Следете не

Социјални мрежи

„Instagram“ наскоро со новост, најава за објавување „posts“ преку компјутер и web платформата

Објавено пред

на

Инстаграм се обидува да го подобри искуството на работната површина, кое во моментов им овозможува на корисниците да гледаат објави, но не и да ги креираат. Според еден развивач на апликации, Instagram наскоро би можел да им дозволи на корисниците да објавуваат „постови“ од desktop – веб интерфејсот.

Според сликите од екранот на новата опција, корисниците ќе можат да влечат и испуштаат слики од нивниот компјутер, да ги исекуваат, да додаваат филтри, да уредуваат и скоро сè што би очекувале од процесот на мобилен уред, но сега на работната површина.

Единствената лоша страна се чини е можноста за снимање на слика од фотоапаратот на уредот, иако оваа одлика е достапна во мобилната веб-верзија на апликацијата. Истото ова ограничување е присутно и со видеата на IGTV, кои во моментов се единствената опција за креирање на објави на Инстаграм од работната средина.

Instagram е апликација главно наменета за мобилни уреди достапни дури и на најдобрите ефтини телефони со Android. Сепак, веб-заснован десктоп интерфејс може да им се најде на некои кои претпочитаат да гледаат слики и видеа на поголем екран отколку да поседуваат таблет.

Нејасно е дали Instagram планира да им дозволи на корисниците да создаваат други видови на објави од вашата работна површина, како што се IG Stories или Reels.

Палузи наведува дека функцијата можеби нема да пристигне наскоро штом се развива внатрешно, но се чини дека е подготвена судејќи според овие слики од екранот.

Извор: Android central

Социјални мрежи

Внимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени

Објавено пред

на

ФОТО: Facebook/OrceSimov/Printscreen

Предмалку претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации г-дин Орце Симов на својата социјална мрежа предупреди дека се шири „спам“ порака преку апликацијата за комуникација „Viber“

– Ви стигнува порака на „Viber“ од корисник со име „Support“, во која е изнесено тврдење дека два уреди го користат вашиот број на „Viber“. За да бидете заштитени бараат да им го испратите верификациониот број кој ќе го добиете на СМС. Не правете го тоа. Доколку го направите тоа, некоја од вашите кориснички сметки на некој сервис (емаил, социјална мрежа) на Интернет ќе биде превземена од страна на тие злонамерни лица кои ја имаат испратено „Viber“ пораката – заврши г-дин Симов

И преку нашиот сервис, апелираме за поголемо внимание и доколку наидете на ваква или идентична „спам“ порака, не ја отворајте или направете „report“ до „Viber“, со цел да останат безбедни вашите приватни работи во вашиот мобилен уред.

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Shutter Speed

Мета потврди за Engadget дека десктоп апликациите на Messenger за macOS и Windows ќе бидат целосно исклучени на 15 декември. По тој датум, единствениот начин за пристап до разговорите преку компјутер ќе биде преку Facebook апликацијата за Windows или преку веб-страниците Facebook.com и Messenger.com.

Компанијата не даде конкретна причина за одлуката, но во својата страница за поддршка наведува дека корисниците ќе добијат известување пред исклучувањето, а по 15 декември пристапот до апликацијата ќе биде блокиран.

За да се заштитат разговорите, Мета препорачува активирање на безбедното складирање и додавање ПИН-код на сметката.

Како да го направите тоа:

Кликнете на иконата со запчаник над вашата профилна слика.

Изберете „Privacy & Safety“.

Кликнете на „End-to-end encrypted chats“.

Отворете „Message storage“ и проверете дали опцијата „Turn on secure storage“ е активна.

Messenger беше одвоен од главната Facebook апликација во 2014 година, а неколку години подоцна Мета се обиде да ги обедини Messenger и Instagram DM во единствена платформа. Сепак, таа идеја беше напуштена во 2023 година.

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

„WhatsApp“ воведува превод на пораки директно во апликацијата

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io

WhatsApp“ почна да воведува нова функција што им овозможува на корисниците да преведуваат пораки директно во разговорите, достапна за „Android“ и „iPhone“. Преводот се врши локално на уредот, што значи дека пораките остануваат енкриптирани и „WhatsApp“ нема пристап до нивната содржина.

Функцијата може да се користи во приватни разговори, групи и канали. За превод на пораката, корисникот треба само долго да ја притисне и да избере „Преведи“.

Покрај поединечните преводи, корисниците на „Android“ можат да активираат и автоматски превод за целиот разговор, па сите идни пораки ќе се прикажуваат на избраниот јазик веднаш.

Според официјален блог-пост на компанијата, целта на новата функција е да се олесни комуникацијата меѓу повеќе од три милијарди корисници во над 180 земји, без оглед на јазичните бариери.

Функцијата е веќе достапна на „Android“ и „iPhone“. На Android се поддржани шест јазици: англиски, шпански, хинди, португалски, руски и арапски. На „iPhone“, пак, корисниците можат да преведуваат на арапски, холандски, англиски, француски, германски, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, мандарински, полски, португалски, руски, шпански, тајландски, турски, украински и виетнамски.

Сè уште не е познато кога функцијата ќе стане достапна на „WhatsApp Web“ или на десктоп апликациите за „Windows“ и „Mac“, објави TechCrunch.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт2 часа

(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години од 12ч го игра својот втор контролен меч против Русија. Првиот меч заврши...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за недела (16 ноември)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Скопје21 час

ЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија

Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани...

Временска прогноза21 час

Од вторник следува промена на времето во Македонија

Во вторник и во среда (18 и 19 ноември) нашата Македонија ќе биде зафатена од голем влажен воздушен бран од...

Спорт1 ден

Дриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации

Во рамки на денешниот ден нашите момчиња од „ФК Кичево“ одиграа првенствени натпревари во детската лига. Најголемо внимание предизвика натпреварот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (15 ноември)

ОВЕН Ве очекува поволен период за работа. Може да се надевате на многу значајно подобрување. Можеби конечно наоѓате компромис и...

Спорт2 дена

ФФМ истакна важни информации за македонските навивачи кои го проследат мечот помеѓу Велс – Македонија

На 18 ноември, во Кардиф, машката А селекција на Македонија ќе го одигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против...

Свет2 дена

Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја

Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани...

Спорт2 дена

Македонија ремизираше на пријателскиот натпревар против Летонија на „Тодор Проески“

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови на контролниот дуел против Летонија во Скопје, меч во кој создадовме неколку солидни...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за петок (14 ноември)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

НАЈЧИТАНИ