Хороскоп
Хороскоп за недела (16 јуни)

ОВЕН
Нови можности се на повидок и шанса за подобрување на вашата финансиска состојба. Иновациите кои ги изнесувате ќе бидат пофалени и наградени. Но немојте да очекувате дека засекогаш ќе бидете фалени поради нив, ви претстои уште многу труд. Соберете ја својата сила и чекорете цврсто напред.
БИК
Денес ќе имате одлична комуникација со вашите соработници а можно е и стекнување на нови пријатели. Голем број луѓе ќе сакаат да разговараат со вас. Внимавајте да не се посветувате на повеќе работи одеднаш тоа ќе ја ослаби вашата енергија. Одморете и уживајте во друштвото.
БЛИЗНАЦИ
Некоја женска личност во вашето опкружување особено ќе ве иритира и ќе ве направи да размислите подобро за љубовта која ја имате спрема неа. Сега не е вистинско време за да бидете исполнети со горчина. Ќе имате сакате да направите некои поправки за да го подобрите домот. Чувајте ја вашата енергија за активностите кои ви годат наместо за препирки.
РАК
Во последниот период можеби мислите дека вашиот сакан се оддалечил од вас, но ако забележите подобро ќе сфатите дека всушност го следи својот пат и тоа е најдоброто за него. Бидете трпеливи. Наскоро ќе ги проширите вашите хоризонти преку нови познанства и врски кои ќе ви помогнат да научите доста корисни нешта.
ЛАВ
Сте одлучиле да одите во одредена насока пред долго време, но сеуште постои можност да го смените вашето мислење. Немојте да се изненадите ако другите сметаат исто затоа што тие ве следат вас како водач. Ги имате симпатиите на сите околу вас.
ДЕВИЦА
Имате толку нешта на ум кои сакате да ги кажете а толку малку време. Ќе сфатите дека материјалната сигурност не е најважното нешто, во иднина ќе морате да бидете подготвени за поголеми предизвици.
ВАГА
Периодов сте доста зафатени и како што изминува времето обврските ве преплавуваат. Се ви стои на располагање, резултатите од вашиот труд се тука и ќе бидете доста задоволни. Може да се чувствувате изморено но бидете сигурни дека ќе научите важна лекција која ќе ви помогне следниот пат да бидете уште поподготвени.
ШКОРПИЈА
Денес е одличен ден да се посветите на финансиските побарувачки кои ви претстојат и сѐ уште не сте одлучиле што конретно треба да биде направено. Важна информација ви пристигнува која ќе ви олесни некој тежок проблем.
СТРЕЛЕЦ
Ќе морате да донесете некои важни одлуки и да извршите тешки задачи наредните денови, денес подгответе се добро за кога ќе дојде вистинскиот ден да завршите се успешно. Наместо да се грижите за тоа што во минатото тргнало наопаку, потрудете се да го промените тоа што во овој момент сеуште може да биде променето.
ЈАРЕЦ
Некои ваши желби се подготвени за да се исполнат. Денес ќе бидете ослободени од обврски и ќе можете конечно да одморите и да си посветите време на себе. Но некоја важна задача полека пристигнува и ќе морате да ја завршите во краток рок.
ВОДОЛИЈА
Доколку сте имале планови за да отпатувате некаде, најдобро е да почнете со подготовките и да го направите тоа што поскоро. Ништо друго нема да може да ви го подигне расположението како малку промена на опкружувањето. Професионално дадете си малку одмор од обврските за да се вратите назад на своите должности со нови свежи идеи и полни со енергија.
РИБИ
Денес е важно да бидете колку што е можно покреативни, поимагинативни и романтични без оглед на тоа што луѓето околу вас бараат од вас. Што се однесува до деловните работи, важно е да зборувате што мислите, на другите им е важно што имате да кажете.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (17 февруари)

ОВЕН
Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое време да се опуштите. Поволен ден за љубов, може да очекувате дека ќе имате добар однос со саканата личност. Болки во долниот дел на грбот.
БИК
Имате пред себе многу обврски и работа. Денешниот ден ќе ви биде на некој начин напорен на ова поле. Може да се надевате на многу позитивни промени и ново познанство. Можен е мал пад на имунитетот.
РАК
Имате шанса да напредувате и полека да остварите позитивни промени на деловно поле. На вашиот партнер му одговара вниманието кое му го посветувате. Задоволн сте бидејќи сте успеале да остварите еден квалитетен однос. Психосоматски проблеми.
ЛАВ
Немате добра комуникација со колегите и тоа за вас претставува голема кочница. Ве очекува ден во кој ќе бидете емотивно задоволни и исполнети. Пред вас е фаза во која ќе уживате. Кожата ви е осетлива.
ДЕВИЦА
Ќе дојде до некои промени во вашето деловно опкружување и нема да ви биде лесно да се прилагодите на нив. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена на компромиси. Помали срцеви проблеми.
ВАГА
Време е да се соочите со потешкотиите и проблемите на работа. Кога ќе ги решите, ќе успеете да остварите напредок. Имавте некои дилеми на љубовно поле. Не сте сигурни која личност е вистинската. Многу сте чувствителни денес.
ШКОРПИЈА
Не е премногу поволен ден за работа денес. Можеби ќе се појават некои нови проблеми и компликации. Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и подготвени сте на сѐ за да го добиете нејзиното внимание. Избегнувајте алкохол.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува многу поволен период на деловно поле. Пред вас е фаза во која ќе имате некои нови деловни случувања. Ве очекува ново познанство и нови можности на љубовно поле. Се чувствувате сосема во ред.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате стабилизација на финансиите. генерално ќе бидете задоволни со случувањата на работа. Стабилната љубовна ситуација ви влева чувство на задоволство. Можни се проблеми со забите.
ВОДОЛИЈА
Денес не носете нови одлуки и потрудете се да бидете трпеливи со своите заклучоци. Важно е да го дефинирате односот со партнерот. Можеби сакате врската да премине на посериозно ниво. Поспаност и замор.
РИБИ
Пред вас е фаза која е поволна за започнување нови деловни случувања и промени во работата. Може да се надевате на ново познанство и флерт со личност која ќе покаже интересирање кон вас. Денес ви е нагласена интуицијата.
Хороскоп
Хороскоп за недела (16 февруари)

ОВЕН
Транзитите укажуваат на можност да упаднете во конфликт со најблиските. Кризата внатре во семејството може да потрае ако не се потрудите да превземете конкретни чекори, макар и да би биле непријатни по вас. Не заборавајте дека тие не ви се непријатели.
БИК
Овој викенд можна неочекувана семејна напнатост и тоа најверојатно поради финансии. Регирајте трпеливо и не влегувајте во расправи затоа што решението доаѓа побрзо отколку што очекувате. Во текот на поплатнето ви пристигнува вест за прилив на пари на кои не сте се надевале.
БЛИЗНАЦИ
Околностите ве наведуваат да донесете одлука која не е во согласност со вашата природа. Подготвени сте на жртва но на дното на душата чувствувате дека сето тоа е понижувачко за вас. Не земајте си се при срце ако целта е повисок интерес, не е страшно понекогаш да се покорите.
РАК
Имате променливо расположение и сте склони кон нервоза особено во односот со партнерот. Внимавајте какви обврски прифаќате затоа што не сте во ситуација да ги испочитувате сите договори. Не играјте на се или ништо, во клучен миг ќе бидете поразени.
ЛАВ
Се што знаете е дека ви е потребна промена. Услови за патување немате а тоа е она кое моментално би ви помогнало. Не упаѓајте во мрачно расположение, нештата се одвиваат баш онака како што треба, наскоро ќе знаете што треба да правите.
ДЕВИЦА
Ве притискаат роковите. Вашите квалитети се ставени во прашање затоа што сте премногу спори. Брзањето ве става во тензија особено кога е во прашање извршувањето на нешто кое по ваше мислење е доста важно. Не подлегнувајте на атмосферата, држете се до своето темпо и се ќе протече во најдобар ред.
ВАГА
Сега е вистинскиот миг за вас. Коцките полека се сложуваат една над друга, нештата се решаваат сами од себе. Пријатно сте изненадени затоа што не сте очекувале таков благослов од небото. Нека не ве занесе моменталниот резултат затоа што тој не дојде со ваше залагање туку беше пресуден факторот на среќата.
ШКОРПИЈА
Чувствувате дека некој се обидува да ве загрози. Победата е можна со голема борба доколку бидете истрајни. Многу од вас во овој период на работа ќе почувствуваат зголемена тензија која е резултат на промени кои се на повидок, а над кои немате никаква контрола.
СТРЕЛЕЦ
Уморни сте од темпото кое ве притиска. Неопходен ви е одмор. Ќе сакате да поминувате мигови опкружени со семејството и опуштена атмосфера, тоа е она кое би ве подигнално. Мислите дека е невозможно а заборавате дека и немањето е избор.
ЈАРЕЦ
Пред вас е посебна деловна понуда која многу сте ја посакувале но сега и се плашите. Очекувајте интензивна поддршка од саканата лличност, иако сте свесни дека тоа нема многу да ви помогне. Бидете она што сте, опуштете се и со својот шарм ќе се изборите кон победа.
ВОДОЛИЈА
Цело ваше внимание е насочено кон проблематичната ситуација која се одвива во кругот на вашето семејство. До кулминација може да дојде затоа што аспектите на небото најавуваат неодложни и присилни промени. Не бегајте од проблемите, одлучно тргнете во пресрет на промените.
РИБИ
Не сте доволно упорни, пребрзо се откажување. Имате чувство дека никој не ве разбира и не ја забележува вашата жртва, за која верувате дека е преголема. Лошото чувство моментално нерасположение поради кое правите потези поради кои подоцна ќе се каете.
Хороскоп
Хороскоп за сабота (15 февруари)

ОВЕН
Некои планови нагло ќе се променат и ќе бидете приморани да се прилагодувате кон туѓите барања. Можни се помали проблеми во кругот на семејството ако сте во брак. Секако, решение секогаш постои, ако се двете страни подготвени на компромис. Проблеми со бешиката.
БИК
Можно е да ви се исплатат некои помали ризици на деловно поле. Слободните припадници на овој знак лесно можат да запознаат нова љубов денес. Вечерните излегувања со пријателите носат нови познанства. Исфрлете ги газираните пијалаци.
БЛИЗНАЦИ
Подготвени сте да ги спроведете новите идеи на дело. Важно е да бидете истрајни во својата замисла. Поволен ден за оние кои се бават со некоја уметност. Склони сте кон идеализација на партнерот, кога ќе се заљубите не ги забележувате неговите маани. Чувствително грло и гласни жици.
РАК
Неповолен ден за соработка со партнерите. Сконцентрирајте се на домашните деловни соработници. Можеби на некој начин сте ја изгубиле стабилноста во љубовта која мислевте дека ја имате. Разочарани сте! Зголемен апетит, водете сметка за килограмите.
ДЕВИЦА
Поволен ден за оние кои се бават со музика, глума или сликарство. Подобрување на финансиите. Внимавајте на погрешни проценки кога е една личност во прашање. Би можеле подоцна да се каете. Проблемите со несоница стануваат хронични.
ВАГА
Може да остварите успех на деловно поле, ако бидете спремни максимално да се актицирате. Важна е брзата реакција. Лесно се впуштате во авантура со личност која не ја познавате доволно. Можеби ќе се покаете подоцна. Проблеми со тахикардија.
ШКОРПИЈА
Може да очекувате многу поволен расплет на настаните на работа, особено ако соработувате со странство. Партнерот е незадоволен, бара повеќе внимание и сака отворено да разговара со вас за сите проблеми. Бидете отворени и флексибилни. Проблеми со кичмата. Не смеете да се оптеретувате.
СТРЕЛЕЦ
Може да очекувате убави вести од раководството во фирмата која работите. Очекувајте подобрување на финансиите. Имате одредени дилеми и ви претставува проблем да се отворите кон саканата личност. Неопходен ви е отворен разговор. Проблеми со црниот дроб.
ЈАРЕЦ
Многу сте внимателни со трошоците и се трудите да штедите. Не претерувајте. Љубомората ве опседнува постојано и не можете да се изборите со неа. Партнерот поради тоа е оптеретен, па следи отворен разговор. Можна е уринарна инфекција.
ВОДОЛИЈА
Очекувате многу од вашиот деловен партнер. Некои обврски не можете да ги завршите сами. Потребна ви е сигурност, уште едно одговорно мислење. Брачниот партнер ви пружа утеха, љубов и чувство на сигурност во тешки животни моменти. Здравјето е во ред.
РИБИ
Се обидувате сите обврски да ги постигнете на време и некако успевате во тоа. Иако имате најдобри намери, немате доволно време да му се посветите на партнерот. Објаснете му колку сте зафатени, но и колку сте подготвени подоцна целосно да му се посветите. Внесувајте витамин Ц.
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за понеделник (17 февруари)
-
Кичево5 часа
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина
-
Временска прогноза2 дена
Ни претстои промена на времето од утре вечер, ова се последните информации кои ги истакна предмалку Славчо Попоски
-
Магазин24 часа
(ВИДЕО) Стефан Лазаров и Тамара Тодевска со хит песна, приказна која ќе ве врати до сите блиски кои имаат посебно место во вашите срца!
-
Временска прогноза11 часа
Од среда драстично заладување на времето, ова се најновите метео вести
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (16 февруари)
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден / 16 февруари
-
Lifestyle1 ден
Ултра понуди на туристички аранжмани за лето 2025 по ексклузивни цени кои започнуваат од 89€ за 7 ноќевања, резервирајте го вашиот одмор веднаш!