Магазин
iPhone генерира речиси половина од глобалните приходи од мобилни телефони – Објавена листа на водечките брендови

Apple iPhone продолжува да доминира во премиум сегментот, додека Samsung останува лидер според бројот на испорачани уреди.
Иако Apple бележи пад на продажбата на iPhone, тој останува апсолутен лидер во високата класа, генерирајќи речиси половина од вкупниот приход на глобалниот пазар на мобилни телефони во 2024 година, според извештајот на Counterpoint Research.
Според оваа аналитичка компанија, Apple држи 46% од глобалните приходи, далеку пред второпласираниот Samsung со 15%. На третото и четвртото место се OPPO и Xiaomi со по 6%, додека Vivo е на петтото место со 5%.
Најголем приход ≠ најмногу продадени телефони
Во однос на бројот на испорачани уреди, пазарната слика изгледа поинаку:
- Samsung е прв со 19% од глобалниот пазар
- Apple е веднаш зад него со 18%
- Xiaomi држи 14%
- OPPO и Vivo имаат по 8%
Рекордни цени и доминација на Apple
Глобалната продажба на мобилни телефони во 2024 година бележи раст од 4%, а вкупните приходи се зголемија за 5%. Просечната продажна цена на мобилен телефон достигна 356 американски долари – највисока досега.
Apple е клучен двигател на овој тренд, бидејќи просечната цена на iPhone е 903 долари, значително повисока од конкуренцијата.
Во Android сегментот, само Samsung успеа да ја зголеми просечната цена на своите уреди, достигнувајќи 299 долари во 2024 година. Останатите водечки Android производители – Xiaomi, OPPO и Vivo – задржаа пониски просечни цени од 279 долари.
Растот на Apple во премиум сегментот и нови пазари
Според Џеф Филдхак, директор за истражување во Counterpoint Research, Apple го надомести падот од 3% во испораките со зголемување на цените. Клучниот фактор за успехот е зголемената продажба на Pro моделите и проширувањето на пазарите, особено во Латинска Америка.
Од друга страна, Samsung се соочува со слични предизвици, но серијата Galaxy S24 постигна одлични резултати, особено во премиум AI сегментот. Ова му помогна на Samsung да ја задржи водечката позиција во бројот на продадени уреди, иако динамиката на пазарот се менува.
Извор: Benchmark
Хороскоп
Хороскоп за петок (18 април)

ОВЕН
Ги решавате проблемите кои настанале поради туѓа вина и не ви е драго поради тоа. Можеби имате додворувач кој е многу упорен, но неговиот пристап не ви се допаѓа воопшто. Би ви одговарала медитација.
БИК
Може да очекувате дека во текот на денешниот ден ќе отварите позитивни решенија на деловно поле. Пред вас се убави промени на ова поле. Со саканата личност се сложувате солидно. Одлично се чувствувате во своја кожа.
БЛИЗНАЦИ
Исклучително поволен ден за промени на работно поле. Може да очекувате нови активности. Имате многу добар однос со саканата личност која ви покажува дека има искрени емоции кон вас. Немате проблеми со здравјето.
РАК
Доколку планирате деловно патување, ќе ви се исплати. Може да очекувате започнување на нови соработки. Ве очекува интересен однос со личноста со која флертувате веќе некое време. Полни сте со енергија.
ЛАВ
Доаѓате до подобрување кога станува збор за финансиите. Задоволни сте од околностите на деловно поле. Добивате внимание од личност која ви се допаѓа и се надевате дека наскоро ќе започнете врска. Здравјето е во ред.
ДЕВИЦА
Имате можност да покажете колку сте посветени на работата и колку ви е важно да напредувате. Се препуштате на своите емоции и уживате во убавите моменти со саканата личност. Потребен ви е одмор.
ВАГА
Ќе бидете сосема растеретени денес. Може да очекувате дека ќе успеете да се одморите од работата. Можеби односот со партнерот не е најдобар и се чувствувате виновни поради тоа. Пијте повеќе вода.
ШКОРПИЈА
Решивте да работите во тајност и некои важни информации да ги скриете од другите. Можеби односот со саканата личност доаѓа во фаза на заладување, а тоа не ви се допаѓа. Потребен ви е одмор.
СТРЕЛЕЦ
Можеби не сте добро организирани и тешко ви е да ги остварите сите обврски кои ги имате во еден ден. Партнерот нема доволно доверба во вас, кавгите стануваат преголем терет. Алергиски реакции.
ЈАРЕЦ
Ако сакате другите да ве почитуваат, покажете и вие почит кон нив. Важно е да бидете отворени кон нови можности. Не ви одговара љубомората и посесивноста која ја покажува вашиот партнер. Внимавајте на исхраната.
ВОДОЛИЈА
Пропуштате нови можности и ве прати лоша среќа. Ни сами не знаете зошто е тоа така. Иако многу грешевте во минатото, саканата личност и понатаму е со вас. Вашиот однос е сѐ подобар. Водете сметка за синусите.
РИБИ
Имате многу големи планови за нови вложувања, а ни самите не сте сигурни дали ќе ги остварите. Партнерот ве сака, но има преголема потреба за контрола, а тоа не ви се допаѓа. Внимавајте на тироидната жлезда.
Хороскоп
Хороскоп за четврток (17 април)

ОВЕН
Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до основите и да ги поедноставите работите. Не ја истегнувајте вистината и не давајте половични информации за другите, бидејќи до вечер се може да тргне наопаку. Во љубовта внимавајте бидејќи другата страна нема да биде искрена кога се во прашање емоциите и очекувањата.
БИК
Погледнете ги подетално инвестициите што ве интересираат или за кои некој постојано ви кажува. Денот е идеален за преместување, одлуки за купување недвижен имот или возила и воопшто работи поврзани со недвижен имот. Нема сомнение дека парите одат за вас, но најважно е да одредите буџет сега и да бидете свесни за сите идни трошоци.
БЛИЗНАЦИ
Сигурно имате се под контрола, затоа престанете да се сомневате во себе и не плашете се да направите нови потези. Ве очекува успех во се што е поврзано со планирање патувања, дружење и активности со семејството. Пријателите ќе бидат на ваша страна, а добрата атмосфера ќе преовладува на работа. Оставете доволно време за романтика.
РАК
Ако долго време се чувствувате уморно без посебна причина или сте под премногу стрес, размислете дали сте задоволни од вашата моментална деловна позиција и насоката во која одите. Проверете ги другите опции затоа што ќе се изненадите кога ќе сфатите колку нови можности имате околу вас. Љубовните промени сигурно ќе ви донесат среќа.
ЛАВ
Оние од вас кои се слободни, најверојатно денес ќе влезат во нова врска што ќе им помогне да создадат подобра иднина за себе. Во принцип, денот е поволен за секое партнерство, затоа посветете се на она што може да ви помогне да реализирате стара деловна идеја. Разговарајте со пријателите и семејството, ќе дојдете до нова реализација.
ДЕВИЦА
Пред да отворите тема, размислете што и на кого ќе кажете. Многу е важно да внимавате како се претставувате денес затоа што личност која има моќ ќе го следи секој ваш чекор. Beе бидете успешни во јавните настапи, но претерувањето ќе ве доведе до ветувања што не можете да ги исполните. Бидете реални, ажурирани и умерени во се.
ВАГА
Емоцијата ќе биде вашиот најголем непријател денес. Смирете се и не дозволувајте љубомората да ве натера да направите чекори или зборови за кои подоцна ќе зажалите. Ако сте премногу зафатени со работа, искористете го попладнето за да излезете со пријателите и да се забавувате. Фокусирајте се на колегите кои ви се драги и старите хоби што сте ги занемариле.
ШКОРПИЈА
Од вас ќе биде побарано да простите или заборавите некои работи. Денес, повеќето луѓе ќе ја вратат личноста од минатото, и ако не вложите доволно напор во врската, засекогаш ќе ја изгубите врската и шансата. Не бидете ексклузивни или селективно избирајте теми што ви одговараат. Напредок е возможен само ако целосно го прифатите минатото.
СТРЕЛЕЦ
Споделете ги вашите мисли и идеи со луѓе кои се постојано активни и желни за нови искуства, бидејќи на тој начин ќе научите нови работи и ќе разберете што треба да промените за да бидете подобра личност. Искуството денес ќе биде клучот за успехот, преземајте ризици и не двоумете се – фалете се или истакнете ги минатите достигнувања.
ЈАРЕЦ
Преспијте ги сите одлуки. Освен што денес нема да размислувате објективно, повеќето работи ќе бидат скриени или ќе се случуваат далеку од вашите очи. Ако се потпирате на увидите на блиска личност, имајте на ум дека секој различно ги перцепира работите. Си должите одмор и релаксација, слободно инвестирајте пари во вашите желби.
ВОДОЛИЈА
Оние од вас кои се на старото место сигурно ќе имаат желба да контактираат со лицето што се сеќава овде и таму. Слободно контактирајте, другата страна ќе биде среќна, но имајте ја предвид вашата моментална ситуација и не вршете притисок врз себе. Посветете се на се што ве интересира и не се замарајте со туѓите коментари.
РИБИ
Внимавајте како ги критикувате другите или барате да ги прават работите поинаку. Лесно ќе ги навредите другите со вашите коментари или ќе завршите на мрежа од лаги. Бидете искрени со сите, и ако некој не ви одговара, отстапете и свртете се кон позитивни работи. Размислете повторно што е најважно за вас.
Магазин
Спасен, Мето и Престиж Бенд концертот во Сиднеј ќе го донираат за настраданите во Кочани

Македонскиот најпопуларен пејач Спасен Сиљаноски кој со својот бенд Престиж и пејачот Методија Столески се на турнеа во Австралија истакнаа посебна вест во пресрет на нивниот концерт во Сиднеј.
Имено како што истакна Сиљаноски на својот фејсбук профил, собраните средства од концертот закажан до последно место за оваа Велигденска сабота ќе бидат донирани за семејствата од настраданите во страшната несреќа во кочанската дискотека.
Почит и респект за естрадните уметници, организацијата и сите чинители, пример кој сите треба да го следат.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (17 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (16 април)
-
Магазин2 дена
Спасен, Мето и Престиж Бенд концертот во Сиднеј ќе го донираат за настраданите во Кочани
-
Кичево10 часа
Св.Петар и Павле – Кичево, распоред на богослужби за Страсната и Светлата седмица (Велигден)
-
Временска прогноза2 дена
Времето за најголемиот христијански празник „Велигден“ ќе биде стабилно и сончево
-
Македонија1 ден
Штипјанец се здоби со тешки телесни повреди, во него удрило пмв „форд фиеста“ управувано од виничанец
-
Хроника9 часа
Уште еден пациент на 24 години подлегна на повредите од кочанската катастрофа
-
Македонија2 дена
МВР: Лишен од слобода косовски државјанин поради давање поткуп