Кичево
Изгаснат пожар на нискостеблеста вегетација кон с.Трапчин Дол – кичевско

Вчера на ден 05.05.2021 среда во 11 часот во полициското одделение Зајас, пријавен е пожар во шумски појас во атарот на кичевското село Трапчин Дол, при што горела нискостеблеста вегетација.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево, а повредени лица нема.
Увид бил извршен од екипа на полициската станица Кичево.
– Апелираме до граѓаните да не палат оган на полиња и на отворен простор. Ги поттикнуваме граѓаните да ја зголемат грижата за шумата, да не фрлаат отпушоци и да не запалуваат било каков вид на оган во близина на дрва
– Од такви места огнот се шири низ многу делови и продира на највисоките планински површини.
Извор за настанот: СВР Охрид / Портпарол Стефан Димоски
ФОТО: архива
Кичево
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско. По пријавата, ТППЕ Кичево со три возила и две екипи веднаш се упатиле на интервенција во опожарениот објект, каде успешно за завршија задачата.
За порта.мк од ТППЕ Кичево истакнаа дека целосно е спасен објектот блиску до опжарената куќа, која доколку не би се интервенирало професионално и брзо, пламените јазици исто ќе биле фатални.
Апел за поголемо внимание!
Кичево
Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден

На 09.07.2025 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Кичево, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 86 возачи од кои: 25 лица за возење без возачка дозвола, 10 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и полиса, 1 возач кој управува моторно возило под дејство на алкохол, 2 возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, 1 возач кој управувал возило со неисправно светлосно сигнални уреди, 15 возачи за некористење на заштитен шлем-кацига, 1 возач на возило со затемнети стакла без извршен А-тест, две мерки кон возачи кои исто така вршат јавен превоз на патници без да извршат вонреден технички преглед, една мерка кон возач кој не ја поседува пропишаната опрема во возилото, две одземени возачки дозволи по член 341 од ЗБСП како и одземени два мотори по член 344 од ЗБСП и превземени се мерки против 28 учесници во сообраќај за останати сообраќајни прекршоци.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакна МВР.
Кичево
Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“

Почитувани кичевчани, чест и задоволство ни е да ве информираме дека и оваа година продолжува традицијата по повод именденот на нашата Православна црква „Св.Апостоли Петар и Павле“, со тоа што по 11-ти пат, односно 11 години по ред – ќе се одржи мирна мото-парада или мото дефиле низ кичевските улици.
Настанот ќе се реализира во сабота 12.07.25 со почеток од 19:00 часот од „Полигон“ во непосредна близина на „Железничката станица“, а завршната рута е предвидена пред самиот храм.
- Оваа година овој мото-марш ќе биде посветен за „Димитар Трајчески – Дидо“, страстен поддржувач на петровденската мото-парада и учесник во сите години наназад. Реши да не чува од небесата и од таму да биде блиску до срцата наши! Токму ова дефиле ќе биде посветено за него, бидејќи мото собирите заедно со другарчињата за него беа среќа!
На крај, закажано е заедничко кафе-дружење и групна фотографија во „City Caffe“ каде домаќините ќе го резервираат паркинг просторот како и место во самиот локал за сите гости.
Да ја покажеме нашата мото и сообраќајна култура, се вози според пропишаните сообраќајни знаци, додека предводници за безбедност во сообраќајот ќе бидат полициски службеници од ОВР Кичево.
Повторно кичевчани ќе имаат прилика да го проследат продефилирањето на разновидните мотоцикли низ нашиот град, како симбол и најава за големиот празник во чест на нашата православна црква! Бидете дел и заеднички со спектакуларниот мото звук да искажеме почит кон нашите светители и кичевскиот храм, заштитник на нашиот град!
- Имено, оваа прилика ја користиме да ја известиме јавноста дека Кичевското архиерејско намесништво, за претстојниот храмов празник (патронатот на храмот и градот Кичево) посветен на светите апостоли Петар и Павле, дава благослов да се вклучат жителите и верниците на Кичево и околината, оние кои се во можност, при помош за чистење на храмот, а притоа со тоа да придонесат за чист храм по повод патронатот свети апостоли Петар и Павле, слично како што и нашите предци тоа го извршувале низ вековите.
Оваа акција ќе се одржи утре 09.07.2025 година (среда) со почеток од 09:00 часот. Тие кои сакаат и можат да бидат дел од овој вид на помош се остава на нивната слободна волја и ревност
Вечна традиција, бидете дел!
Во прилог ланската мото-парада, лето господово 2024г.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Кичево19 часа
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка
-
Култура19 часа
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј
-
Скопје2 дена
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
-
Македонија1 ден
Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци
-
Македонија2 дена
ЦУК: Ова е состојбата со пожарите до моментот, вкупно 29 пожари на отворен простор, 9 активни