Хороскоп
Хороскоп за вторник (4 февруари)
ОВЕН
Одите напред-назад со вашите финансии, постојано имате некои плаќања и се прашувате кога нештата ќе станат подобри. Наскоро доаѓа финансиска помош или некои пари кои долго ги исчекувате. Венера влегува во вашиот сектор на љубовта а тоа ќе донесе компликации со партнерот, ќе ви биде тешко да дојдете до заеднички јазик. Нешто кое се одолговлекува конечно ќе заврши.
БИК
Започнува нов циклус на љубовен план, старите проблеми со партнерот ќе бидат надминати и ќе започнете нов лист полн со хармонија и разбирање. Ќе бидете страствени и посветени. Комуникацијата со другите е одлична а тоа ќе ви помогне да остварите многу ваши замисли. Манифестирате некои ваши желби, наскоро ќе се радувате.
БЛИЗНАЦИ
Започнува доста важен циклус во вашиот живот кој ќе ја опишува врската која ќе ја имате со другите луѓе. Постои потенцијал за растење, разрешување на некои проблеми, барање одговори. Дајте си време на себеси за напредок и подобрување.
РАК
Овој викенд ќе бидете под влијание на Нептун атоа ќе ви донесе можност да се изразувате и да ги искажувате вашите мисли на послободен начин. Доколку имате план за патување сега е иделане период. Пишувањето ќе ви годи. Пристигнува период кога ќе можете да здивнете од обврски.
ЛАВ
Среќата е на ваша страна и ви донесува слобода да правите сопствени избори и да донесувате одлуки кои ќе ве направат задоволни. Вашите цели и амбиции ќе бидат остварени, немојте да се грижите. Можна е промена на работното место или унапредување.
ДЕВИЦА
На професионален план нештата течат онака како што посакувате. Очекувајте повик од некој стар пријател или некој кој ви драг. Вашите амбиции ве водат, вие сте на вистинскиот пат. Ќе успеете да ги остварите сите нешта кои ви се на врвот на листата. Ќе бидете зафатени со одговарање на деловни емаилови.
ВАГА
Ќе добиете информација во врска со вашите финансии, известување кое одамна го чекате. Ќе ги разгледувате вашите опции и ќе барате најдобар пат за да остварите нешто. Си поставувате некои ограничувања и тоа ве спречува да бидете среќни, добро размислете. Посоветувајте се со постара личност.
ШКОРПИЈА
Неплатената работа конечно ќе ви биде исплатена, ќе имате подобрување на вашата финансиска состојба. Нешто што ви е важно ќе се оствари онака како што посакувате. Ќе добиете некое расветлувате во врска со љубовниот живот, можеби некој ќе ви открие некоја тајна, ќе се двоумите и ќе треба да донесете некоја одлука.
СТРЕЛЕЦ
Циклусот продолжува и полека се изморувате од вашата рутина. Можеби треба да воведете некои проемени кога е во прашање работата или приванито живот. Си ја сакате слободата и не сакате да се обврзувате а тоа му пречи на вашиот партнер. Ќе треба да направите промена и да донесете важна одлука која ќе ве засега и двата.
ЈАРЕЦ
Домот и семејството моментално ви се најважни, што и да правите ќе донесувате одлуки поврзани со тоа. Ова исто така важи и за вашие амбиции и цели. Ќе патувате некаде надвор од градот а тоа ќе ви годи. Можеби ќе го промените местото на живеење. Понуда за нова работа.
ВОДОЛИЈА
Венера ви донесува многу страствени мигови. Ако сте студент или невработен, ќе бидете ангажирани околу некои проекти. Ќе се впуштите во нешто интересно кое ќе ви го подигне духот и ќе ве исполни со енергија. Ќе сакате да се средувате и да изгледате убаво.
РИБИ
Пристигнува интересен период кога ќе правите ретроспектива на вашето минато и одлуките кои сте ги донеле на љубовен и професионален план, ќе сфатите дека сте направиле некои грешки но сеуште не е многу доцна за да промените некои од нив. Ќе прифатите некоја понуда и ќе бидете среќни.
Хороскоп
Хороскоп за вторник (2 декември)
ОВЕН
Може да очекувате поддршка од соработниците кои се со вас. Деловното поле оди во позитивна насока. Ако сте слободни денот е многу поволен за нови љубовни познанства. Внесувајте повеќе течности.
БИК
Подготвени сте да работите прекувремено и да се докажете уште повеќе за еден ден да остварите напредок. Ако ви се допаѓа личност која ја познавате преку работата може да дојде до компликации. Водете сметка за имунитетот.
БЛИЗНАЦИ
Не дозволувајте било кој да влијае врз вашите одлуки кои треба да ги донесете сами. Можеби посакувате нова љубов и потребно ви е повторно да се чувствувате сакани за да живнете. Внимавајте на грлото.
РАК
Не е премногу поволен ден и не сте подготвени да повлечете некои потези кои ви делуваат неизбежни. Може да очекувате добар однос со партнерот. Имате чувство дека совршено се сложувате. Ве мачи вртоглавица.
ЛАВ
Поволен ден за занимавање со приватен бизнис. Доколку планирате некои нови вложувања, ќе ви се исплатат. Може да очекувате интересен развој на случувањата со саканата личност. Вашиот однос се менува. Слаба циркулација во пределот на нозете.
ДЕВИЦА
Нови случувања на деловно поле може да ве насочат кон позитивен правец. Ве очекува шанса да напредувате. Ве очекува интересно познанство преку пријатели или на некое јавно место. Здравјето е сосема добро.
ВАГА
Потрудете се озбилно да се посветите на своите обврски за да избегнете критики од надредените и несогласувања со нив. Покрај саканата личност чувствувате тензија и некоја несигурност во вашиот однос. Можни се проблеми со бубрезите.
ШКОРПИЈА
Решивте да се посветите на својата работа и да решите важни работи на кои чекавте долго време. Пријателството со личноста која ви се допаѓа можеби сѐ уште не преминало во врска. Но, работите на тоа работите да се променат. Проблеми со стомакот.
СТРЕЛЕЦ
Доколку бидете напнати, може лесно да создадете нови несогласувања и отежнување на комуникацијата со соработниците. Спонтано ќе успеете да остварите ново познанство со личност која во вас буди емоции. Пад на имунитетот.
ЈАРЕЦ
Нови информации доаѓаат до вас и подготвени сте во практична смисла да се посветите на своите обврски. Можеби ви се допаѓа личност која не ја познавате доволно добро. Избегнувајте алкохол.
ВОДОЛИЈА
За вас овој ден е поволен и може да очекувате позитивни пресврти и решавање на проблеми. Доаѓате до интересно познанство кое многу наскоро може да доведе до нова врска. Полни сте со енергија!
РИБИ
До крајот на денот ќе имате пресврти кои не ги очекувате но, на крај сѐ ќе заврши како што треба. Ви се враќа љубовта од минатото иако можеби не сте подготвени за тоа. Можна е несоница.
Хороскоп
Месечен Хороскоп (декември 2025)
ОВЕН
Денот ќе биде пасивен и ќе сакате да правите ретроспектива на нештата кои сте ги оствариле и оние кои не сте успеале. Ќе размислувате за тоа како да нрапвите подобрување, плановите ќе ви делуваат невозможни. Немојте да ги етикетирате вашите идеи како нереални затоа што не се.
БИК
Ќе сакате да избегнувате се во врска со вашите емоции затоа што ќе сметате дека немате сили да се соочите со реалноста на љубовен план. Ќе чувствувате притисок да напраите промена. Ќе ви биде потребна утеха.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе се чувствувате иритирано, сите околу вас ќе ве вознемируваат без некоја особена причина. За среќа тоа ќе трае кратко. Избегнувајте конфликти и останете смирени. Тензијата ќе се намали. Немојте да ја прекршувате вашатарутина.
РАК
Некое незадоволство ќе биде надминато и некој проблем кој сте го имале ќе биде разрешен. Вашата толеранција ќе порасте. Ќе сакате да им се доверите на вашите пријатели и тие ќе ве поддржат. Ќе барате хоби кои ќе ве опушти.
ЛАВ
Изненадени сте од последниот исход на нештата, сте сметале дека некои од нив нема никогаш да се одвиваат онака како што сакате. Вашата енергија е намалена и потребен ви е одмор. Загрижени сте за финансиите, потребно е да направите бизнис план.
ДЕВИЦА
Очекувајте вашето внимание да биде одвлечено од неважни нешта кои не ви донесуваат никаков напредок. Обидете се да останете фокусирани на она кое ви е важно. Вашите идеи ќе ве однесат на вистинскиот пат. Изморени сте во обидувањето да изградите совршен живот.
ВАГА
Денес ќе сакате да направите „чистење“ во вашиот живот. Ќе сакате да се ослободите од нештата кои ве отежнуваат и не ви носат напредок. Постојат некои сили кои ви даваат надеж и ве носат кон подобра иднина. Очекувајте некоја важна порака или писмо. Ќе имате конкуренција.
ШКОРПИЈА
Денес немојте да се колебате, направете ги сите нешта кои ви се на ум затоа што во иднина тие можат да ви станат терет. Очекувајте напредок, ќе бидете ставени под тест кој ќе морате да го играте тактично. Очекувајте некој да ве пофали за вашиот труд.
СТРЕЛЕЦ
Се борите за да се докажете а тоа ви претставува препрека. Коментарите од блиските ве иритираат и ве обесхрабруваат, но продолжете напред и немојте да се откажувате. Ќе се обидувате да го контролирате својот бес. Можно е да избувните и тоа на личност која најмалку заслужува.
ЈАРЕЦ
Очекувајте да бидете испровоцирани, но не подлегнувајте на такви коментари. Ќе бидете во потрага по нешто што ќе ја зголеми вашата енергија. Потребна ви мотивација. Некоја бизнис понуда пристигнува кај вас, ќе биде добра прилика. Ослободете се од стравовите кои долго време ви отежнуваат.
ВОДОЛИЈА
Вашите страсти ве водат, сега е време да им се препуштите. Ќе имате некоја идеа за која ќе добиете неодобрување, но тоа не треба да ве натера да се откажете. Некој ќе ви довери некоја тајна или нешто интимно, размислете добро пред да го споделите. Вашата цел треба да ја пронајдете длабоко во себе.
РИБИ
Ќе се чувствувате чудно и ќе лутате на некои далечни места во вашиот ум. Ќе сакате да побегнете или да направите некоја промена. Можеби ќе се збогувате со некоја личност во вашиот живот. Сега не е време за залудно талкање со мислите, подобро фрлете се на работа. Вашата продуктивност е на врвот.
Хороскоп
Хороскоп за недела (30 ноември)
ОВЕН
Вложувате големи напори за да постигнете позитивни резултати во деловното изразување, но има редослед на настани што ги нарушуваат вашите планови. Важно е правилно да се организирате и да ги почитувате сите рокови. Склони сте на чести промени во емотивното расположение, нема причина да изгубите надеж или да се оддалечите од партнерот.
БИК
На многу ефикасен начин, можете да имплементирате различни правила на успешен бизнис, кои оставаат сериозен и позитивен впечаток на вашата околина. Обидете се да ја потиснете вашата професионална суета кога има јавна дебата за правилно оценување на нечии заслуги. Поминувате низ различни фази на емотивно расположение. Понекогаш чувствувате голема емоционална екстаза или инспирација, но се чини дека ви недостасуваат добри можности целосно да ги изразите своите намери.
БЛИЗНАЦИ
Можеби сите информации што ги имате не секогаш претставуваат доверливи критериуми, но без големи предизвици, нема поголема деловна афирмација. Обидете се правилно да го дозирате вашиот креативен импулс со заеднички интереси во различни правци. Поминувате низ фаза на осцилации, склони сте на чести промени во однесувањето или расположението. Понекогаш ви е тешко правилно да го усогласите љубовниот ритам и афинитети во врската со блиска личност.
РАК
Добрите идеи што ги имате бараат и поширока поддршка од онаа во која моментално уживате во кругот на соработниците. Можете да постигнете сè што сакате, но со нечија помош и поддршка. Бидејќи одлично работите во партнерство, обидете се да соберете луѓе од доверба или углед околу себе. Доволно сте вешти или снаодливи за да ја убедите саканата личност на некои ваши идеи. Нема причина да заминете расположени, на чекор сте до заедничката среќа.
ЛАВ
Некој ви дава корисни предлози кои лесно можете да ги примените кога решавате сериозни прашања. Обидете се правилно да го дозирате вашиот креативен импулс со заеднички интереси, за најдобро да ги усогласите разликите што постојат во мислењето или искуството. Моментално ја преиспитувате врската со блиска личност во желба да се разберете што подобро. Имате впечаток дека партнерот ви демантира одредени информации од за вас сосема непознати причини.
ДЕВИЦА
Ситуацијата околу вас изгледа многу променлива и тешко е точно да се предвиди нечија реакција или одговор. Подобро е да се следат докажаните правила и да се избегне секаков вид на ризик. Одложете некоја напорна работа додека не добиете подобри услови или за следниот период. Ќе бидете задоволни од постапките на некои блиски пријатели. Се наоѓате во фаза на емотивен подем, па врската со партнерот ја доживувате како остварување на вашите „слатки соништа“. Препуштете се на вашите чувства.
ВАГА
Обрнете внимание на новите професионални можности за да го проширите вашето знаење и да ја подобрите вашата севкупна позиција. Ако дозволите работите да одат по својот пат, некој друг може одеднаш да ве престигне. Го набљудувате светот околу вас со различни очи или со весели тонови, се чувствувате задоволно и среќно со саканата личност.
ШКОРПИЈА
Новите знаења позитивно влијаат на вашата мотивација и професионална ориентација. Сега имате добра волја да се вклучите во некои задачи кои можете да ги решите во договор со вашите соработници. Не треба да се грижите за парите, бидејќи тие дилеми наскоро ќе ги решите. Љубовните настани што ги очекувате имаат необичен шарм. Ви се допаѓаат постапките што ги прави вашиот партнер и кои ве наведуваат да ги промените вашите одлуки. Ве следи љубовната инспирација.
СТРЕЛЕЦ
За некои работи да бидат одобрени или прифатени, ќе треба да го промените пристапот и да работите на деталите. Ако немате намера да споделувате нови идеи со другите, помалку ќе откриете ако користите хумор за време на разговорот. Кога станува збор за љубовта, дозволете ситуацијата да се развива сама и на природен начин.
ЈАРЕЦ
Иако ќе бидете оптимисти и расположени, можете да очекувате помали тешкотии во текот на денот. Така, некои ќе сфатат дека нивните планови за патување пропаднале, други ќе добијат вест дека нешто што со нетрпение го очекувале е одложено, додека други неуспешно ќе се обидат да го подобрат односот со саканата личност. Бидете мирни и не присилувајте ништо.
ВОДОЛИЈА
Многу работи ќе се случуваат зад затворени врати. Внимавајте да не донесувате одлуки врз основа на информации од втора рака. Истражете сè што ве интересира и не влегувајте во дебати пред да бидете сигурни дека ги имате сите факти. Кога станува збор за приватниот живот, намалете ги очекувањата од помладите.
РИБИ
Бидете искрени прво со себе, а дури потоа со другите, особено ако сте поставиле нови цели кои вклучуваат поголеми животни промени. Ќе ви биде жал ако пропуштите да запознаете личност која секогаш можела да влијае на вашата кариера. Во љубовта тешко дека ќе можете да бидете задоволни, иако за тоа нема да има објективни причини.
-
Кичево1 денПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп2 денаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Кичево6 часа(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Хороскоп17 часаХороскоп за вторник (2 декември)
-
Здравје и убавина2 денаШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
-
Кичево22 часаКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Здравје и убавина2 денаПробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
-
Македонија24 часаЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир
