Следете не

Култура

Кичевскиот бенд „Inner Hate“ со прв видео запис за песната „Vengeance will be mine“

Објавено пред

на

Новиот сингл на кичевскиот метал бенд „Inner Hate“ е „Vengeance will be mine“.

Моќен риф, енергичен ритам и мрачен вокал склопени во композиција која е олицетворение на духот на денешното општество.

Гневот, бесот, неправдата со која секојдневно се соочуваме претставени во еден уметнички аудио израз преку кој се твори истовремено за стравот и надежта, омразата и храброста, принципите и беззаконието, вечната борба помеѓу две тврдини, два фронта, доброто и лошото.

Синглот „Vengeance will be mine“ е во авторство на членовите од бендот: Горан Трајкоски (вокал и ритам гитара), Горазд Радески (гитара), Христијан Војнески (бас) Оливер Стојкоски (тапани).

Миксот и продукцијата на оваа композиција се на Христијан Ѓорѓиевски, а видео записот е дело на Montparnasse.

Inner Hate за кратко време ќе го издадат својот прв албум со наслов „Worthless throne“.

Литература

Излезе од печат новото литературно дело „Само птиците се враќаат назад“ на Христијан Аџиоски, каде прикажана е историска хроника и голготата на Егејска Македонија

Објавено пред

на

©porta.mk

Излезе од печат и петтата книга на проф. по Македонски јазик, Христијан Аџиоски, под наслов „Само птиците се враќаат назад“ каде прикажана е историска хроника за чемерната голгота на Егејска Македонија и прогонствата на бегалците од дедовата земја. Во ова мало книжевно дело е опишан долгиот пат и страдањата на стотици илјади семејства, кои сурово биле разменувани како што овчарите си го разменуваат добитокот, само затоа што така сакале „големите“, кои секогаш одлучуваат за иднината на малите.

– Ќе ги сретнете родните села на Грците во Кавказ, Кападокија, Измир, Трабзон, кои ја преплавија Македонија населувајќи се во селата на Македонците протерани во Струмица, Петрич, Пловдив, Софија, Бургас. Таму се опишани последните денови на убавиот Кукуш, пред да биде опожарен до темел, опишани се славните битки на партизаните, но и егзодусот на децата бегалци од опустошените големи костурски села.

Исто така таму ќе го сретнете и значењето на стотиците донесени грчки топоними, преку кои грчките бегалци го чуваат споменот за напуштената татковина во Мала Азија – зошто селото Зарово е преименувано во Никополис, а селото Илиџиево во Халкидона? Што е слично во имињата Малгара, Никомидија и Мундања во Турција и Неа Малгара, Неа Никомидија и Неа Мундања во Грција?

Овие страници се само плод на долгогодишно истражување и татковинска опседнатост да се откопаат закопаните вистини.

Зошто ваков ваков обид да се прераскаже болка нанесена поради прогон?
Бидејќи Егејска Македонија не е само морето, плажите, шопингот, гирото и по некое нашинско оро, Егејска Македонија е страдалничка земја која била жртва на најголемата размена на население во XX век. А татковина може да се нарече само земјата која ги чува гробовите обраснати со трње – како сведоштва за корените на илјадници откорнати од родната грутка.
————————————————
Книгата е веќе под сонцето – па нека зрачи како светилник за сите прогонети кои сонуваат да си го пронајдат патот до дома.
————————————————
Нарачка веднаш, засега преку порака на официјалниот фејсбук профил  Христијан Аџиоски, а наскоро информација и во книжарница.

„Птиците“ ќе патуваат по карго низ цела Македонија и секаде каде што ќе бидат побарани, вели Аџиоски за Порта.мк

Во прилог исто така проследете ја репортажата на Сител телевизија за официјалната книга и разговор со авторот кој детално ја опишува работата на ова прекрасно литературно дело:

Прочитај повеќе...

Театар

За својот роденден „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево со нивната најнова урнебесна комедија, во среда од 19ч сите патишта водат кон НУЦК „Кочо Рацин“, бидете таму!

Објавено пред

на

Овој месец популарните тв ликови од „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево, каде за прв пат во нашиот град ќе го изведат нивното најново „РОДЕНДЕНСКО ШОУ“ кое е специјално направено по повод 28 години од формирањето на „Солза и смеа“. Станува збор за урнебесна комедија, која со сигурност ќе Ве насмее до солзи!!!

Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови, бидејќи овој месец имаат голема турнеја низ цела Македонија. Каде и да се појават, ги полнат салите во градовите ширум нашата земја.

Ова најново комично шоу на „Солза и Смеа“, ќе се одржи во среда на 28.02.2024 година во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, а почетокот на овој спектакл започнува во 19:00 часот.

Билети по цена од 250 денари може да си резервирате 24/7 на 078/ 667-797.

Побрзајте, резервирајте си билети додека сеуште има!

Прочитај повеќе...

Литература

Вечерва од 19 часот, промоција на книгата „На крајот од патот“ од Марија Никодиноска – Лазареска во ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево

Објавено пред

на

За нешто помалку од половина час вечерва, од 19ч во малата сала при Центарот за култура „Кочо Рацин„ – Кичево ќе се одржи промоција на книгата „На крајот на патот“ од Марија Никодиноска
Марија Никодиноска Лазареска има голем број на дипломи и признанија од разни манифестации, курсеви, обуки и сл. Еден од основачите на литературниот клуб Китка. Учествувала на голем број литературни манифестации и конкурси.

Рецензент и промотор била на неколку романи, учествувала во заеднички збирки, алманаси, антологии итн. Исто така има издадено во 2019 година и своја книга која се вика “Огнени воздишки”, а оваа книга “На крајот на патот” е втора книга по ред. И двете книги се напишани со многу љубов, со срце и душа. Опеана е љубовта, животот, среќата и тагата.

Ова е само почеток на нејзиното литературно творештво.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

Намалена видливост поради магла патен правец према Стража, Лисец – Попова Шапка

АМСМ известува дека следните патни правци се под густа магла со намалена видливост од 25м. на пат Лисец – Попова...

Хороскоп3 часа

Месечен Хороскоп (март)

ОВЕН Покажувате подготвеност да се посветите на започнувањето нов проект кој ќе ви биде многу значаен за работата. Свесни сте...

Кичево8 часа

„CableCall“ – Кичево со одлична ТВ и Интернет понуда, од сега со одлични брзини и стабилна оптичка мрежа која ќе ги задоволи вашите интернет потреби!

Регионалниот интернет и телевизиски оператор со седиште во Кичево „Cable Call“ како што најавивме, го прошири оптичкиот мрежен систем за...

Спорт9 часа

Денес со „ждрепка“ извлечени паровите за четвртфиналето во „Куп на Македонија“ за младински категории во фудбал

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждрепка на која беа извлечени паровите за четвртфинале во рамките...

Магазин15 часа

Дали знаете зошто швајцарските сирења имаат дупчиња?

Швајцарското сирење секогаш се опишува како сирење со дупчиња. Има цврсто тело и орев, но сладок вкус. Исто така, има...

Магазин15 часа

TikTok под истрага во Европската унија

TikTok е цел на ЕУ за потенцијални прекршувања на Законот за дигитални услуги поврзани со безбедноста на малолетниците и други...

Магазин15 часа

Netflix повторно ги зголемува цените?

Netflix најверојатно ќе ги зголеми цените на пакетите за претплата повторно оваа година, што би можело да го забрза растот...

Магазин15 часа

Велика Британија е чекор поблиску до исфрлање на телефоните од училиштата

Поседувањето мобилен телефон стана стандард за луѓето од повеќето возрасти, и иако постои аргумент за погодност, експертите и регулаторите исто...

На денешен ден1 ден

29 февруари – На денешен ден

1720.- Шведската кралица Улрика абдицирала во корист на нејзиниот сопруг, принцот Фредерик I (Фредерик). 1792.- Роден е италијанскиот композитор Џоакино...

Литература1 ден

Излезе од печат новото литературно дело „Само птиците се враќаат назад“ на Христијан Аџиоски, каде прикажана е историска хроника и голготата на Егејска Македонија

Излезе од печат и петтата книга на проф. по Македонски јазик, Христијан Аџиоски, под наслов „Само птиците се враќаат назад“...

НАЈЧИТАНИ