Свет
(ВИДЕО) Индија: По избувнат пожар во болницата за интензивна нега животот го загубија најмалку 11 пациенти

Во пожар во болница на западот на Индија загинаа најмалку 11 лица, јавува АФП, повикувајќи се на официјални извори.
Во моментот на избувнувањето на пожарот на одделението за интензивна нега на болницата во областа Ахмаднагар во државата Махараштра имало најмалку 20 пациенти, од кои повеќето постари од 60 години. Одделот за интензивна нега, изграден неодамна за лекување на заразени од Коронавирусот целосно изгорел.
Премиерот на државата Махараштра, Удав Такерај нареди истрага и проверка на безбедносните услови во таа болница, на околу 250 километри оддалеченост од Мумбаи, главниот град на сојузната држава Махараштра.
Индискиот јавно здравствен систем е недоволно финансиран и бил во критична состојба поради пандемија, додека пак во април и мај избувнале повеќе пожари во неколку индиски болници.
Во пожарот во болницата во Гуџарат загинаа најмалку 18 лица – 16 пациенти и две медицински сестри, а истрагата покажа дека причина за пожарот е краток спој на одделението за интензивна нега.
Во април во пожар во болница во предградието на Мумбаи загинаа 13 лица со ковид, потсетува француската агенција.
ФОТО: screenshot/video/India Today
Свет
Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.
Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.
Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.
On 2025-05-27, at 00:06:31 (UTC), there was an earthquake around 13 km S of Antikyra, Greece. The depth of the hypocenter is about 10.0km, and the magnitude of the earthquake is estimated to be about 5.0.https://t.co/hFZ2S358qV pic.twitter.com/9qHxtoNxGu
— World EQ Locator (@WorldEQLocator) May 27, 2025
Свет
(Вознемирувачко Видео) Хаотични сцени на прославата за титулата на Ливерпул, влета со автомобил во толпа навивачи!

Фудбалерите на Ливерпул сè уште ја прославуваат титулата која ја обезбедија уште пред крајот на сезоната. Во неделата, тие официјално го подигнаа трофејот пред своите навивачи.
Илјадници луѓе излегоа на улиците за да ја одбележат победата, како што и се очекуваше.
Меѓутоа, прославата беше засенета од еден немил настан.
Невообичаена и вознемирувачка ситуација настана кога непознат возач со автомобил влета меѓу навивачите кои славеа.
🚨𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: A car has crashed into celebrating Liverpool fans at the trophy parade I have no words! pic.twitter.com/iW4EpOsWat
— Football Hub (@FootbalIhub) May 26, 2025
– Предмалку полицијата во Велика Британија соопшти дека еден маж е приведен во Ливерпул, северна Англија, по пријавите дека автомобил се судрил со пешаци.
– „Моментално се справуваме со пријави за сообраќајна несреќа во центарот на Ливерпул“, соопшти полицијата од Мерсисајд на X во понеделник. „Бевме контактирани веднаш по 18 часот денес, понеделник, 26 мај, по пријавите дека автомобил се судрил со голем број пешаци на улицата Вотер. Автомобилот застанал на местото на настанот и еден маж е приведен“, се додава во соопштението.
Свет
Трамп упати закана до „Apple“ дека ќе воведе повисок данок за „iPhone“ мобилните уреди

Доналд Трамп му се закани на технолошкиот гигант „Apple“ дека ќе воведе данок од најмалку 25% на „iPhone“ мобилните уреди, ако компанијата не го врати производството во САД.
– Преку својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп изјави дека одамна му кажал на извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, дека очекува „iPhone“ уредите што се продаваат во Америка да се произведуваат токму таму, а не во Индија или други земји. Тој предупреди дека ако ова не се промени, „Apple“ ќе се соочи со високи увозни давачки.
Оваа изјава доаѓа по објавата на „Apple“ дека планира дел од производството на американските „iPhone“ телефони да го префрли во Индија, каде компанијата ќе вложи 1,5 милијарди долари во изградба на фабрика. Ова наводно довело до недоразбирање меѓу Трамп и Кук.
Инаку, Индија има основен увозен данок од 10%, додека во Кина тој изнесува 30%. Иако уредите на „Apple“ досега беа ослободени од многу даноци, иднината околу тие олеснувања е неизвесна.
Иако „Apple“ вети инвестиции од 500 милијарди долари во САД во следните четири години, засега производството на нивните уреди во Америка сè уште не се гледа како реална опција.
Извор: theverge.com / Truth Social
ФОТО: Unsplash.com
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (3 јуни)
-
Македонија2 дена
Алармантно: Дури 21.178 сообраќајни прекршоци во текот на месец мај санкционирани во Македонија!
-
Македонија2 дена
Малолетници вчера биле тешко повредени откако паднале од мотор, апел за големо внимание!
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за среда (4 јуни)
-
Спорт1 ден
Хамилтон се искритикува себеси по трката во Шпанија, по завршувањето на шесто место
-
Македонија2 дена
Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми
-
Македонија12 часа
(ФОТО) СВР Охрид одржа работилници на тема „Безбедност и правила за децата во сообраќајот“ со ученици од второ и трето одделение на основни училишта
-
Македонија12 часа
МВР изрече кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство