Хороскоп
Хороскоп за среда (18 септември)

ОВЕН
ЉУБОВ: Расположени сте за средба со личност која емотивно ве исполнува со убави мисли и позитивна енергија
РАБОТА: Секогаш постои лесен и тежок начин до успехот, поради тоа прифатете ја добрата идеја која ви ја предложуваат соработниците.
ЗДРАВЈЕ: Поттикнете кај себе позитивно расположение и самодоверба.
БИК
ЉУБОВ: Партнерот внимателно го анализира вашето однесување и често пати не го одобрува, но вие немате трпение да ги сослушате неговите забелешки.
РАБОТА: Нови случувања внесуваат промени во вашето окружување. Повеќето соработници реагираат на препознатлив начин и без видлива корист.
СОВЕТ: Добро ќе ви дојде релаксација или прошетка во природа.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Несогласувањето на партнерот кажува доволно за заедничкото расположение или за емотивното недоразбирање.
РАБОТА: Не го предвидувајте тоа што е неизвесно бидејќи порано или подоцна работите ќе почнат да се комплицираат, на ваша штета.
СОВЕТ: Обидете се да ги решите своите внатрешни конфликти.
РАК
ЉУБОВ: Нема потреба да измислувате изговори кои може да ве престават во погрешно светло пред блиската личност.
РАБОТА: Доколку неможете да остварите задоволително ниво во комуникацијата и преговорите со соработниците, посветете внимание на самосталните работи.
СОВЕТ: Обратете внимание на здравата исхрана.
ЛАВ
ЉУБОВ: Сочувајте ја самоконтролата, подобро е да не го провоцирате партнерот на взаемно докажување. Работите лесно може да излезат од контрола.
РАБОТА: Потребно е правилно да ги согледате различните аспекти на случувања на деловна сцена и својата улога или можност.
СОВЕТ: Обрнете внимание на правилна исхрана.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Вашата гордост избива на површина, а тоа претставува лош предзнак во однос со саканата личност. Неможете секогаш да ја наметнувате својата волја.
РАБОТА: Важно е да го направите она што е неизбежно во деловно – финансиската соработка, како и да ги почитувате основните правила.
СОВЕТ: Обидетесе правилно да ја контролирате својата креативна енергија.
ВАГА
ЉУБОВ: Обидете се да разберете нечија емотивна слабост или недостаток на храброст кои не ги исполнуваат вашите очекувања.
РАБОТА: Некој се обидува да ве увери во своите добри намери, но не постои ниту еден доказ за да го потврди тоа.
СОВЕТ: Избегнувајте конфликтвни ситуации и бидете внимателни во сообраќајот.
ШКОРПИЈА
ЉУБОВ: Доколку сте незадоволни со емотивниот статус, превземете ги работите во своите раце. Не се двоумете да се соочите со тековните проблеми.
РАБОТА: Несакате да одговарате на нечии провокаторски прашања или да повторувате позната приказна. Ве следи лоша комуникација со соработниците
СОВЕТ: Планирајте излегување или некоја интересна стредба како поттик за добро расположение.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Некој ве спречува да ги постигнете своите емотивни намери, но секогаш постои добро решение и заобиколен начин.
РАБОТА: Потребно е да превземете иницијатива и контрола во одлучувачките ситуации. Нема причина за сомневање во своите способности.
СОВЕТ: Смислете пријатна забава, добро ќе ви дојде релаксација
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Нема причина да се потпирате на лажна надеж. Сигурно е само тоа што е проверено.
РАБОТА: Контактирајте личност која има веродостојни информации за деловните можности. Потребни ви се нови критериуми.
СОВЕТ: Потребно е да ја подобрите концентрацијата
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Поради емотивната несигурност повремено делувате строго кон партнерот. Неможете да останете доследни на своите одлуки.
РАБОТА: Важно е да ја сочувате присебноста и да се однесувате во согласност со професионалните манири. Задржете ја внимателноста.
СОВЕТ: Обидете се да ја подобрите концентрацијата
РИБИ
ЉУБОВ: Важно е да ја сочувате емотивната усогласеност и доверба во саканата личност. Доколку сте слободни одговорете на нечиј повик.
РАБОТА: Сте направиле добра процена на можностите. Ги контролирате сите важни случувања кои влијаат на завршните резултети.
СОВЕТ: Се наоѓате во прекрасна психофизичка форма.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (17 февруари)

ОВЕН
Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое време да се опуштите. Поволен ден за љубов, може да очекувате дека ќе имате добар однос со саканата личност. Болки во долниот дел на грбот.
БИК
Имате пред себе многу обврски и работа. Денешниот ден ќе ви биде на некој начин напорен на ова поле. Може да се надевате на многу позитивни промени и ново познанство. Можен е мал пад на имунитетот.
РАК
Имате шанса да напредувате и полека да остварите позитивни промени на деловно поле. На вашиот партнер му одговара вниманието кое му го посветувате. Задоволн сте бидејќи сте успеале да остварите еден квалитетен однос. Психосоматски проблеми.
ЛАВ
Немате добра комуникација со колегите и тоа за вас претставува голема кочница. Ве очекува ден во кој ќе бидете емотивно задоволни и исполнети. Пред вас е фаза во која ќе уживате. Кожата ви е осетлива.
ДЕВИЦА
Ќе дојде до некои промени во вашето деловно опкружување и нема да ви биде лесно да се прилагодите на нив. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена на компромиси. Помали срцеви проблеми.
ВАГА
Време е да се соочите со потешкотиите и проблемите на работа. Кога ќе ги решите, ќе успеете да остварите напредок. Имавте некои дилеми на љубовно поле. Не сте сигурни која личност е вистинската. Многу сте чувствителни денес.
ШКОРПИЈА
Не е премногу поволен ден за работа денес. Можеби ќе се појават некои нови проблеми и компликации. Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и подготвени сте на сѐ за да го добиете нејзиното внимание. Избегнувајте алкохол.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува многу поволен период на деловно поле. Пред вас е фаза во која ќе имате некои нови деловни случувања. Ве очекува ново познанство и нови можности на љубовно поле. Се чувствувате сосема во ред.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате стабилизација на финансиите. генерално ќе бидете задоволни со случувањата на работа. Стабилната љубовна ситуација ви влева чувство на задоволство. Можни се проблеми со забите.
ВОДОЛИЈА
Денес не носете нови одлуки и потрудете се да бидете трпеливи со своите заклучоци. Важно е да го дефинирате односот со партнерот. Можеби сакате врската да премине на посериозно ниво. Поспаност и замор.
РИБИ
Пред вас е фаза која е поволна за започнување нови деловни случувања и промени во работата. Може да се надевате на ново познанство и флерт со личност која ќе покаже интересирање кон вас. Денес ви е нагласена интуицијата.
Хороскоп
Хороскоп за недела (16 февруари)

ОВЕН
Транзитите укажуваат на можност да упаднете во конфликт со најблиските. Кризата внатре во семејството може да потрае ако не се потрудите да превземете конкретни чекори, макар и да би биле непријатни по вас. Не заборавајте дека тие не ви се непријатели.
БИК
Овој викенд можна неочекувана семејна напнатост и тоа најверојатно поради финансии. Регирајте трпеливо и не влегувајте во расправи затоа што решението доаѓа побрзо отколку што очекувате. Во текот на поплатнето ви пристигнува вест за прилив на пари на кои не сте се надевале.
БЛИЗНАЦИ
Околностите ве наведуваат да донесете одлука која не е во согласност со вашата природа. Подготвени сте на жртва но на дното на душата чувствувате дека сето тоа е понижувачко за вас. Не земајте си се при срце ако целта е повисок интерес, не е страшно понекогаш да се покорите.
РАК
Имате променливо расположение и сте склони кон нервоза особено во односот со партнерот. Внимавајте какви обврски прифаќате затоа што не сте во ситуација да ги испочитувате сите договори. Не играјте на се или ништо, во клучен миг ќе бидете поразени.
ЛАВ
Се што знаете е дека ви е потребна промена. Услови за патување немате а тоа е она кое моментално би ви помогнало. Не упаѓајте во мрачно расположение, нештата се одвиваат баш онака како што треба, наскоро ќе знаете што треба да правите.
ДЕВИЦА
Ве притискаат роковите. Вашите квалитети се ставени во прашање затоа што сте премногу спори. Брзањето ве става во тензија особено кога е во прашање извршувањето на нешто кое по ваше мислење е доста важно. Не подлегнувајте на атмосферата, држете се до своето темпо и се ќе протече во најдобар ред.
ВАГА
Сега е вистинскиот миг за вас. Коцките полека се сложуваат една над друга, нештата се решаваат сами од себе. Пријатно сте изненадени затоа што не сте очекувале таков благослов од небото. Нека не ве занесе моменталниот резултат затоа што тој не дојде со ваше залагање туку беше пресуден факторот на среќата.
ШКОРПИЈА
Чувствувате дека некој се обидува да ве загрози. Победата е можна со голема борба доколку бидете истрајни. Многу од вас во овој период на работа ќе почувствуваат зголемена тензија која е резултат на промени кои се на повидок, а над кои немате никаква контрола.
СТРЕЛЕЦ
Уморни сте од темпото кое ве притиска. Неопходен ви е одмор. Ќе сакате да поминувате мигови опкружени со семејството и опуштена атмосфера, тоа е она кое би ве подигнално. Мислите дека е невозможно а заборавате дека и немањето е избор.
ЈАРЕЦ
Пред вас е посебна деловна понуда која многу сте ја посакувале но сега и се плашите. Очекувајте интензивна поддршка од саканата лличност, иако сте свесни дека тоа нема многу да ви помогне. Бидете она што сте, опуштете се и со својот шарм ќе се изборите кон победа.
ВОДОЛИЈА
Цело ваше внимание е насочено кон проблематичната ситуација која се одвива во кругот на вашето семејство. До кулминација може да дојде затоа што аспектите на небото најавуваат неодложни и присилни промени. Не бегајте од проблемите, одлучно тргнете во пресрет на промените.
РИБИ
Не сте доволно упорни, пребрзо се откажување. Имате чувство дека никој не ве разбира и не ја забележува вашата жртва, за која верувате дека е преголема. Лошото чувство моментално нерасположение поради кое правите потези поради кои подоцна ќе се каете.
Хороскоп
Хороскоп за сабота (15 февруари)

ОВЕН
Некои планови нагло ќе се променат и ќе бидете приморани да се прилагодувате кон туѓите барања. Можни се помали проблеми во кругот на семејството ако сте во брак. Секако, решение секогаш постои, ако се двете страни подготвени на компромис. Проблеми со бешиката.
БИК
Можно е да ви се исплатат некои помали ризици на деловно поле. Слободните припадници на овој знак лесно можат да запознаат нова љубов денес. Вечерните излегувања со пријателите носат нови познанства. Исфрлете ги газираните пијалаци.
БЛИЗНАЦИ
Подготвени сте да ги спроведете новите идеи на дело. Важно е да бидете истрајни во својата замисла. Поволен ден за оние кои се бават со некоја уметност. Склони сте кон идеализација на партнерот, кога ќе се заљубите не ги забележувате неговите маани. Чувствително грло и гласни жици.
РАК
Неповолен ден за соработка со партнерите. Сконцентрирајте се на домашните деловни соработници. Можеби на некој начин сте ја изгубиле стабилноста во љубовта која мислевте дека ја имате. Разочарани сте! Зголемен апетит, водете сметка за килограмите.
ДЕВИЦА
Поволен ден за оние кои се бават со музика, глума или сликарство. Подобрување на финансиите. Внимавајте на погрешни проценки кога е една личност во прашање. Би можеле подоцна да се каете. Проблемите со несоница стануваат хронични.
ВАГА
Може да остварите успех на деловно поле, ако бидете спремни максимално да се актицирате. Важна е брзата реакција. Лесно се впуштате во авантура со личност која не ја познавате доволно. Можеби ќе се покаете подоцна. Проблеми со тахикардија.
ШКОРПИЈА
Може да очекувате многу поволен расплет на настаните на работа, особено ако соработувате со странство. Партнерот е незадоволен, бара повеќе внимание и сака отворено да разговара со вас за сите проблеми. Бидете отворени и флексибилни. Проблеми со кичмата. Не смеете да се оптеретувате.
СТРЕЛЕЦ
Може да очекувате убави вести од раководството во фирмата која работите. Очекувајте подобрување на финансиите. Имате одредени дилеми и ви претставува проблем да се отворите кон саканата личност. Неопходен ви е отворен разговор. Проблеми со црниот дроб.
ЈАРЕЦ
Многу сте внимателни со трошоците и се трудите да штедите. Не претерувајте. Љубомората ве опседнува постојано и не можете да се изборите со неа. Партнерот поради тоа е оптеретен, па следи отворен разговор. Можна е уринарна инфекција.
ВОДОЛИЈА
Очекувате многу од вашиот деловен партнер. Некои обврски не можете да ги завршите сами. Потребна ви е сигурност, уште едно одговорно мислење. Брачниот партнер ви пружа утеха, љубов и чувство на сигурност во тешки животни моменти. Здравјето е во ред.
РИБИ
Се обидувате сите обврски да ги постигнете на време и некако успевате во тоа. Иако имате најдобри намери, немате доволно време да му се посветите на партнерот. Објаснете му колку сте зафатени, но и колку сте подготвени подоцна целосно да му се посветите. Внесувајте витамин Ц.
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за понеделник (17 февруари)
-
Временска прогноза2 дена
Ни претстои промена на времето од утре вечер, ова се последните информации кои ги истакна предмалку Славчо Попоски
-
Кичево4 часа
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина
-
Магазин22 часа
(ВИДЕО) Стефан Лазаров и Тамара Тодевска со хит песна, приказна која ќе ве врати до сите блиски кои имаат посебно место во вашите срца!
-
Временска прогноза10 часа
Од среда драстично заладување на времето, ова се најновите метео вести
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (16 февруари)
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден / 16 февруари
-
Lifestyle1 ден
Ултра понуди на туристички аранжмани за лето 2025 по ексклузивни цени кои започнуваат од 89€ за 7 ноќевања, резервирајте го вашиот одмор веднаш!