Хороскоп
Хороскоп за сабота (12 октомври)

ОВЕН
Заробени сте во вител на комплексни енергии кои се на патот на вашиот напредок во животот. Тие можат да ви помогнат доколку ги користите правилно. Вие сакате да имате балансиран пристап кон врската, но се соочувате со тешка и важна одлука што ќе преовладува од едната или од другата страна. За среќа, вашиот позитивен пристап и мудрост во донесувањето одлуки ќе донесат решение од кое сите ќе имаат корист.
БИК
Биковите денес не се расположени за конфронтација и вие едноставно не ја гледате целта на ваквите разговори. Невообичаено за вас, но полесно ви е да седите настрана и да чекате решение отколку да се обидете и да направите нешто. За среќа, ситуацијата не е во паника, па затоа е подобро конечно да се опуштите и да оставите работите да се развиваат малку сами.
БЛИЗНАЦИ
Близнаци, вашата планета Меркур во моментов е немоќна против моќта на Плутон. За вас, ова значи дека треба да ги трпите сите тековни промени и да ја задржите својата визија. Токму оваа визија треба да биде вашиот водич со кој ќе се борите против силниот противник. Можеби ќе се најдете во ситуација кога некој ќе сака да ве понижи, но ако се поставите мудро и избегнете отворен конфликт, тие нема да можат да ви наштетат.
РАК
На Раковите им изгледа сè премногу емотивно додека во вас се врти виорот на чувства и не знаете од каде да започнете. Надминете ги вашите стравови и отворете се, но не се соблечете голи до крај. Избирате теми за кои ќе разговарате, па изнесете ги само позитивните работи што ќе ви помогнат да стекнете самодоверба.
ЛАВ
Денес, Лавовите може да се чувствуваат малку засрамено заради некои настани во кои учествувавте и преминавте некои граници. Да се надеваме дека луѓето околу вас сепак ќе го прифатат вашето извинување и ќе видат поголема слика за сè и ќе покажат разбирање за вас. Бидете скромни денес и немојте да се фалите со вашиот интелект затоа што едноставно би можеле да уништите сè. Потрошете ја својата енергија на заблагодарување на луѓето околу вас.
ДЕВИЦА
Иако Девиците добро ги знаат сопствените вредности, тешко е да прифатите кога вашите соседи имаат сосема поинаков збир на вредности. Не паѓајте во стапицата да се расправате со нив и да докажувате кој е во право. Штом прифатите дека интелигентните луѓе можат да имаат различни ставови, ќе ви биде многу полесно да одржувате односи со луѓе за кои всушност се грижите. Дозволете си време да уживате во добро друштво наместо да ги менувате нивните начини.
ВАГА
Ќе мора да се борите за да можете да кажете што ви паѓа на ум, особено ако тоа има врска со доминантен член на вашето семејство. Тековната врска меѓу вас е прилично емотивно наполнета, па лесно може да дојде до судир на мислења. За среќа, вашата креативност е на својот врв, така што ќе ги најдете сите можни решенија за да бидете проактивни. Бидете внимателни кон чувствата на другите луѓе, но не дозволувајте тоа да ве спречи да бидете тоа што сте.
ШКОРПИЈА
Шкорпии, можеби се чувствувате како некој да прави нешто зад грб, но поверојатно е само вашата фантазија да ја поттикнува овој збир на планети. Не се занесувајте со негативни чувства, изборот секогаш зависи од вас. Концентрирајте се на себе и обидете се да ги потиснете мрачните мисли со позитивни мисли.
СТРЕЛЕЦ
Позитивниот пристап ќе ја подобри секоја ситуација во која се наоѓате. Единственото нешто што може да ви го уништи денот сте вие и вашиот сомнеж во сопствените способности. Веднаш штом ќе се фатите дека имате темни мисли, поврзете се со пријателите, бидејќи тие ќе ве потсетат што е важно. Најдобро би било целиот ден да го поминете во пријатно друштво и забава и на тој начин да се оддалечите од проблемите што ве мачат.
ЈАРЕЦ
Јарци, денес можете да ги изострите роговите во страв од некој што го сметате за исклучително паметен. Запомнете дека туѓата брзина и јазични вештини не се директна закана за вашите планови и дека сте безбедни од „напад“. Некој може да истрае во тоа што сака да ве налути, но најдобро решение е да бидете ладнокрвни и посветени на своите цели.
ВОДОЛИЈА
Денес Водолијата има силна визија за тоа што и како и не дозволувајте никој да ви го одземе. Помали проблеми може да се појават ако некој се обиде да го намали вашиот авторитет во вашата област. Ако целата своја енергија ја насочите кон одбрана на работите, може да се влоши. Всушност, немате потреба да докажувате никому. Држете се до вашите планови и отфрлете ги досадните „муви“ кои се обидуваат да ви го одвлечат вниманието.
РИБИ
Иако чувствата на Рибите се прилично интензивни денес, вие во моментов сте благословени со можноста за емоционално одвојување од нив, така што ова не претставува проблем за вас. Исто така ви овозможува да се оддалечите од залудните конфликти во кои неодамна сте влегле со личноста за која се грижите. Не мора никому да докажувате ништо. Останете фокусирани на остварување на вашите соништа и уживајте без притисоци на околината.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (17 февруари)

ОВЕН
Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое време да се опуштите. Поволен ден за љубов, може да очекувате дека ќе имате добар однос со саканата личност. Болки во долниот дел на грбот.
БИК
Имате пред себе многу обврски и работа. Денешниот ден ќе ви биде на некој начин напорен на ова поле. Може да се надевате на многу позитивни промени и ново познанство. Можен е мал пад на имунитетот.
РАК
Имате шанса да напредувате и полека да остварите позитивни промени на деловно поле. На вашиот партнер му одговара вниманието кое му го посветувате. Задоволн сте бидејќи сте успеале да остварите еден квалитетен однос. Психосоматски проблеми.
ЛАВ
Немате добра комуникација со колегите и тоа за вас претставува голема кочница. Ве очекува ден во кој ќе бидете емотивно задоволни и исполнети. Пред вас е фаза во која ќе уживате. Кожата ви е осетлива.
ДЕВИЦА
Ќе дојде до некои промени во вашето деловно опкружување и нема да ви биде лесно да се прилагодите на нив. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена на компромиси. Помали срцеви проблеми.
ВАГА
Време е да се соочите со потешкотиите и проблемите на работа. Кога ќе ги решите, ќе успеете да остварите напредок. Имавте некои дилеми на љубовно поле. Не сте сигурни која личност е вистинската. Многу сте чувствителни денес.
ШКОРПИЈА
Не е премногу поволен ден за работа денес. Можеби ќе се појават некои нови проблеми и компликации. Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и подготвени сте на сѐ за да го добиете нејзиното внимание. Избегнувајте алкохол.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува многу поволен период на деловно поле. Пред вас е фаза во која ќе имате некои нови деловни случувања. Ве очекува ново познанство и нови можности на љубовно поле. Се чувствувате сосема во ред.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате стабилизација на финансиите. генерално ќе бидете задоволни со случувањата на работа. Стабилната љубовна ситуација ви влева чувство на задоволство. Можни се проблеми со забите.
ВОДОЛИЈА
Денес не носете нови одлуки и потрудете се да бидете трпеливи со своите заклучоци. Важно е да го дефинирате односот со партнерот. Можеби сакате врската да премине на посериозно ниво. Поспаност и замор.
РИБИ
Пред вас е фаза која е поволна за започнување нови деловни случувања и промени во работата. Може да се надевате на ново познанство и флерт со личност која ќе покаже интересирање кон вас. Денес ви е нагласена интуицијата.
Хороскоп
Хороскоп за недела (16 февруари)

ОВЕН
Транзитите укажуваат на можност да упаднете во конфликт со најблиските. Кризата внатре во семејството може да потрае ако не се потрудите да превземете конкретни чекори, макар и да би биле непријатни по вас. Не заборавајте дека тие не ви се непријатели.
БИК
Овој викенд можна неочекувана семејна напнатост и тоа најверојатно поради финансии. Регирајте трпеливо и не влегувајте во расправи затоа што решението доаѓа побрзо отколку што очекувате. Во текот на поплатнето ви пристигнува вест за прилив на пари на кои не сте се надевале.
БЛИЗНАЦИ
Околностите ве наведуваат да донесете одлука која не е во согласност со вашата природа. Подготвени сте на жртва но на дното на душата чувствувате дека сето тоа е понижувачко за вас. Не земајте си се при срце ако целта е повисок интерес, не е страшно понекогаш да се покорите.
РАК
Имате променливо расположение и сте склони кон нервоза особено во односот со партнерот. Внимавајте какви обврски прифаќате затоа што не сте во ситуација да ги испочитувате сите договори. Не играјте на се или ништо, во клучен миг ќе бидете поразени.
ЛАВ
Се што знаете е дека ви е потребна промена. Услови за патување немате а тоа е она кое моментално би ви помогнало. Не упаѓајте во мрачно расположение, нештата се одвиваат баш онака како што треба, наскоро ќе знаете што треба да правите.
ДЕВИЦА
Ве притискаат роковите. Вашите квалитети се ставени во прашање затоа што сте премногу спори. Брзањето ве става во тензија особено кога е во прашање извршувањето на нешто кое по ваше мислење е доста важно. Не подлегнувајте на атмосферата, држете се до своето темпо и се ќе протече во најдобар ред.
ВАГА
Сега е вистинскиот миг за вас. Коцките полека се сложуваат една над друга, нештата се решаваат сами од себе. Пријатно сте изненадени затоа што не сте очекувале таков благослов од небото. Нека не ве занесе моменталниот резултат затоа што тој не дојде со ваше залагање туку беше пресуден факторот на среќата.
ШКОРПИЈА
Чувствувате дека некој се обидува да ве загрози. Победата е можна со голема борба доколку бидете истрајни. Многу од вас во овој период на работа ќе почувствуваат зголемена тензија која е резултат на промени кои се на повидок, а над кои немате никаква контрола.
СТРЕЛЕЦ
Уморни сте од темпото кое ве притиска. Неопходен ви е одмор. Ќе сакате да поминувате мигови опкружени со семејството и опуштена атмосфера, тоа е она кое би ве подигнално. Мислите дека е невозможно а заборавате дека и немањето е избор.
ЈАРЕЦ
Пред вас е посебна деловна понуда која многу сте ја посакувале но сега и се плашите. Очекувајте интензивна поддршка од саканата лличност, иако сте свесни дека тоа нема многу да ви помогне. Бидете она што сте, опуштете се и со својот шарм ќе се изборите кон победа.
ВОДОЛИЈА
Цело ваше внимание е насочено кон проблематичната ситуација која се одвива во кругот на вашето семејство. До кулминација може да дојде затоа што аспектите на небото најавуваат неодложни и присилни промени. Не бегајте од проблемите, одлучно тргнете во пресрет на промените.
РИБИ
Не сте доволно упорни, пребрзо се откажување. Имате чувство дека никој не ве разбира и не ја забележува вашата жртва, за која верувате дека е преголема. Лошото чувство моментално нерасположение поради кое правите потези поради кои подоцна ќе се каете.
Хороскоп
Хороскоп за сабота (15 февруари)

ОВЕН
Некои планови нагло ќе се променат и ќе бидете приморани да се прилагодувате кон туѓите барања. Можни се помали проблеми во кругот на семејството ако сте во брак. Секако, решение секогаш постои, ако се двете страни подготвени на компромис. Проблеми со бешиката.
БИК
Можно е да ви се исплатат некои помали ризици на деловно поле. Слободните припадници на овој знак лесно можат да запознаат нова љубов денес. Вечерните излегувања со пријателите носат нови познанства. Исфрлете ги газираните пијалаци.
БЛИЗНАЦИ
Подготвени сте да ги спроведете новите идеи на дело. Важно е да бидете истрајни во својата замисла. Поволен ден за оние кои се бават со некоја уметност. Склони сте кон идеализација на партнерот, кога ќе се заљубите не ги забележувате неговите маани. Чувствително грло и гласни жици.
РАК
Неповолен ден за соработка со партнерите. Сконцентрирајте се на домашните деловни соработници. Можеби на некој начин сте ја изгубиле стабилноста во љубовта која мислевте дека ја имате. Разочарани сте! Зголемен апетит, водете сметка за килограмите.
ДЕВИЦА
Поволен ден за оние кои се бават со музика, глума или сликарство. Подобрување на финансиите. Внимавајте на погрешни проценки кога е една личност во прашање. Би можеле подоцна да се каете. Проблемите со несоница стануваат хронични.
ВАГА
Може да остварите успех на деловно поле, ако бидете спремни максимално да се актицирате. Важна е брзата реакција. Лесно се впуштате во авантура со личност која не ја познавате доволно. Можеби ќе се покаете подоцна. Проблеми со тахикардија.
ШКОРПИЈА
Може да очекувате многу поволен расплет на настаните на работа, особено ако соработувате со странство. Партнерот е незадоволен, бара повеќе внимание и сака отворено да разговара со вас за сите проблеми. Бидете отворени и флексибилни. Проблеми со кичмата. Не смеете да се оптеретувате.
СТРЕЛЕЦ
Може да очекувате убави вести од раководството во фирмата која работите. Очекувајте подобрување на финансиите. Имате одредени дилеми и ви претставува проблем да се отворите кон саканата личност. Неопходен ви е отворен разговор. Проблеми со црниот дроб.
ЈАРЕЦ
Многу сте внимателни со трошоците и се трудите да штедите. Не претерувајте. Љубомората ве опседнува постојано и не можете да се изборите со неа. Партнерот поради тоа е оптеретен, па следи отворен разговор. Можна е уринарна инфекција.
ВОДОЛИЈА
Очекувате многу од вашиот деловен партнер. Некои обврски не можете да ги завршите сами. Потребна ви е сигурност, уште едно одговорно мислење. Брачниот партнер ви пружа утеха, љубов и чувство на сигурност во тешки животни моменти. Здравјето е во ред.
РИБИ
Се обидувате сите обврски да ги постигнете на време и некако успевате во тоа. Иако имате најдобри намери, немате доволно време да му се посветите на партнерот. Објаснете му колку сте зафатени, но и колку сте подготвени подоцна целосно да му се посветите. Внесувајте витамин Ц.
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за понеделник (17 февруари)
-
Временска прогноза2 дена
Ни претстои промена на времето од утре вечер, ова се последните информации кои ги истакна предмалку Славчо Попоски
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен
-
Кичево1 час
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина
-
Магазин20 часа
(ВИДЕО) Стефан Лазаров и Тамара Тодевска со хит песна, приказна која ќе ве врати до сите блиски кои имаат посебно место во вашите срца!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (16 февруари)
-
Временска прогноза7 часа
Од среда драстично заладување на времето, ова се најновите метео вести
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден / 16 февруари