Следете не

Хороскоп

Хороскоп за среда (5 октомври)

Објавено пред

на

ОВЕН
Многу ве интересира нешто што сте слушнале или некоја нова тема со која сакате да се занимавате. Можеби размислувате за промена на работното место или ќе бидете во можност да се договорите со некого за нов аранжман што може да ви се исплати. Добивате вести за нова работа.

БИК
Верувате дека ќе имате при рака личност која веќе неколку пати дала до знаење дека ќе ви помогне кога ви треба. Не се потпирајте премногу на мислењето на Овен или Девица. Се обидувате да најдете нов извор на приход, веројатно во доменот на трговијата.

БЛИЗНАЦИ
Не успевате да направите се што би сакале и се обидувате да воспоставите рамнотежа помеѓу она што Лавот, Девицата или некој со кого лесно ќе најдете заеднички јазик, очекува од вас. Се обидувате да бидете смирени кога станува збор за работа со Шкорпија.

РАК
Ако сте ангажирани во бизнис што вклучува некаква услуга или често патување, претстои зголемување на приходот, најверојатно во соработка со Рак или Вага. Треба да се занимавате со креативна работа и ако се занимавате со уметност, пријател може да ве поддржи.

ЛАВ
Се обидувате да бидете што е можно попрактични во вашето размислување и не паничете без разлика на се, особено ако пропуштите документ ако заборавите да направите нешто што сте го ветиле. Вечерта следува интересна средба.

ДЕВИЦА
Членовите на семејството ќе ве гледаат како некој што лесно може да најде решение за секој проблем, и обратно, ќе мислат дека и вие треба да дадете некаков придонес за семејството. Добивките се можни преку работни места што имаат врска со медиумите или ИТ. Се обидувате да преговарате со еден Бик за нов бизнис.

ВАГА
Внимавајте вашите тајни да не ги доверите на никого, затоа што некој близок до вас и вашето семејство може некому да му ги даде. Вашата душа копнее за патувања и ова може да се постигне преку друг Рак, Овен или Риби. Добивате вести од Овен или Водолија што може да ве заинтригираат.

ШКОРПИЈА
Денешниот ден може да биде напорен бидејќи ќе треба да го слушате шефот да се сожалува за себе без никаква основа. Ќе се најдете при рака со конкретна помош, но и совети. Во вечерните часови, можно е да се сретнете со личност која има идеи за заеднички бизнис на моден настан.

СТРЕЛЕЦ
Добивате вести за нешто што би можело да ви биде многу погодно. Разговор навечер. Вестите ги добивате од некој кој ви е многу драг. Поволен ден за пари, зделки за работа и започнување нов проект. Можни добивки од неколку страни, можни од еден Шкорпија.

ЈАРЕЦ
Вие сте крајно амбициозни и се обидувате да ставите до знаење што очекувате од другите, без разлика дали станува збор за Бик, Вага или Водолија и Шкорпија. Не сакате да попуштите пред никого или да направите компромис на ваша штета. Добивате повик за соработка од Рак.

ВОДОЛИЈА
Добро се сложувате со една Вага која е повеќе од врзана за вас. Ќе добиете покана од Јарец или Овен, најверојатно Стрелец да се сретнете и искрено да разговарате за нешто што претпоставувате дека нема да ви биде најпријатно. Можни се ненадејни гости во куќата.

РИБИ
Правите грандиозни планови кои ви овозможуваат да го решите проблемот на едноставен начин, под услов да се остварат. Не е невозможно за што сонувате, но обидете се што побрзо да пристапите кон реализација на плановите, особено ако се работи за долгорочна работа. Направете план како да реализирате се што сте поставиле како приоритет оваа година.

Хороскоп

Хороскоп за петок (29 март)

Објавено пред

на

ОВЕН
Прилично сте дипломатични и на шармантен начин ги постигнувате деловните цели. Обожавате се кај партнерто и имате чувство дека сте во врска со идеална личност. Обидете се да не претерувате со студените напитоци затоа што грлото ќе ви биде чувствително.

БИК
Тврдоглави сте и непопустливи а тоа може да доведе до револт помеѓу колегите. Обидете се да бидете отворени спрема поинаквото мислење. Денес е поволен ден за комуникација и флерт со симпатијата. Бубрезите ќе ви бидат чувствителни, кај жените – јајниците.

БЛИЗНАЦИ
Работата денес никако не ви оди од рака. На љубовен план ви претстои поволен период па би било добро да го искористите денот за љубов и да се посветите на партнерот. Обрнете внимание на кожата и евентуалните промени на неа.

РАК
Оптимистични сте и со многу верба се соочувате со деловните проблеми. Размислувате за емотивното минато и се каете поради направените грешки. Во физичка смисла сте мрзеливи, би било добро да се размрдате.

ЛАВ
Се чувствувате фрустрирано поради деловната стагнација иако не сте виновни за лошите резултати. Денот е поволен за комуникација и средба со другата половина. Главата ви е чувствителна и можна е мигрена поради негативни мисли.

ДЕВИЦА
Деловната област премногу ве загрижува и имате субјективно чувство дека никогаш не било полошо. Емоционално сте незадоволни и нерасположени за било какви средби и дружење. Бубрезите се чувствителни и можно е да проработат на нервна база.

ВАГА
Ја идеализирате ситуацијата на работното место и имате чувство дека е многу подобро од тоа што вистински е. Емотивно сте чувствителни и ќе реагирате малку побурно од вообичаено, непотребно ќе се лутите на партнерот. Здравјето ви е одлично.

ШКОРПИЈА
Стагнацијата на деловно ниво доведува до недостаток на самодоверба. Компензација пронаоѓате во емоционалната сфера со партнерот кој ве разбира и поддржува во потполност. Синусите ви се чувствителни така што најдобро е да ја ограничите употребата на клима.

СТРЕЛЕЦ
Ви недостасува чувство на тимска работа така што упорно се обидувате да дојдете до сопствени деловни идеи кои ќе ги претставите како најдобри. Емоционално сте растроени и се прашувате што би било ако во минатото сте направиле поинакви потези. Благо сте нервозни.

ЈАРЕЦ
Се обидувате со помош на шармот да добиете одредени привилегии кај соработниците. Пред вас е љубовна понуда од необавезен тип и негодувате дали да ја прифатите. Размислувате за диета, но немате силна волја да ја започните.

ВОДОЛИЈА
Финансиите ви се идеа која ве води кога се во прашање деловните обврски и првенствено се посветувате на работите кои ви донесуваат пари. На емоционално ниво сте урамнотежени и уживате во друштвото на саканата личност. Склони сте кон минлива нервоза.

РИБИ
Уживате во деловните обврски и во тоа што се држите под контрола. Фантазирате на љубовен план но очекувањата ви се тотално нереални. Имате проблеми со алергии на што веќе сте се навикнале поради нивната зачестеност.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за четврток (28 март)

Објавено пред

на

ОВЕН

Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем. Имате премногу обврски и не можете да ги следите вашите соработници. Очекувате дека сакана личност ќе заземе некаква заштитничка улога. Наместо тоа, застанете на свои нозе.

БИК

Иако работите не се одвиваат на најдобар начин – главата горе! Ако не внимавате, анксиозноста и емоционалната раздразливост би можеле да ве стават во непријатна положба. Можеби премногу сте насочени на една работа, а во исто време заборавате нешто што е многу важно.

БЛИЗНАЦИ

Важно е да го оправдате вашиот углед на работното место. Понекогаш различните обврски можат да бидат товар, но тоа не е оправдување за неодговорно завршената работа. Обидете се да поттикнете кај себе поголема одговорност. Во семејните односи покажете повеќе доверба. Секому е потребна емотивна поддршка.

РАК

Имате прилика за патување, искористете ја за да се тргнете малку од секојдневието. Вашето расположение се подига па ќе имате можност за некои нови и интересни познанства. Нема потреба да одржувате илузии и занес кон личност која не ја познавате доволно. Бидете трезвени и одете чекор по чекор со двете нозе на земја.

ЛАВ

Барате начини за подобра организација на секојдневните активности. Некои од вас ќе бидат насочени кон разубавување на домот. Односите со семејните членови стануваат многу важни; ќе мора да покажете зрелост и стабилност во разговорот со еден од членовите од семејството.

ДЕВИЦА

Околностите се одлични, искористете ги во целост. Ако сте емотивно спремни, влетајте во нешто ново без размислување. Можностите сами ќе ви доаѓаат. Енергијата е брза и јака. Ослободете се од сите оние работи што ве ограничуваат и насочете се кон остварување на вашите желби.

ВАГА

Вашата потсвест е активна и немирна. Некои сомнежи од минатото повторно се присутни. Ќе бидете притаени и постојано ќе размислувате. Можеби ви се потребни одговори на некои прашања од минатото. Доколку сте во брак или врска, покажете поголемо разбирање за психичката отсутност на партнерот.

ШКОРПИЈА

Денес вашиот ум е целосно отворен и во полн капацитет. Насочете се кон решавање на финансиските и другите важни прашања, затоа што ќе можете да сметате на вашата луцидност и интуиција. Бидете самоуверени и слушајте го внатрешното водство во изборите. Голема е веројатноста дека ќе успеете да превртите некоја ситуација во ваша корист.

СТРЕЛЕЦ

Продолжете во истражувањето на можностите кога се во прашање правните и административните прашања, затоа што постои можност да најдете совршено решение, совет или опција која отвора нови видици. Бидете свесни за ова! Од друга страна, многумина од вас ќе имаат контакт со личности од други култури и нации.

ЈАРЕЦ

Загрижени сте за една блиска личност. Се обидувате да ја разберете и барате начин како да ја подобрите нејзината ситуација. На работноното место имате впечаток дека се случува нешто без ваше знаење или дека саканата личност користи изговори. Не бидете импулсивни и ќе видите дека се е во ред.

ВОДОЛИЈА

Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги идеализирате работите. Воздржете се од донесување одлуки и обидете се да бидете трезвени и рационални.

РИБИ

Притаено работите и не сакате многу контакти со луѓе. Длабоките размислувања и анализи ќе ви помогнат подобро да се разберете самите себе. Вашиот систем на вредности веќе извесно време врви низ фаза на промени и се  уште не е дефиниран. Можеби треба да си дадете некое време. Обидете се да не бидете сурови кон себе.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (27 март)

Објавено пред

на

ОВЕН

Ве очекува поволен период за работа. Може да се надевате на многу значајно подобрување. Можеби конечно наоѓате компромис и со партнерот некои работи се подобруваат. Намалете го внесувањето на јаглехидрати.

БИК

Не очекувајте да имате големи пресврти на деловно поле денес. Можеби не се сложувате најдобро со саканата личност и вашиот однос постојано се влошува. Проблеми со варењето.

БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате позитивни околности. Денешниот ден ви е поволен за работа и среќа е на ваша страна. Ве очекува возбудлива ситуација со личноста која ви се допаѓа. Вашиот однос може да биде интересен. Спортувајте.

РАК

Крајниот резултат на ситуацијата која ве мачи би можел да биде неочекуван. На крај сепак ќе најдете некое решение. Ви се допаѓа личност која покажува дека е подготвена за сериозна врска и дека не ја интересираат минливи авантури. Помал пад на енергија.

ЛАВ

Може да очекувате дека во текот на денешниот ден ќе имате позитивни решенија на деловно поле. Лесно ги покажувате своите емоции и сакате да дојде до максимална стабилизација на односот со саканата личност. Здравјето е во ред.

ДЕВИЦА

Ве очекува поволен ден за работа. Може да се надевате на позитивни пресврти и добри промени. Очекувајте и ново познанство. Ќе следуваат убави промени во љубовта. Внимавајте на стомакот.

ВАГА

Ве очекуваат поволни околности кога станува збор за работата. Можеби ќе имате некои убави вести наскоро. Доколку планирате љубовни промени, може да очекувате позитивна ситуација во фазата која доаѓа. Внимавајте на бубрезите.

ШКОРПИЈА

Ќе имате помала штета на деловно поле. Сѐ укажува на тоа дека денешниот ден не ви е многу поволен. Во вас се буди потребата за нова љубовна врска. Самотијата не ви одговара и сакате поголеми промени. Здравјето е во ред.

СТРЕЛЕЦ

Сите планови би требало да бидат добри, ве очекува ден во кој ќе бидете задоволни со резултатите од работата. Партнерот ви е максимално посветен. Среќни сте покрај него. Водете сметка за ушите.

ЈАРЕЦ

Ќе успеете да се посветите на својата работа и да решите некои проблеми кои сте ги имале од претходно. Поволен ден е пред вас. Ќе остварите ново познанство со личноста која на долги стази ќе има голема улога во вашиот љубовен живот. Внесувајте повеќе витамини.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате успех во деловната сфера. Пред вас е период во кој ќе имате многу среќа. Доколку ви се допаѓа некоја личност која ја познавате од минатото, вашиот однос со неа може да напредува. Можни се проблеми со синусите.

РИБИ

Може да очекувате дека ќе се појави некоја нова деловна понуда која ќе биде многу значајна за вас. Немате никакви дилеми кога станува збор за емоциите, знаете што сакате и ќе се насочите кон целта. Проблеми со уринарниот тракт.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево6 часа

Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар

Доцна ноќеска на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на бензинска пумпа, се случила тешка сообраќајна несреќа, која како што дознава...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за петок (29 март)

ОВЕН Прилично сте дипломатични и на шармантен начин ги постигнувате деловните цели. Обожавате се кај партнерто и имате чувство дека...

Спорт16 часа

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 на почетокот од месец април ќе земе учество на меѓународен турнир „Истра Куп 2024“ во Хрватска

Младата македонска футсал репрезентација на Македонија во периодот од 1. до 7. април ќе земе учество на силниот меѓународен турнир...

Спорт17 часа

Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепка на која беа извлечени паровите за полуфиналете во рамките...

Кичево19 часа

Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!

На ден 05.04.2024 петок со почеток од 19:00 фолклорниот оддел на Државното Музичко училиште од Струга ќе одржи хуманитарен концерт...

Кичево1 ден

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси...

Магазин1 ден

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин1 ден

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево2 дена

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

НАЈЧИТАНИ