Следете не

Култура

Историската документација од основачот на КУД – кичевчанецот Љубо Стефанов трајно ќе се чува во Охридскиот Архив

Објавено пред

на

Документацијата создадена од познатиот општествен творец кичевчанецот Љубо Стефанов Богески ќе се чува во охридскиот Архив, кој воедно е и надлежен за нашиот регион.

Имено директорот на охридскиот Архив Доц. Др. Никола Митровиќ вели дека после неколку месечни индиции и истражувања охридскиот Архив конечно ја откри документацијата од познатиот кичевски општественик Љубо Стефанов – Богески, познат писател, режисер, основач на КУД во градот Кичево, сликар, уметник.

Охридскиот Архив преку нашиот медиум во оваа прилика им се заблагодарува на директорот на Центар за култура Кичево г-дин Мазлам Османи како и на г-дин Раде Милошоски без чија помош и асистенција не би биле пронајдени овие значајни документи од историска важност.

Пишаните песни фотографии, веќе се поставени во депото на Охридскиот Архив се со цел нивно понатамошно сведоштво за идните поколенија.

И како што напишал самиот Љубо Стефанов – Богески:

Би сакал мојата документација да ја оставам во спомен ЗА ДА НЕ БИДАМ ЗАБОРАВЕН !

Извор: Охридски Архив

Култура

Денес се слави „Ѓурѓовден“, главен обичај за овој ден е плетење венец од билки, ова се останатите народни и традиционални верувања

Објавено пред

на

Православните верници денес го прославаат светецот Георгиј Победоносец, познат како „Ѓурѓовден“, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување. Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.

Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река.

– Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.

Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.

Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.

– Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.

Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.

Прочитај повеќе...

Култура

122 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Објавено пред

на

На денешен ден, 4 мај, се одбележува 122 години од смртта на Гоце Делчев, македонски револуционер и еден од најзначајните лидери на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Тој беше убиен на 4 мај 1903 година во близина на селото Баница.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш (денес Килкис, Грција). Неговото име и дело се дел од македонскиот национален идентитет и се почитуваат низ целата земја.

Денес после 122 години Гоце Делчев останува симбол на борбата за слобода, правдина и еднаквост, а неговото наследство продолжува да инспирира генерации.

Неговите останки се сместени во црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде редовно се одржуваат церемонии положувајќи цвеќе во знак на почит за еден од најголемите револуционери.

Прочитај повеќе...

Култура

Во среда на 7-ми мај традиционално и оваа година во Струга ќе се одржи Еордија (литија) со чесните мошти на Великомаченикот и на неговата чудотворна икона

Објавено пред

на

ФОТО: ©bigorski.org.mk

На 7 мај (среда) во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот, ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, на која се очекува да претстои Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан. По завршувањето на Вечерната и на ктоторската панихида следи свечената Еордија (литија) со чесните мошти на Великомаченикот и на неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да заопочне Вечерната богослужба, сѐ до започнувањето на Еордијата. Оваа година, на литијата ќе биде изнесена и чесната икона на Мајката Божја „Гликофилуса“ (Слаткољубива или Умиление).

На Еордијата ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на Св. Вмч. Георгиј како покровител на полициските и безбедносните сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста. Помеѓу возилото и Еордијата, ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, којашто е изработена од автентични материјали и е верна изобразба на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древен Рим. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.

Традиционално, пред почетокот на Еордијата (Литија), во храмот на Св. Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот исто така ќе биде отслужена ктиторска вечерна богослужба.

На самиот крај на Струшката Еордија во дворот на струшкиот храм „Св. Георгиј Победоносец“, ќе следи културно-уметнички настан, кој ќе биде изведен од страна на чуварите на нашата богата фолклорна традиција: „Ансамбл Македонија“.

Од надлежните служби: Во оваа прилика ги потсетуваме сите пилоти на беспилотни летала: Посебно да се внимава на последната регулатива изгласана со закон за пилоти на беспилотни летала (дронови), да се придржуваат кон правилата и законските регулативи (Правилник за воздухоплови без екипаж) за надлетување во отворен простор. Пилотите треба да поседуваат валидна лиценца и летовите да бидат најавени во согласност со правилникот, односно одобрени од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Во спротивно надлежните служби ќе вршат санкции според закон.

Вака беше лани:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија5 часа

На ГП Блато албански државјанин ставил пари во патни исправи, бил лишен од слобода

На 08.05.2025 во 09.15 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор...

Кичево20 часа

Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар

Доцна вечерва пожар избувнал во семеен стан во блокот на Ламелите во Кичево. Подетални официјални информации за материјална штета и...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за четврток (8 мај)

Овен Ќе се однесувате непромислено. Можно е да ги пропуштите предизвиците. Додека во прашањето поврзано со работата воглавно ќе бидете...

Спорт1 ден

ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во...

Македонија1 ден

(ФОТО) СВР Охрид одржа свеченост по повод 7-ми мај „Денот на Полицијата“

Денеска во СВР Охрид, се одржа свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција. Во името на началникот...

Гејминг1 ден

(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“

Минатиот петок, Rockstar Games го одложи објавувањето на GTA VI, кое првично беше планирано за есен 2025 година, за 26...

Македонија1 ден

Малолетник од Блаце украл мотор, па експресно бил пронајден од Полицијата

На 07.05.2025 во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 – годишник од с.Блаце, скопско, затоа...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (7 мај)

ОВЕН Погледот кон вашиот паричник може да му донесе мрачно расположение на Овенот. Имавте планина од сметки да платите, а...

Спорт2 дена

ФФМ огорчени од фудбалските сцени на мечот од ВМФЛ помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од...

Македонија2 дена

Прилеп: Седумгодишно дете случајно стартувало автомобил и ја повредил сестричката

На 05.05.2025 во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив...

НАЈЧИТАНИ