Следете не

Социјални мрежи

„Инстаграм“ враќа опција која ја укина пред 6 години

Објавено пред

на

Инстаграм пред шест години одлучи да ја укине опцијата за хронолошки распоред на објавите на почетната страница. Неодамна беше најавено дека оваа опција ќе се врати, а сега е имплементирана.

Во 2016 година беше одлучено хронологијата на Инстаграм да замине во историјата и беше најавено дека објавите на почетната страница (т.н. фид) ќе бидат подредени според интересите на корисниците.

Првите реакции на корисниците не беа онакви какви што сакаа на Инстаграм. Луѓето се пожалија дека 70 отсто од нивните објави не се прикажани и дека често не гледаат што објавуваат нивните пријатели. Тие повикаа на враќање на стариот начин, а на лидерите на Инстаграм им требаа шест години да ги слушаат.

Опцијата за хронолошки распоред на објавите од вчера им е достапна на корисниците на Инстаграм ширум светот. Се разбира, има некои ажурирања што можеби ќе ви се допаднат. Можете да им дадете предност во објавите на луѓе чија содржина ве интересира повеќе, а исто така можете да составите листа на омилени, така што само нивните најнови објави ќе бидат прикажани на почетната страница.

Од Инстаграм порачаа дека на своите корисници секогаш сакаат да им овозможат најдобро можно искуство, и да им овозможат да гледаат што најмногу ги интересира.

Социјални мрежи

Внимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени

Објавено пред

на

ФОТО: Facebook/OrceSimov/Printscreen

Предмалку претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации г-дин Орце Симов на својата социјална мрежа предупреди дека се шири „спам“ порака преку апликацијата за комуникација „Viber“

– Ви стигнува порака на „Viber“ од корисник со име „Support“, во која е изнесено тврдење дека два уреди го користат вашиот број на „Viber“. За да бидете заштитени бараат да им го испратите верификациониот број кој ќе го добиете на СМС. Не правете го тоа. Доколку го направите тоа, некоја од вашите кориснички сметки на некој сервис (емаил, социјална мрежа) на Интернет ќе биде превземена од страна на тие злонамерни лица кои ја имаат испратено „Viber“ пораката – заврши г-дин Симов

И преку нашиот сервис, апелираме за поголемо внимание и доколку наидете на ваква или идентична „спам“ порака, не ја отворајте или направете „report“ до „Viber“, со цел да останат безбедни вашите приватни работи во вашиот мобилен уред.

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Shutter Speed

Мета потврди за Engadget дека десктоп апликациите на Messenger за macOS и Windows ќе бидат целосно исклучени на 15 декември. По тој датум, единствениот начин за пристап до разговорите преку компјутер ќе биде преку Facebook апликацијата за Windows или преку веб-страниците Facebook.com и Messenger.com.

Компанијата не даде конкретна причина за одлуката, но во својата страница за поддршка наведува дека корисниците ќе добијат известување пред исклучувањето, а по 15 декември пристапот до апликацијата ќе биде блокиран.

За да се заштитат разговорите, Мета препорачува активирање на безбедното складирање и додавање ПИН-код на сметката.

Како да го направите тоа:

Кликнете на иконата со запчаник над вашата профилна слика.

Изберете „Privacy & Safety“.

Кликнете на „End-to-end encrypted chats“.

Отворете „Message storage“ и проверете дали опцијата „Turn on secure storage“ е активна.

Messenger беше одвоен од главната Facebook апликација во 2014 година, а неколку години подоцна Мета се обиде да ги обедини Messenger и Instagram DM во единствена платформа. Сепак, таа идеја беше напуштена во 2023 година.

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

„WhatsApp“ воведува превод на пораки директно во апликацијата

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io

WhatsApp“ почна да воведува нова функција што им овозможува на корисниците да преведуваат пораки директно во разговорите, достапна за „Android“ и „iPhone“. Преводот се врши локално на уредот, што значи дека пораките остануваат енкриптирани и „WhatsApp“ нема пристап до нивната содржина.

Функцијата може да се користи во приватни разговори, групи и канали. За превод на пораката, корисникот треба само долго да ја притисне и да избере „Преведи“.

Покрај поединечните преводи, корисниците на „Android“ можат да активираат и автоматски превод за целиот разговор, па сите идни пораки ќе се прикажуваат на избраниот јазик веднаш.

Според официјален блог-пост на компанијата, целта на новата функција е да се олесни комуникацијата меѓу повеќе од три милијарди корисници во над 180 земји, без оглед на јазичните бариери.

Функцијата е веќе достапна на „Android“ и „iPhone“. На Android се поддржани шест јазици: англиски, шпански, хинди, португалски, руски и арапски. На „iPhone“, пак, корисниците можат да преведуваат на арапски, холандски, англиски, француски, германски, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, мандарински, полски, португалски, руски, шпански, тајландски, турски, украински и виетнамски.

Сè уште не е познато кога функцијата ќе стане достапна на „WhatsApp Web“ или на десктоп апликациите за „Windows“ и „Mac“, објави TechCrunch.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин3 часа

(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!

„Marbled In Stone“ вчера официјално го претстави третото и завршно продолжение од „Men Of Silver Soul“ истакнато како „Not Gonna...

Македонија4 часа

МВР: До 2030 преполовување на жртвите во сообраќајот, до 2050 – нула жртви

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на првата Национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, што...

Кичево5 часа

„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево

Како современа и професионална компанија која поставува сосема нов стандард во печатењето на фотографии, „Canvas Print Media“ го нуди најквалитетното...

Временска прогноза5 часа

Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3...

Македонија7 часа

ДЕМАНТ: Внимание за злоупотреба на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови

Бигорскиот манастир истакна соопштение и демант за злоупотребата на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови. Се чувствуваме...

Кичево8 часа

(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди

Вчера, со свечен настан исполнет со емоции и големна гордост, беше означен официјалниот старт на гламурозниот „Atva Residence Hotel &...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за вторник (2 декември)

ОВЕН Може да очекувате поддршка од соработниците кои се со вас. Деловното поле оди во позитивна насока. Ако сте слободни...

Кичево24 часа

КК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

КК „Баскет Кичево“ носи вистинска свежина во кошарката. Имено, по првично комплетирање на тимот, започнува со официјални тренинзни по термини,...

Македонија1 ден

ЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир

Јавното претпријатие за државни патишта успешно реализираше проект за санација на потпорниот ѕид и заштита на регионалниот пат Р1202 во...

Македонија1 ден

Повторно паѓа цената на дизелот, бензините остануваат со иста цена за источен литар на бензинските станици ширум Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле...

НАЈЧИТАНИ