Магазин
Instagram тестира нова функција базирана на TikTok
Instagram тестира нова верзија на feed на цел екран, што ќе овозможи лизгањето низ објавите да изгледа и да делува како слични функции на TikTok.
Марк Цукерберг на својот профил на Instagram Story објави преглед на тестот на споменатата функција, нагласувајќи дека новиот изглед наскоро ќе им биде достапен на одредени корисници.
Апликацијата почна да го тестира feed на цел екран минатиот месец, иако како дел од тоа тестирање, објавите не го окупираа целосно целиот екран на апликацијата. Со најновата верзија, објавена од Цукерберг, објавите се шират на врвот на екранот, како и на TikTok.
👀https://t.co/PE3oNberp4 pic.twitter.com/z6LWdMpcAE
— Instagram (@instagram) June 16, 2022
Новиот дизајн го менува и изгледот на кратенките за пристап до сандачето и создавање нови објави. Иако се работи за експеримент, новиот изглед е во согласност со целта на Мета да го направи Instagram платформа која е во конкуренција на TikTok.
На Instagram, компанијата се движи во насока на вметнување на повеќе Reel и препорачани содржини во доводот на корисникот, како и посветување поголемо внимание на видеото отколку на статичните слики.
„Фотографиите сè уште се важен дел од Инстаграм, а ние работиме на подобрување на начинот на кој тие се појавуваат во feed на цел екран“, рече Закерберг.
Извор: B92
Хороскоп
Хороскоп за четврток (19 декември)
ОВЕН
Доаѓа време во кое ќе успеете да остварите успех на работно поле. Конечно ќе бидете задоволни со својата работа. Едно лошо искуство од минатото ве прогонува и како да не можете да се оттргнете. Проверете ја својата диоптрија за секој случај.
БИК
Не сте задоволни со ситуацијата на работното место и се обидувате да најдете начин малку да ја поправите. Покажете и ги на саканата личност вашите искрени чувства. Важно е секогаш да бидете отворени со неа. Избегнувајте цигари.
БЛИЗНАЦИ
Ве очекува ден во кој ќе успеете да ги остварите своите деловни планови и цели. Ќе бидете задоволни со себе. Новото познанство во вас на некој начин буди и поттикнува прилично силни емоции. Психички сте преоптеретени.
ЛАВ
Обрнете внимание на новите информации кои пристигнуваат до вас. Време е сериозно да ги сфатите промените. Може да очекувате многу поволни околности на љубовно поле. Ќе бидете задоволни. Можни се проблеми со крвната слика.
ДЕВИЦА
Се чувствувате прилично загрижено. Можеби работите на деловно поле не одат онака како што сте сакале и планирале. Бидете искрени кон себе и потрудете се да ги прифатите сите емоции кои ги имате. Чувствителни синуси и склоност кон настинка.
ВАГА
Немате доволно доверба во своите соработници и ви се чини дека ви работат позади грб. Тешко ви е да остварите стабилност во односот со саканата личност. Карактерно сте многу различни. Можни се проблеми со алергии.
ШКОРПИЈА
Ова не е прмногу поволен ден за работа, па избегнувајте било какви ризици. Потрудете се да се бавите со рутинските и вообичаени обврски. Тешко ви е да ги прифатите мааните на вашиот партнер. Избегнувајте претерано напрегање.
СТРЕЛЕЦ
Може да очекувате среќни околности во кои ќе профитирате. Полето на заработка оди во позитивна насока. Тешко ви е да донесете одлука на љубовно поле. Саканата личност ви делува ладно. Чувствувате замор.
ЈАРЕЦ
Ќе бидете преоптеретени со обврските и нема да ви биде лесно да го издржите тоа напорно темпо. Можно е да имате криза со саканата личност и вашиот однос да оди во некоја погрешна насока. Не е поволен ден за вашето здравје.
ВОДОЛИЈА
Потрудете се да дадете сѐ од себе на деловно поле. Ќе успеете да ги реализирате своите планови ако бидете упорни. Саканата личност ги покажа своите најдлабоки емоции и потреби. Се чувствувате убаво кога сте заедно. Можни се респираторни инфекции.
РИБИ
На деловно поле може да дојде до некои препреки. Потрудете се да бидете подобро организирани. Имате чести расправи со личноста која ви се допаѓа. Може да очекувате некои компликации. Чувствителна бешика.
Магазин
Еве колку ќе чинат Redmi Note 14 телефоните во Европа
Магазин
Threads ја тестира функцијата за закажување објави
Мета ја тестира функцијата за закажување објави на социјалната мрежа Threads, која им овозможува на корисниците подобра контрола во планирањето на содржините. Адам Мосери, шеф на Инстаграм, ја потврди информацијата, додавајќи дека моментално опцијата не поддржува закажување одговори. Целта е да се најде рамнотежа помеѓу планирањето на содржините и поттикнувањето разговори во реално време, што е клучен аспект на платформата.
Како функционира опцијата?
Корисниците кои се дел од тестирањето ќе можат да ја најдат опцијата за закажување преку менито со три точки во уредувачот на објави. Закажаните објави ќе бидат сместени во папката „нацрти“, каде што можат да се уредуваат, бришат или да им се менува времето на објавување. Според Мосери, оваа функција е во развој веќе неколку месеци, а првичните извештаи од истражувачот на апликации Алесандро Палуци открија дека функцијата е во активна тест-фаза.
Threads како сериозен конкурент
Марк Цукерберг неодамна објави дека Threads достигна над 100 милиони активни корисници дневно и 300 милиони месечно, што ја прави платформата сериозен конкурент на пазарот на социјалните мрежи. Овие бројки го демонстрираат потенцијалот на Threads, а новите функции како закажување објави би можеле значително да го подобрат корисничкото искуство.
Нови функции во Instagram
Покрај ова, Instagram неодамна воведе и закажување на директни пораки, додека опцијата за закажување објави на главниот извор е достапна веќе подолго време.
Извор: Telegraf
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за четврток (19 декември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (18 декември)
-
Кичево2 дена
Соопштение од кичевската црква Св.Петар и Павле по повод благословување и осветување на славските колачи за големиот ден Св.Николај Мирликијски
-
Кичево22 часа
Дедо Мраз пристигна во Кичево, на голема радост на најмилите
-
Временска прогноза2 дена
Еве какво време не очекува викендот пред нас
-
Автомобили2 дена
По нивното автомобилско стратешко партнерство, дали производителите на автомобили „Honda“ и „Nissan“ ќе се спојат?
-
Култура20 часа
Пред нас е големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Социјални мрежи2 дена
Апликацијата „ТикТок“ за социјалните медиуми се соочува со проблеми, дали и предочи потенцијална забрана во САД?