Следете не

Хороскоп

Хороскоп за недела (17 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Ви се отвара шанса да започнете нешто ново кое повеќекратно ќе ви се исплати. Бидете брзо затоа што цела работа би можела да ви се испушти, особено ако се вплеткате во уште некоја. Не мешајте го интересот и пријателството за да не останете разочарани.

БИК
Ако сте во зачеток на нов проект, овој ден може да ви донесе можност за една фаза да ја приведете кон крај. И покрај тоа што сте очекувале многу и со своите големи амбиции сте ја попречиле реализациајта, сега прифатете компромис и продолжете понатаму.

БЛИЗНАЦИ
Не сте сигурни во која насока да продолжите понатаму па таа дилема може да ви предизвика големи главоболки. немате многу време за колебање, морате да делувате брзо. Не запаѓајте во паника туку размислувајте креативно и послушајте ја својата интуиција.

РАК
Претерано сте нетрпеливи, не ги контролирате вашите емоции. Неопходно е да покажете повеќе благодарност за оние луѓе кои во минатото ве поддржувале. Вашата потреба за слобода може да развие уште поголема напнатост и нервоза во кругот на семејството.

ЛАВ
На прагот сте на промените со кои една фаза од вашиот живот се завршува. Не очекувајте брзи решенија затоа што трансформацијата ќе потрае. Освен тоа, пред вас е контакт со стара личност која во вашиот живот донесува добри прилики и важни животни лекции.

ДЕВИЦА
Неконтролирано можете да пламнете затоа што е извесна сериозна расправа со непознати лица на јавно место. Исто така, можни се контакти со луѓе од другата страна на законот. За да избегнете евентуални непријатности, денот поминете го во друштво на саканата личност.

ВАГА
Во центарот на вашето внимание е љубовниот живот. Саканата личност не успева да го следи вашето хаотично темпо во кое сте западнале во последно време. Поради недостаток на комуникација, можни се недоразбирања кои ако не ги разрешите навреме ќе прераснат во сериозен конфликт.

ШКОРПИЈА
Не се чувствувате најдобро а имате работа преку секоја мерка. Не сте способни да одговорите на сите обврски кои во текот на неделата можат да предизвикаат потполен пад на енергијата и колапс. Прераспоредете ги своите капацитети и одложете се што може да почека поволен миг.

СТРЕЛЕЦ
Обидете се да избегнете контакти со личности кои ве исцрпуваат. Сепак, деловноста не признава такво однесување па ќе бидете приморани да истрпите некои луѓе. Ќе ве изненади што сте можеле да припуштите ако не сте ги уважеле и сослушале.

ЈАРЕЦ
Чувствувате дека некој ве загрозува. Победата е можна со голема борба доколку бидете доволно истрајни. Многумина овој период на работа ќе почувствуваат зголемена тензија а сето тоа како резултат на некои промени кои ќе се одвиваат внатре во фирмата во која сте ангажирани.

ВОДОЛИЈА
Ве мачат стравови. Животот го организирате на начин кој ви е јасен само на вам а тоа ги изложува на критика вашите блиски. Не сте расположени за убедување и долги исцрпувачки разговори а без тоа не постои друг начин себеси да се оправдате. Бидете толерантни.

РИБИ
Што и да започнете ќе заврши во хаос. Пред вас е стресен ден па најпаметно е да ги избегнете сите ситуации во кои ќе го имате главниот збор. Ако во извршувањето на вашата работа користите автомобил, не одете никаде пред да го преконтролирате.

Хороскоп

Хороскоп за петок (23 февруари)

Објавено пред

на

ОВЕН

Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем. Имате премногу обврски и не можете да ги следите вашите соработници. Очекувате дека сакана личност ќе заземе некаква заштитничка улога. Наместо тоа, застанете на свои нозе.

БИК

Иако работите не се одвиваат на најдобар начин – главата горе! Ако не внимавате, анксиозноста и емоционалната раздразливост би можеле да ве стават во непријатна положба. Можеби премногу сте насочени на една работа, а во исто време заборавате нешто што е многу важно.

БЛИЗНАЦИ

Важно е да го оправдате вашиот углед на работното место. Понекогаш различните обврски можат да бидат товар, но тоа не е оправдување за неодговорно завршената работа. Обидете се да поттикнете кај себе поголема одговорност. Во семејните односи покажете повеќе доверба. Секому е потребна емотивна поддршка.

РАК

Имате прилика за патување, искористете ја за да се тргнете малку од секојдневието. Вашето расположение се подига па ќе имате можност за некои нови и интересни познанства. Нема потреба да одржувате илузии и занес кон личност која не ја познавате доволно. Бидете трезвени и одете чекор по чекор со двете нозе на земја.

ЛАВ

Барате начини за подобра организација на секојдневните активности. Некои од вас ќе бидат насочени кон разубавување на домот. Односите со семејните членови стануваат многу важни; ќе мора да покажете зрелост и стабилност во разговорот со еден од членовите од семејството.

ДЕВИЦА

Околностите се одлични, искористете ги во целост. Ако сте емотивно спремни, влетајте во нешто ново без размислување. Можностите сами ќе ви доаѓаат. Енергијата е брза и јака. Ослободете се од сите оние работи што ве ограничуваат и насочете се кон остварување на вашите желби.

ВАГА

Вашата потсвест е активна и немирна. Некои сомнежи од минатото повторно се присутни. Ќе бидете притаени и постојано ќе размислувате. Можеби ви се потребни одговори на некои прашања од минатото. Доколку сте во брак или врска, покажете поголемо разбирање за психичката отсутност на партнерот.

ШКОРПИЈА

Денес вашиот ум е целосно отворен и во полн капацитет. Насочете се кон решавање на финансиските и другите важни прашања, затоа што ќе можете да сметате на вашата луцидност и интуиција. Бидете самоуверени и слушајте го внатрешното водство во изборите. Голема е веројатноста дека ќе успеете да превртите некоја ситуација во ваша корист.

СТРЕЛЕЦ

Продолжете во истражувањето на можностите кога се во прашање правните и административните прашања, затоа што постои можност да најдете совршено решение, совет или опција која отвора нови видици. Бидете свесни за ова! Од друга страна, многумина од вас ќе имаат контакт со личности од други култури и нации.

ЈАРЕЦ

Загрижени сте за една блиска личност. Се обидувате да ја разберете и барате начин како да ја подобрите нејзината ситуација. На работноното место имате впечаток дека се случува нешто без ваше знаење или дека саканата личност користи изговори. Не бидете импулсивни и ќе видите дека се е во ред.

ВОДОЛИЈА

Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги идеализирате работите. Воздржете се од донесување одлуки и обидете се да бидете трезвени и рационални.

РИБИ

Притаено работите и не сакате многу контакти со луѓе. Длабоките размислувања и анализи ќе ви помогнат подобро да се разберете самите себе. Вашиот систем на вредности веќе извесно време врви низ фаза на промени и се  уште не е дефиниран. Можеби треба да си дадете некое време. Обидете се да не бидете сурови кон себе.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за четврток (22 февруари)

Објавено пред

на

ОВЕН

Иако вашите очекувања не се преголеми, денес е неповолен ден за вас, па тешко дека ќе успеете да остварите дури минимум од планираното. Пред вас е период во кој ќе имате нови случувања на љубовно поле. Водете сметка за стомакот.

БИК

Може да се надевате дека ќе успеете да ги преболите проблемите и да ги исправите пропустите кои сте ги направиле во претходниот период. Со саканата личност имате повеќе проблеми отколку што очекувавте. Избегнувајте цигари.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е ден во кој ќе имате многу стресни околности. Подгответе ги своите нерви за напорен период. Вашата тврдоглавост е најголем проблем во врската. Ќе биде потребно малку повеќе да се прилагодувате на партнерот. Проблеми со варењето.

РАК

Може да очекувате реализација на вашите планови. Пред вас е добра фаза во која ќе имате интересни случувања. Денес ќе остварите контакт со личност со која ќе посакате убава љубовна врска. Проблеми со грлото.

ЛАВ

Денес е поволен ден за промени на работно поле. Може да очекувате можност за преоѓање на друго работно место. Наскоро ве очекува ново познанство. Ако сте веќе во брак или врска, можни се проблеми. збегнувајте прејадување.

ДЕВИЦА

Конечно напредувате кога станува збор за работата, подготвени сте за важни чекори и промени во иднина. Ве очекува средба со личност која ви се допаѓа и се надевате дека наскоро ќе започнете врска со неа. Чувствителен уринарен тракт.

ВАГА

Ве очекуваат нови околности на работно поле. Ќе ви биде потребно време да се прилагодите на промените. Денес ќе запознаете нова личност. Ве очекуваат многу можности за флерт, врска. Водете сметка за нискиот притисок.

ШКОРПИЈА

Ве очекува одличен ден на работно поле. Ќе успеете да ги остварите сите планови. Немате потполно исти интереси со саканата личност, ве очекуваат некои кавги, несогласувања и тензија. Нагласен пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Избегнувајте ризични потези на деловно поле. Пред вас е период во кој ќе имате многу компликации. Ве очекува интересен настан и подготвени сте да им се препуштите на емоциите. Очите ви се чувствителни.

ЈАРЕЦ

Денес може да остварите многу добра соработка која во иднина ќе води кон поголемо напредување. Сѐ повеќе се сомневате во своите чувства и ви се чини дека доаѓа време да ставите точка на односот со саканата личност. Проблеми со стомакот.

ВОДОЛИЈА

Денес ве очекуваат значајни случувања на деловно поле. Пред вас е добар период за важни одлуки. Ќе имате многу самодоверба и ќе успеете да ја заведете личноста која ви се допаѓа веќе подолго време. Добро се чувствувате.

РИБИ

Може да очекувате многу поволен ден кога станува збор за работата. Среќата е на ваша страна. Можеби сте разочарани од саканата личност бидејќи не ги исполни вашите очекувања. Проблеми со тироидната жлезда.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (21 февруари)

Објавено пред

на

ОВЕН
Ве очекува ден пред вас во кој нема да бидете многу зафатени. Имате доста среќа и слободно време. Пред вас се љубовни промени кои не сте ги очекувале. Се повеќе ви се чини дека вашиот живот личи на филм. Денес ќе бидете доста чувстителни.

БИК
Имате впечаток дека некоја ситуација на полето на работата не е добра и поради тоа не сте задоволни. Потребни ви се мали промени. Покажете малку повеќе флексибилност. Претераната посесивност би можела да ве оддалечи од партнерот. Ќе чувствувате внатрешен немир.

БЛИЗНАЦИ
Не е препорачлив нов деловен проект сега. Денешниот ден ќе ви донесе некое неповолни ризици. Ве очекува период во кој ќе наидете на мали проблеми во бракот. Внимавајте на вашето здравје во наредниот период.

РАК
Ве очеквуаат важни промени на деловен план. Важно е во нити еден миг да не го испуштате сопствениот интерес од вид. Можно е да се разочарате во вашиот партнер. Понекогаш размислувате за раскинување. Би било добро да започнете со диета.

ЛАВ
Направивте добар деловен договор кој ќе ви донесе поголем извор на приходи. Задоволни сте од околностите во кои се наоѓате. Потрудете се да поминете повеќе време со партнерот. Здравјето ви е доста добро.

ДЕВИЦА
Не е тешко да се изборите со секојдневните обврски. Вашата организација секогаш е на високо ниво. Не сте отворени во покажување на вашите емоции и имате дилеми во врска со симпатијата. Можни се проблеми со несоница.

ВАГА
Можно е во изминатиот период да бевте во недоумиц на деловно поле. Што се однесува до љубовниот живот, флертувањето ви оди одлично. Може да очекувате ново интересно познанство. Зголемете го внесот на магнезиум.

ШКОРПИЈА
Ве очекува прилика да ја покажете креативноста која ја носите во себе. Вашите идеи ќе ви донесат напредок.Можное  да очекувате интересно познанство. Љубовната ситуација ви станува возбудлива. Би ви годела некоја масажа.

СТРЕЛЕЦ
Доколку се занимавате со планирање на големи деловни промени, денешниов ден ќе ви биде доста поволен. Може да очекувате интересно познанство. Ве очекува поволен ден за да се посветите на вашите чувства. Ќе ви годи прошетка.

ЈАРЕЦ
Полето на приватноста е добро поставено во наредниот период, ќе имате позитивни резултати. Пред вас е одличен ден на љубовен план. Ќе бидете задоволни во односот со саканата личност. Здравјето ви е добро.

ВОДОЛИЈА
Можете да очекувате разрешување на деловните ситуации кои ве мачат веќе подолго време. Ве очекува интересно познанство и можност да влезете во нова љубовна врска. Не би требале да имате проблеми со здравјето.

РИБИ
Можно е да успеете да ги остварите посакуваните резултати на деловно поле и тоа ќе ве направи задоволни. Ве очекува прилика за ново познанство со личност која ќе покаже дека сака сериозна врска со вас. Ќе бидете чувствителни во пределот на абдоменот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт1 час

Фудбалската федерација на Македонија одржа работилница со лицата задолжени за односи со медиумите на клубовите од македонската фудбалска лига

Фудбалската федерација на Македонија организираше работилница наменета за лицата во клубовите од Прва и Втора МФЛ и Прва женска фудбалска...

Хороскоп6 часа

Хороскоп за петок (23 февруари)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Спорт13 часа

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на зимски камп во Кичево до 25 февруари

Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2008 година), моментално се наоѓа во Кичево на зимски тренинг камп,...

Автомобили17 часа

Што значат бројките и буквите на гумите?

На гумите има многу различни ознаки, секоја од нив има специфична функција, односно секој е важен на свој начин. За...

Магазин17 часа

Нов закон на ЕУ за батерии: Наскоро секоја ќе мора да има „пасош“

Од 18 февруари почна да се применува Регулативата на Европскиот парламент и Советот на ЕУ за батериите. Целиот животен циклус...

Магазин17 часа

Можете ли да го исушите вашиот мобилен телефон во ориз? Еве што вели Apple

Сигурно сте слушнале дека ако ви се намокри мобилниот, треба да го ставите во ориз. Сепак, и покрај популарноста на...

Магазин17 часа

ChatGPT добива „меморија“

Разговорот со чет-бот со вештачка интелигенција по некое време може да се чувствува како Ден на громот, бидејќи по којзнае...

Магазин17 часа

iMessage добива шифрирање што дури ни квантните компјутери не можат да го пробијат

Apple успеа да создаде систем отпорен на квантни технологии Apple неодамна објави дека ќе воведе нов стандард за шифрирање, познат...

Магазин17 часа

Излезе првата листа на уреди на Samsung кои добиваат Galaxy AI на крајот на март

Galaxy AI беше ексклузивен за новата серија на телефони Galaxy S24, но тоа ќе се промени бидејќи ќе излезе првата...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (22 февруари)

ОВЕН Иако вашите очекувања не се преголеми, денес е неповолен ден за вас, па тешко дека ќе успеете да остварите...

НАЈЧИТАНИ