Спорт
Изов се одлучи за следниот состав на мечот против Косово во натпреварот од групата 5 во лигата на нации..

Женската македонска репрезентација во петок, 27. октомври (тренинг центар „Петар Милошевски“) и вторник, 31. октомври против Косово ќе ги одигра натпреварите од групата 5 (2. и 3. коло) во Лига на нации.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов за пресметките против Косово ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Лина Самарџиоска (Вајхо, Шведска), Ведрана Комненова (Скопје)
Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје 2014), Михаела Додевска (Скопје), Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Александра Јовановска (Истатов), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана)
Среден ред: Драгана Костова (Каменица САСА), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Кристина Крстева (Скопје), Хава Мустафа (Шкендија), Оливера Цоклеска (Ас Јунајтед)
Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје 2014), Јилза Максути (Ас Јунајтед), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен)
Домашниот натпревар против Косово ќе се одигра во 13:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Македонската женска репрезентација на воведниот меч од групата во Лига на нации минимално со 1:0 загуби од Бугарија на домашен терен.
Спорт
Познати противниците на младата репрезентација на Македонија за ЕП 2027 во Албанија и Србија

Денеска во седиштето на УЕФА, Нион се одржа ждребот за квалификациите за пласман на Европско првенство 2027 во Албанија и Србија за фудбалери до 21 година.
Нашата млада селекција за противници ги доби репрезентациите на Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во рамки на групата Е.
Квалификацискиот циклус ќе започне во март годинава и ќе трае се до ноември 2026 . Домаќините на претстојното Европско првенство, Албанија и Србија се директни учесници на турнирот.
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Спорт
(ВИДЕО) Првиот човек на ФФМ се сретна со вработените задолжени за терените, нивниот труд конечно е вреднуван

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ првата работна средба денес ја оствари со вработените задолжени за одржувањето на фудбалските терени.
– Со Амди, Џеко, Диљо и Исак разговаравме за нивната работа и подобрувањата на условите за работа.
– Ја препознавам нивната посветеност, работат и по 14 часови на ден во секакви временски услови. Заеднички ќе се потрудиме да обезбедиме терени со врвен квалитет, конечно, го вреднуваме нивниот труд – истакна Омерагиќ на неговиот официјален фејсбук профил.
Во прилог погледнете го видеото ТУКА од средбата со истакнатите вработени во Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
Комисијата за натпревари при ФФМ закажа редовен семинар со делегатите од првата и втората македонска фудбалска лига

Комисијата за натпревари при Фудбалска федерација на Македонија ќе одржи редовен семинар со делегатите од Прва и Втора МФЛ. Семинарот ќе се одржи во хотелот Хилтон, на 11. февруари (вторник), со почеток од 11:00 часот, пред продолжување на пролетниот дел од сезоната 2024 – 2025 во Првата и Втора МФЛ, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија
-
Кичево2 дена
Рекапитулар на сработеното во „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, по првите шест месеци од новото раководство, кичевчани заслужуваат подобро!
-
Кичево1 ден
Од испукана петарда, малолетничка од Кичево се здобила со повреди констатирани во Општата Болница
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (7 февруари)
-
Кичево7 часа
Неделна и викенд акција на производи само во „АТВА Маркети“ – Кичево, купувајте и заштедете!
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (8 февруари)
-
Свет8 часа
(ВИДЕО) Кина изгради 160 километри автопат со автономни машини на вештачка интелигенција, без човечка асистенција
-
Временска прогноза15 часа
Нè очекува суво време со ниски температури
-
Спорт1 ден
Познати противниците на младата репрезентација на Македонија за ЕП 2027 во Албанија и Србија