Спорт
Илиевски: „Мора да одиграме храбро, пожртвувано и квалитетно на терен“
Репрезентацијата на Македонија до 21 година овој месец во Кипар ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на домаќинот Кипар и против репрезентацијата на Србија.
Вчера младите репрезентативци во хотел „Парк” го имаа собирот и првиот тренинг, а денеска попладне патуваат за Кипар.
Марио Илиевски, еден од носителите на играта на младата селекција на Македонија, ги сподели своите очекувања за претстојните контролни средби против Кипар и Србија.
– Не очекуваат два тешки натпревари, нема да биде лесно против Србија и Кипар, се надевам дека ќе одиграме на едно високо ниво на двата натпревари. Мора да одиграме храбро и пожртвувано на терен, да покажеме квалитет, а резултатот ќе дојде сам по себе
– Оваа репрезентација има одличен тимски дух и заедништво, се познаваме добро меѓусебно, сите имаме една цел, а тоа е да одиграме најдобро што можеме и во вистинско светло да ја претставиме Македонија.
– Поседуваме квалитет и тоа сакаме да го потврдиме на овие два меча, доколку одиграме како што знаеме и умееме, верувам дека ќе се радуваме на позитивен резултат.
– Атмосферата во репрезентацијата е одлична, остваривме неколку одлични резултати на претходните натпревари. Од меч во меч играме се подобро, но има уште простор за напредок.
– Двата пријателски натпревари против Србија и Кипар се одлична контрола за квалификациите за ЕП што претстојат во наредната година.
На 17. ноември, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе се соочат со домашниот Кипар, а пет дена подоцна ќе одиграме контролна пресметка против Србија.
Спорт
ФФМ: Благодарност до селекторот Милевски, време е за нов импулс и свежа енергија во националниот тим, до 25 декември Македонија ќе има нов селектор
На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, чиј мандат заврши на 30 ноември 2025 година. Милевски беше дел од работата со најважните македонски репрезентации уште од 2014 година.
Како тренер на А репрезентацијата, од 1 август 2021 година, Милевски ја водеше Македонија на 48 натпревари, остварувајќи 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. Под негово водство, репрезентацијата обезбеди два бараж дуели за пласман на Светско првенство, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и се избори за настап во Б дивизијата во следното издание на натпреварувањето.
ФФМ преку интегралното соопштение на своето гласило, му изрази искрена благодарност на Благоја Милевски и неговиот стручен тим за нивната посветеност, професионалност и постигнатите резултати. Му посакуваме многу успех во понатамошната тренерска кариера.
Управниот одбор на ФФМ смета дека македонската А репрезентација сега има потреба од нова енергија и различен мотив за предизвиците што ја очекуваат. Со нов стручeн тим се очекува „нов ветер“ во работењето на селекцијата, што ќе придонесе за поголема конкурентност и амбиција во идните натпревари.
– ФФМ останува целосно посветена на обезбедување оптимални услови за работа и максимална поддршка за репрезентацијата. Досегашната соработка со Милевски и неговиот тим беше на високо професионално ниво, и ја цениме нивната посветеност и односот кон националниот тим. Истата посветеност ќе ја продолжиме и при поддршката на идните предизвици на македонската А репрезентација.
Управниот одбор на ФФМ ќе донесе одлука за нов предводник на А репрезентацијата најдоцна до 25 декември 2025 година.
Спорт
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското првенство на УЕФА, по победата над Азербејџан со резултат 3:1.
Нашите фудбалерки играа одлично и ја контролираа играта на целокупниот натпревар. Првиот гол беше постигнат од Калина Попоски во 19. минута по мајсторски изведена акција. Во 27. минута, Теона Галабовска ја зголеми предноста од пенал. Таа повторно се запиша во листата на стрелците во 49. минута, со што стави крај на одличниот настап.
Азербејџан успеа да постигне еден гол преку Јуругова во 35. минута, но не беше доволно за сериозна закана по нашата победа.
Со оваа победа, Македонија прави важен чекор во својата квалификациска трка и ги насочува погледите кон последниот дуел со Словенија, кој ќе има решавачки карактер.
Македонија до 19 години: 1. Ведрана Комненова, 4. Кристина Крстева, 5. Михаела Додевска, 6. Андреа Коловска, 7. Меланија Грозданова, 8. Ева Величкова, 9. Емили Митковска, 10. Теона Галабовска, 11. Калина Попоски, 15. Канита Емини, 16. Мила Панева;
Селектор: Кирил Изов.
Извор: ФФМ
Спорт
(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен
Кичевски „ФК Напредок“ со победа на гостински терен против екипата на „ФК Ренова“ и официјално го заврши есенскиот дел од првенството во Третата фудбалска лига „Запад“.
Одлично прикажана игра, во една динамична атмосфера, иако не стартувавме најдобро, примивме гол, во второто полувреме поставеноста на играта и искуството на нашите најдобри момчиња резултираше со целосен пресврт и победа.

„ФК Напредок“ после победата врз „ФК Ренова“ на гостински терен, 29.11.2025 г.
Стрелци за нашиот тим: Исмаили, Вренцоски и Никодиноски.
Секоја чест за прикажаната пожртвувана игра, во пролетниот дел продолжуваме со појако темпо до вистинската цел!
-
Кичево1 ден(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
-
Кичево13 часаПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (30 ноември)
-
Хороскоп24 часаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Здравје и убавина1 денШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
-
Здравје и убавина1 денПробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
-
Кичево4 часаКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Македонија1 денКај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет
