Временска прогноза
Какво време нѐ очекува во почетокот на месец септември?

Дојдовме до самиот крај на месецот август, последниот летен месец од годината. Со почетокот на новиот месец (септември) ни започнува и климатолошката есен, кога ноќите се се подолги, а деновите многу пократки.
Оваа година, потврдувам дека ќе имаме продолжено лето, односно барем од она што може во моментов да се види на прогностичките модели, тоа е дека во првите две недели од септември месец ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот, како кај нас во Македонија, така и во останатиот дел од Балканот, но и во поголемиот дел од Европскиот Континент, што значи дека кај нас на Балканот, вклучувајќи ја и Македонијаќе има продолжено лето, но секако со попријатни температури на воздухот.
Времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу сончеви периоди, но и покрај ова, повремено во попладневните часови би можела да се појави нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, претежно во планинските предели.
Наутро сепак ќе биде прилично свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
Се на се, оние граѓани кои планираат одмор во првите две недели од месец септември, тоа можат слободно да го направат и да си го планираат истиот како кај нас во Македонија, така и надвор од неа (во регионот), вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Пред нас многу сонце и значително потопло време, сѐ враќаат летните температури

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од четврток (7 август) па се до следниот петок (15 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе биде и значително потопло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.
Во Скопје максималната дневна температура во погоре споменатиот период ќе се искачува до околу 36/37 степени.
Сепак и покрај ова, ќе дува ветер од источен и од североисточен правец, и повремено тој ќе засилува на интензитет.
Пред нас е многу стабилно, суво и повторно значително потопло време, што значи дека убави летни денови ќе имаме и понатаму, се до средината на овој месец, секако, гледано според моменталните излези на прогностичките модели, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Најава за пороен дожд од утре, температурите би се спуштиле за половина од достигнатиот максимум од минатата седмица

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина, во Македонија следува променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
– Денес (вторник 29 јули) повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен, а долж Повардарието од северен правец.
Нестабилно на повеќе места со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и со услови за појава на град ќе биде во текот на утрешната ноќ (среда кон четврток 30/31 јули) како и во четврток (31 јули) во текот на денот.
Локално ќе има пообилни врнежи па така локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен.
И во Скопскиот регион за време на погоре споменатиот период ќе биде нестабилно со повремен локален дожд, услови за појава на грмежи како и со повремено засилен ветер од северен правец. Поголеми услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме ќе има во четврток (31 јули).
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени, додека максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 20 степени, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 32 степени.
– Апелирам во случај на појава на невреме и на електрични празнења во следниот период, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат слоите автомобили, односно, истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Сепак летните температури ќе попуштат, еве кога ќе имаме заладување

Од понеделник (28 јули) во нашата Република Македонија, и тоа поради продор на значително посвеж воздух од север, ќе имаме значително освежување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец и пад на температурите на воздухот и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега.
Од понеделник (28 јули) на многу места низ нашата Македонија температурите ќе бидат под 30 степени, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе бидат за неколку степени над 30 степени, што значи дека ќе имаме многу пријатно време, односно посвежо време.
Уште посвежо пак ќе биде во ноќните и во утринските часови кога минималните температури во нашата Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 19 степени во Повардарието, односно во најтоплите предели од Македонија.
Исто така, следната седмица локално и повремено ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, а не се исклучува можноста и за локална појава на краткотрајно невреме со силен ветер и со појава на град, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (7 август)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за петок (8 август)
-
Македонија1 ден
МВР изрече условна казна затвор и депортирање на германец поради говор на омраза, пред натпреварот Шкендија-Карабах
-
Македонија22 часа
РЦ Запад во координација со СВР Охрид санкционираа албански државјанки без регулиран престој
-
Lifestyle1 ден
Пет додатоци во исхраната што никогаш не треба да ги земате со кафе
-
Култура6 часа
Денеска се слави Преподобната маченичка Параскева, позната меѓународот како Св.Петка
-
Автомобили1 ден
Mercedes G-класата собори рекорд: произведен 600.000 примерок
-
Автомобили1 ден
Ford открива повеќе за новите буџетски возила