Хороскоп
Хороскоп за сабота (16 јули)

Овен
Обидете се да покажете малку повеќе разбирање за колегите. Бидете потолерантни кон оние кои не ги делат вашите ставови за животот. Напнати сте и таа нервоза ја пренесувате на партнерот кој не знае како да ви пријде. Не би било добро сега да влегувате во конфликти. Потребна ви е масажа.
Бик
Вашата најголема доблест, освен што сте вредни и вешти во работата, е тоа што знаете да воспоставите одличен однос со колегите кои многу ве ценат. Затоа тие се секогаш подготвени да ви помогнат. По бројните љубовни бродоломи, конечно сте среќни и исполнети. Уживајте!
Близнаци
Денеска во знак на благодарност за нешто што сте го направиле во минатото, би можеле да добиете пари од близок член на семејството. Оставете ги овие пари на страна, почекајте да ги потрошите бидејќи ќе ви се најдат следниот месец. Можни проблеми со коските.
Рак
Среќата се сврте против вас, се што ќе се обидете да предложите на работа наидува на млака реакција. Бидете поупорни ако верувате во вашите идеи. Вие сте на љубовен замав, сакате повеќе отколку што може да ви даде партнерот и размислувате за раскинување. Конечната одлука, сепак, не е ваша.
Лав
Загрижени сте за член на семејството, се трудите да му помогнете на секој начин. Бидете внимателни ако таа помош вклучува пари, може да бидете измамени. Вишокот килограми ви пречи, но што ќе направите со тоа?
Девица
Денес имате посебна причина за радост, кариерата ви е во нагорна линија, партнерот ве опсипува со внимание и љубов, што повеќе да очекувате? Можни се помали дефекти во куќата, но ништо што нема да бара преголеми трошоци.
Вага
Доколку размислувате за промена на работните места, денес е добар ден за преговори. Добро размислете за понудата што сте ја добиле, постои еден сегмент што можеби сте го превидиле што прави голема разлика. Среќата ве следи и во игрите на среќа. Очекувајте пари, а ѕвездите ве советуваат да ги потрошите на себе!
Шкорпија
Добивте одличен договор за одмор, но загрижени сте за вашите финансии. Сè уште имате време да заштедите, би било штета да ја пропуштите оваа можност. Слободните ги игнорираат постојаните покани на една личност за дружење. Не бидете толку строги, таа личност би можела многу пријатно да ве изненади.
Стрелец
Последните недели се однесуваа на вашата кариера, се посветивте максимално на работата и сега ги жнеете плодовите од вашиот труд. Не дозволувајте партнерот да ве чека повеќе. Неговото трпение е при крај, може да изгубите некој за кој многу се грижите….
Јарец
Можни се конфликти на работното место, подобро би било да не се впуштате во туѓи конфликти бидејќи не знаете да ги правите работите со половина срце, па не мора ни да се карате. Искористете ја вечерта за излегување со пријателите, ќе се изненадите од изгледот на личност која одамна не сте ја виделе. Романсата е на хоризонтот.
Водолија
Не е време да бидете неодговорни и да ги одложувате обврските. Ако сега ја пропуштите можноста да се покажете на работа, следната можеби нема да ја добиете до следната година. Внимателно бирајте ги зборовите кога комуницирате со партнерот, тој е многу чувствителен и може сосема неочекувано да го повредите.
Риби
Помалку мака на работа, но ништо што ќе ви предизвика премногу главоболка. Чувајте се достоинствени и над озборувања и интриги. Вие сте осамени и ви треба внимание од спротивниот пол. Свртете се, постои личност која копнее по вас, но вие не ја забележувате.
Хороскоп
Хороскоп за недела (28 мај)

ОВЕН
Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да се сомнева во вашата верност. Можни се проблеми со алергиската реакција.
БИК
Незадоволни сте со ситуацијата на деловно поле поради ненадејните проблеми и трошоци. Нее поволен ден за нова врска, може да бидете прилично разочарани. Бидете воздржани уште некое време. Зајакнете го имунитетот.
БЛИЗНАЦИ
Сѐ уште не сте задоволни со ситуацијата на деловно поле. Како ништо да не оди во склад со вашите очекувања. Водите инат. Ни вие ни партнерот не сте подготвени да попуштите. Не претерувајте. Без поголеми проблеми.
РАК
Внимавајте како ги бирате соработниците за да не се каете подоцна. За тоа е потребна трпеливост и упорност. Осамени сте. Потребен ви е некој да ја подобри атмосферата. Болки во долниот предел на стомакот.
ЛАВ
На финансиско поле нема место за нови грешки. Можна е шанса за добивање хонорарна работа. Ако сакате да го задржите моменталниот партнер, потребно е да бидете спремни и на жртвување. Многу е важно да ја подобрите кондицијата.
ДЕВИЦА
Сѐ уште не сте доволно прилагодени на промените кои се случиле на работа. Мора да се опуштите и да прифатите дека немате контрола над туѓите одлуки. Минливи болки во грлото. Пијте чаеви.
ВАГА
Наскоро би можеле да добиете поволни вести од страна на фирмата во која сте конкурирале. Сепак, бидете внимателни. Не може да дочекате од партнерот да го слушнете неговото мислење во врска со вашите идеи. Внимавајте во сообраќајот.
ШКОРПИЈА
Новата работа не ви ги донесе резултатите кои ги очекувавте. Тоа ви носи дополнителна нервоза во животот. Не е во ред секаде и на секое место место отворено да флертувате. Повлечете рачна кочница. Проблеми со белите дробови.
СТРЕЛЕЦ
Ако сакате да постигнете успех на деловно поле потребно е да бидете максимално фокусирани. Бројните искушенија кои ги имате само ќе послужат да ја тестираат вашата посветеност кон моменталниот партнер. Проблеми со бубрезите.
ЈАРЕЦ
Иако моментално од некои работи немате преголема корист, профитот ќе дојде кога најмалку се надевате. Не го притискајте партнерот дополнително бидејќи и без тоа е нерасположен. Чувствителен нервен систем. Обидете се да се опуштите.
ВОДОЛИЈА
Секоја дополнителна задача за вас претставува нов предизвик со кој сте подготвени да се соочите. Покрај себе имате партнер кој ве разбира и добро ја познава вашата природа. Лошо расположение, иако немате причина за тоа.
РИБИ
Упорно се обидувате со нови потези и тактики, но како ништо да не дава резултати. Потребна ви е личност која ќе разбере низ што поминувате на деловно поле и која ќе ви даде поддршка. Во добра форма сте.
Хороскоп
Хороскоп за сабота (27 мај)

ОВЕН
Денот е поволен за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со колегите или претпоставените. Ако сте во потрага по нова врска, можеби ќе запознаете токму денес нова личност. Водете сметка за здравата исхрана.
БИК
Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи кон партнерот и неговата искреност кон вас. Одлично се чувствувате.
БЛИЗНАЦИ
Ќе ви се укаже можност да остварите дополнителни приходи, но се двоумите дали да ја прифатите бидејќи сте загрижени околу многубројните обврски кои доаѓаат со неа. Во еден момент можеби ќе почувствувате силно чувство на осаменост. Немате проблеми со здравјето.
РАК
Доколку сега покажете максимална посветеност, наредниот период ќе во донесе напредок во кариерата каков што не сте очекувале. Многу ви пречи неспособноста на вашиот партнер да прави компромис. Помали проблеми со грлото.
ЛАВ
Денешниот ден ви носи многу предизвици и препреки во остварувањето на целите. Не заборавајте дека само со трпение може да ги надминете. Во вашето блиско опкружување постои личност која е вљубена во вас. Потребен ви е одмор.
ДЕВИЦА
Периодот на стагнација во кој бевте досега конечно завршува и уште денес ќе чувствувате голем ентузијазам да го дадете својот максимум. Саканата личност ве повреди многу и не можете да и простите. Можни се проблеми со видот.
ВАГА
Доколку сте планирале напредок на работното место, сега е вистинско време да се посветите на неговото остварување. Воодушевени сте од подготвеноста на саканата личност за нејзиниот труд и посветување на вашата врска. Добро се чувствувате и здравјето е солидно.
ШКОРПИЈА
Денешниот ден ќе ви донесе комплицирана ситуација за чиј резултат ќе одлучи некој ваш претпоставен или соработник. Ве очекува интересен разговор со личноста која ви се допаѓа. Добро ќе ви дојде некоја рекреација во природа.
СТРЕЛЕЦ
Полека се сложуваат сите коцки и сфаќате дека досегашните искуства ви послужиле на некој начин. Имате чувство дека саканата личност крие нешто од вас, но се плашите да си го признаете тоа. Проблеми со здравјето поради стрес.
ЈАРЕЦ
Денес и мал пад на концентрацијата или немарност може да има долготрајни последици. Внимавајте добро на секоја ваша постапка. Можна е кавга поради различните ставови со партнерот во врска со некое важно прашање. Склони сте кон настинки.
ВОДОЛИЈА
Ги избегнувате обврските бидејќи чувствувате дека немате сила на сите полиња да го дадете својот максимум. Би сакале да остварите некоја нова врска, но не можете да најдете личност која ви одговара. Мал пад на имунитет.
РИБИ
Сѐ појасно ви е дека условите на моменталното работно место се многу неповолни за вас и подготвени сте да побарате подобра перспектива. Денешниот ден ви носи некаква бурна расправа со партнерот. Водете сметка за стомакот.
Хороскоп
Хороскоп за петок (26 мај)

ОВЕН
Заинтересирајте се за помладите луѓе околу вас, набудувајте што и како го прават тоа, а потоа отворете теми што ве збунуваат или што мислите дека ќе ви помогнат да ја донесете вистинската одлука. Личноста што ја почитувате за она што тој или таа го прави, најверојатно ќе биде заинтересирана за предлогот што ќе го дадете денес. Бидете отворени, но во исто време не форсирајте ништо.
БИК
Работите полека си доаѓаат на свое место. Оние од вас кои сакаат да добијат поголема почит и поддршка од соработниците и претпоставените, треба да бидат попрецизни и да им покажат на другите дека знаат точно што сакаат. Ќе постигнете напредок ако се држите до сопствениот план, но и разни деловни или законски ограничувања. Бидете малку разиграни.
БЛИЗНАЦИ
Нема ништо што не можете да направите денес, поврзано со домот и семејството. Лесно ќе ги решите различните семејни проблеми и несогласувања и ќе организирате активности во кои секој ќе сака да учествува. Кога станува збор за општеството и љубовта, не жалете се или жалете се, туку започнете ги промените што сакате да ги видите.
РАК
Обидете се да работите повеќе на себе и имајте на ум дека ќе ви биде тешко да ги промените луѓето околу вас. Нема да постигнете многу ако се свртите кон критика за туѓа работа или се обидете да расудувате со личност која во никој случај не сака да направи компромис и да види што е позитивно. Ќе ја завршите својата работа најлошо ако дозволите да надвладее гневот.
ЛАВ
Оние од вас кои неодамна беа во убовна врска, може да очекуваат интересен пресврт што ќе им ги отвори очите и ќе ги разјасни емоциите на другата страна. Денес, ќе бидете многу успешни во справувањето со какви било промени поврзани со приватниот имот и приватниот живот. Не вклучувајте финансиски аранжмани за повеќе лица во исто време.
ДЕВИЦА
Бидете паметни и не дозволувајте општеството да ве одведе или некој да ве доведе до погрешни заклучоци кога станува збор за работата. Луѓето денес нема да бидат искрени за сопствените емоции, затоа фокусирајте се на себе, на семејството и на саканите и како подобро да се организирате во деловна смисла. Бидете скромни, но храбри и проактивни.
ВАГА
Ќе имате многу проблеми ако се обидете да донесете одлука врз основа на информациите што ги имате. Нема да можете да го направите вистинскиот избор без самостојно да ја истражувате позадината на секоја приказна, па дури и не треба да се потпирате на она што ви го кажуваат луѓето со кои не сте блиски. Ќе ве предизвика лице кое не го очекувате.
ШКОРПИЈА
Со текот на денот, се потешко ќе ги контролирате емоциите. Обидете се да ги правите работите еден по еден, фокусирајте се на деталите и не дозволувајте никој да ве доведе до позиција каде што ќе треба да донесете ненадејна одлука. Кога станува збор за личноста за која мислевте дека стои зад вас, денес можеби ќе бидете доста разочарани.
СТРЕЛЕЦ
Денес ќе се случат многу работи, но под услов да ги држите работите под контрола и да го правите она што ви е најважно, можете да напредувате и да постигнете опиплива награда. Денот е поволен за какви било договори поврзани со пари, слободно прифаќајте нови предлози и потпишувајте договори. Вашата позиција ќе стане постабилна.
ЈАРЕЦ
Денес, многу лесно ќе го превидите она што е важно, па ќе бидете склони кон донесување погрешни одлуки. Секогаш обидувајте се да најдете второ мислење или консултирајте се со блиски луѓе пред да одлучите да донесете посериозна одлука. Не давајте ветувања денес затоа што ќе испадне дека нема да можете да ги исполните на време.
ВОДОЛИЈА
Ќе се изненадите колку можете да постигнете само ако преземете иницијатива и почнете да се борите за она што го сакате. Бидете подготвени да одговорите на разни прашања и да се справите со сите случајни проблеми. Ако некој ви се спротивстави, наместо да се лутите и да реагирате насилно, покажете благодат и издигнете се над ситуацијата.
РИБИ
Не дозволувајте емоционалните проблеми да ве збунат премногу и да влијаат на вашата ефикасност во работата. Ако сакате да стекнете почит или сакате некој да се однесува подобро со вас, ќе мора да покажете дека сте стабилни и дека не се откажувате од своите ставови. Многу ќе се промени во околината и треба да докажете дека сте прилагодливи.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (27 мај)
-
Кичево1 ден
Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..
-
Временска прогноза2 дена
Какво време нè очекува денес и периодот пред нас?
-
Временска прогноза7 часа
Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..
-
Lifestyle2 дена
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за недела (28 мај)
-
Магазин2 дена
Телефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано – еве зошто
-
Спорт7 часа
ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија