Следете не

Магазин

Како да користите ChatGPT на iPhone

Објавено пред

на

Нема потреба од OpenAI сметка за да започнете.
Со објавувањето на iOS верзијата 18.2 на 11 декември, ChatGPT стана дел од Apple Intelligence. Корисниците на понови iPhone, iPad или Mac уреди можат да пристапат до OpenAI чат-ботот директно, без потреба од апликацијата ChatGPT или веб-клиентот.

Што е ChatGPT?

ChatGPT е генеративен модел со вештачка интелигенција од OpenAI, овозможен од голем јазичен модел. Освен што може да комуницира со корисниците на природен јазик, тој има способност да:

  • пребарува на интернет,
  • решава сложени задачи по математика и кодирање,
  • генерира текст, слики и звук.

Во јуни 2024 година, Apple започна партнерство со OpenAI за интегрирање на ChatGPT во Apple Intelligence. Додека основните функции на ChatGPT се достапни на iOS, iPadOS и macOS, напредни функции како „advanced voice mode“ се користат само преку апликацијата ChatGPT или OpenAI веб-страницата.

Како можете да користите ChatGPT на вашиот iPhone?

На iPhone, ChatGPT е достапен на три начини:

  1. Siri и ChatGPT
    Siri може да го користи ChatGPT за да одговара на вашите прашања. Кога Siri ќе утврди дека ChatGPT може подобро да одговори, ќе побара дозвола за да го сподели вашето барање со OpenAI.
  2. Контрола на камерата
    ChatGPT може да препознава места и објекти преку „camera control menu“ на iPhone 16.
  3. Алатки за пишување
    ChatGPT ви помага при пишување, преку новата функција „Writing Tools“ на Apple. Еве како:

    • Долго притиснете текст за да ја активирате алатката за избор на текст.
    • Изберете „Writing Tools.“ (Можеби ќе треба да допрете икона со стрелка за да ја видите оваа опција.)
    • Изберете „Compose.“
    • Допрете „Compose with ChatGPT“ и внесете упатство што го опишува текстот што сакате ChatGPT да го генерира.

Дали ви треба OpenAI сметка за да користите ChatGPT на iPhone?

Не, сметка на OpenAI не е задолжителна. Меѓутоа, со платена претплата можете да ги користите функциите на ChatGPT почесто. Со најавување на OpenAI сметка, вашите барања ќе бидат зачувани во историјата на ChatGPT.

Како да поставите ChatGPT?

Ако функцијата ChatGPT не е автоматски овозможена, еве како можете да ја активирате рачно:

  1. Одете во „Settings.“
  2. Изберете „Apple Intelligence & Siri.“
  3. Изберете „ChatGPT“ и потоа „Setup.“
  4. Изберете „Enable ChatGPT“ или „Use ChatGPT with Account,“ во зависност од тоа дали имате OpenAI сметка.

Кои уреди на Apple поддржуваат интеграција со ChatGPT?

За да користите ChatGPT, потребен е iPhone со Apple Intelligence. Овие уреди моментално го поддржуваат ChatGPT:

  • iPhone 16
  • iPhone 16 Plus
  • iPhone 16 Pro
  • iPhone 16 Pro Max
  • iPhone 15 Pro
  • iPhone 15 Pro Max
  • iPad mini со A17 Pro
  • iPad Air со M1 и понови
  • iPad Pro со M1 и понови
  • MacBook Air со M1 и понови
  • MacBook Pro со M1 и понови
  • iMac со M1 и понови
  • Mac mini со M1 и понови
  • Mac Studio со M1 Max и понови
  • Mac Pro со M2 Ultra

Извор: Engadget

Хороскоп

Хороскоп за вторник (1 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН

Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека е неопходно да ги почекате и другите соработници.

Вишокот слободно време може да го насочите кон саканата личност, приоритет нека ви биде негувањето на постоечките партнерски релации.

Немате здравствени проблеми.

БИК

Вториот работен ден во неделата за Биковите нооси помали застои во реализацијата на договорените работи, пре сѐ поради различните интереси и нелојалната конкуренција. Бидете упорни.

Потрудете се што појасно да ја согледате комплетната ситуација, пред да повлечете одредени потези на љубовно поле.

Здравјето е многу добро.

БЛИЗНАЦИ

Ќе бидете многу ангажирани и денес. Добро прочитајте што потпишувате.

Вашите очекувања во љубовта во текот на овој ден не се големи, а може така е и најдобро. Ниту околностите, ниту пак разбирањето од другата страна е ви е наклонето.

Контролирајте го крвниот притисок.

РАК

Напорите кои најтипичните Ракови ги вложуваат да се прилагодат кон професионалните околности конечно може да дадат резултати какви што се очекуваат

Повеќе убави работи може да очекувате денес на љубовно поле, а најважната се однесува на пријатното изненадување од драга личност.

Здравјето е одлично.

ЛАВ

Поради недостаток на вистинска поддршка, ова никако не е поволен работен ден за да можат Лавовите да ги изнесат идеите за започнување нови професионални проекти.

Астролошките аспекти на љубовно поле денес не ви се наклонети, доколку имате намера да разговарате за клучни теми и проблеми.

Чувајте се од вирусни инфекции и настинки.

ДЕВИЦА

Релативно мирен работен ден ги очекува типичните Девици. Ова е можност малку подобро да се организирате и прилагодите на новите деловни трендови кои доаѓаат.

Солиден ден во љубовна сфера кој може да го искостите на повеќе начини, а можеби најинтересно би било за разговор со саканата личност на тема иднина.

Можни се стомачни тегоби.

ВАГА

Прилично напорен ден ги чека повеќето Ваги на деловно поле, особено во сегментот од работата кој се однесува на организација и планирање.

Овој ден не би требало да биде поразличен од претходниот на љубовно поле. Убавата комуникација со саканата личност не треба да ја потцените.

Зајакнете го имунитетот.

ШКОРПИЈА

Овој работен ден Шкорпиите треба да направат дополнителна лична реорганизација, пред да започнат било какви нови деловни обврски.

Подолг разговор ве чека во сферата на љубовта, само што нема причина да се плашите бидејќи поле тоа треба да бидете задоволни со постоечката ситуација.

Осетливост во бубрезите.

СТРЕЛЕЦ

Не е лош ден за поголемиот дел од Стрелците успешно да ги завршат професионалните задачи.

Недоволната јасна визија на иднината и недостатокот на приоритетите, се главна причина поради која денес може да бидете малку изгубени кога станува збор за љубовта.

Осетливост на крадиоваскуларниот систем.

ЈАРЕЦ

Денес нема препреки на деловно поле за Јарците, иако не е исклучено многу енергија да потрошите при средувањето на документација.

Многу внимание и позитивна енергија во текот на овој ден доаѓа до вас од страна на друга личност. Потрудете се да одговорите барем на приближно адекватен начин.

И понатаму ве мачар проблеми предизвикани од реума.

ВОДОЛИЈА

Без промени на вашето деловно поле во однос на претходниот ден. Обидете се некако да се повлечете за да работите на мира.

Ова е ден во кој практично сѐ ќе ви оди од рака кога зборуваме за љубовта. Уживајте!

Здравјето е многу добро.

РИБИ

Не се преоптеретувајте со дополнителни активности кои не ви се приоритет. Посветете доволно внимание на формалностите и документите од претходниот период.

Не очекувајте големи промени на љубовно поле денес, но вреди да се обидете барем малку да го привлечете вниманието на драгата личност.

Потребна ви е физичка активност.

Прочитај повеќе...

Магазин

Утре започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“

Објавено пред

на

ФОТО: Pakigram Official

Во време кога фитнесот станува сè поголем дел од секојдневниот живот, Adastra и Дејан Пауновски – „Pakigram“ ги здружуваат силите за да го лансираат првиот фитнес подкаст во Македонија – „Pakigram Podcast“, кој има за цел да ја редефинира домашната фитнес сцена и да внесе нова енергија, мотивација и знаење меѓу љубителите на здравиот живот.

Премиерата е закажана за утре вторник, 1-ви јули, во 20:00 часот на официјалниот „YouTube“ канал, каде можете слободно да го проследите линкот подолу воедно и да се претплатите на истиот:

Инаку, подкастот ќе донесува ексклузивни разговори со домашни и регионални фитнес тренери, спортисти, нутриционисти, како и инспиративни приказни од луѓе кои го промениле својот живот преку спорт и дисциплина. Ќе се обработуваат теми како што се фитнес трендови, исхрана, ментално здравје и лична мотивација – сето тоа со едноставен пристап.

Ние како медиум сме особено горди на нашите пријатели бидејќи сме цврсто убедени дека оваа рубрика на подкаст е вистински тренд и токму во ова време на македонската јавност и беше потребно, така да не пропуштајте ја премиерата – нова ера на фитнесот почнува со Pakigram!

/ПР

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (30 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денеска во неколку наврати ќе треба да покажете како можете да бидете храбри, бестрашни и директни. Не заземајте страна и не давајте поддршка на личност која сака да се слуша себеси додека зборува, особено ако истата личност нема трпение за вашите идеи. Ако треба да донесете важна одлука, не дозволувајте емоционалната несигурност да ви пречи.

БИК
Доколку се вклучите во активности кои вклучуваат тимска работа или генерално се движите меѓу поголем број луѓе, денес ќе стекнете нови познанства и ќе собирате интересни информации на патот. Најмудрите совети ќе ги добиете од постарите членови на семејството, а доколку сакате да дознаете што се крие зад неодамнешните настани, разговарајте со колегите.

БЛИЗНАЦИ
Бидете многу внимателни со сите оние луѓе кои се шармантни и со кои имате деловна врска. Имено, денес можеби ќе добиете впечаток дека некој од нив е сериозно заинтересиран за вас, додека во реалноста ќе се работи само за манипулација. Внимавајте што планирате да кажете бидејќи сите тајни може да се откријат и да создадат проблеми.

РАК
Ако долго време се соочувате со ситуацијата што ја сакате и не можете да ја контролирате, сега е време да заземете многу поцврст став, па дури и да го кренете гласот кога разговарате со оние кои не сакаат да ги разберат вашите потреби. Донесувајте одлуки пред некој друг да го направи тоа. Поминете ја вечерта во вашиот дом.

ЛАВ
Немојте да се изненадите премногу ако забележите дека вие или некој близок немате трпение денес, тешко дека можете да останете смирени или да ги контролирате емоциите. Ако поставувате прашања, ќе добиете одговори, но прво застанете и запрашајте се дали сте подготвени да ја слушнете вистината. Личноста за која мислите дека е искрена ќе крие информации од вас.

ДЕВИЦА
Ќе можете успешно да манипулирате со поголеми групи луѓе. Посебен успех може да се очекува од оние од вас кои планираат јавно појавување за денес или размислуваат да ги убедите другите да ги поддржат и да се вклучат во одреден проект. Се што е поврзано со пари има потенцијал и неодамна ви е понудено, но внимавајте на туѓите интереси.

ВАГА
Ќе бидете подготвени да направите одредени промени во животот за кои долго размислувате, но имајте на ум дека нема да бидат прифатени од сите луѓе кои ви се важни во моментот. Ако планирате да објавите одлични вести, направете го тоа полека и нежно. Ќе ви се исплати за сите ваши креативни идеи како и работата во друштво на луѓе кои неодамна сте ги запознале.

ШКОРПИЈА
Не дозволувајте овој ден да се памети само по вашата работа. Без разлика на целите и ентузијазмот, направете чекор назад или одбијте дополнителни обврски бидејќи така ќе се чувствувате многу подобро. Поврзете се со други луѓе, дружете се но и обидете се да се опуштите со пријателите, саканата личност или семејството.

СТРЕЛЕЦ
За некои работи да бидат одобрени или прифатени, ќе треба да го промените пристапот и да работите на деталите. Ако немате намера да споделувате нови идеи со другите, помалку ќе откриете ако користите хумор за време на разговорот. Кога станува збор за љубовта, дозволете ситуацијата да се развива сама и на природен начин.

ЈАРЕЦ
Иако ќе бидете оптимисти и расположени, можете да очекувате помали тешкотии во текот на денот. Така, некои ќе сфатат дека нивните планови за патување пропаднале, други ќе добијат вест дека нешто што со нетрпение го очекувале е одложено, додека други неуспешно ќе се обидат да го подобрат односот со саканата личност. Бидете мирни и не присилувајте ништо.

ВОДОЛИЈА
Многу работи ќе се случуваат зад затворени врати. Внимавајте да не донесувате одлуки врз основа на информации од втора рака. Истражете сè што ве интересира и не влегувајте во дебати пред да бидете сигурни дека ги имате сите факти. Кога станува збор за приватниот живот, намалете ги очекувањата од помладите.

РИБИ
Бидете искрени прво со себе, а дури потоа со другите, особено ако сте поставиле нови цели кои вклучуваат поголеми животни промени. Ќе ви биде жал ако пропуштите да запознаете личност која секогаш можела да влијае на вашата кариера. Во љубовта тешко дека ќе можете да бидете задоволни, иако за тоа нема да има објективни причини.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп30 минути

Хороскоп за вторник (1 јули)

ОВЕН Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека...

Македонија3 часа

МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој...

Магазин5 часа

Утре започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“

Во време кога фитнесот станува сè поголем дел од секојдневниот живот, Adastra и Дејан Пауновски – „Pakigram“ ги здружуваат силите...

Македонија8 часа

СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост

Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект...

Временска прогноза10 часа

Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7...

Македонија10 часа

СВР Охрид со засилени контроли во патниот сообраќај, изречени низа санкции

На 29.08.2025 година од 11 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај....

Македонија11 часа

Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (30 јули)

ОВЕН Денеска во неколку наврати ќе треба да покажете како можете да бидете храбри, бестрашни и директни. Не заземајте страна...

Спорт1 ден

Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг....

Кичево1 ден

(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна. Како што не...

НАЈЧИТАНИ