Следете не

Кичево

Рекапитулар на сработеното во „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, по првите шест месеци од новото раководство, кичевчани заслужуваат подобро!

Објавено пред

на

©porta.mk

Утрово бевме во посета на кичевската Општа Болница, каде остваривме средба со управата на истата, односно Директорката на „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, Д-р Маја Цветановска-Трајкоска, каде според времето кое ни беше на располагање на кратко поставивме неколку прашања и почекавме одговори за нејзината досегашна 6-месечна раководна работа во Болницата, што е ново и што може кичевчани да очекуваат понатаму од нивната работа и нивниот колегиум.

Пред се ви благодарам што дојдовте и се заинтересиравте како претставници на јавноста за новостите во нашата Болница. Задоволна сум од досегашниот напредок, во периодот што измина, односно првите 6 месеци од новото раководство во „ЈЗУ Општа Болница – Кичево“, како В.Д. Директор можам да истакнам повеќе позитивни промени и новини во нашата установа. Имено, покрај почетокот со работа на комисијата за туѓа нега и новостите во лабараторија кои претходно ги споменавме во вашиот медиум, имаме нова опрема во повеќе одделенија, а ќе ги издвоиме најзначајните:

* Отоскоп на детско одделение

* Холтери за постојана употреба на интерно одделение

* Најнов фибероптички ларингоскоп за ORL амбуланта

* Нов акушерски стол после 30 години и аспиратори за потребите во одделенија

* Спирометар на интерно одделение и соодветна обука за него

* Повеќе сетови, најнов интрументариум во салата за киретажи

* Обновени сите сетови во гинекологија (пораѓај), сетови за епизиотомија, сетови за ревизија на цервиксот

* Инфузиомати за интерно, детско и акушерско одделение, со завршена соодветна обука за истите.

* После повеќе години успеавме да возобновиме возен парк со санитетско возило и патничко моторно возило за потребите на установата.

Порта.мк: Како се справувате со финансиската состојба која кажавте дека не беше во поволна состојба кога ја презедовте функцијата прв човек на кичевската Болница и што може дополнително да очекуваат пациентите во понатамошниот период од вас, како ново раководство:

Како што веќе истакнавме долговите на Болницата кои ги наследивме, благодарение на ФЗОМ и новата влада се намалени повеќе од двојно, што е за секоја почит, додека во следниот период ќе работиме уште по посветено, се во интерес на нашиот град и нашите граѓани и сите пациенти кои заслужуваат подобар третман, нега и услови. Исто така морам да напоменам дека во функција е ставен и „УЗ“ (ултра звучен) апарат кој беше мистериозно исчезнат.

– Во лабараторијата дополнително е набавен нов микроскоп, центрифуга со поголем обем, како и нов апарат за брза крвна слика со „CRP“ од капиларна крв (наменет за најранливите категории „дечиња“)

Уште еднаш Ви благодариме што ја следите нашата работа, така што во периодот кој следи Ве уверуваме дека правиме напори да се опреми и унапреди работата и во операционата сала, како и возобнова на сите апарати кои ќе значат услов за работа во истата, за Порта.мк во краткото интервју истакна Директорката Цветановска-Трајкоска.

Д.Б.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Кичево

(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!

Објавено пред

на

©porta.mk

Кога станува збор за квалитет, разновидност и секогаш свежи производи, пиљара „Бамби“ е вистинскиот избор за секој дом. Фирма посветена на своите потрошувачи повеќе од 20 години во Кичево. Тука ќе пронајдете секогаш свежо и замрзнато овошје и зеленчук, внимателно одбрани апетисани, богат асортиман на прехрамбени производи, освежителни пијалоци. „Бамби“ нуди и кетеринг намирници, свежи печурки и уште многу други производи кои го прават секое купување лесно и пријатно.

Посебно внимание исто така посветуваат на млечните производи, кои се чуваат во посебен фрижидер, секогаш уредно, свежо и лесно достапно за купувачите, затоа што квалитетот и хигиената им се на прво место.

Што се однесува до овој период од годината, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, „Бамби“ подготви и празнични пакетчиња за сите дечиња, исполнети со квалитетни и внимателно одбрани продукти, идеален начин да се измамат детски насмевки и празнична радост.

Пиљара „Бамби“ се наоѓа на улица „Борис Кидрич“ бр. 17 и работи од понеделник до сабота, со работно време од 08:00 до 22:00 часот.

Посетете ја пиљара „Бамби“ уште денес и бидете дочекани со насмевка, љубезност и брза услуга, дојдете и уверете се зошто „Бамби“ е омиленото место за купување во градот, секогаш свежо овошје и зеленчук, врвен квалитет и најпристапни цени.

Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно! 🍎🥦

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Кичево

Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента

Објавено пред

на

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.

На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, за Порта.мк соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Кичево

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

Објавено пред

на

На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете, за кое претходно неговите родители пријавија дека се оддалечило од семејниот дом.

Малолетникот е предаден на неговите родители, за јавноста предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт2 часа

Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл

Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за петок (19 декември)

ОВЕН Денес ќе ви се чини особено напорен ден затоа што ќе бидете помалку продуктивни од вообичаено, нема да имате...

Кичево16 часа

(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!

Кога станува збор за квалитет, разновидност и секогаш свежи производи, пиљара „Бамби“ е вистинскиот избор за секој дом. Фирма посветена...

Кичево17 часа

Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим...

Македонија20 часа

Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Временска прогноза21 час

Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!

Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па...

Кичево22 часа

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете,...

Македонија24 часа

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во...

Фото: Brooke Cagle @ unsplash Фото: Brooke Cagle @ unsplash
Магазин1 ден

Заборавете го лаптопот: Galaxy Tab S11 носи сериозен мултитаскинг

За сите што некогаш се прашувале дали таблетот може целосно да го замени лаптопот, Samsung нуди јасен одговор – може,...

Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash
Македонија1 ден

Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија

АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија, прилагодете ја брзината...

НАЈЧИТАНИ