Кичево
Housemasters feat. Buggo во Република 96250

Housemasters го сочинуваат: Драган Трајковски – Buggo (вокал), Тони Мицевиќ (Гитара), Ѓоле Максимовски (Бас Гитара) и Михаил Парушев (Тапани). Повелете оваа сабота во Република 96250 на правописна Rock’n’Roll забава.
Кичево
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 06.07.2022 година – среда, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски улици и населби:
- Дел од корисниците во населба Карпош2, ул. Пиринска, дел од ул. Маршал Тито, како и населба Горица (Од 09:30 до 12:00 часот)
Инфо: струја
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва

На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.
Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (4 јули) – понеделник
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Занимливости1 ден
Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери
-
На денешен ден1 ден
4 јули – На денешен ден
-
Временска прогноза2 дена
Многу топло цела седмица, додека во попладневните часови ќе има активна дестабилизација
-
Кичево9 минути
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево
-
Временска прогноза1 ден
Останува исто време, многу топло со освежување во попладневните часови – ова се деталите