Хороскоп
Хороскоп за вторник (15 август)
ОВЕН
Може да изгубите многу ако одлучите да се вклучите во емотивна дискусија. Останете ладни и препуштете им се на другите сега за да го добиете она што навистина го сакате во иднина. Размислете со главата, а не со срцето, бидејќи само така нема да погрешите. Денот е идеален за дружење и прошетка на отворено, а вечерните часови се идеални за романса.
БИК
Покажете дека го цените туѓото време и не барајте од другите да се жртвуваат за вас. Доаѓаат промени кај вас и треба да се подготвите за нив. За почеток размислете за предлозите и понудите кои сте ги одбиле во минатото и дознајте за старите колеги. Љубовта е во пораст и веројатен е нов почеток, но само ако не брзате.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе размислувате доста широко, па ќе бидете склони кон претерано реагирање или премногу детално да правите некои работи. Внимавајте сето тоа да не ве чини финансиски и добро размислете пред да дејствувате. Дозволете им на луѓето кои имаат повеќе искуство од вас да ви помогнат да работите или да предложат некоја идна одлука.
РАК
Сите ваши инвестиции денес ќе се исплатат. Инвестирајте пари во квалитетот на домувањето или проучете ја понудата на пазарот на недвижности денес. Ако планирате да се преселите, не ја сфаќајте одлуката лесно и не брзајте со неа. Емотивните проблеми можете да ги решите само ако покажете колку сте чувствителни на туѓите потреби и спремни за компромиси.
ЛАВ
Сите денешни разговори ќе се исплатат. Организирајте состаноци, разговори и сè друго што планирате за да им помогнете на другите да знаат и подобро да разберат што мислите и што планирате. Најдобро ќе имате корист ако ја објасните вашата идеја на што повеќе луѓе. Не е време за мрзеливост или повлекување, прифатете ги обврските.
ДЕВИЦА
Инвестирајте доволно време во подготовката на презентацијата додека ја користите вашата креативност. Луѓето кои го следат вашиот напредок денес ќе ви дадат квалитетен совет, земете го предвид, но не следете ги другите. Немојте да мислите дека другите луѓе се подобри од нас, можете подобро да ја спроведете и најинтересната идеја.
ВАГА
Потребно ви е непристрасно мислење и исто така треба да ги погледнете работите од друга перспектива за да можете правилно да ги измерите сите добрите и лошите страни и да донесете одлука. Обидете се да поминувате што повеќе време надвор од домот и во друштво со саканите. Можни се проблеми со некој што го сакате, но не ја доведувајте во прашање неодамнешната одлука.
ШКОРПИЈА
Внимавајте на личноста која ќе ви понуди премногу примамлива можност или ќе даде се од себе за да ве задоволи. Не дозволувајте комплиментите да ве соборат од нозе, туку превземете ја контролата и преземете ги првите чекори за другите да не преземат нешто на што сте работеле долго време. Пократките патувања и екскурзии ви се во корист.
СТРЕЛЕЦ
Некој нема да сподели значајни информации со вас. Сè уште не донесувајте одлуки. Набљудувајте и слушајте сè што другите имаат да кажат бидејќи само така ќе ја разберете вашата позиција и ќе разберете што треба да направите понатаму. Можете да најдете добро решение за приватните проблеми, но само ако соберете факти и се држите настрана од гласини.
ЈАРЕЦ
Во иднина некој ќе ве земе предвид при отворање на нова работа само ако се појавите сега и ја понудите вашата помош. Денот е многу добар за разгледување на деловните опции, но обидете се да одвоите доволно време за да се опуштите и да се дружите со саканите. Правете го она што ви прави удобно и што прави да се чувствувате добро.
ВОДОЛИЈА
Можни се проблеми со луѓето кои се занимаваат со документација, затоа проверете се и потсетете ги таквите на обврските кон вас за секој случај. Не дозволувајте вашите планови да бидат под влијание на негативни луѓе кои се полни со завист и фрустрација. Оние од вас кои одат на патување или конференција денес ќе успеат.
РИБИ
Вработувајте се уште денес или свртете се кон активностите во кои уживате бидејќи само така никој нема да разбере што навистина чувствувате. Нема да решавате проблеми ако уште повеќе се грижите за децата и постарите, мора да тргнете од горливи теми. Пристапете лежерно на работа, набљудувајте и почекајте некои работи да станат појасни.
Хороскоп
Хороскоп за среда (10 декември)
ОВЕН
Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое време да се опуштите. Поволен ден за љубов, може да очекувате дека ќе имате добар однос со саканата личност. Болки во долниот дел на грбот.
БИК
Имате пред себе многу обврски и работа. Денешниот ден ќе ви биде на некој начин напорен на ова поле. Може да се надевате на многу позитивни промени и ново познанство. Можен е мал пад на имунитетот.
РАК
Имате шанса да напредувате и полека да остварите позитивни промени на деловно поле. На вашиот партнер му одговара вниманието кое му го посветувате. Задоволн сте бидејќи сте успеале да остварите еден квалитетен однос. Психосоматски проблеми.
ЛАВ
Немате добра комуникација со колегите и тоа за вас претставува голема кочница. Ве очекува ден во кој ќе бидете емотивно задоволни и исполнети. Пред вас е фаза во која ќе уживате. Кожата ви е осетлива.
ДЕВИЦА
Ќе дојде до некои промени во вашето деловно опкружување и нема да ви биде лесно да се прилагодите на нив. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена на компромиси. Помали срцеви проблеми.
ВАГА
Време е да се соочите со потешкотиите и проблемите на работа. Кога ќе ги решите, ќе успеете да остварите напредок. Имавте некои дилеми на љубовно поле. Не сте сигурни која личност е вистинската. Многу сте чувствителни денес.
ШКОРПИЈА
Не е премногу поволен ден за работа денес. Можеби ќе се појават некои нови проблеми и компликации. Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и подготвени сте на сѐ за да го добиете нејзиното внимание. Избегнувајте алкохол.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува многу поволен период на деловно поле. Пред вас е фаза во која ќе имате некои нови деловни случувања. Ве очекува ново познанство и нови можности на љубовно поле. Се чувствувате сосема во ред.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате стабилизација на финансиите. генерално ќе бидете задоволни со случувањата на работа. Стабилната љубовна ситуација ви влева чувство на задоволство. Можни се проблеми со забите.
ВОДОЛИЈА
Денес не носете нови одлуки и потрудете се да бидете трпеливи со своите заклучоци. Важно е да го дефинирате односот со партнерот. Можеби сакате врската да премине на посериозно ниво. Поспаност и замор.
РИБИ
Пред вас е фаза која е поволна за започнување нови деловни случувања и промени во работата. Може да се надевате на ново познанство и флерт со личност која ќе покаже интересирање кон вас. Денес ви е нагласена интуицијата.
Хороскоп
Хороскоп за вторник (9 декември)
ОВЕН
Премногу очекувате од соработниците кои не размислуваат на ист начин како вас. Време е да ги земете работите во свои раце. Чувствувате дека партнерот не е искрен за некои работи. Време е да поразговарате со него. Избегнувајте алкохол.
БИК
Ве очекуваат помали недоразбирања со соработниците. Генерално овој ден не ви е особено поволен. Нема нови промени кај вас на љубовно поле. Ова е прилично статичен и здодевен ден. Болки во грбот.
БЛИЗНАЦИ
Не е поволен ден за нови случувања, за нови одлуки или било какви важни промени на работно поле. Посветени сте и на саканата личност и ќе направите сѐ што можете за да и докажете љубов и приврзаност. Склони сте кон алергии.
РАК
Ве очекуваат проблеми на деловно поле. Многу нешта ве оптеретуваат и не се чувствувате добро поради тоа. Срамежливи сте и тешко ви е да покажете што чувствувате кон личноста во која сте заљубени. Чувствителен урогенитален тракт.
ЛАВ
Организационите способности ви е најчесто силна страна но денес дури ни тоа не ви оди од рака. Имате грижа на совест бидејќи не сте сосема искрени кон партнерот. Можен е пад на имунитетот.
ДЕВИЦА
Ве очекуваат помали компликации, па затоа подгответе се за ден во кој ќе има стрес и тензии околу вас. Се двоумите околу нови одлуки. Саканата личност ќе покаже дека е подготвена да направи некои драстични промени. Кожата ви е склона кон иритации.
ВАГА
Успешно ги решавате сите дилеми. Одлуката која ќе ја донесете за вас може да биде од многу големо значење. Ве очекува можност да ја освоите личноста која ви се допаѓа веќе подолго време. Чувајте се од настинки.
ШКОРПИЈА
Може да очекувате дека ќе успеете да најдете решение за деловните проблеми околу вас. Ќе се смирите со личноста која ја сакате. Ако сте слободни, наскоро ќе имате ново познанство. Болки во грлото.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекуваат нови случувања на работно поле. Не сакате да зависите од другите, за вас контролата е многу важна. Партнерот покажува дека сака повеќе време за себе и поголема слобода, а вам тоа не ви се допаѓа. Помал пад на имунитетот.
ЈАРЕЦ
Не сте подготвени за драстични промени на деловно поле, а сѐ што правите оди постепено чекор по чекор. Саканата личност не е подготвена да ви покаже отворено што мисли, а вас тоа ве оддалечува и лади од неа. Потребен ви е сон.
ВОДОЛИЈА
Не сте подготвени за промени на работно поле туку сметате дека ќе ви биде подобро доколку ја задржите оваа работа. Сакате семејство но не сте го пронашле адекватниот партнер за тоа. Дајте си време. Намалете го стресот.
РИБИ
Успешно ќе ги завршите работните обврски. Може да се надевате на многу позитивен ден. Можеби ви се допаѓа некој кој кон вас сѐ уште не покажал симпатии. Немате проблеми со здравјето.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (8 декември)
ОВЕН
Размислувате да воведете некои инавации во работата. Подготвени сте да се посветите на новите проекти. Можно е да не сте ги добиле сите емоции кои ви се потребни и дека полека доаѓа крај на вашата врска. Чувствителни стапала.
БИК
Немате доволно концентрација на работа и денес дури и основните обврски тешко ви паѓаат. Дојдовте до носењето на важни одлуки. Сега е моментот кога вашата врска ќе напредува. Нервозни сте.
БЛИЗНАЦИ
Решивте да ја преземете поголемиот дел од работата на себе за ситуацијата да може да се помрдне од мртва точка. Пред вас е поволен период ако планирате брак со личноста која ја сакате. Проблеми со вените.
РАК
Време е да се посветите на рааботата за да создадете подобар однос со соработниците ако планирате нешто да постигнете. Ако сте слободни ве очекува ново љубовно познанство. Склони сте кон дебелеење, внимавајте на исхраната.
ЛАВ
Размислувате за промени на работа иако и понатаму не ви се укажува некоја конкретна прилика за тоа. Ви се допаѓа личност која покажува дека е ладна и незаинтересирана, па затоа се држите на дистанца. Хронични проблеми со здравјето.
ДЕВИЦА
Може да очекувате многу позитивна атмосфера на работното опкружување. Ги остварувате своите планови. Полека се разделувате од личноста која ви се допаѓа и не ви е лесно да ја поднесете дистанцата. Многу добро здравје.
ВАГА
Потрудете се да се контролирате себеси и својата суета. Емоциите немаат врска со деловното опкружување. Размислувате на кој начин да започнете комуникација со една личност од минатото. Внесувајте повеќе течности.
ШКОРПИЈА
Ве очекува фаза која нема да биде поволна, некои потешкотии се пред вас денес. Ве очекува можност за почеток на однос со личност во која сте тајно вљубени веќе некое време. Можен е пад на имунитетот, внимавајте на себе.
СТРЕЛЕЦ
Може да очекувате дека ќе имате некои недоразбирања во текот на деловните преговори или важни разговори. Пред вас е шанса да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Ќе имате можност да и ја покажете вашата наклонетост. Одморете се.
ЈАРЕЦ
Може да сметате дека ќе ги остварите своите цели на деловно поле. Промените на кои се надевавте полека се случуваат. На љубовно поле ќе го пронајдете она на кое се надевавте. Добро се чувствувате и немате здравствени проблеми.
ВОДОЛИЈА
Сакате да направите некои позитивни промени на деловно поле, но свесни сте дека не можете да го постигнете тоа сами. Сакате да ги решите проблемите со саканата личност и да живеете нормално. Бубрезите ви се чувствителни.
РИБИ
Не се откажувате од амбициите кои ги имате но моментално време е да прифатите дека нема да оди сѐ онака како што сте замислиле. Не ве очекуваат промени на љубовно поле денес. Чувствителен желудник.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево1 денНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Хороскоп22 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Кичево2 денаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза1 денЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија1 денНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија1 денНа Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
-
Свет2 денаТлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени
