Следете не

Хороскоп

Хороскоп за недела (4 февруари)

Објавено пред

на

ОВЕН
Тежнеете кон слобода, подобро да се воздржите затоа што не е поволен ден за побуна. Дисциплинирано и навреме завршете го сето она кое се очекува од вас, на тој начин ќе избегнете напнати аспекти кои моат да ви го расипат расположението и да ви ги упропастат денешните планови.

БИК
Приморани сте да ги чувате туѓите тајни а тоа ви паѓа тешко. Свесни сте дека решавањето на нечиј проблем е едноставно но не сте во позиција да се вмешате. Останете трпеливи затоа што дури и кога би прозборувале никој не би ве сфатил сериозно.

БЛИЗНАЦИ
Вие не сте личност која сака големи промени. Во согласност со тоа, не уживате нити во излегувања. Ако посакувате да излезете од дома тоа е поради тоа што внатре има некој кој не ви годи. Значи, не бегајте од домашните туку потрудете се да ги поправите домашните односи.

РАК
Ова може да биде ваш ден. Успешни сте и одговорни, позитивната енергија е она кое ве носи така што и некои други нешта се решаваат сами од себе. Во налет на еуфорија заборавате на оние луѓе кои ве бодреле кога ви било најтешко. Бидете приземјени.

ЛАВ
Склони сте кон преувеличување. Насочени сте на нешто што е потполно неважно. На удар е вашиот партнер на кого сакате да му ја демонстрирате вашата моќ. Вашата недопирливост не е бескрајна, ако не ја запрете навреме, следи големо фијаско.

ДЕВИЦА
Одите со главата во ѕид. Доста ви е од чекање и тапкање во место. Мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги разрешите сите заврзлами и недоумици кои ве мачат некое време. Не бидете брзоплети, затоа што грешките кои денес ќе ги направите можат да бидат непоправливи.

ВАГА
Се потпирате на ветувањата кои ви ги дале пријателите. Чекањето на исполнувањето може да ве доведе до позиција да се правдате на другите луѓе иако застојот не настанал кај вас. За да го избегнете тоа, своите обврски завршувајте ги лично и сами.

ШКОРПИЈА
Преиспитајте се дали патот по кој чекорите е вистинскиот. Потребата за промена не доаѓа поради незадоволство од работата туку поради многу комплицирани причини кои не сте во состојба да ги согледате самите. Не барате причини кај другите туку преиспитајте се себеси.

СТРЕЛЕЦ
Се чувствувате блокирано, како сите ваши обиди да направите нешто на дипломатски начин и да го разрешите се оневозможени. Избегнувајте конфликти со авторитетите и поддршката побарајте ја помеѓу помладите соработници кои ви се во овој период наклонети.

ЈАРЕЦ
Не ве држи место а работа имате преку секоја мера. Не сте способни да одговорите на сите обврски што може да предизвика пад на енергијата и колапс. Прераспоредете ги своите капацитети и одложете се што може да почека на поволен миг.

ВОДОЛИЈА
Уживате во благонаклонетоста на влијателните лица. Сепак, не опуштајте се премногу затоа што во прашање се луѓе кои за возврат очекуваат безгранична лојалност. Може да ви се случи некој да ве примора да потези кои би ве искомпромитирале вам себеси.

РИБИ
Безизлезната ситуација со партнерот се заканува да се претвори во сериозен конфликт. Вашите очекувања и она што го добивате не се согласуваат. Пред да ги закомплицирате односите, размислете уште еднаш дали проблемот е доволно голем од него да направите драма.

Хороскоп

Хороскоп за вторник (22 октомври)

Објавено пред

на

ОВЕН

Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги идеализирате работите. Воздржете се од донесување одлуки и обидете се да бидете трезвени и рационални.

БИК

Притаено работите и не сакате многу контакти со луѓе. Длабоките размислувања и анализи ќе ви помогнат подобро да се разберете самите себе. Вашиот систем на вредности веќе извесно време врви низ фаза на промени и се  уште не е дефиниран. Можеби треба да си дадете некое време. Обидете се да не бидете сурови кон себе.

БЛИЗНАЦИ

Продолжете во истражувањето на можностите кога се во прашање правните и административните прашања, затоа што постои можност да најдете совршено решение, совет или опција која отвора нови видици. Бидете свесни за ова! Од друга страна, многумина од вас ќе имаат контакт со личности од други култури и нации.

РАК

Загрижени сте за една блиска личност. Се обидувате да ја разберете и барате начин како да ја подобрите нејзината ситуација. На работното место имате впечаток дека се случува нешто без ваше знаење или дека саканата личност користи изговори. Не бидете импулсивни и ќе видите дека се е во ред.

ЛАВ

Вашата потсвест е активна и немирна. Некои сомнежи од минатото повторно се присутни. Ќе бидете притаени и постојано ќе размислувате. Можеби ви се потребни одговори на некои прашања од минатото. Доколку сте во брак или врска, покажете поголемо разбирање за психичката отсутност на партнерот.

ДЕВИЦА

Денес вашиот ум е целосно отворен и во полн капацитет. Насочете се кон решавање на финансиските и другите важни прашања, затоа што ќе можете да сметате на вашата луцидност и интуиција. Бидете самоуверени и слушајте го внатрешното водство во изборите. Голема е веројатноста дека ќе успеете да превртите некоја ситуација во ваша корист.

ВАГА

Барате начини за подобра организација на секојдневните активности. Некои од вас ќе бидат насочени кон разубавување на домот. Односите со семејните членови стануваат многу важни; ќе мора да покажете зрелост и стабилност во разговорот со еден од членовите од семејството.

ШКОРПИЈА

Околностите се одлични, искористете ги во целост. Ако сте емотивно спремни, влетајте во нешто ново без размислување. Можностите сами ќе ви доаѓаат. Енергијата е брза и јака. Ослободете се од сите оние работи што ве ограничуваат и насочете се кон остварување на вашите желби.

СТРЕЛЕЦ

Важно е да го оправдате вашиот углед на работното место. Понекогаш различните обврски можат да бидат товар, но тоа не е оправдување за неодговорно завршената работа. Обидете се да поттикнете кај себе поголема одговорност. Во семејните односи покажете повеќе доверба. Секому е потребна емотивна поддршка.

ЈАРЕЦ

Имате прилика за патување, искористете ја за да се тргнете малку од секојдневието. Вашето расположение се подига па ќе имате можност за некои нови и интересни познанства. Нема потреба да одржувате илузии и занес кон личност која не ја познавате доволно. Бидете трезвени и одете чекор по чекор со двете нозе на земја.

ВОДОЛИЈА

Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем. Имате премногу обврски и не можете да ги следите вашите соработници. Очекувате дека сакана личност ќе заземе некаква заштитничка улога. Наместо тоа, застанете на свои нозе.

РИБИ

Иако работите не се одвиваат на најдобар начин – главата горе! Ако не внимавате, анксиозноста и емоционалната раздразливост би можеле да ве стават во непријатна положба. Можеби премногу сте насочени на една работа, а во исто време заборавате нешто што е многу важно.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (21 октомври)

Објавено пред

на

Овен 

Ќе истражувате и ќе пребарувате по некои податоци за да дозннаете информации за некои минати работи. Ова е период кога ќе се сретнувате со некои стари пријатели. Не преземајте нови проекти, туку размислете ги подобро идеите и случувањата кои ги имате во моментот. Внимавајте, можно е да не бидат правилно разбрани вашите пораки.

Бик

Сослушајте ги добро фактите пред да донесете некоја одлука. Забележувајте ја невербалната комуникација на вашите соговорници, бидејќи може многу работи да ви открие. Денес ќе сакате да се вратите на основите. Односно, ќе уживате во едноставните домашни, семејни и пријателски односи. Дозволете и на интуицијата да ве води.

Близнаци

Денес е најважно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози. Повремено имате лоша процена и очекување расплет на случувањата од љубовниот живот. Советите што ви се даваат со добра намера постојано ги сфаќате како лична критика и сметате дека некој се труди да ја покаже вашата слаба страна.

Рак

Комплиментите што ги добивате ве наведуваат на погрешни емотивни очекувања. Одлично се снаоѓате во ситуација кога треба да се донесе важна одлука од заеднички интерес и затоа умеете правилно да се наметнете пред соработниците. Колку и да изгледа примамливо некоја понуда, размислете за последиците доколку ја прифатите.

Лав

Ќе ви биде сервирана одлична шанса за напредок во кариерата. Единствено што се очекува од вас е да вложувате повеќе напори, затоа што ќе треба да научите многу нови нешта. Изненадување на љубовен план ќе ви го растрепери срцето.

Девица

Некои желби на другите ќе ви бидат поголем предизвик и приоритет.Останете концентрирани и фокусирани за да научите повеќе. Денес ќе ги анализирате одново и одново работите кои поминале и ќе се подготвувате за нови активности. Можно е да ви биден побаран совет или услуга.

Вага

Можни се некои димнамични случувања во вашиот љубовен живот. Потребно е да направите некои промени за да продолжите понатаму. Денес е време за опуштање и релаксација на умот. Ќе треба да внимавате на финансиите и односот со соработниците и колегите. Тие очекуваат голема поддршка од вас а не шефување.

Скорпија

Време е за акција. Доволно долго размислувавте што и како да сторите. Денес направете го првиот чекор преку конкретни дејствија. Преземете малку повеќе ризик од вообичаено. Луѓето околу вас денес ќе влијаат не само на вашето расположение, туку и на начинот на кој што размислувате. Не дозволувајте мнозинството да ви наметне мислење кое вие не го прифаќате.

Стрелец

Строго оценувате нечие однесување и новонастанатата ситуација на деловен план ја проценувате врз основа на личните мерила и критериуми. Упорно заговарате лични принципи, дури и по цена вашите соработници да имаат поинакво мислење. Се наоѓате во променлива или чувствителна фаза.

Јарец

Потребно е да оставите сериозен впечаток на својата околина. Бидете дисциплинирани со цел да ги задоволите различните критериуми или вкусови. Љубовта секогаш делува инспиративно, доколку умеете да ја препознаете нејзината трага. Побарајте нечиј совет. Располагате со погрешни информации, а вашите прогнози звучат неубедливо.

Водолија

Вашите колеги ќе имаат недоверба во вас, но тоа на крајот на денот ќе се промени и ќе добиете извинување. Вашата ангажираност е голема, очекувајте зголемен профит. Во овие десетина дена внимавајте на кого му верувате, ќе се појават некои лица кои ќе сакаат да го заземат вашето место.

Риби

Верувате во она што го слушате бидејќи во моментов тоа најмногу ви одговара. Немате време да се фокусирате на оние активности на кои би требало да се фокусираат вашите соработници. Мора да бидете малку построги кон нив и мора да воспоставите ред во својот живот бидејќи единствено така ќе ги исполните сите работи кои сте ги замислиле. Верувате дека еден Рак е добронамерен кон вас дури и кога не се однесува така. Можна е понуда за некоја друга работа.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за недела (20 октомври)

Објавено пред

на

ОВЕН
Врската со саканата личност не оди како што би сакале. Можеби малку ве разгалила во изминатиов период, па влеговте во улога на жртва на која и било дозволено да стори нешто без свесна намера. Од друга страна, таквата атмосфера може да биде здодевна и кога ќе го сфатите тоа, ќе биде доцна.

БИК
Наскоро ќе направите позитивна промена во љубовниот план. Ситуацијата се подобрува. Заради интензивни деловни обврски, слободното време ќе го поминете работејќи, така што ова одвојување од партнерот ќе донесе поттик за наредниот период.

БЛИЗНАЦИ
Вие сте полни со себе, па затоа сте среќни што се подготвувате за вечерашните активности. Склоноста кон љубовни авантури може да ве натера да се вклучите во врска од која тешко ќе се излезе. Ако сакате да избегнете скандали, контролирајте се и не подлегнувајте на искушенијата.

РАК
Отпрвин, нешто не ви се допадна, а потоа кога работите се одвиваа како што сакате, го изгубивте интересот. Се соочувате со луѓе кои не го разбираат вашето менливо расположение, тие не знаат како да ве задоволат. Бидете фер и почитувајте ги желбите на другите луѓе.

ЛАВ
Можеби изгледа како примамлива идеја да се вратите во љубовна врска со личност со која истото завршило на непријатен начин во минатото. Пред да подлегнете на искушението, проверете дали вашата потреба излезе од чиста досада.

ДЕВИЦА
Постои можност да се оствари вашата желба за промена на работното место. Мора да бидете свесни дека ако го направите тоа, тогаш влегувате во нов живот, по што нема враќање на стариот. Ова не значи дека нешто лошо ве чека, туку дека мора да бидете подготвени на сè.

ВАГА
Оптеретени сте со грижи што сами сте ги смислиле. Се обидувате да предвидите решение за проблемите што сè уште не се појавиле. Вашето однесување може да ви наштети ако не започнете на време и не ја одделите реалноста од она што сте го измислиле.

ШКОРПИЈА
Вашата самодоверба и арогантен став полека почнуваат да ја иритираат околината, која веќе некое време има значително трпеливост за сите. Ако не го поправите однесувањето, можете да доживеете многу непријатна ситуација што ќе ве натера да се чувствувате засрамени.

СТРЕЛЕЦ
Вие сте бавни и поспани. Ова не мора да ве загрижува бидејќи не станува збор за никаква болест, туку за минлив замор што е резултат на претходното динамично темпо што ве стигна. Одвојте време да го посветите денот на себе и на вашите лични потреби.

ЈАРЕЦ
Пад на енергијата и промените на расположението. Тоа е она што ве мачи денес. Непријатната атмосфера ја сфаќате премногу лично, имате впечаток дека сите завериле против вас. Обидете се да ги видите работите на реален начин, можеби вашите очекувања се преценети.

ВОДОЛИЈА
Некоја нелагодност се провлекува во вашиот ум, не можете да сфатите што ве мачи. Напнатоста ви оневозможува да ја видите ситуацијата во реалноста, па затоа е најдобро да ги истерате тешките мисли и да го поминете денот со пријателите, забавувајќи се на дружење и разговор.

РИБИ
Постојат можни потези кои радикално ќе го променат вашиот професионален пат. Ако излезот го гледате во големи кредити за готовина, најдобро е да се откажете бидејќи подоцна ќе ве изненадат неповолните детали што не сте ги забележале на време.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево9 часа

Во ЈЗУ Општа Болница Кичево недостигал ехо апарат, случајот бил пријавен во МВР

На 21.10.2024 во 11.45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во Општа болница во Кичево, недостига ехо апарат, кој...

Lifestyle10 часа

Зошто некои кучиња се плашат од мачки?

Иако често мислиме дека кучето, со оглед на неговата големина и енергија, треба да биде „газда“ при средба со мачка,...

Lifestyle10 часа

Кој е нормалниот крвен притисок според возраста?

Читањата на крвниот притисок можат да покажат колку добро работи вашето срце и се важен дел од целокупното здравје. Крвниот...

Магазин11 часа

Изненадување на Xiaomi – започнува со производство на сопствен 3 nm процесор

Xiaomi постигнува историски успех во развојот на сопствен 3nm чип, потенцијално отворајќи ја вратата за новите технологии во кинеската полупроводничка...

Магазин11 часа

Apple го објавува iOS 18.1 следната недела: Еве што ќе има ново

Apple следната недела ќе ја објави надградбата за iOS 18.1, која носи Apple Intelligence и други нови функции. Ажурирањето на...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за вторник (22 октомври)

ОВЕН Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги...

Временска прогноза24 часа

Според „Европскиот“ и „Глобалниот“ метео модел најверојатно зимата доаѓа во почетокот на месец ноември, ова се информациите

Според прогностичките материјали од двата најажурни модели, и тоа Европскиот (ECMWF) и Глобалниот (GFS) се согласуваат околу раното доаѓање на...

Македонија1 ден

Од ноќеска пониска цена на горивата во Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Lifestyle1 ден

Додадете две состојки во зелениот чај и направете моќен напиток: Го зајакнува имунитетот, ги топи килограмите

Зелениот чај е познат по своето антиинфламаторно дејство, а додавањето на зачини го подобрува неговото антиоксидативно дејство. Куркуминот од куркумата...

Магазин1 ден

Apple може конечно да го реши овој проблем

Најновите информации сугерираат дека Apple може да го реши проблемот со зумирањето со моделите на iPhone 17 Pro. Неодамнешното тестирање...

НАЈЧИТАНИ