Македонија
Исклучен од сообраќај тетовчанец, управувал автомобил под дејство на алкохол

На 24.07.2025 во 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Д.Б. (42) од Тетово.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Б, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,94% промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик –„безбsирно управување со моторно возило“, информираше МВР.
Македонија
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59) од Крива Паланка, затоа што на магистралниот пат село Жидилово – Крива Паланка на патничко моторно возило „фиат панда“ врзал куче и го влечел.
По целосно документирање на случајот, против З.М. поднесена е соодветна пријава, информира МВР.
Македонија
Регионалнот пат Македонски Брод – Скопје утрово затворен за сообраќај поради настанатата ситуација со пожарите во НП „Јасен“

ЦУК утрово известува дека поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Македонија
Возач во Македонска Каменица, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил малолетничка и го напуштил местото

Денеска (13.08.2025) во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода Г.А.(51) од Македонска Каменица. Тој се сомничи дека околу 23.00 часот на 12.08.2025 со патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото. Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување помош.
По преземени мерки Г.А. бил пронајден, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта и бил лишен од слобода.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (13 август)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за четврток (14 август)
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата
-
Македонија1 ден
Возач во Македонска Каменица, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил малолетничка и го напуштил местото
-
Спорт1 ден
Македонската фудбалска репрезентација во Чешка ќе одигра контролен меч против Саудиска Арабија во рамки на ФИФА терминот
-
Технологија1 ден
„Google“ објави нови месечни ажурирања за својот систем за „Android“ уреди, еве што е ново
-
Временска прогноза12 часа
Сончево и топло, локално можна дестабилизација на времето проследена со краткотраен пороен дожд
-
На денешен ден13 часа
Времеплов: На денешен ден: 14 август