Спорт
Јакимовски го објави списокот со фудбалери на Македонија до 17 години за квалификацискиот турнир во Р. Ирска

Македонската репрезентација до 17 години денеска ги започнува подготовките за квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза за пласман на ЕП.
Турнирот ќе биде одигран во Република Ирска во периодот од 7. до 13. октомври, а покрај нашата селекција учествуваат домаќинот, Република Ирска, Полска и Андора.
Првиот натпревар избраниците на селекторот Тони Јакимовски го играат против Полска на 7. октомври, три дена подоцна се соочуваме со Република Ирска. Последниот меч го играме со Андора на 13. октомври.
Селекторот Тони Јакимовски за квалификацискиот турнир ги повика следните фудбалери:
Голмани: Самоил Талевски (Академија Пандев), Давид Стојановиќ (Македонија Ѓ.П.), Диел Доку (Њу Старс);
Oдбрана: Симеон Здравковски (Вардар), Даниел Марковски (Хелсенборг, Шведска), Андреј Аризанковски (Победа), Марко Стојилевски (Вардар), Анес Малиќи (Шкендија), Хадис Таири (Њу Старс), Матеј Јаневски (Работнички);
Среден ред: Амир Нухија (Шкендија), Мартин Ѓорѓијевски (Академија Пандев), Адриан Зенделовски (Малме, Шведска), Мухамед Елмас (Работнички), Кире Стојанов (Академија Пандев), Зани Назифи (Шкендија), Омерфарук Сулејман (Шкупи), Азис Јамини (Ренова), Стефан Тодоровски (Њу Старс);
Напад: Никола Манојлов (Работнички), Леин Таири (Шалке, Германија);
Тони Јакимовски – селектор на репрезентацијата на Македонија до 17 години:
– „Претходните контролни турнири и пријателски натпревари ни помогнаа многу да ја подобриме нашата игра и да ја зголемиме самодовербата. Во Република Ирска не очекуваат тешки натпревари, играме против квалитетни репрезентации. Веруваме во нашите можности, можеме да се носиме со сите селекции во групата. Првиот дуел со Полска ќе биде клучен за нас, знаеме како да одиграме против нив, имаме издвојувано победа на последната меѓусебна пресметка. Мал проблем претставува отсуството на напаѓачот Алекс Митров, фудбалерот не доби дозвола од клубот Јанг Бојс. На негово место е повикан Леин Таири од германски Шалке. Поседуваме квалитет и потенцијал, тоа сакаме да го докажеме на овие натпревари“.
Спорт
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го живееме тоа време, а зошто и да не го вратиме сјајот на тоа време?! Денес кичевчани покажаа дека љубовта кон фудбалот полека се враќа, а нашите момчиња тоа го крунисаа со одлично прикажана игра и победа од 3:1 против „ФК Вардар Брвеница“.
Речиси 80% полн капацитет на едната трибина и дел на другата со љубители на фудбалот уживаа во еден прекрасен ден со идеални услови за игра.
Серијата голови ја отвори Котески од 22м со еден маестрален шут уште во 33-та минута, веднаш потоа од далечина Калевски го искористи невниманието на гостинскиот голман и зголеми на 2:0. Третиот гол беше дело на Даутоски во 49-тата минута. За конечните 3:1 Спироски намали во финишот на мечот.
Натпреварот го водеа искусната тројка Марјан Стојаноски, Осман Зеќири и Никола Ѓорѓиевски.
– Можам да бидам задоволен од денешната игра на нашите момци. Активните тренинзи покажуваат резултати како на физичката подготвеност така и останатите битни работи кај фудбалерите. Ова е одличен резултат за почеток на првенството. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на кичевчани кои дојдоа навистина во голем број и не бодреа до самиот финиш на мечот. Ве уверувам дека ќе ги искористиме сите можности за нашиот сон да се исполни – „Влез во елитната лига“ – за Порта.мк истакна Бобан Дујковиќ, тренер на „ФК Напредок“
Спорт
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за противник во првото коло ќе гостува екипата на „ФК Вардар Брвеница“.
Натпреварот ќе се одигра денес на Градскиот стадион во Кичево 14.09.2025 г.(недела) со почеток во 16:30 часот.
На сосема новиот и уреден изглед на трибините, ве повикуваме да му дадете максимална поддршка на „ФК Напредок“ како во старите добри времиња и заедно да уживаме во прикажаната игра.
Спорт
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“

Во интервју за ESPN, трофејниот тренер откри дека би сакал еден од најдобрите фудбалери од последната деценија да го види во жолтиот дрес.
– „Нема потреба дополнително да се зборува за Нејмар – сите знаат колку е талентиран. Но, денешниот фудбал бара максимална физичка подготвеност ако сакате да го искористите целиот потенцијал. Ако Нејмар е здрав и во форма, нема причина да не биде дел од репрезентацијата“, изјави Анчелоти за ESPN Brazil.
Тој додаде: „Му порачав дека има време да се подготви на најдобар начин за да настапи на Светското првенство и да ни помогне. Сите сакаат да го видат во најдоброто можно издание. Пред мечот со Парагвај дојде во хотелот, разговаравме и му објаснив каде го гледам на теренот. Планот е јасен – би играл како офанзивен играч за врска или напаѓач. Веќе не може да биде крило, затоа што ја нема истата брзина, но како играч за врска може да даде голем придонес.“
Со оглед на тоа што Бразил веќе има обезбедено место на следниот Светски куп, Анчелоти на претходните натпревари не го вклучи Нејмар, фокусирајќи се повеќе на помладите фудбалери.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (17 септември)
-
Македонија2 дена
Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!
-
Музика23 часа
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење
-
Свет2 дена
„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за четврток (18 септември)
-
Македонија2 дена
„СОЗР“ стави крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста од денес граѓаните можат да пријавуваат случаи на незаконита употреба на службени возила
-
Временска прогноза2 дена
По ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец