Следете не

Кичево

Хуманитарен турнир во мал фудбал, сала „Христо Узунов“, населба Иванидол во организација на кичевскиот Црвен Крст

Објавено пред

на

©porta.mk

Хуманитарниот турнир во футсал ќе се одржи  29.04.2024 понеделник во спортската сала „Христо Узунов“, нас. Иванидол со почеток од 12 часот. Имено, екипите можат да земат свое учество 15 до 20 минути пред почетокот на турнирот.

Натпреварите ќе се одвиваат на следниов начин:

•две полувремиња по 15 минути
•полувреме 5 минути
•екипата која ќе биде поразена, нема право на повеќе игра
•фер-плеј игра

Фудбалскиот турнир е во организација на Црвен Крст од Кичево и има хуманитарен карактер, односно со вашиот влез кој ќе чини 50 денари. Бидете дел и дадете свој хуманитарен допринос.

Повеќе информации на нивниот инстаграм профил ТУКА

Кичево

(ВИДЕО) Денес кнежинскиот манастир блесна со Ѓурѓовденски концерт, каде културно уметничките друштва на градот се претставија со свои традиционални ора

Објавено пред

на

©porta.mk

Денеска во манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј во с. Кнежино – кичевско, се одржа културно-уметнички настан, со кој практично се заокружува светлата пасхална седмица со блесок на Велигденско-Ѓурѓовденски концерт на културно уметничките друштва на градот Кичево КУД „Бисер“, „Нико Пусоски“, „Младост“ и „Рацин“. Програмата ја водеше г-дин Цане Ѓорѓиоски, основач на КУД „Бисер“, кој му се заблагодари на нашиот возљубен старец, игумен на Бигорскиот манастир, г. Партениј и му посака добро здравје.

Гости се разбира беа нашите Сестри од манастирот Св.Пречиста, како и членови од Хорот Митрополит „Козма Пречистански“, додека овој преубав настан, со своето присуство го збогати и директорот на НЦУК „Кочо Рацин“ од Кичево, г-дин Мазлам Османи кој секогаш е присутен на сите настани на фолклорните ансамбли во Кичево, како голем поддржувач на истите.

Во видео запис од нешто помалце од еден час ќе уживате во убавите традиционални македонски ора

Прочитај повеќе...

Кичево

(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани и оваа година од сите страни на градот беа за Велигден во храмот Св.Петар и Павле – „Христос воскресна“, „Навистина воскресна“

Објавено пред

на

©porta.mk

Стотици кичевчани и оваа господова 2024-та година од сите страни на градот вчера дојдоа во градскиот храм Св.Петар и Павле – Кичево каде присуствуваа на полноќните богослужби по повод христијанскиот празник „Воскресение Христово – Велигден“.

Дворот на храмот заштитник на град Кичево беше претесен за сите верници каде традиционално се собраа на соопштување на радосната вест „Христос Воскресна“, од страна на свештениците.

Радост и среќа будат најмладите кои чествуваат и ја негуваат верата, укажувајќи ни уште еднаш за важноста на овој ден и најголем празник!

Ви прилог официјална галерија преку нашиот објектив на Јован Ангелески

 

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Кичевската полиција реализираше турнир во мал фудбал по повод „7-ми Мај, Ден на Македонската полиција“

Објавено пред

на

ФОТО: МПС

Вчера и официјално заврши традиционалниот турнир во мал фудбал по повод ,,7ми мај – Денот на Македонската полиција” организиран од страна на Претседателот на Совет на МПС Охрид Јетмир Реџепи, членот на Претседателство на МПС Ештреф Ахмети и Претседателот на ОО на МПС-Кичево Сејдин Сејдини. Учесници на турнирот беа екипи од подрачјето на ОВР Кичево составени од членови на Македонскиот Полициски Синдикат.

На завршниот турнир присуствуваа и свечено го затворија Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и началникот на ОВР Кичево Амдин Емини воедно доделувајќи го пехарот за прво место на екипата ПС за ОН Кичево.

Второ место беше екипата на ПО за БПС Кичево, трето место беше екипата на ПО Зајас.

За најдобар играч беше прогласен Дриљон Лика, најдобар голгетер беше прогласен Филип Филипоски и за најдобар голман беше прогласен Дарко Темелковски.

Истакна претседателот на Македонски полициски синдикат д-р Марјан Кицев.

Повеќе фотографии ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија5 часа

Од полноќ сите деривати ќе бидат со намалена цена за литар

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денари за литар,...

Магазин9 часа

Помоќен хардвер, поголем екран и поддршка за 4K: Се ближи презентацијата на новата конзола Nintendo

Во втората половина од годината, Nintendo би можел да објави некои официјални информации за самата конзола, а нејзиното претставување го...

Магазин9 часа

Netflix сè повеќе инвестира во спортски настани

Во конкурентниот свет на спортски пренос во живо, Netflix прави уште еден чекор во арената. Во јули, медиумскиот гигант ќе...

Магазин9 часа

Google Maps добива уште две функции во своето последно ажурирање

Google неуморно работи на подобрување на својата апликација Google Maps, а корисниците забележале дека две нови функции се шират на...

Магазин9 часа

Windows 11 воведува уште една промена: ова ќе се поставува автоматски од сега па натаму

Енкрипцијата станува стандард во технолошкиот свет, а најновото што го направи задолжително за сите уреди е оперативниот систем Windows 11....

Магазин9 часа

Новиот iPad ги отфрли физичките SIM картички

Apple дава OLED екрани, а Apple одзема… SIM картички. Како што е забележано од 9to5Mac, Apple го отстрани физичкиот слот...

Хороскоп21 час

Хороскоп за понеделник (13 мај)

Овен Денес, комуникацијата со луѓето е многу подобра од вообичаеното, искористете ја. Наизглед безначајна идеја во разговор со пријателите може...

Мобилни уреди1 ден

„Instant Digital“ сугерира дека новиот iPhone 16 Pro ќе пристигне со нов екран?

Корисник од Кина со прекар Instant Digital, сугерира дека iPhone 16 Pro ќе пристигне подоцна оваа година со дисплеј кој...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (12 мај)

ОВЕН Обидете се да ги контролирате своите емоции, особено ако веќе не сте сигурни како се чувствувате за поединци. Штом...

Кичево2 дена

(ВИДЕО) Денес кнежинскиот манастир блесна со Ѓурѓовденски концерт, каде културно уметничките друштва на градот се претставија со свои традиционални ора

Денеска во манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј во с. Кнежино – кичевско, се одржа културно-уметнички настан, со кој практично се...

НАЈЧИТАНИ