Следете не

Спорт

Ја завршија сезоната со победа, капа долу за овие момчиња кои играат за ФК Напредок без хонорари, од чест и со срце!

Објавено пред

на

ФК Напредок (фејсбук)

Сите почести за момчињата кои ги бранат боите на ФК Напредок, оној ФК Напредок кој беше голем и силен, страв и трепет за многу клубови, денес се бори без хонорари за своите играчи кои играат од чест и со срце!

Токму денес заврши последната утакмица за оваа сезона, а ФК Напредок го заврши со победа од 3:2 против ФК Зајази. Стрелец на првиот гол беше нашиот капитен Жарко Симјаноски во 58 минута од пенал, вториот гол беше дело на Дарио Димоски во 73 минута по асистенција на Никола Аврамовиќ, конечниот резултат го постави Никола Аврамовиќ по одличната асистенција на Пеце Мирчески.

Упатуваат голема благодарност до сите фудбалери кои во текот на целата сезона го даваа својот максимум и на крајот завршија на третата позиција. Воедно велат ова нека биде и апел до сите надлежни институции и спортски ентузијасти да се помогни на клубот за наредната сезона бидејќи овие момци го заслужуваат тоа.

Исто така, на своите сограѓани од екипата ФК Влазерими им честитаат за освоеното прво место и успех во баражот, и завршуваат секако со текст надевајќи се за подобри времиња и враќање на тимот тамо каде што му е и местото!

Честитки момци и од нас! Вие веќе покажавте како се сака клуб, како се бранат сино-белите! Секоја чест!

/порта.мк

Спорт

Македонската „А“ женска фудбалска репрезентација поразена од фаворитот Словенија

Објавено пред

на

©ФФМ

Македонската женска А репрезентација загуби од Словенија во натпревар од 2. коло во групата Ц од квалификациите за пласман на ЕП. На тренинг центарот “Петар Милошевски”, Словенија славеше со 5:0.

Словенечките фудбалерки ја оправдаа улогата на фаворитки на овој меч откако веќе по првото полувреме обезбедија предност од 2:0.
Каја Корошец во 23. минута и Матеја Звер во 29. минута ги дадоа головите за гостинките. Во првиот дел, нашата селекција имаше две прилики преку Гентјана Рочи и Павлина Николовска. Голманката Панчурова имаше неколку добри интервенции по првите 45. минути.

Во второто полувреме, Лара Прашникар во 56. минута го постигна голот за 0:3, а последните два погодоци за Словенките ги постигнаа Кајзба и Колбл во 84. и 88. минута.

На воведниот натпревар во групата, македонската репрезентација славеше гостинска победа против Летонија со 4:3.

Македонија: 1. В. Панчурова, 16. В. Недева, 20. И. Лимани, П. Николовска, 15. Е. Паневска (53’ Петровска), 14. М. Нацева (70’ Шопов), 8. А. Марковска, 10. Н. Андонова, 4. Р. Велкова (46’ Мустафа), 9. И. Максути, 7. Г. Рочи; Селектор: Александар Андов

Прочитај повеќе...

Спорт

Браво девојки! Македонската женска фудбалска селекција до 19 години се пласираше во „Лига А“ за пласман на Европското првенство

Објавено пред

на

©ФФМ

Македонската женска репрезентација до 19 години славеше победа против Велс со 2:1. Со максимални три победи селекцијата на Астрит Мерко обезбеди место во Лига А квалификации за пласман на Европско првенство.

Македонија во воведните две кола од турнирот во Молдавија запиша победи против Молдавија (4:0) и Литванија (2:0). Извлекувањето на противниците за септемвриските квалификации за пласман на Европско првенство, нашата репрезентација ќе ги добие од Лига А.

На мечот против Велс кој решаваше за првото место, Катерина Петкова и Веса Села беа стрелци на головите. Петкова веќе во 2. минута донесе наше водство, Франсис израмни на 1:1 во 21. минута. Во 50. минута, Веса Села го даде голот за победа на Македонија.

Македонија до 19 години: 1. K. Павловска, 6. Ѓоргиева, 4. Петкова, 3. Блажевска (76` Веселинова), 15. J. Павловска, 10. Панеска (76` Андонова), 19. Мејер, 7. Јованоска, 9. Села, 8. Јосифова (90` Боризова), 13. Милевска (46` Далческа); Селектор: Астрит Мерко

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа против Литванија

Објавено пред

на

©ФФМ

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години ја запиша и втората победа на квалификацискиот турнир од втората рунда од Б лигата што се одржува во Молдавија.

Нашите млади девојки беа подобри од Литванија со 2-0. Водство од 1:0 за нашиот национален тим донесе Петкова во 26. минута на асистенција на Јосифова. Петкова во 77. минута ги постави конечните 2:0. Македонија во првото коло славеше против Молдавија со 4:0.

На 9. април против Велс решаваме за првото место и кој ќе оди ранг погоре, известуваат од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин1 час

Зошто се чека толку долго за преклопливи уреди на Apple?

Apple се справува со нов предизвик во развојот на преклопливи екрани без набори за iPad. Apple работи на преклопливи уреди....

Автомобили1 час

Tesla работи на развој на роботакси

Tesla претставува роботакси на 8 август, објави Илон Маск на X часа откако Ројтерс објави дека производителот на автомобили се...

Магазин1 час

Алатките за уредување слики на Google Photos AI стануваат бесплатни за сите корисници

Алатките за уредување слики со AI на Google Photos се прошируваат на корисници кои не се претплати, што ги прави...

Магазин1 час

Дали Apple навистина е подобар во приватноста? Експертите велат не!

Група истражувачи од Одделот за компјутерски науки на Универзитетот Алто во Финска ги објавија резултатите од студијата според која е...

Магазин1 час

Корисниците на iPhone тврдат дека најновото ажурирање на Apple iOS ги прави уредите неупотребливи, сепак постои решение

Корисниците на iPhone тврдат дека најновото ажурирање на Apple iOS ги прави уредите неупотребливи. Сепак, постои решение за овој проблем....

Магазин1 час

Серијата телефони Samsung Galaxy S20 ја добива својата петта година на ажурирања

Samsung неодамна ја продолжи поддршката за Galaxy S20, Galaxy S20+ и Galaxy S20 Ultra, обезбедувајќи дополнителна година ажурирања за овие...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за четврток (11 април)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Кичево23 часа

Вчера во атарот на село Зајас се запалила ниско стеблеста дабова шума и грмушки, апелираме за поголемо внимание!

На 09.04.2024 год во 15:55 часот, во полициското одделение во кичевското село Зајас, е пријавено дека, во месноста „Нова населба“,...

Lifestyle1 ден

Дали е подобро да се пие топло или ладно кафе?

Сигурно секогаш сте се прашувале дали е поздраво да пиете ладно или топло кафе. Резултатите од истражувањето покажале кога кафето...

Магазин1 ден

Spotify сега може да ви направи плејлиста ако му пишете во какво расположение сте

Spotify неодамна воведе нова функција за вештачка интелигенција која им овозможува на корисниците да креираат плејлисти врз основа на текст...

НАЈЧИТАНИ