, особено ако не знаете како самите да го дефинирате тоа, подобро е да се соберете и да се соочите со ситуацијата онака како што мислите дека е најдобро. Верувај во себе.

РИБИ
Решението нема да го најдете во агресивни потези и критики. Обидете се денес да бидете умерени во реакциите и дозволете им на другите да научат некои работи преку нивните грешки. Време е да заземеме поинаков став кој ќе се сведе на чекање и гледање. Работите нема да бидат баш како што изгледаат на почетокот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт3 минути

(ВИДЕО) Имплементирање на ВАР системот ќе ја врати сигурноста на терените и кај инвеститорите, младите селекции ќе го добијат вистинскиот третман

Претседателот на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ во интервју за ТРТ Балкан говори за неговата визија како да се подобрат состојбите...

Временска прогноза2 часа

Температурна инверзија, ладно во градовите, магла и топло на превоите и котлините

Голема температурна инверзија имаме  и ова утро и претпладне во Македонија, котлините се многу поладни од планинските места и Скијачките...

Македонија5 часа

Среќен роденден за нашиот непреболен ангел, најголемата македонска ѕвезда, наш Тоше Проески, вечна слава!

Денес 25.01.2025 изминуваат 44 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој со својот огромен...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за сабота (25 јануари)

ОВЕН Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо....

Социјални мрежи17 часа

Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари

Додека Apple и Google одбиваат да го вратат TikTok во нивните е-продавници за апликации додека не го купи американска компанија,...

Спорт20 часа

Футсал Македонија до 19 години оствари значајна победа над Гибралтар во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП во Молдавија

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа значајна победа над Гибралтар со 3:1 во рамките на првиот натпревар од...

Македонија21 час

Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија

На 24.01.2025 во 02.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (24 јануари)

ОВЕН Слушајте ги другите повеќе од себе. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од...

Спорт2 дена

(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина

Предмалку Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ преку својата социјална мрежа обзнани фотографија со Горан Пандев, спортскиот директор...

Спорт2 дена

ФФМ ги истакна условите за работа на тренери и физиотерапевти од Спортската академија

ФФМ исткана оглас за тренери и физиотерапевти за работа со фудбалери од Спортска академија. Во продолжение, заинтересираните кандидати може да...

НАЈЧИТАНИ