Магазин
iOS 15.5 Beta 3 достапна за програмерите
Apple им даде пристап до најновата верзија на својот оперативен систем iOS 15.5 Beta 3 на одредени програмери и се зборува за тоа како ова би можело да биде последната голема надградба за актуелната верзија на оперативниот систем iOS. Според информациите достапни во моментов, Apple ќе продолжи да се фокусира на разбојот и имплементацијата на iOS 16, па затоа е интересно да се види што носи оваа верзија за iOS 15.
- Автентикација: Корисниците сега ќе можат да се логираат на оние сајтови и апликации кои се компатибилни со технологијата за лозинка на сите Mac и iPad уреди со кодот за лозинка зачуван на нивниот мобилен телефон iPhone.
- Контролери: Apple донесе поддршка за DualSense adaptive triger преку надградбата на фирмверот GCDualSenseAdaptiveTrigger.
- HealthKit: Корисниците лоцирани во земјите на Европската Унија ќе можат да го додадат својот статус на вакцинација во форма на дигитален зелен сертификат во апликацијата Wallet and Health.
- Текстуални пораки: ова е за надминување на тековните проблеми како што е неможноста на корисниците да видат транскрипт од нивниот разговор по прегледувањето на сликите со помош на функционалноста QuickLook.
- SOS повик: Во овој момент, услугата за повици SOS е оневозможена со притискање на едно од петте копчиња за сите корисници надвор од Индија да работат на решавање на проблемот со ненамерен итен повик.
- SharePlay: Новиот GroupActivities API им овозможува на корисниците да започнат нова SharePlax сесија во рамките на нивната апликација.
iOS 15.4 Beta 3 changes 🧵: This update mostly contains small text changes. Apple changed “people who are using an Apple device” to “contacts who are using iMessage”. Minor change or could it be related to recent EU regulation? iMessage coming to Android? pic.twitter.com/xoKqT8UaUv
— Steve Moser (@SteveMoser) April 26, 2022
Што се однесува до другите надградби на овој оперативен систем, тие се главно ирелевантни за корисниците и се фокусираат на програмерите. Сепак, вреди да се забележи отсуството на некои навистина големи подобрувања што ги видовме внатре во Beta 2 и Beta 1 верзијата за iOS 15.5, пишува XDA-Developers. На пример, iOS 15.5 Beta 2 донесе копче во апликацијата за временска прогноза што им овозможува на корисниците да пријават проблем доколку податоците за нивната локација се неточни. Понатаму, iOS 15.5 Beta 1 донесе две нови копчиња во апликацијата Wallet кои им овозможуваат на корисниците брзо да бараат или испраќаат одредени суми пари на други корисници. Досега вакви значителни подобрувања не се забележани, а се уште не се знае дали ќе има.
/benchmark.rs/
Магазин
(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
„Marbled In Stone“ вчера официјално ја претстави третото и завршно продолжение од „Men Of Silver Soul“ истакнато како „Not Gonna Run Away“, проследена со моќен видео спот кој го доловува духот, енергијата и визијата на овој склоп. Ова е уште едно автентично музичко патување кое ја истакнува нивната уникатна естетика и посветеност на современиот алтернативен звук.
Во спотот се појавуваат голем број учесници главно од Кичево, додека еден од главните ликови во видео записот е нашиот пријател Влатко „Перо“ Трајкоски, кој со својата енергија и уникатност му даде посебен печат на ова музичко исполнување, кој лично веруваме дека треба да биде истакнато и во светски рамки како целина.
Дополнително учествуваа:
Матко Петровиќ, Влатко Перо Трајкоски, Урим Саити, Марјан Ризов, Кристијан Велјаноски, Слободан Магденоски, Бојан Дамјаноски, Бојан Велјаноски, Џеки Сулејмани, Дарко Богески, Драган Горѓиоски, Флори Саити, Даниел Димоски, Марија Лена Адамс, Јана Матеска, Ива Стојаноска, Ангела Цветаноска, Евгенија Врзовска, Слаѓана Трајковска, Кристина Биткоска, Ивица Велјаноски, Блериан Арслани – Буби, Зана Саити
Уживајте во нешто наше, кичевско:
Хороскоп
Хороскоп за вторник (2 декември)
ОВЕН
Може да очекувате поддршка од соработниците кои се со вас. Деловното поле оди во позитивна насока. Ако сте слободни денот е многу поволен за нови љубовни познанства. Внесувајте повеќе течности.
БИК
Подготвени сте да работите прекувремено и да се докажете уште повеќе за еден ден да остварите напредок. Ако ви се допаѓа личност која ја познавате преку работата може да дојде до компликации. Водете сметка за имунитетот.
БЛИЗНАЦИ
Не дозволувајте било кој да влијае врз вашите одлуки кои треба да ги донесете сами. Можеби посакувате нова љубов и потребно ви е повторно да се чувствувате сакани за да живнете. Внимавајте на грлото.
РАК
Не е премногу поволен ден и не сте подготвени да повлечете некои потези кои ви делуваат неизбежни. Може да очекувате добар однос со партнерот. Имате чувство дека совршено се сложувате. Ве мачи вртоглавица.
ЛАВ
Поволен ден за занимавање со приватен бизнис. Доколку планирате некои нови вложувања, ќе ви се исплатат. Може да очекувате интересен развој на случувањата со саканата личност. Вашиот однос се менува. Слаба циркулација во пределот на нозете.
ДЕВИЦА
Нови случувања на деловно поле може да ве насочат кон позитивен правец. Ве очекува шанса да напредувате. Ве очекува интересно познанство преку пријатели или на некое јавно место. Здравјето е сосема добро.
ВАГА
Потрудете се озбилно да се посветите на своите обврски за да избегнете критики од надредените и несогласувања со нив. Покрај саканата личност чувствувате тензија и некоја несигурност во вашиот однос. Можни се проблеми со бубрезите.
ШКОРПИЈА
Решивте да се посветите на својата работа и да решите важни работи на кои чекавте долго време. Пријателството со личноста која ви се допаѓа можеби сѐ уште не преминало во врска. Но, работите на тоа работите да се променат. Проблеми со стомакот.
СТРЕЛЕЦ
Доколку бидете напнати, може лесно да создадете нови несогласувања и отежнување на комуникацијата со соработниците. Спонтано ќе успеете да остварите ново познанство со личност која во вас буди емоции. Пад на имунитетот.
ЈАРЕЦ
Нови информации доаѓаат до вас и подготвени сте во практична смисла да се посветите на своите обврски. Можеби ви се допаѓа личност која не ја познавате доволно добро. Избегнувајте алкохол.
ВОДОЛИЈА
За вас овој ден е поволен и може да очекувате позитивни пресврти и решавање на проблеми. Доаѓате до интересно познанство кое многу наскоро може да доведе до нова врска. Полни сте со енергија!
РИБИ
До крајот на денот ќе имате пресврти кои не ги очекувате но, на крај сѐ ќе заврши како што треба. Ви се враќа љубовта од минатото иако можеби не сте подготвени за тоа. Можна е несоница.
Магазин
Понекогаш е наједноставното најдобро: Печени компири со ореви и кромид
Овој рустикален рецепт комбинира три совршени текстури: крцкава печена кора, нежна внатрешност и ароматични крцкави ореви. Кромидот или празот додаваат солена, карактеристична арома, а оревите внесуваат јаткаст контраст. Резултатот е едноставно јадење што може да биде и прилог и лесен главен оброк.
Состојки (за 3–4 лица):
-
1,2–1,5 кг компири (средни или поголеми)
-
1 кромид или 2–3 стебленца праз
-
80–100 г сецкани ореви (грубо)
-
Маслиново масло
-
Сол и бибер
-
По желба: свеж магдонос, рузмарин или мајчина душица
Начин на подготовка:
-
Загрејте ја рерната на 200°C. Измијте ги компирите и пресечете ги на половина по должина. Ако се поголеми, исечете ги на четвртини.
-
Во голем сад измешајте: компири, маслиново масло, сецкан кромид или праз, ореви, сол, бибер и билки ако ги користите. Измешајте добро за сè да се премачка рамномерно.
-
Распоредете ги компирите на плех обложен со хартија за печење или лесно намастен. Печете 35–40 минути додека не добијат златно-кафеава боја, а оревите станат крцкави. На половина време промешајте за рамномерно печење.
-
По желба, додадете свеж магдонос или мајчина душица. Послужете ги топли — одлични се со печено месо, свежа салата или како самостоен топол прилог.
Извор: 021
-
Кичево1 денПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп2 денаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Кичево5 часа(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Хороскоп16 часаХороскоп за вторник (2 декември)
-
Здравје и убавина2 денаШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
-
Кичево20 часаКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Здравје и убавина2 денаПробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
-
Македонија22 часаЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир
