Кичево
Овој четврток бидете дел од едно поинакво вечерно уживање заедно со група „Калабалак“ во кичевскиот „La Casa“ ресторан и бар
Овој четврток 14-ти декември со почеток од 20:00 часот, реномираниот кичевски ресторан и бар „La Casa“ организира една поинаква вечер, вечер за уживање. Одлична музика, топол амбиент, врвна храна и специјалитети, како и најразновидни пијалоци.
Се што треба да направите е да го резервирате вашиот престој на службениот тел бр. 077/50-50-40, додека за музичката атмосфера ќе се погрижат професионалците од група „Калабалак“
Бидете дел..
Кичево
На градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
Почитувани кичевчани, драги сограѓани. Со голема радост преку нашиот медиум како главен медиумски покровител, вашиот кичевски крик кој од 2017-та ја зрачи позитивната енергија во онлајн етерот и како дел од организацијата ја имаме таа чест премиерно да Ве известиме дека и оваа господова година 2026 традиционално ќе се реализира кичевскиот хуманитарен „Божиќен Базар“ позициониран на градскиот плоштад – Кичево, почнувајќи од 2-ри јануари (петок) со почеток од 18:00ч, до 10-ти јануари (сабота) со исклучок на 6-ти и 7-ми бидејќи тие денови се нашите најголеми празници.
И оваа година покрај најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ – украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, ќе имаме одлична програма и многу забава.
За возрасните штандот ќе биде збогатен со греана ракија, вино, пиво, апетисани, кафе и топол природен чај, масата ќе ја красат најразновидните слатки производи, како и посебен штанд со познатите вкусни палачинки.

Ланскиот Божиќен Базар 2025 година
Оваа година на програмата се организира повторно богата лотарија за возрасните, но и за дечињата. Ученици ќе презентираат слики на платно и креативни arts and crafts, ќе се презентираат декоративни свеќи, голем избор на рачно изработени накит и женски чанти.
За сите дечиња присутен ќе биде Дедо 🎅 Мраз од Лапонија :), додека благодарение на спонзорите, ќе имаме „пакетчиња за сите дечиња“. Маскоти, за голема радост на дечињата ќе имаме и Рингишпил, како една од најголемите атракции минатите години.
За Божиќ, односно на 8-ми до 10-ти односно до самиот крај, на богатата трпеза ќе биде застапена највкусната скара. На музичкиот подиум и оваа година ексклузивно ќе бидат домашните кичевски бендови и пејачи од нашето поднебје, Културно уметничките друштва и останато.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза
За сите новости и дополнителни изненадувања, како и за комплетната агенда ќе ве известуваме благовремено!
p.s. Сите кои сакаат да бидат дел и да придонесат, можат да ни се приклучат и заеднички да направиме нешто повеќе за нас и нашите генерации кои доаѓаат по нас, контрактирајте не со порака ТУКА, или на тел. ☎️ 078/655-993 заклучно со 10-ти декември 2025. После тој датум ја заклучуваме конечната агенда.
Кичево
(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
Денес и официјално Д-р Александар Јовановски ја презеде градоначалничката функција и влезе во општинската зграда на град Кичево. Со свеченост и честитки беше пречекан од вработените, упатувајќи срдечни поздрави за успешен старт, многу здравје, среќа и бериќет во плодна работа.
Советниците ги зедоа своите уверенија за четиригодишниот мандат, а примопредавање во една добра атмосфера му оддаде и досегашниот градоначалник Фатмир Дехари кој му посака успех во работата и многу здравје каде му врачи еден скромен поклон – четири слики во една од град Кичево, изгравиран со честитка за успешна работа.
– Верувам дека со заедничка работа, искрен дијалог и посветеност ќе создадеме поубав, поправеден и поуспешен град за сите нас и за идните генерации. Нека е аирлија, да продолжиме напред заедно, за мене како што знаете поделбите не постојат, она по што ќе се водиме е достоинствен живот за сите – истакна Јовановски на социјаните мрежи.
Посакуваме среќен почеток и успешна работа!
Кичево
Во сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
Подгответе се за вечер полна со жива музика, силен звук и незаборавна атмосфера! На 15 ноември, со почеток од 19:30 часот, во НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево, ќе се одржи третото издание на најгласниот градски настан, фестивалот кој ја пренесува најдобрата рок енергија.
На сцената ќе настапат некои од најдобрите локални и регионални бендови:
⚡ Phoenix
⚡ Addicted
⚡ Future Band
⚡ Sound Division
⚡ Plum
⚡ Hush
Секој од нив ќе ја крене енергијата до максимум и ќе го потсети публиката зошто рокот никогаш не излегува од мода.
Настанот има и хуманитарен карактер, имено сите собрани средства ќе бидат наменети за континуирано реновирање на просториите на „Енигма“, култното место каде што се создава и негува автентичниот кичевски рок звук.
Влез: 200 денари
📍 Локација: Фоаје на Дом на култура „Кочо Рацин“ – Кичево
Датум: 15 ноември, 19:30 часот
Бидете дел и заеднички да ја почувствуваме моќта на локалната рок сцена и да бидете дел од нешто што расте од година во година, потврдете го вашето присуство преку фејсбук настанот ТУКА
-
Кичево1 денНа градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
-
Кичево1 ден(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (11 ноември)
-
Македонија1 часТелефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
-
Здравје и убавина1 денДомашен напиток од свежи билки против болки во Бубрезите од бубрежните камења
-
Спорт1 денАталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
-
Временска прогноза15 часаОд утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите
-
Македонија11 часаПријави за навивачи на мечот помеѓу Силекс и Шкупи за пораки и скандирања со навредлива содржина

