Социјални мрежи
„Инстаграм“ за минатиот месец е водечка апликација по превземања на мобилните телефони, за септември на прво место беше „ChatGPT“
Мобилните апликации денес се неизбежен дел од нашата секојдневна рутина и заземаат голем дел од времето што го минуваме пред екран. Во продолжение ги издвојуваме најновите статистики за најпреземаните апликации во светски рамки, како и споредба по платформи и категории.
Инстаграм ја задржа водечката позиција како најпреземана апликација на глобално ниво во октомври 2025 година, достигнувајќи 52 милиони преземања. Истовремено, таа е и најпреземаната социјална апликација за истиот период.
Во септември 2025 година пак беше ChatGPT искачен на врвот како најпреземана апликација со 45 милиони преземања.
Најпопуларни апликации во светот за Октомври 2025
Инстаграм доминираше со вкупно 52 милиони превземања преку „Google Play“ и „iOS App Store“, позиционирајќи се како најбараната апликација во светот за октомври 2025, пренесува backlinko.com.
| 1. Instagram | 52 million |
| 2. TikTok | 42 million |
| 3. Facebook | 36 million |
| 4. WhatsApp | 36 million |
| 5. Temu | 36 million |
| 6. Threads | 33 million |
| 7. ChatGPT | 32 million |
| 8. Telegram | 24 million |
| 9. CapCut | 23 million |
| 10. Meesho | 21 million |
Наскоро финишираат и статистиките за најсметнувани мобилни апликации за цела година 2025.
Извор: backlinko.com
Социјални мрежи
Внимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
Предмалку претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации г-дин Орце Симов на својата социјална мрежа предупреди дека се шири „спам“ порака преку апликацијата за комуникација „Viber“
– Ви стигнува порака на „Viber“ од корисник со име „Support“, во која е изнесено тврдење дека два уреди го користат вашиот број на „Viber“. За да бидете заштитени бараат да им го испратите верификациониот број кој ќе го добиете на СМС. Не правете го тоа. Доколку го направите тоа, некоја од вашите кориснички сметки на некој сервис (емаил, социјална мрежа) на Интернет ќе биде превземена од страна на тие злонамерни лица кои ја имаат испратено „Viber“ пораката – заврши г-дин Симов
И преку нашиот сервис, апелираме за поголемо внимание и доколку наидете на ваква или идентична „спам“ порака, не ја отворајте или направете „report“ до „Viber“, со цел да останат безбедни вашите приватни работи во вашиот мобилен уред.
Социјални мрежи
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“
Мета потврди за Engadget дека десктоп апликациите на Messenger за macOS и Windows ќе бидат целосно исклучени на 15 декември. По тој датум, единствениот начин за пристап до разговорите преку компјутер ќе биде преку Facebook апликацијата за Windows или преку веб-страниците Facebook.com и Messenger.com.
Компанијата не даде конкретна причина за одлуката, но во својата страница за поддршка наведува дека корисниците ќе добијат известување пред исклучувањето, а по 15 декември пристапот до апликацијата ќе биде блокиран.
За да се заштитат разговорите, Мета препорачува активирање на безбедното складирање и додавање ПИН-код на сметката.
Како да го направите тоа:
Кликнете на иконата со запчаник над вашата профилна слика.
Изберете „Privacy & Safety“.
Кликнете на „End-to-end encrypted chats“.
Отворете „Message storage“ и проверете дали опцијата „Turn on secure storage“ е активна.
Messenger беше одвоен од главната Facebook апликација во 2014 година, а неколку години подоцна Мета се обиде да ги обедини Messenger и Instagram DM во единствена платформа. Сепак, таа идеја беше напуштена во 2023 година.
Извор: b92.net
Социјални мрежи
„WhatsApp“ воведува превод на пораки директно во апликацијата
„WhatsApp“ почна да воведува нова функција што им овозможува на корисниците да преведуваат пораки директно во разговорите, достапна за „Android“ и „iPhone“. Преводот се врши локално на уредот, што значи дека пораките остануваат енкриптирани и „WhatsApp“ нема пристап до нивната содржина.
Функцијата може да се користи во приватни разговори, групи и канали. За превод на пораката, корисникот треба само долго да ја притисне и да избере „Преведи“.
Покрај поединечните преводи, корисниците на „Android“ можат да активираат и автоматски превод за целиот разговор, па сите идни пораки ќе се прикажуваат на избраниот јазик веднаш.
Според официјален блог-пост на компанијата, целта на новата функција е да се олесни комуникацијата меѓу повеќе од три милијарди корисници во над 180 земји, без оглед на јазичните бариери.
Функцијата е веќе достапна на „Android“ и „iPhone“. На Android се поддржани шест јазици: англиски, шпански, хинди, португалски, руски и арапски. На „iPhone“, пак, корисниците можат да преведуваат на арапски, холандски, англиски, француски, германски, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, мандарински, полски, португалски, руски, шпански, тајландски, турски, украински и виетнамски.
Сè уште не е познато кога функцијата ќе стане достапна на „WhatsApp Web“ или на десктоп апликациите за „Windows“ и „Mac“, објави TechCrunch.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за петок (12 декември)
-
Кичево2 часаФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Временска прогноза1 денСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Македонија1 денПриведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
-
Магазин1 денГрешка што многумина ја прават: Лошите навики при полнење ја уништуваат батеријата на телефонот
-
Lifestyle1 денБез оцет, без сода бикарбона: Оваа евтина состојка навистина го отпушува мијалникот
-
Автомобили1 денКако безбедно да возите во магла: Најважните правила и грешки што мора да ги избегнувате
