Следете не

Хороскоп

Хороскоп за петок (25 ноември)

Објавено пред

на

Овен
Не сте баш расположени, но наместо да бидете сами, поминувајте време со блиски луѓе, тоа ќе ве израдува. На работа не оди се баш како што сте замислиле, но обидете се да не се нервирате за работи на кои не можете да влијаете. Стресни сте, најдете начин да се опуштите.

Бик
Некои тајни кои неодамна излегоа на виделина ве вознемируваат, но обидете се повеќе да се фокусирате на иднината, а помалку на минатото. Внимавајте кому верувате бидејќи не секој има добри намери. Врската ви е одлична, партнерот ве поддржува на секој чекор.

Близнаци
Во пријателските односи ве очекува некоја „драма“, а можеби вие сте личноста која би можела да ја смири ситуацијата, само ако останете смирени. Добро ви оди на работа, но не преземајте премногу обврски. Планирајте одмор.

Рак
Парите ви доаѓаат сосема неочекувано, но секогаш имате идеја на што би можеле да ги потрошите. Почестете се со нешто што долго време сакате да го купите, го заслужувате тоа. Внимавајте на вашето однесување бидејќи вашите зборови може ненамерно да доведат до член на семејството.

Лав
Полни сте со ентузијазам и толку сте шармантни денес што никаде нема да останете незабележани. Само пазете се од некој што ви се додворува или ласка на работа, но всушност сака некаква корист од вас. Пијте повеќе вода.

Девица
Ви се смешкаат некои добивки, добар ден за игри на среќа – ѕвездите ви се наклонети! Некои колеги на работа се обидуваат да префрлат дел од својата работа на вас, но застанете во одбрана. Ве очекуваат убави и романтични моменти со партнерот.

Вага
Конечно ќе можете да ги залечите старите рани од претходната врска. Вашата самодоверба расте бидејќи насекаде имате додворувачи, но не брзајте во врската само затоа што не сакате да бидете сами. Бидете повнимателни на вашата исхрана.

Шкорпија
Ве очекува голем успех на работа и конечно почнувате да ја разбирате вашата вредност. Можни се дури и некои нови деловни понуди, размислете добро, консултирајте се и со вашите пријатели. Подгответе убаво изненадување за вашиот партнер.

Стрелец
Можни се мали несогласувања на работа, застанете во одбрана, но внимавајте да не кажете нешто за што подоцна ќе зажалите. Слободни, некоја личност со која сте имале врска во минатото ќе сака да се обидете повторно. Ви треба пауза.

Јарец
Некои луѓе кои ве повредиле во минатото ќе се извинат. Не сте сигурни како да реагирате, но најдобро е да го слушате своето срце. Одлично ви оди на работа, сè завршувате на време.

Водолија
Разговорот со блиска личност ќе ве наведе да ја погледнете ситуацијата што ве мачи од поинаков агол и полесно да најдете решение. Можни се помали финансиски проблеми, погрижете се да не трошите пари на непотребни работи. Добивате неочекувана понуда за патување.

Риби
Денес е ден за одмор или барем што помалку работа бидејќи претходните денови сте се труделе. Направете нешто што ве исполнува, поминете време со пријателите, одете на кратко патување… Од пријателите добивате одлична идеја за некои идни работни места.

Хороскоп

Хороскоп за недела (27 ноември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Овните кои се баби и дедовци, денес ќе уживаат во друштво на своите внуци. Останатите припадници на знакот денот ќе го исполнат со бројни контакти со најмладите. Минлива главоболка.

БИК
Меркур е денес силен и ќе биде особено влијателен врз деловната комуникација. Ќе бидете комуникативни да се соочите со сите интелектуални предизвици. Сега сте во полна форба. Здравјето ви е одлично.

БЛИЗНАЦИ
Се чувствувате несигурно. Времето го поминувате пред огледало. Желни сте за промена, па мислите дека напревена во физичкиот изглед ќе ве задоволи. Ќе бидете напнати.

РАК
Ако сте заљубени, молчите за тоа. Имате чувство дека најдобро би било причината за вашата среќа да ја сочувате само за себе. Овој пат сте во право. Ќе имате несоница.

ЛАВ
Најдобро би било да оставите се да оди по свој тек и ништо да не земате премногу за срце. Ситуацијата не бара да се активирате и вие го знаете тоа. Стомакот ви е чувствителен на промени.

ДЕВИЦА
Повторно сте во својот деловен елемент и веќе се трудите да доведите се во ред. Презафатени сте но денес тоа ви е доста интересно. Внимавајте на изненадни повреди.

ВАГА
Вие сте во некој свој филм и се исклучувате од надворешните случувања. Околината е малку изненадена од тоа но вие не чувствувате потреба да ги објаснувате причините за тоа што ви се случува. Имате доволно елан.

ШКОРПИЈА
Би можеле да имате некои тешкотии со вашите домашни. Од една страна сакате да му се посветите на семејството, а од друга ќе ви биде преку глава од се. Здравјето ви е добро.

СТРЕЛЕЦ
Почнете да размислувате за започнување на сопствен бизнис. Потрудете се да најдете партнер, затоа што во тој случај ќе избегнете некои проблеми во реализацијата. Зајакнете ја вашата мотивација.

ЈАРЕЦ
Премногу сте подложни на емоции за да можете да ги сфатите луѓе сериозно. Склони сте кон претерување, и со тоа да се лутите на луѓе кои тоа не го заслужуваат. Здравјето ви е добро.

ВОДОЛИЈА
Вашата креативна страна е нагласена па ќе пронајдете неколку добри решение за вашето напредување. Можно е да чувствувате преголем умор.

РИБИ
Загрижени сте за финансиската состојба и денес настојувајте да смислите план за трошоците или нешто што би ви овозможило некако да се провлечите низ кризниот период. Имате проблем со хормоните.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за сабота (26 ноември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес е идеален ден за да ја пронајдете вашата идеална работа. Ви претстои добар успех кој ќе ги реши вашите проблеми. Ќе се адаптирате доста лесно на работното место и се ќе ви оди од рака. Сите ќе бидат воодушевени од вашата проникливост и начинот на решавање на сите задачи.

БИК
Денес можеби нема да се чувствувате како да сакате да бидете помеѓу луѓе, но ќе бидете посреќни ако се обидете. Дајте си храброст на себеси да истапите и да го споделите својот план со вашите колеги, не плашете се од јавното излагање затоа што нивната реакција ќе биде позитивна. Колку повеќе се дружите со другите толку подобро ќе се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ
На некоја фрустрирачка ситуација конечно и доаѓа крајот. Веќе нема да бидете во исчекување за некоја работа чии резултати се одолговлекуваат веќе некое време, резултатите се веќе тука и ќе бидете пријатно изненадени. Посветете се на вашето здравје и почнете да водите активен живот, на вашето тело тоа му е потребно.

РАК
Вашиот партнер може да искажува незадоволство поради тоа што сте повеќе посветени на вашата работа отколку на нив. Дајте им до знаење дека напорната работа ќе се исплати и наскоро ќе уживате во резултатите и двајцата. Но немојте да ги занемарувате нивните потреби, подгответе пријатно изненадување така што ќе се опуштите во релаксирачка атмосфера.

ЛАВ
Денес ви претстои продуктивен ден. Некој ваш колега или клиент ќе биде воодушевен од вашата ефикасност и вештина во решавање на задачите што може да ви загарантира повисока позиција. Вашата моќ на убедување е ваш вроден талент, искористете го на добар начин. Помогнете му на некој ваш близок да научи како да го балансира деловниот и приватниот живот, потребна му е вашата помош.

ДЕВИЦА
Денес не планирајте никакви патувања затоа што можно е многу нешта да тргнат во друга насока од посакуваната. Наместо тоа побарајте инспирација за нови проекти во некоја добра книга или филм. Наскоро ве очекува патување на долга дестинација, дискутирајте околу подготовките со вашите пријатели или партнерот. Нивниот ентузијазам ќе ви помогне да се ослободите од сите недоумици.

ВАГА
Дури и ако работата е ваше задоволство, нема да е на одмет ако денес одморите малку, би било добро да се посветите на уметноста или нешто кое ви причинува задоволство. На некој ваш близок му е потребна помош околу некоја одлука и само вие можете да му го дадете идеалното решение. Погрижете се за драгите луѓе околу вас да ја добијат вашата поддршка и љубов.

ШКОРПИЈА
Денес е идеален ден да инвестирате во вашата иднина. Можност за патување и образување ви претстои на вашиот пат, сфатете ја сериозно. Ќе добиете вест за некој ангажман кој долго време сте го посакувале и ќе ве направи возбудени за иднината. Вашиот оптимистичен поглед ќе ви биде од огромна помош. Верувајте на вашата интуиција.

СТРЕЛЕЦ
Денес ве очекува важна вест околу вашата работна позиција, бидете подготвени да примите унапредување или зголемување на вашата одговорност. Ќе подготвите план кој ќе ги остави воодушевени сите околу вас и ќе ја зголеми нивната почит и вашиот авторитет во нивните очи.
Се ќе ви делува како да се одвива премногу брзо, денес сите ѕвезди се на ваша страна.

ЈАРЕЦ
Денес ви е потребна нежност повеќе од било кога, можеби нема да ја добиете од вашиот партнер затоа е добро да се посветите на пружење љубов спрема себеси. Посветете се на негување на вашето тело кое долго време го одложувате поради работните обврски.

ВОДОЛИЈА
Денес не е пожелен ден да се впуштите во купување на нешта затоа што веројатно е дека ќе завршите со работи кои нема вистински да ви служат и ќе бидете лути на себеси. Денес е одличен ден за терапија на вашиот ум и тело. Направете мала оаза во вашиот дом и релаксирајте се.

РИБИ
Денес ве очекува ослободување од некои ваши чувства кои ви претставуваат голем проблем во извршувањето на дневните обврски.  Пожелно е започнување нов стил на живот воведувајќи повеќе грижа за вашето тело и здравје. Денес бидете храбри и направете промена во вашиот изглед. Светлината на вашето срце нека биде вашиот водич кон остварувањето на вашите желби.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за четврток (24 ноември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Не се потценувајте, туку поставете си цели што е потешко да се постигнат, бидејќи само тогаш ќе бидете целосно задоволни на крајот. Можни се разни деловни предизвици наутро, но ако останете фокусирани и ја слушате вашата интуиција, ќе бидете среќни на крајот од денот. За многумина, денот ќе ви го разубави посебна личност од минатото.

БИК
Пред да одлучите да излезете на кафе или да уживате во забавата, средете ги сите помали обврски и какви било заостанувања. Денот е идеален за пазарење, особено ако планирате да купите ситници што ве прават среќни вас или друго лице. Некој со кого сте многу блиски нема да биде расположен за вашите проблеми, не реагирајте бурно веднаш.

БЛИЗНАЦИ
Кога станува збор за деловните обврски, сменете го пристапот за да изненадите секој што ве критикува или ја омаловажува вашата работа. Во принцип, ќе постигнете најголем успех ако го користите елементот на изненадување. Денес ќе добиете предност и ќе ја надминете конкуренцијата, но тоа не значи дека треба да се фалите, да бидете скромни и верни на себе.

РАК
Не лутете се и не замерувајте ако другите денес ве вовлечат во активности што не ги сакате, бидејќи тоа ќе ви помогне подобро да го разберете вашиот живот и моменталната општествена улога. Обрнете посебно внимание на деловните задачи кои вклучуваат тимска работа, идеално опкружени со луѓе на кои им верувате и сте работеле во минатото.

ЛАВ
Не донесувајте одлуки врз основа на емоции. Некој ќе се обиде да ја искористи вашата добрина и емпатија, што не значи дека ќе ви создаде проблеми, но значи дека ќе ви го одземе времето што можете да го користите попаметно. Наместо да дадете пари веднаш, размислете да го понудите вашето време или услуга. Останете подалеку од тајните љубовни средби.

ДЕВИЦА
Кога станува збор за приватниот живот, не отстапувајте од тековните проблеми и не бегајте од разговори бидејќи тоа ќе создаде уште поголеми проблеми што можат да ја променат вашата иднина. Бидете трпеливи и подготвени да се прилагодите на барањата на другите луѓе, но под услов да се оправдани. Денот е идеален за сите работи поврзани со недвижен имот.

ВАГА
Ако треба да донесете важна одлука, но не сте сигурни за нејзината исправност, консултирајте се со сакана личност или некои блиски пријатели. Избегнувајте патување бидејќи се можни одложувања и одложувања. Оние од вас кои планираат преговори за плата на работа, мора да ги земат предвид сите вклучени луѓе, а потоа да го поправат пристапот.

ШКОРПИЈА
Размислете повторно за се што ве мотивира и потоа заземете поинаков пристап за решавање на приватните проблеми. Бидете особено внимателни во начинот на кој се однесувате кон вашите сакани, бидејќи така ќе го одредите понатамошниот тек на врската. Можни се сериозни проблеми во љубовта ако покажете дека не сте сигурни во себе.

СТРЕЛЕЦ
Колку и да се чувствувате добро во нечие друштво, не откривајте детали за вашиот приватен живот и луѓето што ги сакате. Внимавајте како се справувате со непознати ситуации. Пред да одлучите за драстични промени, ќе треба подобро да истражите што значи ова и какви проблеми можат да произлезат од тоа.

ЈАРЕЦ
Beе бидете збунети за нешто што ќе ви го понуди личност која не ја познавате многу добро. Не донесувајте брзи одлуки и немојте да мислите дека приликата ќе исчезне, туку размислете внимателно и истражувајте ги работите што ве воодушевуваат. Ако планирате да склучите деловен договор денес, не заборавајте да спуштите с on на хартија пред да ги преземете првите чекори.

ВОДОЛИЈА
Ќе бидете доста забавни, одлично расположени и подготвени за хумор. Денес ќе привлечете големо внимание, особено кога станува збор за работата и некој ќе дојде до идеја која ќе ве заинтригира. Сепак, бидете внимателни бидејќи истата личност која го препознава вашиот потенцијал сигурно ќе биде склона кон флерт. Не се занесувајте премногу со ветувањата на другите луѓе.

РИБИ
Ако нешто ве мачи и воопшто не можете да најдете решение за проблемот, размислете за ситуацијата и обидете се да ја погледнете од перспектива на другите луѓе. На работа, ако сакате да ја претворите ситуацијата во ваша корист, мора да преземете туѓ дел од работата, што исто така ќе значи и прекувремена работа. Во љубовта, осмелете се, започнете разговор или направете го првиот чекор.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура2 часа

Од утре започнува Божиќниот пост, а денес се Божиќни поклади

Постите траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7-ми јануари. Денешниот ден, 27 ноември, се нарекува уште...

Автомобили5 часа

Mercedes-Benz 190 слави 40 години

Денес, и по четири децении, дизајнот на компактната лимузина изгледа модерно, а претставената технологија ја формира основата. Mercedes-Benz ја прошири...

Временска прогноза17 часа

Нова метео анализа, за денес попладне и во текот на ноќта, особено внимание на температурите кои ќе бидат до 10 степени под нулата

Под влијание на влажен и многу постуден воздушен бран од север, утре и тоа особено попладне и навечер, како и...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за недела (27 ноември)

ОВЕН Овните кои се баби и дедовци, денес ќе уживаат во друштво на своите внуци. Останатите припадници на знакот денот...

Кичево20 часа

Дали и оваа година Кичево ќе остане без новогодишни украси?

Доаѓаат предноводишните празници и секако најлудата ноќ. Оваа година најверојатно ќе прославиме слободни, без ограничувања поради олеснителните околности од пандемијата,...

Временска прогноза1 ден

Какво време нè очекува, преку ден ведро и ладно, на вечер минусни температури

Под влијание на влажен и многу постуден воздух од север, како што најавивме ќе го донесе првиот снег и на...

Автомобили1 ден

Возите на резерва? Немојте

И покрај употребата на филтер за гориво, честичките од нечистотија што се таложат во горивото може да се вшмукаат кога...

Магазин1 ден

САД забранија опрема од кинески телекомуникациски компании

Администрацијата на Бајден забрани увоз и продажба на нова телекомуникациска опрема од кинеските компании Huawei Technologies и ZTE, бидејќи тие...

Свет1 ден

„Артемис 1“ влезе во нова фаза

Десет дена по лансирањето на беспилотната вселенска мисија на НАСА Артемис I, вселенското летало Орион влезе во орбитата на Месечината....

Магазин1 ден

Објавена е листата на најчесто користени лозинки во 2022 година

Иако лозинките треба да ги заштитат корисничките сметки и профили на Интернет, тие често се „лесни за наоѓање“. Така, објавена...

НАЈЧИТАНИ