Хороскоп
Хороскоп за вторник (9 јануари)
ОВЕН
Денес е особено поволен ден за студентите. Оние кои имаат сопствен бизнис ќе имаат напредок. Разликата во размислувањата може да доведе до некој конфликт. Внимавајте кога некој бара совет од вас, можно е да не се однесувате многу објективно. Оние кои се во брак ќе започнат со уредување на домот.
БИК
Денес Биковите ќе ги поддржат своите пријатели во врска со некоја желба или цел. Правен проблем ќе биде разрешен. Внимавајте затоа што некои навидум мали и безначајни нешта можат да ве доведат до проблеми. Ќе бидете под стрес. Избегнувајте кофнликти со членови од семејството.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе се чувствувате особено нервозни и ќе искаувате бес преку вашето однесување. Ќе бидете загрижени околу исполнувањето на некои обврски. Доколку сте имале некој проблем во врска со банка или јавни претпријатија, тој ќе биде разрешен. Немојте да дискутирате приватни проблеми во јавност.
РАК
Денес ќе се соочите со некои проблеми на работното место, ќе влезете во дуел со некој ваш колега или претпоставен. Внимавајте на зборовите, можно е да кажете нешто за кое подоцна ќе се покаете. Оние кои се занимаваат со приватен бизнис ги очекува добивка. Ќе сакате сите да го почитуваат вашиот збор.
ЛАВ
Денешниот ден за вас ќе биде особено предизвикувачки. Ќе се трудите да ги завршите сите обврски навреме. Ќе стекнете доверба кај некој ваш колега со кого долго време сте биле во затекнати односи. Добри вести во врска со дете. Луѓето околу вас се под влијание на вашето однесување.
ДЕВИЦА
Денес некој очекува на вас во врска со некој проблем и решение. Останете смирени и обидете се да помогнете колку што можете. Ви пристигнуваат добри вести од помлада личност. Денес избегнувајте патување и донесување на важни одлуки. Здравјето ви е добро, ќе се обидете да надминете некои разлики со некоја личност.
ВАГА
Денес ќе бидете особено зафатени и под стрес. Ќе морате да завршите некои работни обврски во зададен рок а тоа ќе ве прави нервозни. Внимавајте на вашето здравје затоа што стресот може да ве доведе во проблеми. Немојте да ги слушате другите и движете се според сопственото темпо и онака како што сметате дека вам најдобро ви одоговара.
ШКОРПИЈА
Денес ќе правите претпоставки во врска со некоја личност во вашето опркужување. Мислите постојано ќе ви лутаат таму и нема да се смирите се додека не пронајдете одговор. Со помош од некоја личност ќе успеете да ја разрешите дилемата. Доколку сте дале позајмица, ќе ви биде вратена.
СТРЕЛЕЦ
Денес ќе бидете во друштво на вашите пријатели и роднини. Тоа што не можете да извршите ниедна задача ќе ви создава стрес. Ќе правите планови за развивање на нов бизнис. Ќе добиете поддршка од брачниот партнер. Ќе сакате да ги исполните потребите на членовите на вашето семејство, домашниот буџет ќе биде загрозен.
ЈАРЕЦ
Дневната рутина малку ве изморува и барате излез од секојдневието. Здравјето е добро. Ќе добиете понуда за зделка која не е баш добронамерна. Донесувајте одлуки во консултација на најблиските и семејството. Доколку во минатото сте имале конфликт со некоја личност, денес ќе ги смирите односите. Размислувајте тактички.
ВОДОЛИЈА
Денес ќе влезете во конфликт со некој пријател или блиска личност поради различните ставови. Ќе се обидувате да убедите некого во своите гледишта но внимавајте можеби тие не се баш најреални. Добро проверете ги информациите. Непозната личност ќе сака да ви наштети. Оние кои се студенти ќе добијат позитивни резултати.
РИБИ
Денес можно е да добиете непријатна вест. Стресот ќе се зголеми а вие ќе се чувствувате напнато. Нечии зборови може да ве повредат. Ќе се обидете да се оддалечите од сето она кое ви донесува негативни вибрации. Ќе сонувате за некоја личност која одамна не сте ја виделе, можно е да добиете повик или порака од неа.
Хороскоп
Хороскоп за сабота (5 октомври)
Овен
Нервозата која доаѓа од вашето професионално окружување влијае на вас личност.
Ве очекува период во кој ќе размислувате за прекин на врската во која не сте задоволни.
Внимавајте на нервите.
Бик
Можни се несогласувања со соработниците. Вие сте тврдоглави и не сакате први да пропуштите.
Сакате да се забавувате и воопшто не размислувате на сериозна врска.
Здравјето е одлично.
Близнаци
Ве очекуваат промени на полето на работата кои ќе дојдат неочекувано. Пред вас е напорен период.
Пред вас е ден во кој нема претерано да сте расположени за нови љубовни ситуации.
Посетете забар.
Рак
Ве очекува изненадна понуда која би можела да влијае на вашата заработка.
Ќе започнете врска со личност која магнетски ве привлекува. Можете да очекувате интересен ден.
Немате проблеми на полето на здравјето.
Лав
Ве очекува променлив однос со колегите. Пред вас е период на компликации.
Саканата личност кон вас не се однесува како што сакате и тоа ве прави напнати.
Проблеми со бешиката.
Девица
Можете да очекувате отворен конфликт во работното окружување. Добро знаете кои се вашите непријатели.
Ве очекува интересен ден за љубов.
Здравјето е добро.
Вага
Ситуацијата на работа не е онаква каква што сакате. Ве очекува мало разочарување. Се надевате на промена на работното место.
Можете да очекувате стабилен однос со саканата личност.
Направете крвна слика.
Шкорпија
Ве очекува успех на работа и растеретување на ова поле.
Ново познанство доаѓа за вас.
Потребна ви е физичка активност.
Стрелец
Можете да очекувате промени во соработката со колегите. Пред вас е фаза со многу нови проекти.
Ако планирате патување, би можеле да остварите ново љубовно познанство.
Проблеми со варењето.
Јарец
Работите на работа се се подобри. Пред вас е одлична можност за стабилизација и подобра заработка.
Не ви е проблем отворено да ги покажете своите чувства и да ја заведете симпатијата.
Проблеми со грлото и синусите.
Водолија
Ве очекува мала кавга со надредените кои не сметаат дека сте многу ангажирани на работа.
Партнерот не е задоволен со вашата врска, но вие како да не го приметувате тоа.
Проблеми со несоница.
Риби
Конечно можете да ги исполните работите кои сте ги планирате и сега очекувате подобрување на тоа поле.
Доаѓа до монотонија во љубовта.
Се чувстувате одлично.
Хороскоп
Хороскоп за петок (4 октомври)
ОВЕН
Денес нема да бидете многу сигурни во вашата финансиска ситуација, и тоа може прилично да ве вознемири. Некои информации кои ќе ги добиете, исто така може да ве вознемират. Не се повлекувајте, искажете го вашето незадоволство. Пред да почнете нешто да планирате оценете ги сите работи.
БИК
Понеделнички надевајте се на големи промени кои со себе носат сериозни одговорности. Конечно можете да земете здив, бидејќи многу работи се искристализираа. Доколку сте паметни, ќе успеете да го извлечете максимумот од ситуацијата. Тоа особено се однесува на партнерот.
БЛИЗНАЦИ
Бидејќи некои работи сте ги расчистиле со себеси, на проблемите им пристапувате на нов начин. Благодарејќи на енергијата, тргнувате во нови походи. Тие се однесуваат на љубовта и уметноста. Заљубени сте и тоа ви носи добро расположение.
РАК
Овој понеделник е одличен за комуникација. Потрудете се да организирате дружење со голем број луѓе. Најдобро за понатамошниот тек на настаните е да избегнувате конфликти. Јавете се на пријателите со кои долго не сте се виделе. Одбранете ги вашите ставови и верувања без да бидете агресивни. Ќе ви недостасува трпение, но на крајот од денот сѐ ќе си дојде на свое место.
ЛАВ
Во фаза сте на материјална експанзија. Станавте вистински скржавец, кој само ги брои парите. Бидејќи имате многу издатоци, нема да дозволите лесно да ги потрошите парите. Направивте план и од тоа нема да отстапите. Можни се здравствени проблеми, предизвикани од лош метаболизам, па диетата е идеално решение.
ДЕВИЦА
Иако копнеете да бидете на врвот, понекогаш и второто место не е за потценување. Денес балансирајте помеѓу соло и тимска работа. Заборавете на егото и оставете вашите дела да зборуваат за вас. Треба да му обрнете повеќе внимание на одредено лице од спротивниот пол и да ги подобрите односите со него.
ВАГА
Имате идеја која сакате да ја споделите? Ова е одличен ден за да го сторите тоа. Без разлика дали се работи за личен или професионален проект, ќе имате способност да ги убедувате луѓето да ги прифатат вашите идеи. Искористете ја дадената шанса.
ШКОРПИЈА
Денес некој ќе ја насочи целата своја негативна енергија кон вас, бидејќи во неговите очи ќе бидете непријател. Движете се со исправена глава и покажете дека неговите тешки стрели не можат да ја пробијат вашата цврста надворешност. Ќе го избегнувате затворениот простор. Постојано ќе сакате да сте во движење.
СТРЕЛЕЦ
Идеите непрекинато ви доаѓаат, и сега навистина е вистинското време некои од нив да започнете да ги претворате во реалност. Иако во моментов сте окупирани со глобални прашања, свртете се околу себе и првите промени направете ги во својата непосредна околина.
ЈАРЕЦ
Совршен понеделник за забава и уживање, иако ве пристискаат некои рокови кои полека преминуваат во доцнење. Средете го тоа во текот на денот, за да можете да седите мирно, а по работата, време е за убава средба со пријателите.
ВОДОЛИЈА
Внимавајте како размислувате за себе и не се критикувајте премногу. Обидете се да ги избегнете негативните мисли и не им дозволувајте на песимистичните луѓе да ви влијаат на енергијата. Денес лесно ќе го прифаќате туѓото мислење. Нема да имате потреба од навлегување во долги дискусии или натпревари.
РИБИ
Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да ве контролираат. Подобро е денес да се концентрирате на оние проблеми кои можете да ги решите, наместо на нешто од минатото кое не можете да го промените. Закажете средба со поранешните соработници, ќе ви се отвори можност за дополнителен профит.
Хороскоп
Хороскоп за четврток (3 октомври)
ОВЕН
Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем. Имате премногу обврски и не можете да ги следите вашите соработници. Очекувате дека сакана личност ќе заземе некаква заштитничка улога. Наместо тоа, застанете на свои нозе.
БИК
Иако работите не се одвиваат на најдобар начин – главата горе! Ако не внимавате, анксиозноста и емоционалната раздразливост би можеле да ве стават во непријатна положба. Можеби премногу сте насочени на една работа, а во исто време заборавате нешто што е многу важно.
БЛИЗНАЦИ
Важно е да го оправдате вашиот углед на работното место. Понекогаш различните обврски можат да бидат товар, но тоа не е оправдување за неодговорно завршената работа. Обидете се да поттикнете кај себе поголема одговорност. Во семејните односи покажете повеќе доверба. Секому е потребна емотивна поддршка.
РАК
Имате прилика за патување, искористете ја за да се тргнете малку од секојдневието. Вашето расположение се подига па ќе имате можност за некои нови и интересни познанства. Нема потреба да одржувате илузии и занес кон личност која не ја познавате доволно. Бидете трезвени и одете чекор по чекор со двете нозе на земја.
ЛАВ
Барате начини за подобра организација на секојдневните активности. Некои од вас ќе бидат насочени кон разубавување на домот. Односите со семејните членови стануваат многу важни; ќе мора да покажете зрелост и стабилност во разговорот со еден од членовите од семејството.
ДЕВИЦА
Околностите се одлични, искористете ги во целост. Ако сте емотивно спремни, влетајте во нешто ново без размислување. Можностите сами ќе ви доаѓаат. Енергијата е брза и јака. Ослободете се од сите оние работи што ве ограничуваат и насочете се кон остварување на вашите желби.
ВАГА
Вашата потсвест е активна и немирна. Некои сомнежи од минатото повторно се присутни. Ќе бидете притаени и постојано ќе размислувате. Можеби ви се потребни одговори на некои прашања од минатото. Доколку сте во брак или врска, покажете поголемо разбирање за психичката отсутност на партнерот.
ШКОРПИЈА
Денес вашиот ум е целосно отворен и во полн капацитет. Насочете се кон решавање на финансиските и другите важни прашања, затоа што ќе можете да сметате на вашата луцидност и интуиција. Бидете самоуверени и слушајте го внатрешното водство во изборите. Голема е веројатноста дека ќе успеете да превртите некоја ситуација во ваша корист.
СТРЕЛЕЦ
Продолжете во истражувањето на можностите кога се во прашање правните и административните прашања, затоа што постои можност да најдете совршено решение, совет или опција која отвора нови видици. Бидете свесни за ова! Од друга страна, многумина од вас ќе имаат контакт со личности од други култури и нации.
ЈАРЕЦ
Загрижени сте за една блиска личност. Се обидувате да ја разберете и барате начин како да ја подобрите нејзината ситуација. На работноното место имате впечаток дека се случува нешто без ваше знаење или дека саканата личност користи изговори. Не бидете импулсивни и ќе видите дека се е во ред.
ВОДОЛИЈА
Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги идеализирате работите. Воздржете се од донесување одлуки и обидете се да бидете трезвени и рационални.
РИБИ
Притаено работите и не сакате многу контакти со луѓе. Длабоките размислувања и анализи ќе ви помогнат подобро да се разберете самите себе. Вашиот систем на вредности веќе извесно време врви низ фаза на промени и се уште не е дефиниран. Можеби треба да си дадете некое време. Обидете се да не бидете сурови кон себе.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (4 октомври)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за сабота (5 октомври)
-
Кичево10 часа
Во вторник по трет пат во Кичево ќе се одржи „Концерт на млади пијанисти“, кои ќе приредат вистинско уживање во звуците на познатите великани во класичната музика
-
Временска прогноза2 дена
Циклонска активност викендов носи врнежи од дожд
-
Македонија1 ден
(ФОТО) СВР Охрид спроведе едукативна кампања за дечиња „Мојот пријател полицаец“
-
Магазин1 ден
Spotify: Слушање музика дури и без интернет конекција
-
Спорт1 ден
Вардар против Тиквеш, Струга ТЛ против Македонија ЃП, додека Пелистер ќе игра против Детонит во осминафиналето на Купот на Македонија
-
Магазин1 ден
Корисниците на Android менуваат телефони почесто од сопствениците на iPhone