Следете не

Хороскоп

Хороскоп за вторник (5 јули)

Објавено пред

на

Овен
Во текот на оваа недела наизменично ќе се менуваат различни емоции – нежност и лутина, грижа и страст. Ќе има сè, вклучително и остри кривини, но можете да се справите со се што се случува. Марс ќе ве поддржи, ќе ви даде енергија да ги реализирате вашите планови. Ако веќе подолго време планирате да почнете да се занимавате со некоја физичка активност, сега е време да започнете – карате или бокс ќе одговараат на вашиот темперамент.

Бик
Активниот Марс го напушти вашиот знак. Одлично е ако успеавте да се опуштите во јуни, но сега е време да се зафатите. Важно е да донесувате одлуки со ладна глава и да не подлегнувате на возбудата. Оставете ги работите да тргнат по својот тек, без брзање и притисок. Одвојте повеќе време за вашите најблиски – им треба вашето внимание и грижа.

Близнаци
Оваа недела најмногу размислувате за промени! Претставниците на знакот кои не се среќни во љубовта, кои посакуваат личност која ќе им биде поддршка, треба да знаат дека сега е вистинскиот момент да раскинеме со се што е старо, кое не ограничува и попречува. Слободно пресечете ги синџирите и бидете активни во потрагата по некој кој ќе ве направи среќни. Романтичната Венера го следи вашиот знак и ви носи среќа во љубовта.

Рак
Бидете поодлучни во семејните работи, јасно кажете што ви пречи и што би сакале да видите поинаку. Кажете „не“ без да се грижите за совети, а во тоа ќе ви помогне активниот и бестрашен Марс. Искористете ја неговата моќ, следниот пат ќе биде во вашиот знак само за две години. Не ги одложувајте плановите за утре. Судбината ви подготви неочекувани работи!

Лав
Оваа недела е крајно незгоден момент доколку сакате да ги прекинете семејните или љубовните врски – судбината нема да ви оди во прилог. Од друга страна, овој период е добар за креативност – искористете го за да креирате, да смислите нови идеи, можеби хоби кое би можело да ви донесе профит.

Девица
Клучниот збор за вас оваа недела е мудрост и одржливост. Ако не сте сигурни во своите способности, не ризикувајте бидејќи можете да пропуштите многу. Ако планирате да започнете сопствен бизнис, побарајте партнери. Во овој момент тешко дека ќе можете сами да го направите тоа.

Вага
Не правете детални и долгорочни планови оваа недела. Ѕвездите ќе доведат до промени, кои може да ви го расипат тоа што сте го планирале. Но, тоа не мора да значи дека ќе биде лошо – всушност, ќе биде многу поинтересно отколку што сте можеле да замислите. Во средината на неделата ќе ве изненадат луѓе кои не сте ги виделе долги години.

Шкорпија
Оваа недела ве очекуваат многу комуникации и договори. Обидете се да бидете флексибилни бидејќи деловните партнери и блиските луѓе ќе направат многу промени во вашиот распоред. Нема да може да биде точно како што сте планирале. Не дозволувајте тоа да ве фрустрира. Слободното време искористете го да бидете покрај вода – тоа е природната средина на вашиот знак.

Стрелец
Оваа недела ви носи креативен ентузијазам, ќе бидете инспирирани да создавате, да менувате, да го разубавите вашиот дом. Збогатете го со уметнички дела, внесете позитивна енергија. Ќе сакате да го промените и вашиот изглед. Само биди умерени.

Јарец
Оваа недела ќе имате повеќе слободно време и можности за избор. Грижете се за она што ве прави среќни, што ве радува. Планирајте одмор, потребен ви е мал одмор од стресот и обврските. Не треба да се грижите за финансиите – се ќе биде во ред.

Водолија
Во текот на оваа недела, комуникацијата со другите ќе ви биде спонтана и лесна, а ќе уживате во дружењето со луѓето. Има добри шанси со некои од нив да имате добар однос. Можеби една од нив е вашата сродна душа.

Риби
Треба да размислите за промена на вашиот животен стил на подобро. Ослободете се од токсичните луѓе во вашата околина, променете ги штетните навики. Размислете да започнете да вежбате, да јадете здрава храна. Обидете се да размислувате позитивно, така ќе ви се случат само добри работи.

Хороскоп

Хороскоп за петок (12 август)

Објавено пред

на

ОВЕН
Прилично сте заинтересирани за нова работа која би можела да ви донесе додатни обврски за кои моментално не сте подготвени. Доколку ви се допаѓа некоја зафатена особа, можете да се откажете од тоа. Подложни сте на инфекции.

БИК
Доколку сакате да остварите напредок важно е да направите соодветна стратегија за своите потези. Воодушевени сте од личноста за која се грижите и сакате да и предложите да ја направите вашата врска официјална. Можни се проблеми со варењето.

БЛИЗНАЦИ
Ве очекува поволен ден и можете да се надевате дека на деловно поле ќе ги остварите вашите планови. Во вас се буди потреба со саканата личност да остварите семејство. Ќе ви годи некој вид на рекреација.

РАК
Искористете ги своите контакти за да постигнете напредување на деловен план кое одамна го посакувате. Очекувајте средба со личност која ќе ви покаже дека е заинтересирана за необавезна врска со вас. Ќе бидете одлично расположени.

ЛАВ
Дајте си шанса да се одморите од работата. Немојте да се форсирате ако чувствувате дека моментално не ви оди. Со вашиот партнер ви претстојат доста романтични мигови и ќе биде задоволни додека уживате во прегратките. Внимавајте на срцето.

ДЕВИЦА
Конечно ќе можете да завршите некои работи кои се одолговлекуваат во изминатиот период.
Отворено ќе ги покажувате своите чувства и ќе се надевате дека партнерот ќе ви возврати со иста мера. Ќе се чувствувате одлично.

ВАГА
Можете да очекувате дека работата ќе ви оди прилично стабилно во наредниот период. Подготвени сте за нова врска. Внатре во себе чувствувате дека се желни за емоции и промена на љубовно поле. Можни се мали проблеми со забите.

ШКОРПИЈА
Ве очекува тежок ден на работното место. Потрудете се да избегнувате било какви ризици кои можат да доведат до загуба. Склони сте кон конфликти во односот со личност за која се грижите. Важно е некога да покажете трпение. Внимавајте на низок притисок.

СТРЕЛЕЦ
Пред вас е период во кој можете да имате доста деловни проблеми. Подготвени сте за нови предизвици на ова поле. Ќе запознаете личност која ви се допаѓа и подготвени сте да ја освоите. Можна е главоболка.

ЈАРЕЦ
Ве очекува поволна фаза за работа. Можете да ги остварите вашите планови кои сте ги имале за иднината. Можно е да бидете изненадени од ставот кој го покажува вашиот партнер. Понекогаш ви се чини дека сте многу различни Ќе ви годи медитација.

ВОДОЛИЈА
Можно е во деловното опкружување да оставате впечаток на студена и дистанцирана личност со која никој не сака да соработува. Љубовниот однос со Рак оди во погрешна насока. Вие двајца не сте еден за друг. Можни се проблеми со стомакот.

РИБИ
Денес не ви е поволен ден за работа, може да дојде до некои компликации многу лесно. Очекувајте интересно познанство со личност која ќе покаже дека е подготвена за нешто повеќе. Внимавајте на бубрезите.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Дневен Хороскоп (четврток 11 август)

Објавено пред

на

ОВЕН

Не ви е лесно да излезете на крај со сите деловни проблеми, потребна ви е нечија помош. Не сте отворени кон саканата личност и таа го забележува тоа. Може да очекувате некои несогласувања во врската. Несоница.

БИК

Поголеми проблеми на работа нема да имате. Може да очекувате сосема мирен и опуштен викенд. Пред вас се љубовни промени во кои ќе уживате. Саканата личност ви е максимално посветена. Многу сте чувствителни викендов.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува можност да ги покажете своите амбиции. Ќе успеете да ги остварите зацртаните цели. Може да очекувате интересно познанство со личност која ќе покаже интересирање кон вас. Потребна ви е масажа.

РАК

Можно е во претходниот период да сте имале доста деловни проблеми, но сега стапува фаза на олеснување. Полето на флертот ви е добро поставено и може да очекувате дека ќе бидете задоволни. Зголемете го внесувањето на магнезиум.

ЛАВ

Ве очекува поволен период за остварување на деловно напредување. Судбината е на ваша страна и ако се бавите со приватен бизнис. Пред вас е одличен ден за ново познанство кое може да биде значајно. Здравјето е во ред.

ДЕВИЦА

Доколку се занимавате со работа поврзана со комуникации можно е да успеете да постигнете значителен успех. Може да очекувате интересна средба со личност која ја познавате веќе некое време. Потребна ви е прошетка.

ВАГА

Можно е да имате прилика да напредувате кога станува збор за работата. Ве очекуваат нови можности. Ве очекува флерт со личност која ќе ви покаже дека е подготвена за сериозна врска. Внимавајте на бешиката.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате разрешување кога станува збор за работата. Ќе имате многу среќа на овој план. Ве очекува интересно познанство во кое ќе уживате. Можно е да станува збор за авантура. Стабилна состојба на полето на здравје.

СТРЕЛЕЦ

Имате некои важни деловни договори во план. Може да очекувате дека судбината ќе ви биде наклонета. Имате добар однос со саканата личност. Пред вас е одличен период за љубов. Пад на имунитетот.

ЈАРЕЦ

Се потпирате на своите соработници и подготвени сте да покажете иницијатива за започнување нови проекти. Саканата личност покажува дека е подготвена вашата врска да напредува, а на вас е да одлучите дали го сакате истото. Добро се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Нови случувања ве очекуваат, ви се отвора можност на деловно поле да направите поголеми промени. Односот со саканата личност постепено напредува и сѐ повеќе сте искрени еден кон друг. Водете сметка за стомакот.

РИБИ

Нема да имате премногу работа и обврски во текот на овој викенд. Ќе имате можност малку да се одморите. Може да се надевате на средба со вашата симпатија. Наскоро може да дојде до почеток на врска. Можна е минлива аритмија.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда [10 август]

Објавено пред

на

ОВЕН

Денес ќе имате помали промени на работното место. Нема да ви биде лесно да ги остварите своите планови. Моментално состојбата помеѓу вас и саканата личност води до проблеми и кавги. Не сте задоволни од врската. Потребно ви е повеќе сон.

БИК

Добро сте расположени и мотивирани за работа. Може да очекувате остварување на добри резултати. Доколку сте започнале некоја нова љубовна врска, работете на тоа да бидете поотворени кон партнерот. Внимавајте на зглобовите.

БЛИЗНАЦИ

Денес сте прилично напнати, па на деловно поле сѐ ви смета. Тешко ви е да се сконцентрирате. Саканата личност ќе ги покаже искрените емоции кон вас. Подготвени сте да и возвратите. Вкочанетост во пределот на грбот.

РАК

Денес ќе имате препреки на деловно поле. Нема да успеете да го реализирате сето она што го посакувате. Ако сте слободни, спремни сте за нови познанства и за почеток на некоја посериозна врска. Проверете го нивото на холестерол во крвта за секој случај.

ЛАВ

Денес ќе успеете да ги остварите своите планови. Ќе бидете задоволни со ситуацијата на работа. Можеби спонтано ќе успеете да остварите познанства со личност кон која ќе развиете силни емоции. Одлично се чувствувате.

ДЕВИЦА

Може да очекувате некоја нова можност за соработка. Спремни сте да се насочите кон деловни промени. Имате голема доверба во саканата личност и спремни сте да градите со неа иднина. Избегнувајте внесување на шеќер.

ВАГА

Пред вас е период во кој ќе имате многу обврски. Можеби работата ви станува премногу напорна. Многу сте заљубени и со саканата личност имате добар однос. Проблеми со главоболка.

ШКОРПИЈА

Не ве чекаат никакви дополнителни обврски кога станува збор за работата. Денешниот ден ви е поволен за одмор. Не ви е лесно да донесете одлука за прекинување на врската во која се наоѓате. Проблеми со циркулација.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува период во кој ќе бидете склони кон помали проблеми со работата. Можно е во вашиот љубовен живот да недостасуваат промени. Чувствувате монотонија која владее подолго време. Зголемен притисок.

ЈАРЕЦ

Можно е да дојде до помали промени во однос на соработниците. Тие промени добро ќе се одразат на вашата работа. Ако сте зафатени, со саканата личност ќе имате многу убав однос денес. Вкочанет врат.

ВОДОЛИЈА

Со колегите со кои соработувате ќе остварите позитивна работна атмосфера. Спремни сте за нови познанства. Ве очекува поволен период за флерт и за љубовни промени. Можни се помали проблеми со црниот дроб.

РИБИ

Може да се надевате на можност за подобрување на заработката. Спремни сте да ги примените своите креативни идеи на работа. Ви се допаѓа една личност која ја познавате подолго време. Сакате нешто повеќе. Немате здравствени проблеми.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за петок (12 август)

ОВЕН Прилично сте заинтересирани за нова работа која би можела да ви донесе додатни обврски за кои моментално не сте...

Временска прогноза5 часа

Според најновите анализи летните температури продолжуваат и во следните месеци после август

Според најновите анализи кои ние ги направивме, и тоа со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот, истите укажуваат на...

Македонија9 часа

Вчера вкупно 37 мигранти од Пакистан пронајдени од полицијата, се преземаат соодветни мерки за расчистување на случаите

На 10.08.2022 околу 08.00 часот во близина на мотел на подрачјето на Кавадарци, полициски службеници од Полициска станица Михајлово пронашле...

Спорт10 часа

Безбедност, заштита на интегритетот на натпреварувањата како и борба против местење фудбалски натпревари тема на денешниот семинар

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, денеска во хотел „Хилтон”, во Скопје го одржа редовниот семинар со делегатите...

Хороскоп1 ден

Дневен Хороскоп (четврток 11 август)

ОВЕН Не ви е лесно да излезете на крај со сите деловни проблеми, потребна ви е нечија помош. Не сте...

Македонија1 ден

Шест возачи на товарни возила и автобуси под дејство на алкохол во битолско

Денез во текот на утринските часови (10.08.2022) во периодот од 04.30 до 07.00 часот на тероторијата на СВР Битола спроведена...

Спорт1 ден

Реализирана „Судиска анализа“ на натпреварите од првото коло во првата македонска фудбалска лига, ова се констатациите од натпреварите

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 1 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот  Фк.Струга...

Временска прогноза1 ден

Услови за појава на невреме, еве какво време нè очекува оваа недела

До крајот на оваа недела и тоа особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно...

Хроника2 дена

Кај кичевското село Вранештица пронајден човечки труп по течението на река Треска – ова се деталите

На 09.08.2022 година во 14.10 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека во атарот на кичевското село Вранештица, по течението...

Магазин2 дена

Игрите на Netflix се целосно промашени, помалку од 1% од претплатниците ги играат

Индустријата за видео игри е повредна од музичката и филмската индустрија заедно, и веќе е општо познато, па не е...

НАЈЧИТАНИ