Хороскоп
Хороскоп за вторник (20 јуни)

ОВЕН
Кога станува збор за здравјето и благосостојбата, барајте алтернативни начини за решавање на проблемот. Денот е идеален за одење на диета и доколку се борите со стрес, свртете се на физички активности или променете нешто во вашата рутина. Можете да научите многу ако молчите и гледате што прават оние со повеќе искуство. Разгледајте ги потребите на другите луѓе.
БИК
Ако верувате во она што го зборувате и е поврзано со работата, тогаш бидете подготвени да инвестирате пари. Одлична идеја лесно ќе ја претворите во нешто опипливо, веројатно пари, но само доколку го изберете вистинското време. Во приватниот живот, фокусирајте се на патувања или разговори со пријателите. Љубовната врска ќе достигне интересна пресвртна точка.
БЛИЗНАЦИ
Ќе направите три чекори напред, а потоа два назад. Внимавајте на вашето однесување во стресни ситуации затоа што би можеле да направите грешка што тешко ќе ја поправите. Не доведувајте никого до погрешни заклучоци. Проблемите со децата се веројатно во приватниот живот, но не дозволувајте тоа да ве извади од такт.
РАК
Користете ги вашите социјални вештини за да добиете предност во однос на конкуренцијата или колегите кои ви создаваат проблеми од jeубомора. Не плашете се да земете нешто што сакате, денот е идеален за справување со работи со кои во минатото тешко се справувавте. Љубовната ситуација се подобрува, покажете дека сакате стабилна врска.
ЛАВ
Повеќето од вас ќе бидат немирни, ќе барате начини да се оддалечите од секојдневниот живот, па многумина ќе копнеат за патување што не е најдобрата идеја во моментот. Држете се до позната средина бидејќи ќе добиете интересна можност да стекнете ново знаење. На деловниот план, очекувајте пресврт што ќе открие информации што ве интересираат.
ДЕВИЦА
Оние од вас кои планираат да го поминат денот дома, сигурно ќе водат интересен разговор со некој од семејството и после тоа многу полесно да решите проблем што ги мачи веќе подолго време. Без оглед на полето на животот, не е време да бегате и да се криете. Прифатете сè што се случува за да се ослободите од какви било компликации во иднина.
ВАГА
Донесете одлуки врз основа на она што го сметате за најпаметно или најдобро за вашата иднина. Колку и да сакате да се откажете од сè, не попуштајте на личност која емоционално ве уценува. На приватно поле, ќе се случи нешто што ќе биде најава за идни настани, следете кој е вклучен сите и слушајте што зборува.
ШКОРПИЈА
Да стапите во контакт со луѓе од минатото. Ќе бидете склони да размислувате за спомените и вашите стари одлуки, но на еден објективен начин, така сигурно ќе откриете нешто или некого што сакате да го вратите во вашиот живот. Сигурно нема да направите грешки при донесување одлуки, интуицијата и самосвеста ќе ви помогнат да ја решите дилемата.
СТРЕЛЕЦ
Ве чека повеќе работа од вообичаеното и доколку сте постојано под стрес и имате впечаток дека промената на работата е повеќе од неопходна, денес свртете се на барање нешто ново, но не со занемарување на обврските. Внимателно одвојте го вашето време имајќи предвид дека немате доволно од тоа за патувања или промени во животниот стил.
ЈАРЕЦ
Ако имате силен став кон деловните настани и сте сигурни во тоа што треба да се направи, излезете од зоната на удобност и направете ги првите чекори. Следете го своето срце за да направите нешто големо и корисно. Не секој ќе се согласи со она што го зборувате или избирате денес, но јасно ставете до знаење дека вие сте личноста која е подготвена да преземе одговорност.
ВОДОЛИЈА
Денес ќе можете да го одредите текот на настаните и да имате контрола врз ситуациите и луѓето. Да направите промени не е лош избор, но ако преферирате одмор, слободно заминете во пензија. Разговорите ќе доведат до конструктивни идеи и јасни договори. Она за што треба да внимавате е да оставите време за љубов.
РИБИ
Контролирајте ги своите емоции во спротивно тие можат да ве доведат до грешки за кои подоцна ќе зажалите. Ќе бидете доста експлозивни и во исто време нема да ги имате на располагање сите факти за да можете ненамерно да ширите дезинформации и да ја вознемирите личноста која ве смета за стабилна. Што и да правите, прво набудувајте ја околината и ситуацијата.
Хороскоп
Хороскоп за вторник (24 јуни)

ОВЕН
Може да очекувате полека, чекор по чекор, успех на деловно поле. Може да се надевате на средба со личноста која ви се допаѓа. Ако сте во врска, задоволни сте. Избегнувајте цигари.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (23 јуни)

ОВЕН
Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а добрата вест е дека решението е едноставно и поволно за вас. После големите турбуленции ви пристигнува големо олеснување.
БИК
Ве обзема идеа да започнете некоја приватна работа. Затегнатите односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да издвои екипа на луѓе со кои е возможно остварување на самостоен бизнис. Не заборавајте дека онаму каде што владее интересот, љубовта и сочувството спијат.
БЛИЗНАЦИ
Конечно ги привршувате заостанатите работи со кои сте се мачеле долго време. Конечно се назира епилог на нешто на кое долго сте работетел. После долго чекање ќе ви годи чувството на мала победа па имате право да си дозволите краткотраен одмор.
РАК
Денот ќе го започнете стресно и со големо незадоволство. Доколку не избегнете непотребни трошоци, можете да западнете во голема финансиска криза. Од попладнето можете да рачунате на позитивни вести и интензивна комунилација со странство.
ЛАВ
Свесни сте дека пред вас е напоред период на речиси сите полиња. Полни сте со енергија и волја а вродениот борбен дух и оптимизам ќе ве направи уште посилни. Иако ќе вложите многу труд, на крајот ќе бидете задоволни со постигнатите резултати.
ДЕВИЦА
Брзи сте но и невнимателни. Поради претераното брзање сте приморани да направите селекција што е важно а што не е. Сепак, со оглед на тоа колку сте се залетале, шансите да направите опасна грешка се минимални. Бидете внимателни особено во сообраќајот.
ВАГА
Чувствувате дека сте професионално доста ценети, а денес ви стигнува и мала потврда за тоа. Паралелно со тоа ќе имате позитивен напредок во семејните односи и тоа додатно ќе ве орасположи. Добрата атмосфера создава миг кога ќе сакате да изнесете се што ви лежи на срце.
ШКОРПИЈА
Внимателно испланирајте го денот и ќе имате прилика да изградите нова деловна стратегија која долгорочно ќе ви донесе резултати на кои ќе бидете доста горди. Насочете се кон работата и семејните односи оставете ги настрана.
СТРЕЛЕЦ
Не се обидувајте да ги спроведете своите замисли во дело, сте избрале погрешен ден. Наместо тоа, прочитајте ја омилената книга и посетете кино или театар. Чувајте се од инфекции и овој ден поминете го во изолација од другите луѓе.
ЈАРЕЦ
Полни сте со енергија толку што не знаете што да правите со неа. Кога немате каде да ја трошите почнете да ја пренесувате тензијата на околината. На удар е саканата личност а знаете дека немате причина за тоа. Со своето однесување можете непотребно да ја нарушите стабилноста на врската.
ВОДОЛИЈА
Пронајдете баланс помеѓу деловниот и семејниот живот. Премногу зборувате за она кое треба да биде ваша интима а тоа може да биде сигнал дека ве мачи некаква грижа на совест. Размислете за тоа пред околината да почне да ве избегнува.
РИБИ
Математички сте го израчунале својот љубовен живот па по ваше мислење не постои шанса нештата да бидат онакви какви што сте ги замислиле. Сфаќате дека не е лесно да го предвидите развојот на случувањата особено ако во односите се вклучени и емоции.
Хороскоп
Хороскоп за недела (22 јуни)

ОВЕН
Може да очекувате промени поврзани со вашето работно место. Пред вас е фаза која може да биде многу турбулентна. Саканата личност ќе ви покаже преку дела дека зборовите и биле неискрени. Чувствителни заби.
БИК
Подготвени сте да се дистанцирате од деловните обврски. Ви се допаѓа личност која е прилично ладна и дистанцирана. Нема да ја освоите лесно. Добро се чувствувате.
БЛИЗНАЦИ
Доколку сте загрижени за работата, имате право. Околностите не ви одат од рака. Можно е да дојде до некои компликации. Можни се и проблеми поради некоја поранешна љубов. Проблеми со крвотокот.
РАК
Ве очекува конфликт и недоразбирање со колегите. Ќе имате прилично отежнати деловни околности периодов. Иако сте многу заљубени, тешко ви е да го покажете тоа бидејќи се плашите да не бидете повредени. Склони сте кон алергии.
ЛАВ
Ве очекува напорен ден. Пред вас е период во кој деловните проблеми може да се нанижат еден на друг. Подготвени сте за нови познанства. Чувствувате потреба да бидете сакани и да најдете личност за себе. Проблеми со стомакот.
ДЕВИЦА
Имате можност да дојдете до остварување на деловните планови. Сѐ укажува на тоа дека ќе бидете задоволни со резултатите. Неочекуван пресврт на љубовно поле ќе ве наведе да се запрашате околу заклучоците кои ги донесовте претходно. Имате многу енергија.
ВАГА
Помали препреки на финансиско поле би можеле значајно да ви го намалат и моралот и енергијата. Познанството кое ве очекува за вас истовремено може да биде и многу емотивно и многу болно на некој начин. Чувствителен урогенитален тракт.
ШКОРПИЈА
Може да се надевате на подобрување на околностите на работно поле. Ситуацијата полека но сигурно се врти во ваша корист. Не сте сигурни дали личноста со која се гледате има некакви емоции кон вас бидејќи не ги покажува. Избегнувајте масна храна.
СТРЕЛЕЦ
Може да се надевате на одморот кој го посакувавте. Време е малку да се опуштите, а на работата ќе и се посветите некој друг ден. Пред вас е нова врска во која ќе вложите многу енергија. Проблеми со несоница.
ЈАРЕЦ
Доколку се занимавате со приватен бизнис, пред себе имате ден за важни одлуки. Уживате во пријателскиот однос со личност која ви се допаѓа, но сепак сакате да одите и чекор понатаму. Одлично се чувствувате!
ВОДОЛИЈА
Периодов може да имате нови случувања на работно поле. Пред вас е момент на одлуки. Можно е да постојат неразјаснети околности во вашата врска и некои работи да излезат на виделина. Менувајте ги лошите навики.
РИБИ
Потребно е да се посветите на деловното опкружување и комуникацијата со колегите за да изградите подобри односи. Ви се допаѓа личност која не ја познавате сосема добро. Потребно ви е опуштање.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (23 јуни)
-
Македонија1 ден
Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за вторник (24 јуни)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C
-
Автомобили4 часа
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа
-
Магазин4 часа
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Магазин4 часа
Најбрз домашен сладолед со само една состојка