Хороскоп
Хороскоп за сабота (4 мај)
ОВЕН
Ќе бидете активни во барањето на сродна душа ако сте уште сами. Нема да ви биде тешко да отидете на крајот од светот само да го најдете она што го барате. Оние што се во врска ќе ја изненадат саканата личност со предлози полни со активности и динамика. Посветете малку време и на семејството.
БИК
Некои ќе отидат на пократок пат или на излет со саканата личност. Ова може да остане во незаборавен убав спомен. Други ќе пречекаат роднини кои ќе ги поврзат со личност која искрено ќе ги заинтересира. Добро ќе се справувате со тешки и значајни теми. Некои ќе бидат изоставени, или пак пред нив ќе бидат поставени поголеми задачи. Од финансиска гледна точка би требало да остварите добри резултати.
БЛИЗНАЦИ
Како што ќе одминува седмицата, сè повеќе ќе сакате да отидете на годишен одмор. Оние кои сè уште не можат, веројатно ќе мораат да се ангажираат околу некои заостанати работи за кои одамна мислеле дека се завршени. Пријатниот амбиент, поголемата отвореност и подготвеноста да го изразите она што го чувствувате како и наклонетоста на другата страна ќе ви ги направат овие денови убави.
РАК
Можеби ќе се чувствувате незаинтересирано за некои позначајни љубовни потфати. Тоа е како резултат на вашата блокираност. Објективно, можни се дискретни уживања кои ќе се помнат. На дневен ред доаѓаат инвентивности. Ќе има и такви кои дефинитивно ќе завршат една фаза од својата работа. На повидок се нови очекувања, но за нивно остварување ќе треба да се постават нови темели.
ЛАВ
Повеќе би сакале да се повлечете и да работите нешто од дома. Некои ова влијание ќе го искористат за вистински домашни работи, па кога ќе им заврши работното време ќе отидат дома каде ќе се претворат во вистински мајстори. Љубовта во оваа седмица е некаде на страна, тивка и малку скриена.
ДЕВИЦА
Подгответе се за инвентивност или за затворање на деловните фази. Ќе има и такви кои непредвидено ќе отидат на годишен одмор. Овие денови нема да дојде до значително придвижување во вашите приватни односи. Ќе имате доволно енергија, особено за комуникација, па многумина со зборови ќе го надоместуваат она што им недостасува на емотивно поле.
ВАГА
Пред вас е ден за добри, но не големи љубовни прилики. Искористете го така што ќе ја зајакнете довербата помеѓу вас и партнерот. Исто така би требало да примените самоконтрола бидејќи од време на време ќе реагирате како што не треба. Бидете воздржани. Потрудете се да ја искористите можноста за унапредување на работното место.
ШКОРПИЈА
Од големи идеи и амбиции вие во оваа седмица полека ќе се спуштите на земја. Ќе има помалку соништа, а сè повеќе приземна работа, но тоа нема да ви биде непријатно. Од вас и вашата способност за самоконтрола зависи успехот во вашиот приватен живот. Потрудете се. Можно е да се случи нешто преубаво.
СТРЕЛЕЦ
На работното место ќе се случуваат значајни работи, а работата ќе добие на тежина. Тоа е нешто што го обожувате, па ќе и се предадете на работата без задршка и безрезервно. Мноштвото забави и бројните излегувања на атрактивни места ќе бидат ретко видени доживувања кај вас овие денови. Уживајте, но немојте да заборавите и на оние мали вниманија кои многу им значат на луѓето. Особено на вашата драга личност.
ЈАРЕЦ
Како што одминува седмицата ќе биде сè појасно дека тоа што го работите има поголемо значење отколку што ви се чинело на почетокот. Тоа ќе ве мотивира да работите уште повеќе и уште подобро. Се наоѓате во фаза на богат социјален живот, но вашите ново настанати приватни односи ќе бидат од површен карактер. Сепак тоа не значи дека подоцна нема да се развие нешто подлабоко.
ВОДОЛИЈА
Слушајте ги другите повеќе од себе. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од вас и имаат влијание на работите. Затоа поврзете се и не препрашувајте премногу. Следете ги до целта. Љубовта ви се чини дека е далеку од вас, но другите содржини од животот ви даваат сила да ја издржите самотијата или дистанцата во личните односи. Така ќе биде до крајот на оваа седмица.
РИБИ
Работите лесно ќе ги завршувате, а вашата самодоверба ќе расте. Многумина овие денови ќе имаат можност да ги покажат и докажат своите способности. Ако сте сè уште сами, дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Тие ве чекаат. Оние што се во врска ќе почувствуваат како се развива нивниот однос во вистинската насока. Ќе им биде мило.
Хороскоп
Хороскоп за среда (18 септември)
ОВЕН
ЉУБОВ: Расположени сте за средба со личност која емотивно ве исполнува со убави мисли и позитивна енергија
РАБОТА: Секогаш постои лесен и тежок начин до успехот, поради тоа прифатете ја добрата идеја која ви ја предложуваат соработниците.
ЗДРАВЈЕ: Поттикнете кај себе позитивно расположение и самодоверба.
БИК
ЉУБОВ: Партнерот внимателно го анализира вашето однесување и често пати не го одобрува, но вие немате трпение да ги сослушате неговите забелешки.
РАБОТА: Нови случувања внесуваат промени во вашето окружување. Повеќето соработници реагираат на препознатлив начин и без видлива корист.
СОВЕТ: Добро ќе ви дојде релаксација или прошетка во природа.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Несогласувањето на партнерот кажува доволно за заедничкото расположение или за емотивното недоразбирање.
РАБОТА: Не го предвидувајте тоа што е неизвесно бидејќи порано или подоцна работите ќе почнат да се комплицираат, на ваша штета.
СОВЕТ: Обидете се да ги решите своите внатрешни конфликти.
РАК
ЉУБОВ: Нема потреба да измислувате изговори кои може да ве престават во погрешно светло пред блиската личност.
РАБОТА: Доколку неможете да остварите задоволително ниво во комуникацијата и преговорите со соработниците, посветете внимание на самосталните работи.
СОВЕТ: Обратете внимание на здравата исхрана.
ЛАВ
ЉУБОВ: Сочувајте ја самоконтролата, подобро е да не го провоцирате партнерот на взаемно докажување. Работите лесно може да излезат од контрола.
РАБОТА: Потребно е правилно да ги согледате различните аспекти на случувања на деловна сцена и својата улога или можност.
СОВЕТ: Обрнете внимание на правилна исхрана.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Вашата гордост избива на површина, а тоа претставува лош предзнак во однос со саканата личност. Неможете секогаш да ја наметнувате својата волја.
РАБОТА: Важно е да го направите она што е неизбежно во деловно – финансиската соработка, како и да ги почитувате основните правила.
СОВЕТ: Обидетесе правилно да ја контролирате својата креативна енергија.
ВАГА
ЉУБОВ: Обидете се да разберете нечија емотивна слабост или недостаток на храброст кои не ги исполнуваат вашите очекувања.
РАБОТА: Некој се обидува да ве увери во своите добри намери, но не постои ниту еден доказ за да го потврди тоа.
СОВЕТ: Избегнувајте конфликтвни ситуации и бидете внимателни во сообраќајот.
ШКОРПИЈА
ЉУБОВ: Доколку сте незадоволни со емотивниот статус, превземете ги работите во своите раце. Не се двоумете да се соочите со тековните проблеми.
РАБОТА: Несакате да одговарате на нечии провокаторски прашања или да повторувате позната приказна. Ве следи лоша комуникација со соработниците
СОВЕТ: Планирајте излегување или некоја интересна стредба како поттик за добро расположение.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Некој ве спречува да ги постигнете своите емотивни намери, но секогаш постои добро решение и заобиколен начин.
РАБОТА: Потребно е да превземете иницијатива и контрола во одлучувачките ситуации. Нема причина за сомневање во своите способности.
СОВЕТ: Смислете пријатна забава, добро ќе ви дојде релаксација
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Нема причина да се потпирате на лажна надеж. Сигурно е само тоа што е проверено.
РАБОТА: Контактирајте личност која има веродостојни информации за деловните можности. Потребни ви се нови критериуми.
СОВЕТ: Потребно е да ја подобрите концентрацијата
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Поради емотивната несигурност повремено делувате строго кон партнерот. Неможете да останете доследни на своите одлуки.
РАБОТА: Важно е да ја сочувате присебноста и да се однесувате во согласност со професионалните манири. Задржете ја внимателноста.
СОВЕТ: Обидете се да ја подобрите концентрацијата
РИБИ
ЉУБОВ: Важно е да ја сочувате емотивната усогласеност и доверба во саканата личност. Доколку сте слободни одговорете на нечиј повик.
РАБОТА: Сте направиле добра процена на можностите. Ги контролирате сите важни случувања кои влијаат на завршните резултети.
СОВЕТ: Се наоѓате во прекрасна психофизичка форма.
Хороскоп
Хороскоп за вторник (17 септември)
Овен
Не сте дисциплинирани на работа и тоа ви прави проблем на работа со надредените.
Поволен период кој носи убави моменти на полето на љубовта.
Би ви годела физичка активност.
Бик
Ви станува јасно дека некои проблеми не можете да ги решите сами.
Денеска би ви годело да бидете искрени кон личноста која ви се допаѓа.
Склони сте кон меланхолија.
Близнаци
Бидете подготвени на изненадувања на полето на работата. Доаѓаат промени.
Вистинско време да се смирите со личноста која ви значи.
Психосоматски проблеми.
Рак
Се наоѓате под голем стрес и се грижите поради очекувањата кои не сте успеале да ги исполните.
Ве очекува ново познанство во блиска иднина. Расположени сте за љубов.
Јадете редовно.
Лав
Проблемите кои ги имате ве мачат и не можете да ги решите. Денот е поволен за работа.
Една личност го краде вашето внимание. Не можете да престанете да мислите на неа.
Се чувствувате добро.
Девица
Успехот ви е на дофат на раката. Бидете промислени.
Одлучувате да ставите конечна точка на врската.
Би ви годела масажа.
Вага
На полето на работата ве очекуваат компликации. Но, сигурно ќе ги решите.
Ќе ви треба време да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Не губете надеж, упорноста ќе се исплати.
Чувствителни колена.
Шкорпија
Денешниот ден е особено поволен за финансии. Можете да очекувате успех ако се занимавате со било какви вложувања.
Лошите искуства од претходните врски оставаат трага на вас.
Имате многу енергија во себе.
Стрелец
Не дозволувате никој да ви се меша во работата. Делувате арогнатно за околината.
Можно е да сретнете личност која ќе ви го смени мислењето за љубовта.
Здравјето е добро.
Јарец
Бидете резервирани и внимавајте на ставовите кои некој сака да ви ги наметне на работа. Соработниците ви прават сплетки.
Во кругот на вашите пријатели ќе се појави личност која спонтано ќе го освои вашето срце.
Зголемете го внесот на калциум и магнезиум.
Водолија
Ве чека тежок ден во кој добро би било да ги избегнете сите ризични ситуации. Не носете големи одлуки.
Тешко ви е да се соочите со некои работи во врската. Полесно ви е да бегате од проблемите.
Главоболка.
Риби
Факторот среќа е на ваша страна и би било добро да го искористите денешниот ден за решавање на недоумиците во поглед на работата.
Ако сте во врска, денеска е ден поволен за нежности и романтика.
Здравјето е добро.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (16 септември)
ОВЕН
Ќе бидете доста активни и подготвени да се ослободите од какви било обврски за кои инаку немате волја. Искористете го денот за да се справите со заостанатите работи и да се вклучите во активности во домаќинството. Личноста со која сте блиски може да ве изненади со своите гледишта за светот, но не реагирајте негативно веднаш, бидејќи веројатно е фрустрација.
БИК
Бидете личноста што сте, правете ги работите како што ви одговара и не потклекнувајте на мислењето на мнозинството. Луѓето денес ќе ве сфатат сериозно, затоа имајте на ум што зборувате, особено ако се движите во круг на помлади луѓе кои ве доживуваат како пример. Патувањето, дружењето и разговорот со колегите ќе ве одведат до успех.
БЛИЗНАЦИ
Ве очекува многу интересен ден во кој успешно ќе се справите со сите промени, а исто така ќе имате доволно време за одмор и забава. Слободно слушајте ја вашата интуиција и посетете ја личноста во чие друштво отсекогаш сте уживале. На многумина од вас ќе им се случи да разговараат со друга личност која ќе ви помогне да се соберете.
РАК
Денес, истовремено ќе се занимавате со луѓе кои се на ваша страна и се подготвени да ве поддржат, но и со оние кои имаат нешто против вас и гледаат да ве прикажат во грдо светло. Внимавајте кому му се доверувате. Држете се до познатите личности и пријатна атмосфера, луѓето што ве сакаат ќе бидат подготвени да ве заштитат.
ЛАВ
Размислете за старите аранжмани и понуди бидејќи би можеле да дојдете до интересен заклучок што може да ви помогне да ја промените вашата финансиска состојба. Пред да продолжите напред, ќе треба да поправите некои работи и веројатно да се извините на некого од деловното опкружување. Кога станува збор за здравјето и парите, разгледајте некои од старите опции.
ДЕВИЦА
Може да постигнете многу, но само ако се концентрирате и цврсто одлучите дека навистина сакате одредени работи. Не сте далеку од постигнување на вашите цели, но сепак би можеле да размислите за избраниот пат и дали постои подобар што нема да ви донесе толку тешкотии. Во љубовта, држете се до едноставноста и основите, инаку ќе комплицирате се.
ВАГА
Немојте да се борите толку против работите во кои не сте целосно упатени. Наместо да се спротивставувате на промените, обидете се да го правите она што ви одговара во тишина, бидејќи на тој начин прво ќе добиете се што сакате. Се разбира, проблемите нема да исчезнат на тој начин, но полесно ќе се соочите со нив ако сте позадоволни. Во љубовта не лажете никого.
ШКОРПИЈА
Вклучете се во дискусии на други луѓе, учествувајте во разни настани и посветете им се на луѓето што ги сакате. Покрај тоа што лесно ќе запознавате нови познанства, за кратко време ќе можете да процените што е можност, а на долг рок профитабилно, а што не. Бидете подготвени да го проширите вашето знаење. Очекувајте интензивни и страсни моменти во љубовта.
СТРЕЛЕЦ
Не ги изнесувајте своите очекувања на другите бидејќи малкумина ќе можат да ги разберат денес. Ако треба да работите денес, работете самостојно и држете се подалеку од дискусиите со колегите или претпоставените. Не сте во идеален период за патување, туку барате нови можности надвор од вообичаеното опкружување. Прифатете нови искуства.
ЈАРЕЦ
Не откажувајте се од комуникација со луѓе од кои имате големи очекувања, кои ве повлекле или ве разочарале. Можете да заработите само ако сте упорни. Денот е поволен за воведување промени поврзани со домување и недвижен имот. Лесно ќе им покажете на другите колку сте способни и сигурни.
ВОДОЛИЈА
Оние од вас кои сакаат подобра работа или бараат работа со скратено работно време денес, може да се слушнат за добра можност. Не плашете се да се препуштите на нешто што на почетокот изгледа надвор од дофатот. Многу брзо ќе совладате се што ви треба и на крајот ќе можете да понудите повеќе од луѓето кои имаат многу повеќе искуство. Промената нема да биде лоша.
РИБИ
Многумина од вас денес ќе сфатат како конечно врската што им е многу важна се претвора во нешто за што сонуваа. Кога станува збор за работата, слободно направете го првиот потег, но бидете внимателни бидејќи ако ви недостасува самодоверба, некој ќе добие погрешен впечаток. Верувајте во себе и разберете дека пред вас има убави можности и добри работи.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (17 септември)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Вандализам во Кичево, непотребно оштетени сообраќајните знаци
-
Кичево1 ден
Утре овие кичевски села поради работа на ЕВН ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за среда (18 септември)
-
Кичево1 ден
Покана и распоред за главната Манастирска слава на Свештената Пречистанска Обител
-
Мобилни уреди1 ден
Пристигна „iOS 18“, до сега најголемата надградба во историјата на „iPhone“, овие уреди ќе ги добијат новостите кои ги носи новиот систем
-
Магазин1 ден
Австралија ја затвора 3G мрежата
-
Спорт3 часа
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години запиша уште една победа во одлична игра на предводниците на Исени