Следете не

Хороскоп

Хороскоп за среда (10 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес можете да добиете некоја деловна понуда која може да ви донесе профит во итнина. Може да воведете некои нови идеи во вашата работа. Ново партнерство на повидок. Ќе бидете презафатени со обврски и тоа ментално ќе ве измори. Не го занемарувајте семејството поради работата.

БИК
Денес ќе бидете особено ефективни на работното место, колегите ќе соработуваат со вас, ќе успеете да ги завршите сите одамна започнати проекти. Оние кои се во потрага по работа конечно ќе пронајдат нешто што ќе им одговара. Оние кои страдаат од некоја болест, пристигнуваат добри вести.

БЛИЗНАЦИ
Денес сите работи ќе ви одат од рака а тоа ќе ве прави среќни и задоволни. Вашата позитивна енергија ќе се одрази на сите околу вас. Некој постар ќе ви помогне во некој проблем. Ќе бидете збунети и неодлучни кога треба да донесете некоја одлука.

РАК
Денес ќе имате променливо расположение а тоа може да доведе до некои грешки на работното место. Оние кои се заљубени ќе бидат збунети од своите чувства. Оние кои се во врска ќе бидат особено приврзани за партнерот. Погрижете се за вашите родители. Оние кои се студенти ќе страдаат од губење на концентрација.

ЛАВ
Ќе бидете задоволни од вашите животни околности, успешно ќе одржувате баланс помеѓу вашата заработна и трошоците. Нови планови ќе бидат имплементирани на вашето работно место. Ќе соработувате со блиски роднини или некој од вашата околина а тоа ќе ви донесе добра добивка. Посетете постари личности или религиозно место.

ДЕВИЦА
Денес ќе бидете особено енергични. Вашето расположение ќе биде оптимистично а тоа ќе ви помогне да ги исполните сите обврски и успешно ќе се справувате со потешкотиите на работното место. Ви претстои добар провод со пријателите и семејството, ќе бидете среќни. Оние кои се студенти ќе добијат добри вести.

ВАГА
Денес се до попладне ќе чувствувате незадоволство, ќе бидете нервозни но после доаѓа подобрување на расположението. Нешто што ќе слушнете ќе ја зголеми вашата самодоверба. Бидете внимателни при донесување на одлуки и немојте да избрзувате, тоа може да влијае негативно врз вашите финансии. Бидете повевеќе трпеливи со партнерот. Ќе ви годи патување.

ШКОРПИЈА
Денес ќе имате тенденција да трошите повеќе од вообичаено. Внимавајте на работното место и домот да не донесете избрзани одлуки кои можат да се одразат негативно во иднина. Избегнувајте давање позајмици. Одложете го донесувањето на поважни одлуки, посветете поголемо внимание на вашите одоговорности.

СТРЕЛЕЦ
Денес ќе планирате да инвестирате во некој бизнис, тоа е добра одлука. Вашата заработка се одразува на вашето добро здравје. Ќе уживате во романтичните мигови со партнерот а тоа ќе ја зголеми хармонијата во домот. Оние кои се сингл ќе запознаат интересна личност која ќе им ги разбуди чувствата. Оние кои се заљубени ќе размислуваат за брак.

ЈАРЕЦ
Денес ќе бидете особено среќни, вашите загуби ќе ги претворите во добивки. Оние кои работат долго време ќе бидат задоволни од можностите кои им се пружат. Ќе направите некои промени на работното место или домот, на некои им претстои унапредување. Оние кои се сингл ќе донесат важна одлука со помош на совет од некој пријател или близок.

ВОДОЛИЈА
Месечината ќе ви даде благослов а тоа ќе ве направи среќни. Ако неодамна сте биле вознемирени или огорчени ќе успеете да го надминете. Ќе добиете поддршка од соработниците во некој проект кој ќе го предложите. Добивка на работното место и зголемување на финансиите.

РИБИ
Денес ќе се чувствувате летаргични, можни се мали здравствени проблеми. Одложете ги важните бизнис инвестиции. Исто така не започнувајте нови проекти. Можно е да претрпите некои загуби. Бидете внимателни кога донесувате важни одлуки.

Хороскоп

Хороскоп за среда (10 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое време да се опуштите. Поволен ден за љубов, може да очекувате дека ќе имате добар однос со саканата личност. Болки во долниот дел на грбот.

БИК

Имате пред себе многу обврски и работа. Денешниот ден ќе ви биде на некој начин напорен на ова поле. Може да се надевате на многу позитивни промени и ново познанство. Можен е мал пад на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ
Ќе бидете подготвени за нови деловни потези кои ќе внесат големи промени во вашиот живот. Имате чести несогласувања со личноста која ви се допаѓа и некое време ќе бидете на дистанца. Пад на енергија.

РАК

Имате шанса да напредувате и полека да остварите позитивни промени на деловно поле. На вашиот партнер му одговара вниманието кое му го посветувате. Задоволн сте бидејќи сте успеале да остварите еден квалитетен однос. Психосоматски проблеми.

ЛАВ

Немате добра комуникација со колегите и тоа за вас претставува голема кочница. Ве очекува ден во кој ќе бидете емотивно задоволни и исполнети. Пред вас е фаза во која ќе уживате. Кожата ви е осетлива.

ДЕВИЦА

Ќе дојде до некои промени во вашето деловно опкружување и нема да ви биде лесно да се прилагодите на нив. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена на компромиси. Помали срцеви проблеми.

ВАГА

Време е да се соочите со потешкотиите и проблемите на работа. Кога ќе ги решите, ќе успеете да остварите напредок. Имавте некои дилеми на љубовно поле. Не сте сигурни која личност е вистинската. Многу сте чувствителни денес.

ШКОРПИЈА

Не е премногу поволен ден за работа денес. Можеби ќе се појават некои нови проблеми и компликации. Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и подготвени сте на сѐ за да го добиете нејзиното внимание. Избегнувајте алкохол.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува многу поволен период на деловно поле. Пред вас е фаза во која ќе имате некои нови деловни случувања. Ве очекува ново познанство и нови можности на љубовно поле. Се чувствувате сосема во ред.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате стабилизација на финансиите. генерално ќе бидете задоволни со случувањата на работа. Стабилната љубовна ситуација ви влева чувство на задоволство. Можни се проблеми со забите.

ВОДОЛИЈА

Денес не носете нови одлуки и потрудете се да бидете трпеливи со своите заклучоци. Важно е да го дефинирате односот со партнерот. Можеби сакате врската да премине на посериозно ниво. Поспаност и замор.

РИБИ

Пред вас е фаза која е поволна за започнување нови деловни случувања и промени во работата. Може да се надевате на ново познанство и флерт со личност која ќе покаже интересирање кон вас. Денес ви е нагласена интуицијата.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за вторник (9 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Премногу очекувате од соработниците кои не размислуваат на ист начин како вас. Време е да ги земете работите во свои раце. Чувствувате дека партнерот не е искрен за некои работи. Време е да поразговарате со него. Избегнувајте алкохол.

БИК

Ве очекуваат помали недоразбирања со соработниците. Генерално овој ден не ви е особено поволен. Нема нови промени кај вас на љубовно поле. Ова е прилично статичен и здодевен ден. Болки во грбот.

БЛИЗНАЦИ

Не е поволен ден за нови случувања, за нови одлуки или било какви важни промени на работно поле. Посветени сте и на саканата личност и ќе направите сѐ што можете за да и докажете љубов и приврзаност. Склони сте кон алергии.

РАК

Ве очекуваат проблеми на деловно поле. Многу нешта ве оптеретуваат и не се чувствувате добро поради тоа. Срамежливи сте и тешко ви е да покажете што чувствувате кон личноста во која сте заљубени. Чувствителен урогенитален тракт.

ЛАВ

Организационите способности ви е најчесто силна страна но денес дури ни тоа не ви оди од рака. Имате грижа на совест бидејќи не сте сосема искрени кон партнерот. Можен е пад на имунитетот.

ДЕВИЦА

Ве очекуваат помали компликации, па затоа подгответе се за ден во кој ќе има стрес и тензии околу вас. Се двоумите околу нови одлуки. Саканата личност ќе покаже дека е подготвена да направи некои драстични промени. Кожата ви е склона кон иритации.

ВАГА

Успешно ги решавате сите дилеми. Одлуката која ќе ја донесете за вас може да биде од многу големо значење. Ве очекува можност да ја освоите личноста која ви се допаѓа веќе подолго време. Чувајте се од настинки.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате дека ќе успеете да најдете решение за деловните проблеми околу вас. Ќе се смирите со личноста која ја сакате. Ако сте слободни, наскоро ќе имате ново познанство. Болки во грлото.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекуваат нови случувања на работно поле. Не сакате да зависите од другите, за вас контролата е многу важна. Партнерот покажува дека сака повеќе време за себе и поголема слобода, а вам тоа не ви се допаѓа. Помал пад на имунитетот.

ЈАРЕЦ

Не сте подготвени за драстични промени на деловно поле, а сѐ што правите оди постепено чекор по чекор. Саканата личност не е подготвена да ви покаже отворено што мисли, а вас тоа ве оддалечува и лади од неа. Потребен ви е сон.

ВОДОЛИЈА

Не сте подготвени за промени на работно поле туку сметате дека ќе ви биде подобро доколку ја задржите оваа работа. Сакате семејство но не сте го пронашле адекватниот партнер за тоа. Дајте си време. Намалете го стресот.

РИБИ

Успешно ќе ги завршите работните обврски. Може да се надевате на многу позитивен ден. Можеби ви се допаѓа некој кој кон вас сѐ уште не покажал симпатии. Немате проблеми со здравјето.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (8 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Размислувате да воведете некои инавации во работата. Подготвени сте да се посветите на новите проекти. Можно е да не сте ги добиле сите емоции кои ви се потребни и дека полека доаѓа крај на вашата врска. Чувствителни стапала.

БИК

Немате доволно концентрација на работа и денес дури и основните обврски тешко ви паѓаат. Дојдовте до носењето на важни одлуки. Сега е моментот кога вашата врска ќе напредува. Нервозни сте.

БЛИЗНАЦИ

Решивте да ја преземете поголемиот дел од работата на себе за ситуацијата да може да се помрдне од мртва точка. Пред вас е поволен период ако планирате брак со личноста која ја сакате. Проблеми со вените.

РАК

Време е да се посветите на рааботата за да создадете подобар однос со соработниците ако планирате нешто да постигнете. Ако сте слободни ве очекува ново љубовно познанство. Склони сте кон дебелеење, внимавајте на исхраната.

ЛАВ

Размислувате за промени на работа иако и понатаму не ви се укажува некоја конкретна прилика за тоа. Ви се допаѓа личност која покажува дека е ладна и незаинтересирана, па затоа се држите на дистанца. Хронични проблеми со здравјето.

ДЕВИЦА

Може да очекувате многу позитивна атмосфера на работното опкружување. Ги остварувате своите планови. Полека се разделувате од личноста која ви се допаѓа и не ви е лесно да ја поднесете дистанцата. Многу добро здравје.

ВАГА

Потрудете се да се контролирате себеси и својата суета. Емоциите немаат врска со деловното опкружување. Размислувате на кој начин да започнете комуникација со една личност од минатото. Внесувајте повеќе течности.

ШКОРПИЈА

Ве очекува фаза која нема да биде поволна, некои потешкотии се пред вас денес. Ве очекува можност за почеток на однос со личност во која сте тајно вљубени веќе некое време. Можен е пад на имунитетот, внимавајте на себе.
СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате дека ќе имате некои недоразбирања во текот на деловните преговори или важни разговори. Пред вас е шанса да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Ќе имате можност да и ја покажете вашата наклонетост. Одморете се.
ЈАРЕЦ

Може да сметате дека ќе ги остварите своите цели на деловно поле. Промените на кои се надевавте полека се случуваат. На љубовно поле ќе го пронајдете она на кое се надевавте. Добро се чувствувате и немате здравствени проблеми.

ВОДОЛИЈА

Сакате да направите некои позитивни промени на деловно поле, но свесни сте дека не можете да го постигнете тоа сами. Сакате да ги решите проблемите со саканата личност и да живеете нормално. Бубрезите ви се чувствителни.

РИБИ

Не се откажувате од амбициите кои ги имате но моментално време е да прифатите дека нема да оди сѐ онака како што сте замислиле. Не ве очекуваат промени на љубовно поле денес. Чувствителен желудник.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Michael Fousert @ unsplash Фото: Michael Fousert @ unsplash
Автомобили18 минути

Германија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година

Германија во 2026 година ќе забележи значителен раст на електричната мобилност. Според проценките на Националното здружение на автомобилската индустрија (VDA),...

Фото: Gurth Bramall @ unsplash Фото: Gurth Bramall @ unsplash
Lifestyle20 минути

Зошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина

Веројатно ви се случило многу пати: вадите свежо измиена тава од шкаф, а под прстите повторно го чувствувате оној непријатен...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин23 минути

Samsung Galaxy телефоните добиваат нов модерен „Liquid Glass“ редизајн на почетокот на следната година

Samsung One UI 8.5 пристигнува со освежен изглед инспириран од стилот на Liquid Glass интерфејсот на Apple — со позаоблени...

Фото: Azamat E @ unsplash Фото: Azamat E @ unsplash
Магазин26 минути

YouTube го уредува фидот на почетната страница

• Пронаоѓањето видео на YouTube што навистина одговара на вашите интереси често знае да биде предизвик. Платформата го препозна ова...

Технологија1 час

„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг

Google Maps воведува новитет кој, за почеток само на iOS, автоматски ја препознава локацијата каде што сте го оставиле автомобилот...

Македонија2 часа

ОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за среда (10 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое...

Македонија18 часа

На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!

Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари...

Македонија23 часа

Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин24 часа

Доаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости

• Мајкрософт ја продолжува стратегијата за 2025 година, која ја нарече „година на освежување на компјутерите со Windows 11“. Целта...

НАЈЧИТАНИ