Следете не

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (26 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Поволен ден за сите оние кои имаат план да започнат приватен бизнис. Комуникацијата со партнерот е многу отворена и директна. Некои проблеми може лесно да се решат. Имате аритмија. Задолжителен преглед кај кардиолог.

БИК

Соработката која долго време ја чекавте се одложува. Дојде време да ги промените своите приоритети. Тешко ви е да ги покажете емоциите на вистински начин. Тежок ден полн со нервози, напнатост. Вашите реакции се многу импулсивни.

БЛИЗНАЦИ

Благодарение на добрата организација која ја имате ќе успеете да надминете некои деловни препреки. Партнерот од вас очекува да преземете иницијатива и да покажете во кој смер ќе оди вашиот однос. Проблеми со грлото. Потребен е преглед.

РАК

Не си поставувајте превисоки цели за кои сте свесни дека не можете да ги исполните. Иако максимално се трудите да ги задоволите потребите на партнерот, тој од вас бара повеќе слобода и простор. Проблеми со видот.

ЛАВ

Нагласена е потребата за некоја доминација и докажување, сакате повторно да сте први во сѐ. Тежите кон драстични промени во својот живот и размислувате да продолжите понатаму. Потребна ви е детоксикација.

ДЕВИЦА

Новата работа која ја имавте во план тргна во сосема поинаква, погрешна насока. Тоа ве депримира. Имате добар однос со саканата личност, комуникацијата е искрена. Потрудете се да најдете повеќе време за одмор. Ве мачи несоница.

ВАГА

Ако сакате да постигнете деловен успех, неопходно е да го раздвоите приватниот и професионалниот живот. Партнерот го оптеретивте со некои свои деловни проблеми и тој полека почнува да се дистанцира. Посетете општ доктор.

ШКОРПИЈА

Не може да прифатите неуспех и пораз. Едноставно не е во вашата природа лесно да се помирите со тоа. Порди тоа може да бидете многу напнати. Посветени сте на семејството, ве исполнува времето кое го поминувате со нив. Чувајте се од настинки.

СТРЕЛЕЦ

Бидете многу внимателни на работа денес. Не дозволувајте било кој да ви ја поремети концентрацијата. Партнерот смета дека вашите барања се комплицирани, и дека барате многу внимание. Проблеми со чувствителна кожа.

ЈАРЕЦ

Не е лесно да го подобрите односот со колегите. Се трудите, но секогаш како нешто да недостасува. Постои личност која се обидува да ви пријде и која се труди, но вие не сакате да и дадете ниту еден позитивен сигнал. Потребна ви е рекреација.

ВОДОЛИЈА

Прилично сте пасивни, незаинтересирани за било каква нова работа, иако финансиската ситуација ви е катастрофална. На партнерот му е потребно внимание, но вие делувате некако незаинтересирано. Незадоволството е очигледно. Нервна напнатост.

РИБИ

Ќе добииете важна поддршка од личност во деловното опкружување. Тоа ќе ви даде ветер во грб. Заедно со партнерот може да организирате домашна журка која ќе ви го поправи расположението. Проблемот кој го имате не е толку сериозен, а поради него станувате параноични.

Хороскоп

Хороскоп за недела (29 јануари)

Објавено пред

на

ОВЕН
Немојте да се впуштате во поголеми инвестиции денес. Најдобро е да избегнувате тешки физички активности. Оние кои се во потрага по работа, ќе им се пружи одлична прилика недалеку од нивното место на живеење.

БИК
Се чувствувате како постојано да се сопнувате на вашиот пат? Мала промена во вашата рутина ќе го запре тоа. Некои напори кои сте ги вложувале во минатото за да остварите нешто, денес ќе бидат исплатени. Задоволни сте од вашиот љубовен живот, но немојте да ги земате нештата „здраво за готово“.

БЛИЗНАЦИ
Можно е долго време да сте трчале по некоја цел и на крајот сте удриле во ѕид. Денес обидете се повторно да ја остварите таа цел затоа што ѕвездите се на ваша страна. Пристигнуваат важни можности на ваша страна кои ќе придонесат за подобра иднина.

РАК
Облак од грижи се надвиснува над вас денес. Но поголемиот дел од тие грижи се непотребни. Обидете се да го растерате така што ќе размислите подобро како да ги решите сите проблеми. Можно е да има некои одложувања во извршувањето на некои важни работи. На крајот од денот се ќе заврши во ваша полза.

ЛАВ
Не очекувајте дека веднаш ќе бидете наградени за вашиот труд, за некои нешта е потребно повеќе време. Посветете се на работата темелно. Ќе морате да почекате подолго за да ви се оствари некоја голема желба. Не губете надеж.

ДЕВИЦА
Денот започнува така што среќата ќе биде на ваша страна. Ќе чувствувате како постојано да се извлекувате од секоја лоша ситуација како победници. Денес ќе поседувате особен шарм со чија помош ќе можете да добиете се што сакате. Ќе успеете да ги импресионирате сите околу себе со некоја иновативна идеа.

ВАГА
Доколку имате деца, ќе бидете горди на некој нивен подвиг. Вашите логички способности се зацврстуваат. Останете смирени и приземјени, уживајте во вашето расположение без оглед на тоа што ќе се случува во овој ден.

ШКОРПИЈА
Денес ќе биде особено предизвикувачки ден за вас. Ќе се соочите со тензија и проблеми како и да е тоа нема да ве попречи да ги извршите вашите работни обврски ефикасно. Вашиот приватен живот полека напредува, наскоро очекувајте позитивен пресврт за кој не сте ни сонувале дека може да се случи.

СТРЕЛЕЦ
Денешниот ден ќе го поминете фантазирајќи. Вашите идеи ќе бидат одлични. Ќе постигнете престиж во вашиот круг на соработници. Луѓето ќе го вреднуваат вашиот труд. Ќе ве следи благослов.

ЈАРЕЦ
Посветете поголемо внимание на вашите мисли. Тоа ќе ви помогне да пронајдете одговори на многу прашања. Постојано ќе бидете на два ума и вашето расположение ќе биде променливо. Тоа ќе создаде ментален стрес. Разговарајте со некој близок за вашата анксиозност. Погрижете се повеќе за своето здравје.

ВОДОЛИЈА
Доколку имате некоја личност со која сте започнале романса, нема повеќе игри, таа личност ве смета за свој идеален пар и сака да биде во стабилна врска со вас. Можно е некој близок да не се согласува со тоа. Останете во позитивно размислување.

РИБИ
Ова е поволен ден за вас. Осветлувајќи го секторот на комуникациите, ќе бидете зафатени во текот на целиот ден при давање и примање информации. Доколку сакате да научите нешто ново, денес е идеален ден.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за сабота (28 јануари)

Објавено пред

на

ОВЕН

Пред вас е одличен ден за промени, па ако сте планирале некоја промена ќе бидете успешни и задоволни. Ви се допаѓа личност која веќе некое време ви покажува одредени симпатии. Стабилна здравствена состојба.

БИК

Може да очекувате позитивни пресврти на деловно поле. Пред вас е добар ден во кој ќе дојдете до успех. Многу сте отворени во комуникацијата со личност која ви се допаѓа бидејќи сметате дека таа ја заслужува вистината. Болки во пределот на грбот.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е голема одлука на деловно поле. Можно е во текот на денешниот ден да дојде до некои пресврти. Вашата врска е прилично нестабилна и за да го промените тоа треба да бидете искрени. Проверете крвна слика.

РАК

Ве очекува можност да стекнете нови деловни соработници како и на некој начин да го проширите кругот на соработници. Наскоро ве очекува и нова врска и ќе бидете среќни, задоволни и исполнети. Внимавајте на крвниот притисок.

ЛАВ

Доколку се занимавате со приватен бизнис можен е губиток или некоја штета во текот на денешниот ден. Саканата личност ќе ви ги покаже нејзините искрени емоции. Имате можност да уживате во заедничките убави моменти. Водете сметка за штетните навики.

ДЕВИЦА

Пократко патување би можело да биде многу корисно за вашата работа. Ве очекуваат добри промени на работа. Може да очекувате интересна средба која ќе ви ја разбуди фантазијата и љубопитноста. Внимавајте на синусите.

ВАГА

Ве очекува поволен ден во кој ќе имате можност за остварување на деловните цели. На состанокот со саканата личност ќе сфатите дека таа е подготвена за сериозна врска со вас. Одлично се чувствувате!

ШКОРПИЈА

Доколку сте очекувале започнување на нов бизнис или промени на работно поле, ќе бидете многу задоволни. Можеби не сте подготвени за промените кои ве очекуваат. Пред вас е можност да бирате. Немате проблеми со здравјето.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува можност малку да се одморите бидејќи денес нема да имате премногу обвски. Заљубени сте и сакате односот со саканата личност да напредува. Подготвени сте да дадете сѐ од себе за да ги поправите нештата. Потребен ви е одмор.

ЈАРЕЦ

Воздржани сте кога станува збор за работата, бидејќи сѐ уште не сте сигурни какви чекори треба да направите и дали се исплати. Флертувате со личност која сега ја запознавате и која покажува дека и се допаѓате. Ви годи физичка активност.

ВОДОЛИЈА

Денешниот ден ќе го искористите за одмор. Работните обврски може да почекаат. Имате пријателски однос со личност која ви се допаѓа и не ви е лесно да ја преминете таа граница помеѓу пријателството и љубовта. Здравјето е во ред.

РИБИ

Пред вас е добар ден на ова поле. Може да се надевате на позитивни околности. Комуникацијата со саканата личност е добра и задоволни сте. Ако сте слободни, ве очекува ново познанство. Вкочанетост во пределот на грбот.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за петок (27 јануари)

Објавено пред

на

ОВЕН
Можни се разни несигурности поврзани со приватниот живот, но не смеете да дозволите да ве доведат до погрешни одлуки или да пропуштите настани на кои би сакале да присуствувате поради вашата љубовна врска. Може да напредувате само ако вложите доволно време за да размислите за идните планови за кариера, па смислете стратегија.

БИК
Ќе ги избегнете сите денешни неволји ако научите да чувате тајни и да се контролирате пред луѓето на кои не им верувате целосно. Ако слушнете нешто интригантно што би сакале да го споделите со другите, слушајте, но не коментирајте. Вложувајте малку повеќе труд и време во физичкиот изглед, потрудете се и станете подобра личност.

БЛИЗНАЦИ
Денес речиси сите настани ќе зависат исклучиво од вас. Ќе имате многу опции, но ќе треба да изберете една од нив, па обидете се да одредите кои се вашите приоритети и што сметате дека е најдобро. Сè што е поврзано со љубовните и пријателските односи и приватните промени ќе биде особено корисно.

РАК
Ќе имате чувство дека некој упорно ве изоставува или дека личноста на која и верувавте сепак не е на ваша страна. Ако има несигурности поврзани со деловниот живот или финансиската иднина, размислете за истражување на други опции како што се продолжување на образованието и стекнување нови вештини. Верувајте во себе и во соништата што ги имате.

ЛАВ
Не седете со скрстени раце и не правете ништо, особено денес кога ве очекуваат романса, интриги и уште пократки патувања. Посветете им се на луѓето што ги сакате и слободно ставајте ги емоциите на прво место. Нема да погрешите ако се потпрете на интуицијата во сите области од животот, особено ако нешто не е во ред во љубовта во последно време.

ДЕВИЦА
Колку и да бидете воодушевени од идејата за промена, размислете добро дали подоцна ќе можете да живеете со неа или дали резултатите ќе ве задоволат или би можеле да ви создадат дополнителни проблеми. Личноста со која сте блиски веројатно ќе ве разочара, но тоа само ќе значи дека нешто не сте направиле како што треба. Започнете со себе.

ВАГА
Ќе бидете многу натпреварувачки расположени. Вклучете се во активности кои вклучуваат комуникација со деца или млади луѓе. Иако некои работи изгледаат како премногу предизвик, тие веројатно ќе ви помогнат да станете подобра личност која е ажурирана. Тоа ќе ви користи сите промени поврзани со домувањето.

ШКОРПИЈА
Поврзете се со луѓе кои не ги гледате често, а кои размислуваат слично како вас или имаат исти интереси. Покрај тоа што ќе се чувствувате толку одлично и ќе соберете енергија, всушност ќе можете подобро да одредите што треба да правите во иднина. Ако претерате со храна, пијалок или било кој друг порок, ќе создадете здравствени проблеми.

СТРЕЛЕЦ
Треба да се грижиме за какви било финансиски аранжмани што е можно поскоро. Денес ќе имате одлично чувство за другите луѓе како и за добрите можности. Искористете го ова и размислете за потези кои веќе некое време ги одложувате, а се однесуваат на приватно или финансиско поле. Можеби некој ќе ви се меша во одлуките, слушајте, но на крајот вие одлучувате сами.

ЈАРЕЦ
За да избегнете непотребни проблеми, па дури и чувства на каење, чувајте ги мислите за себе. Вложете труд во сите оние идеи кои можеби се премногу револуционерни, но можат да ви донесат повеќе пари. Денот е поволен и за размислување за инвестиции, но не и за нивна реализација. Попладнето поминете го со пријателите и семејството.

ВОДОЛИЈА
Ако сакате да одржувате добри односи со членовите на семејството или со некој близок, држете се настрана од емоционални уцени или полувистини. Многумина од вас денес ќе се предомислат и сосема нагло ќе ја сменат одлуката, збунувајќи ги луѓето кои ги познаваат долго време. Деталите ќе бидат доволни, не преценувајте и не брзајте со големи гестови.

РИБИ
Многумина од вас денес ќе бидат склони кон преголем ризик, барем кога станува збор за љубовта. Доколку немате намера да ја прекинете врската во која сте, клучот ќе биде во искреноста. Оние од вас кои се незадоволни со својата работа или тековниот приход, сега треба да размислат за други опции. Бидете храбри, но не донесувајте одлуки веднаш.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Занимливости2 часа

Неколку работи кои треба да ги знаеме пред да купуваме леб

Веројатно знаете барем едно лице кое се откажало од јаглени хидрати за да ја изгуби телесната тежина. Но, вие не...

Спорт10 часа

Денвер поразен од Филаделфија, во спектакуларен меч на МВП центрите Ембид и Јокиќ

Кошаркарите на Денвер се поразени на гостувањето кај Филаделфија со 126:119 во спектакуларен меч кој го одбележа МВП дуелот меѓу...

На денешен ден10 часа

29 јануари – На денешен ден

1412.- Во Нови Брдо бил издаден „Законот за рудниците на деспотот Стефан“. Тој е важен документ за српската писменост и...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за недела (29 јануари)

ОВЕН Немојте да се впуштате во поголеми инвестиции денес. Најдобро е да избегнувате тешки физички активности. Оние кои се во...

Занимливости12 часа

Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при...

Временска прогноза18 часа

Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?

Следува период на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и променливо време со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за локално и слабо провејување на СНЕГ. Исто така...

Скопје18 часа

Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото

На 27.01.2023 во 04.33 часот во Полициска станица Аеродром, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04.20 часот додека со такси возило...

Здравје и убавина23 часа

Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот

Дури и ако сте пушач, а редовно се занимавате со трачање, ќе живеете подолго од две до десет години. Луѓето...

На денешен ден1 ден

28 јануари – На денешен ден

814 – Чарлс I Велики, крал на Франките од 768 година и римско-германски император од 800 година, умрел кога бил...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (28 јануари)

ОВЕН Пред вас е одличен ден за промени, па ако сте планирале некоја промена ќе бидете успешни и задоволни. Ви...

НАЈЧИТАНИ