Здравје и убавина
Истражување: Мерковиот антиканцер лек може да делува на ХИВ инфекцијата
Истражувачите кои го проучуваат лекот против канцер Keytrud на Merck & Co Inc за пациенти со ХИВ, кои исто така имаат рак, велат дека имунотерапијата може да помогне да се исфрли вирусот од човечките имунолошки клетки, нудејќи интригантна област на истражување за лекување на хронични ХИВ инфекции.
Антиретровирусниот третман сега им овозможува на многу пациенти инфицирани со ХИВ да водат нормален живот, но лековите не го отстрануваат целосно вирусот од телото.
Преостанатите резервоари на вирусот значат дека пациентите никогаш не се целосно излечени од инфекцијата.
Keytruda, исто така познат како пембролизумаб, е моноклонално антитело дизајнирано да му помогне на имунолошкиот систем да се одбрани од рак со блокирање на протеинот познат како рецептор за програмирана смрт (PD-1) што туморите го користат за да ги избегнат клетките кои се борат со болести.
Таквите лекови делуваат така што ги деблокираат молекуларните сопирачки што туморите ги користат за да го избегнат имунолошкиот систем на телото, дозволувајќи им на имуните клетки да ги препознаат и напаѓаат клетките на ракот на ист начин како што се борат против инфекции предизвикани од бактерии или вируси.
Меѓународното истражување открило докази дека пембролизумаб може да ја промени латентноста на ХИВ – способноста на вирусот да се „скрие“ во клетките на луѓето што живеат со ХИВ на антиретровирусна терапија.
Студијата, објавена оваа недела во списанието Science Translational Medicine, опфати 32 лица со рак и ХИВ преку истражувачкиот центар за рак Фред Хачинсон во Сиетл.
Испитаниците исто така беа третирани со ефективни антивирусни лекови за ХИВ.
„Пембролизумаб можеше да влијае на резервоарот за ХИВ“, рече во изјавата професорката Шерон Левин, директор на Институтот за инфекции и имунитет Питер Доерти во Мелбурн.
Нејзиниот истражувачки тим проучувал примероци од крв од учесниците во студијата собрани пред и по третманот со пембролизумаб.
Професорот Левин рече дека работата на примероците ќе продолжи со цел да се разбере како пембролизумаб го модифицира имунолошкиот одговор на ХИВ.
Таа додаде дека научниците се надеваат дека „ќе го зајакне имунолошкиот систем за да може да ги уништи клетките инфицирани со ХИВ на начинот на кој тоа го прави со ракот“.
/n1info.com/
Здравје и убавина
Пробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
Доколку во вашето утринско кафе додадете малку чоколадо, можете полесно да се сконцентрирате и посмирено да го започнете денот, покажува истражување спроведено на Универзитетот во Џорџија.
Научниците ги споредиле ефектите врз „менталната енергија“ кај луѓе кои пиеле кафе со чоколадо, обично кафе, кафе само со кофеин и комбинација од кофеин и чоколадо. Секој учесник секојдневно консумирал по еден од овие четири напитоци, по што решавал тест за ментална будност.
Оние што пиеле кафе со чоколадо, како и комбинацијата кофеин–чоколадо, покажале побрзи реакции и поголема точност во решавањето задачи во споредба со останатите групи.
Освен подобрувањето на концентрацијата, резултатите откриле и дека чоколадото може да ја намали „напнатоста предизвикана од кофеинот“.
– „Овој напиток го подобрува протокот на крв во деловите на мозокот одговорни за вниманието и когнитивните функции. Кофеинот, пак, може да ја зголеми нервозата, но чоколадото го ублажува овој негов ефект“, истакнуваат истражувачите.
Сепак, експертите предупредуваат дека консумирањето чисто кафе може да ја засили агресивноста кај некои луѓе.
Затоа, додадете парче чоколадо во вашето кафе и решете ги двата најчести утрински предизвици!
Здравје и убавина
Што значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
Начинот на исхранување и правилното внесување на вода се едни од најважните навики за кои сами одлучуваме и кои значително влијаат врз нашето здравје. Многумина веруваат дека редовното пиење превриена вода може да помогне во намалување на одредени здравствени проблеми.
Кога водата ќе се загрее до точка на вриење, се смета дека дел од тешките метали и штетните материи кои можат да бидат присутни во водата од чешма се намалуваат. Британските експерти по испитување врз тоа истакнуваат исто така дека по петминутно вриење, често може да се забележи талог кој останал по ладењето на водата.
Како што се смета, топлата или жешката вода може да има различни поволни ефекти врз организмот:
- Една чаша топла вода на ден може да го поттикне чистењето на кожата, особено кај лица со сува кожа или склоност кон акни.
- Топлата вода ги релаксира мускулите, па затоа се препорачува како природен начин за ублажување менструални грчеви.
- Пиењето жешка вода наутро пред јадење или половина час по оброк може да ја подобри работата на варењето и да ја намали подуеноста и гасовите.
- Консумацијата на топла вода на празен стомак понекогаш се препорачува за смирување на уринарни тегоби и намалување на желудочната киселина.
- Редовното пиење топла вода може да ја стимулира циркулацијата, потењето и исфрлањето на токсините, што индиректно го олеснува товарот врз бубрезите.
- Ако испиете чаша топла вода околу еден час по јадење, тоа може да го забрза метаболизмот и согорувањето калории.
- Се смета дека топлата вода може да помогне и кај астма, икавица, настинки или кашлица, давајќи чувство на олеснување и дополнителна енергија.
Здравје и убавина
„Солта“ го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот ако ја користиме прекумерно
Солта го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот многу поголемо отколку што мислиме. Таа е главен извор на јод, чиј недостиг може да доведе до појава на гуша. Но, прекумерната употреба на сол исто така може да предизвика низа здравствени проблеми.
Надуеност
Доколку се борите со надуеност, намалувањето на внесот на сол може значително да помогне. Премногу сол го зголемува нивото на натриум, што доведува до задржување течности и чувство на подуеност.
Висок крвен притисок
Солта директно влијае врз крвниот притисок. Колку повеќе сол внесуваме, толку повисоко е нивото на натриум во телото, што го зголемува притисокот. Намалувањето на солта за околу 4,6 грама може да придонесе за намалување на крвниот притисок. И премалку сол не е добро, па затоа е важно внесот да биде балансиран.
Срцеви заболувања
Иако натриумот е неопходен за правилно функционирање на организмот, неговиот вишок може да доведе до кардиоваскуларни заболувања, срцева слабост и мозочен удар. Прекумерната консумација на сол го зголемува ризикот двојно. Особено ранливи се пушачите, постарите лица, дијабетичарите и луѓето со висок крвен притисок.
Когнитивни способности
Покачениот крвен притисок може да предизвика проблеми со мозокот. Лицата кои внесуваат многу сол и водат пасивен начин на живот имаат поголем ризик од намалување на когнитивните функции. Експертите препорачуваат ограничување на солта и најмалку 30 минути дневна физичка активност.
Бубрези
Бубрезите се задолжени за филтрирање на отпадните материи од крвта. Високиот крвен притисок создава притисок врз артериите и може да доведе до нивно затајување. Луѓето со бубрежни проблеми често чувствуваат подобрување ако го намалат внесот на сол. Здравјето на бубрезите е тесно поврзано со количината натриум во организмот.
Потреба за сол
Лицата кои редовно консумираат големи количини сол обично развиваат зголемена желба за уште повеќе. На нив им се препорачува постепено да ја заменат солта со други зачини, како на пример црн пипер.
Мозочен удар
Прекумерната употреба на сол го зголемува натриумот во крвта и доведува до висок крвен притисок еден од главните ризик-фактори за мозочен удар. Намалениот внес на сол е клучен за контрола на натриумот и зачувување на здравјето.
Кожа
Големото количество сол во организмот може да предизвика отоци (едеми) на рацете, нозете и глуждовите. Иако овие случаи се поекстремни, честопати може да се забележат и поумерени промени на кожата.
-
Кичево1 денПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп2 денаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Кичево5 часа(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Хороскоп16 часаХороскоп за вторник (2 декември)
-
Здравје и убавина2 денаШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
-
Кичево21 часКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Здравје и убавина2 денаПробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
-
Македонија23 часаЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир
