Магазин
Изненадувачки отпорен: Издржа над 400.000 пати ВИДЕО
Според опсежното тестирање на YouTuber Mrkeybrd, Galaxy Z Flip5 може да издржи над 400.000 преклопувања пред шарката да испадне.
Samsung во своите промотивни материјали тврди дека Galaxy Z Flip5 може да издржи 200.000 преклопувања. Но, се чини дека тие бројки се поставени малку поскромно, како што докажа јутјуберот Mrkeybrd во своето тестирање.
Имено, Јутјуберот по неколкудневно тестирање покажа дека Galaxy Z Flip5 може да преживее дури 401.146 пати пред да дојде време да стане електронски отпад.
Тестирањето беше далеку од научно, но верно ги претставуваше условите за користење во реалниот свет. На пример, Mrkeybrd секој пат го отвораше и затвораше телефонот со различна сила и брзина и со различни букви, додека тоа не беше случај при тестирањето со роботите на Samsung.
Сепак, не беше сè совршено до крајот на тестирањето. Шарката на телефонот Galaxy Z Flip5 ослабе некаде на средина и повеќе не можеше да го држи телефонот до половина отворен. И покрај ова, телефонот сепак може да се користи нормално и да се превиткува барем уште толку пати.
Јутјуберот направи сличен тест на телефонот Motorola Razr 40 Ultra, кој почна да паѓа на 44.000 отворање/затворање, а целосно „истече“ со 126.266 преклопување. Тоа би можело да не биде толку изненадувачки доколку Motorola не тврди дека шарката на нивниот телефон на преклоп може да издржи 400.000 преклопувања.
Магазин
Huawei го симна Apple од тронот на пазарот за носечки уреди
Иако Apple долго време доминираше на пазарот за носечки уреди благодарение на успехот на Apple Watch, новите податоци покажуваат дека ситуацијата се промени.
Во првите три квартали од годината, Huawei испорача 23,6 милиони носечки уреди, заземајќи го водечкото место со пазарен удел од 16,9%, што претставува раст од 44% во споредба со истиот период минатата година. Apple, кој забележа пад од 10% во испораките, сега има пазарен удел од 16,2%, со испорачани 22,5 милиони уреди. Xiaomi го зазеде третото место со 20,5 милиони испораки и раст од 25%, додека Samsung е на четвртото место со 11,5 милиони испораки.
Вкупно, во првите три квартали годинава се испорачани 139 милиони уреди за носење, што е мало намалување од минатогодишните 140,5 милиони. Кина продолжува да биде најголем пазар, со над 45 милиони испорачани уреди и раст од 20%. Од овој број, 33 милиони се паметни часовници, што претставува раст од 23,3%.
Успехот на Huawei се припишува на новите модели како Watch GT 5, GT 5 Pro и Watch D2, како и на проширувањето во различни региони, особено во Азија и Блискиот Исток. Дополнително, силната позиција на кинескиот пазар значително придонесе за нивниот раст.
Сепак, важно е да се истакне дека Apple сè уште го задржува првото место кога станува збор исклучиво за паметни часовници, без да се земат предвид другите уреди за носење, како фитнес лентите.
Извор: Telegraf
Магазин
YouTube почнува борба против мамката за кликнување: Нови мерки за поголема транспарентност
YouTube најави дека ќе започне со отстранување на видеа кои ги оставаат гледачите да се чувствуваат „измамени и фрустрирани“. Платформата во сопственост на Google ги дефинира ваквите видеа како содржини каде што насловот или сликичката ветуваат нешто што не е испорачано во самиот клип.
Клипови што создаваат лажно очекување
Овие видеа често користат „очигледна мамка за кликнување“, како наслови или сликички што лажно претставуваат содржина. На пример, ако сликичката сугерира „врвни политички вести“, а клипот не содржи никакви политички информации, ќе биде отстранет.
YouTube посочува дека ваквите практики ги фрустрираат гледачите кои доаѓаат на платформата со очекување да добијат корисна информација или решение за проблем.
Како ќе се спроведе чистката?
Платформата најави дека првично ќе започне со отстранување на ваквите видеа во Индија, без детали за проширување во други региони.
Во овој процес:
- Старите клипови: Ќе бидат прегледани и отстранети доколку прекршуваат правила.
- Новите клипови: Ќе бидат приоритетни за проверка и санкции.
YouTube потврди дека видеата што ги прекршуваат правилата ќе бидат избришани без претходно предупредување.
Оваа мерка е дел од напорите на платформата да обезбеди подобро корисничко искуство и да спречи манипулација со содржини.
Извор: Kurir
Магазин
Сакате да го спречите iPhone-от да ја менува осветленоста автоматски? Еве како
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (21 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Од денес и календарски е зима, од понеделник по студено со снег и силен ветер
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Временска прогноза2 дена
Од вечерва започнува вистинската зима, врнежи од дожд и снег ќе зачестат во зависно од регионите ширум Македонија
-
Временска прогноза5 часа
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
-
Автомобили7 часа
Автомобилскиот бренд Dacia продаде повеќе од пола милион примероци во Европа за 11 месеци од оваа година
-
Спорт4 часа
Масар Омерагиќ со 62 гласа и нути еден против избран за нов претседател на ФФМ
-
Социјални мрежи24 часа
„ТикТок“ станува недостапен во Албанија, владата ја затвори социјалната мрежа на најмалку една година