Кичево
На градскиот плоштад во Кичево во среда преку „IQUP“ и „Intellect Education“, ќе се реализира отворен ден – „Отклучете го вашиот потенцијал“ на најинтересни експерименти, роботика и стем едукација

Бидете дел од незаборавната манифестација оваа среда со почеток од 17:30ч на градскиот плоштад во Кичево. Придружете му се на Јети каде ќе го открие својот магичен свет пред вас! Бидете дел од извонредниот ден на чудата на Јети, исполнети со смеа, радост, забава🎉
🤖⚙ Ќе имате можност да се запознаете со најновите технолошки и научни чуда, да ги испробате најинтересните ЕКСПЕРИМЕНТИ, да го истражите светот на РОБОТИКАТА, ИНЖЕНЕРАТВОТО – СТЕМ едукација⚙🤖
👉Независно од вашите интереси и вештини, нашиот настан е дизајниран да ви помогне да ги истражите и развиете.💯
👉Очекувајте интерактивни демонстрации, информативни сесии и можност за разговор со нашите квалификувани едукатори и стручен тим. Да се запознаете со нашите програми, ресурси и можности што ги нудиме за квалитетно образование и развој на децата и возрасните.
Сакате ли да го откриете вашиот вистински потенцијал?💡Придружете ни се на нашиот специјален настан, “ОТКЛУЧЕТЕ ГО ВАШИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ”, што ќе се одржува во Кичево,
✅Придружете ни се и бидете дел од ова научно патување полно со возбуда, смеа и учење! 🚀😄 Ви обезбедуваме уникатно искуство кое ќе ве исполни со радост, креативност и среќа! 🌈💫
Не пропуштајте ја можност да се приклучите во заедницата на Јети и да ги откриете сите чуда што таа ги нуди. Дојдете, вклучете ги дечињата во бесплатна работилница и откриете ги нивните потенцијали.💡
Место: Градски плоштад – Кичево | Среда 04.09
Време: 17:30ч – до 19:30ч.
Бесплатно учество
„Отклучете го вашиот потенцијал“ – Ден на отворените врати,
INTELLECT EDUCATION!
IQUP! – Кичево
Биди дел!
Кичево
Св.Петар и Павле – Кичево, распоред на богослужби за Страсната и Светлата седмица (Велигден)

Распоред на богослужбите за време на Страсната и Светлата седмица (Велигден) во кичевската црква Св.Апостоли Петар и Павле
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Дечињата од Кичево за радоста од Лазаревото Воскресение

Радоста од Лазаревото Воскресение во Кичево, предвесник и предвкус на најголемата радост на Христовото Воскресение преку прекрасните фотографии низ објективот на нашиот соработник Јове Ангелески
Кичево
Кичевчани во сабота со протест ќе бараат решение за дивата депонија зад кичевски „Комуналец“ која шири смрдеа повеќе од 3 години

Група граѓани од Кичево на социјалните мрежи повикаа на мирен протест поради дивата депонија настаната зад кичевското ЈП „Комуналец“ (стариот објект на Магистралниот пат).
Како што ја известија јавноста преку нивната социјална мрежа на фејсбук која собра рекордни 600 следбеници за нешто помалце од 24 часа – протестот нема никаква политичка поврзаност и се оградува од секакво политичко поврзување, истиот е исклучиво со цел граѓаните да добијат она што заслужуваат, здрава животна средина која е гарантирана со закон.
Во своето интегрално соопшетение исто така наведуваат дека доколку надлежните не пристапат кон решавање на проблемот, протестите ќе бидат честа појава, со цел свртување внимание за она што треба.
Протестот според исказот во јавноста групата граѓани ќе го одржат во сабота на 12.04.2025 г. со почеток од 13:00ч со збирно место во непосредна близина, односно кај новата зграда на Општина Кичево, влез/рампа пред самото паркинг место.
– Инаку да потсетиме пред 8 месеци во дивата депонија избувна пожар кој целосно го пеплоса локалитетот каде што беше одлаган сметот, исфрлајќи токсичен чад кој се распространи над половина град, додека припадниците на ТППЕ Кичево, завршија во Општата Болница во Кичево вдишувајќи чад, санирајќи ги пламените јазици (линк до известувањето ТУКА)
– Во прилогот од ИРЛ известија дека Државниот инспекторат за животна средина му даде рок до крајот на месец февруари 2024-та година на ЈП „Комуналец“ Кичево да ја исчисти локацијата, која без никаква институционална одлука стана диво одлагалиште на отпад, но се чини година и два месеци нема ништо од тоа.
Известуваа и колегите од ТВ21 уште во 2022-та година на 28 август, но се чини и тоа беше без успех.
Да се надеваме дека конечно ќе се изнајде решение и веќе „привремената“ дива депонија кои некои ја бележат дека е повеќе од 5 години која и градоначалникот ја призна за „нелегална“ во свое интервју за ИРЛ – ќе стане конечно минато. #ЕденВоздух #СитеСмеЗасегнати
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за четврток (17 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (16 април)
-
Магазин1 ден
Спасен, Мето и Престиж Бенд концертот во Сиднеј ќе го донираат за настраданите во Кочани
-
Временска прогноза2 дена
Времето за најголемиот христијански празник „Велигден“ ќе биде стабилно и сончево
-
Македонија1 ден
Штипјанец се здоби со тешки телесни повреди, во него удрило пмв „форд фиеста“ управувано од виничанец
-
Кичево5 часа
Св.Петар и Павле – Кичево, распоред на богослужби за Страсната и Светлата седмица (Велигден)
-
Македонија1 ден
МВР: Лишен од слобода косовски државјанин поради давање поткуп
-
Хроника4 часа
Уште еден пациент на 24 години подлегна на повредите од кочанската катастрофа