Следете не

Автомобили

Како да го спречите гадењето при возење?

Објавено пред

на

Неколку остри кривини и многу патници во автомобилот – и еве ги првите симптоми на гадење, особено кај оние што седат на задните седишта.

Гадењето при возење се јавува затоа што центарот за рамнотежа не е усогласен со видот. Со други зборови, движењата на телото и силите што делуваат врз него не се синхронизирани со она што го гледаат очите.

Зошто доаѓа до гадење?

Погледот на патниците најчесто е насочен кон страните на автомобилот, а не кон патот пред нив. Како резултат на тоа, нивниот вестибуларен систем регистрира движење, додека очите гледаат релативно стабилна околина.

На пример, децата на задното седиште го гледаат задниот дел од предното седиште како фиксен хоризонт, но нивниот систем за рамнотежа чувствува дека возилото се движи. Оваа неусогласеност меѓу сетилата доведува до чувство на мачнина.

Кој е најчувствителен?

Децата на возраст од шест до 12 години се особено склони кон гадење, но и многу возрасни можат да имаат сериозни проблеми со оваа појава.

Како да се спречи гадењето при возење?

  • Возачите треба да успорат што е можно повеќе на кривините, бидејќи наглите промени во движењето го влошуваат чувството на мачнина.
  • Патниците на задното седиште треба да се обидат да гледаат низ шофершајбната, наместо на страните, за да го синхронизираат својот вид со движењата на телото.

Извор: B92

Автомобили

„Hyundai“ во иднина би можел да лансира погон на задни „хибрит“ тркала

Објавено пред

на

ФОТО: ©Paul Esch-Laurent / unsplash.com

Кога новиот Hyundai Palisade дебитираше во САД минатата недела, конечно ја пополни празнината во линијата со хибриден погон. Поставувањето го спојува 2,5-литарски, четирицилиндричен турбо мотор со тандем од електрични мотори, интегриран во шест-брзински автоматски менувач за вкупно 334 КС и 460 Nm максимален вртежен момент.

Она што е интересно е дека Hyundai планира да лансира варијанта со погон на задните тркала во 2026 година која ќе го содржи предметниот погон. Во меѓувреме, премиум-дивизијата на корејската марка, Genesis, исто така влегува во хибридниот простор, но само одбрани, „клучни модели“ ќе добијат електрифицирани погонски единици.

За автомобили со пониски цени, Hyundai развива втор хибриден систем кој користи помал, 1,6-литарски турбо мотор. Во овој случај, ефикасноста е подобрена за четири проценти, а максималниот вртежен момент е малку зголемен, од 367 на 380 Nm. Иако ниту еден модел не е конкретно именуван, веројатен кандидат за усвојување на ова склопување е Hyundai Tucson, бидејќи сегашната хибридна верзија произведува помал максимален вртежен момент од споменатите два.

Хибридната понуда на Hyundai Group ќе се движи од компактни до големи возила, вклучувајќи ги и моделите на Genesis. Комбинираната излезна моќност ќе се движи од сто и нешто до триста и нешто коњи.

Како што е случајот со новиот Palisade, хибридното поставување со два мотори има двојна цел: едната е да се грижи за стартувањето, генерирањето електрична енергија во батеријата и неговата употреба, додека другата се однесува на погонот и регенеративното сопирање.

Во поврзаните вести, Hyundai потврди дека ќе продолжи да нуди механички систем за погон на сите тркала, со одредени модели кои користат e-AWD, кој користи електричен мотор на задната оска.

Извор: Automotoshow.rs
Фото: ©Paul Esch-Laurent / unsplash.com

Прочитај повеќе...

Автомобили

(ВИДЕО) „Mercedes-Benz“ наскоро надоградува „steer-by-wire“ технологија која не бара механичка врска помеѓу волан и предни тркала

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube/planetcarnews

Започнува нова ера за купувачи на „Mercedes-Benz“. Компанијата ќе биде првиот германски производител на автомобили што ќе понуди сериско возило со систем „steer-by-wire“ од 2026 година.
Оваа технологија не бара механичка врска помеѓу воланот и предните тркала. Наместо тоа, барањата на возачот за управување се пренесуваат брзо и директно преку електричен кабел или жица.

Возачите ќе имаат корист од прилагодливите коефициенти на воланот, управувањето на задната оска и помалку преполната внатрешност. Без разлика дали се движите по градските улици или автопатишта, искуството станува поинтуитивно и постабилно. Плус, помалку вибрации значи потивко возење.

Овој систем не се однесува само на технологијата – туку на презамислување на начинот на кој возиме, како се чувствуваме и како комуницираме со патот, пишуваат колегите од водечкиот веб за автомобили – autoblog.rs

Погледнете во продолжение за што станува збор:

Прочитај повеќе...

Автомобили

(ВИДЕО) „Lexus“ ќе го претстави целосно новиот „ES“ на саемот за автомобили во Шангај

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtubevideo/toyotamotorcorporation

Lexus ќе го претстави целосно новиот ES на претстојниот меѓународен саем за автомобили во Шангај. Деталите за целосно новиот ES, глобален модел кој ги усовршува напредните технологии за електрификација и продолжува да ја развива својата препознатлива тишина и удобност при возењето, ќе бидат објавени на прес-конференција на штандот на Lexus на 23 април.

Додека го чекаме дебито на оваа нова луксузна понуда, Lexus објави тизер видеа клипови кои прикажуваат некои од уникатните дизајнерски елементи, пренесуваат „global.toyota“

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин2 часа

„Сите за Кочани – Трчаме заедно!“ – „Денот на Европа“ со хуманитарна трка во седум македонски градови, наменета за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа” со организирање на...

Занимливости2 часа

Светскиот гигант „Google“ ќе ги враќа вработените во своите канцеларии, работењето од дома ќе стане минато

Технолошкиот гигант „Google“ на голем број вработени им издаде соопштение во кое се бара истите да се вратат во канцеларија...

Македонија4 часа

Од ноќеска поскапуваат нафтените деривати, ова е новата цена!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за понеделник (28 април)

ОВЕН Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а...

Скопје21 час

СВР Скопје изрече 96 санкции, 41 од нив биле за возење со брзина поголема од дозволената

Денеска (27.04.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 08:30 до 16:00...

Спорт22 часа

ФФМ со експресно соопштение ја извести јавноста во врска со случајот ФК Гостивар

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и...

Здравје и убавина1 ден

Мувлата на овошјата може да доведе до несакани последици по здравјето на човекот

Ако мувла зафатила само еден дел од вашата храна, најверојатно мислите дека е безбедно да го отстраните тој дел и...

Кичево1 ден

(ВИДЕО) КУД „Рацин“ Кичево во полна сала вчера го реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на песни и ора „Писмо дојде“

Вчера во НУ ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево се реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на КУД „Рацин“ – „Писмо дојде“ со...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (27 април)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Кичево2 дена

ОВР Кичево во текот на вчерашниот ден со полни раце работа!

На 25.04.2025 во 23.50 часот во угостителски објект  на булевар „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги приведоа...

НАЈЧИТАНИ