Следете не

Временска прогноза

Какво време не очекува следните денови во нашиот регион

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурата ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа утре и во петок ќе имаме претежно стабилно и суво време, но сепак не се исклучува можноста во попладневните часови да има појава на локален краткотраен слаб дожд. Нови врнежи од дожд се очекуваат во петок и во сабота кои локално ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен, додека од петок истите повторно ќе бележат тенденција на пад.

Пишува: Славчо Попоски

Временска прогноза

До четврток многу топло, па заладување – во прилог детална анализа на времето

Објавено пред

на

До четврток продолжува ЕКСТРЕМНО ТОПЛОТО време со натпросечни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 33 до  40 степени. Во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до околу 43 степени.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, но ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец, додека повремено и локално ветерот ќе го менува својот правец во северозападен.

Во четврток попладне, како и во петок ќе има услови за изолирана локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

  • НАЈАВА: ОСВЕЖУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА 5  ДО 8 СТЕПЕНИ – Во петок поради продор на посвежа воздушна маса од север, се очекува пад на температурите за 5 до 8 степени и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 39 степени во крајните југоисточни предели од државава, каде освежувањето најмалку ќе се почувствува.

УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Дестабилизација на времето по екстремно топлиот бран

Објавено пред

на

По ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран со температури кои се значително над просекот за овој дел од годината и кој се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, во четврток попладне се очекува локална дестабилизација на атмосферата проследена со развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно НЕВРЕМЕ проследено со пороен дожд, силени електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува и во петок, кога се очекува пад на температурите на воздухот, особено во северните предели од државава.

Максималните дневни температури од петок ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Во Скопскиот регион максималните температури од петок ќе бележат пад за 5 до 6 степени и ќе се спуштат од 40 на 34 степени, а ќе има услови и за локална нестабилност во делови од котлината, особено во четврток попладне и во петок.

УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициен 9).

За време на викендот повторно ќе имаме стабилно, сончево и МНОГУ ТОПЛО време со пораст на температурите на воздухот.

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Екстремно високи температури, во понеделник топлотен бран!

Објавено пред

на

Нашата држава поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури на воздухот се наоѓа во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА фаза, така ќе се задржи и понатаму во следните денови.

Времето постојано ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, повремено ветерот на некои места ќе засилува на интензитет. Особено поиздразен ветер од западен правец ќе имаме во понеделник, особено од пладневните часови па натаму.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, најтопло ќе биде во понеделник (за Илинден) кога температурите Долж Повардарието и на југоистокот ќе се искачат до околу 45 степени и истите и понатаму ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за овој период од годината.

  • И понатаму во следните денови, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок со што и атмосферата ќе биде заматена и со намалена видливост.
  • УВ ИНДЕКОСТ ќе остане МНОГУ ВИСОК и следните денови и ќе има коефициент 9, што значи граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да пијат што повеќе течности.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 11 минути

„ОО Црвен крст“ и „Службата за трансфузиона медицина“ од Кичево организираат „Крводарителска акција“ – Да бидеме хумани!

Почитувани, на ден 06.08.2021 година – петок, кичевската „Општинска организација на Црвен крст“ во соработка со „Службата за Трансфузиона Медицина“...

МакедонијаПред 1 час

МВР казни 28 возачи кои немале атест на вградени фолии на стаклата од автомобилите

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 26 јули до 1 август спровело засилена контрола за санкционирање возила...

ТехнологијаПред 2 часа

Гигантот „Амазон“ под закана за голема казна, поради како што велат – прекршување на законите за приватност од ЕУ

Амазон се соочува со рекордна казна од 746 милиони евра (околу 887 милиони долари) откако регулаторното тело за заштита на...

ХороскопПред 14 часа

Хороскоп за денес (4 август) среда

ОВЕН  Некои од вас денес повторно ќе бидат во контакт со личност од минатото. Ако таа личност е некој што...

Здравје и убавинаПред 19 часа

Активности кои се препорачуваат за зачувување на младоста врз мозокот

Добрата загатка поттикнува гама активност во мозокот, што е одлично за креативност и одржување на мозокот млад. Исто така, читањето...

КичевоПред 19 часа

Настап на Balter во Република 96250

Овaa сабота за прв пат во Република 96250 познатиот Rock & Roll бенд Balter. Бидете тука и уживајте во прекрасниот амбиент...

МузикаПред 20 часа

Концерт во живо на најпопуларното музичко дуо – „Куку Леле“ на кичевскиот подиум во „La Casa“ ресторан & бар

Легендарните Роберт и Панки, најпопуларното музичко дуо познати како „Куку Леле“ кој децении ја забавува македонската публика, после подолго време доаѓаат во...

КичевоПред 23 часа

с. Србјани – кичевско: Вчера била опожарена нискостеблеста вегетација

Вчера на ден 02.08.2021 година околу 12 часот, во ОВР Кичево пријавен е пожар кај месноста ,,Бели воденици,“, атар на...

МакедонијаПред 24 часа

Големо поскапување на дизелот од ноќеска, ова се новите цени

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а...

Временска прогнозаПред 1 ден

До четврток многу топло, па заладување – во прилог детална анализа на времето

До четврток продолжува ЕКСТРЕМНО ТОПЛОТО време со натпросечни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 33 до  40 степени....

НАЈЧИТАНИ