Спорт
„Каменица Саса“ го освои фудбалскиот трофеј од Купот на Македонија во големото женско финале против „Асс Јунајтед“

Eкипата на Каменица Саса успеа да го подигне трофејот од Купот на Македонија по одличната игра и убедливо издвојуваната победа против Асс Јунајтед. Женското финале од Купот на Македонија се одигра денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски”, Каменица Саса забележа убедлива победа со 4:0.
Антонина Шопска го отвори резултатот на денешната средба во 7. минута. На 2:0 зголеми Ленче Андреевска во 23. минута од средбата. Истиот играч погоди на почетокот на второто полувреме за предност на Каменица Саса од 3:0. Конечните 4:0 ги постави интернационалката Чик Пејтон Тејлор во 71. минута од мечот.
Каменица Саса: Јелена Гвоздерац, Ана Димитровска, Драгана Костова, Тејлор Пејтон Чик, Павлинка Николовска, Икеда Ангелика Кеона, Елена Панеска, Мила Талевска, Христина Јошевска, Ленче Андреевска, Антонина Шопска
Асс Јунајтед: Суарта Речи, Александра Поповска, Улза Максути, Ера Стеблева, Веса Села, Арлинда Адили, Оливера Цоклеска, Кристина Мојсоска, Александра Симоноска, Едина Сулејмани, Еда Далипи
Спорт
Најдобриот српски тенисер Ѓоковиќ утре на Вимблдон ќе се сретне со Тим ван Ритовен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и Холанѓанецот Тим ван Ритовен утре ќе се сретнат во осминафиналето на Вимблдон, а нивниот меч е поставен како трет во низа на „Централниот терен“.
Тоа практично значи дека сигурно нема да започне пред 18:00 часот, бидејќи во 14:30 часот програмата ќе ја отворат Британката Хедер Вотсон и Германката Жил Нимаер.
Зад нив околу 16 часот на терен ќе бидат Италијанецот Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкараз.
Спорт
Само Сејдини од ФФМ не ги заборави спортските новинари за 2-ри јули

Денешниот ден, 2 јули е ден на спортските новинари, кај нас во Македонија, станува професија која е сè повеќе потценета, прекрасна е, но спортските новинари кај нас се во „изумирање“ …
Спортското новинарство е „жртва“ на политиката, кај нас во Македонија има над 30 специјализирани спортски канали, Аренаспорт, Спортклуб и Еуроспорт се емитуваат преку разни ТВ платформи, и ниту еден не е на македонски јазик …
Посебна приказна се националните ТВ куќи, МКРТВ се бори за место „под сонцето“, но ги губи битките со големите и специјализирани спортски канали во конкуренција обезбедување на ТВ права
На претседателот на ФФМ му благодариме што еден од ретките кои се сети на спортските новинари, предводникот на „куќата на фудбалот“ е еден од ретките кои со посебно внимание се однесува кон „седмата сила“, ти БЛАГОДАРИМЕ, пишуваат нашите пријатели од Makfudbal.mk, еден од најдобрите спортски портали во земјава.
Спорт
Заштитата од местење на натпревари е една од важните обврски во македонскиот фудбал. ФФМ преку Комисијата за безбедност и интегритет ќе се справува со проблемот

Фудбалската Федерација на Македонија преку Комисијата за безбедност и интегритет целосно е насочена кон откривање и заштита на еден од најголемите проблеми во модерниот фудбал – местењето на натпревари. Ризик кој влијае негативно, а зазема се поголема сила во светот на фудбалската игра. Оттука, ФФМ преку Комисијата за безбедност и интегритет преку низа кампањи, семинари и предавања ги охрабрува луѓето кои се вклучени фудбалот да зборуваат против местење на натпревари и да ја подигнат свеста преку доверливите платформи за известување на ФФМ, УЕФА и ФИФА.
Во однос на ова прашање, нашата федерација презема конкретни чекори, односно учествува и организира едукативни предавања во координација со УЕФА и ФИФА за рано препознавање и спречување на местењето на фудбалски натпревари.
Целта е единствена, а тоа е да се заштити интегритетот на самата фудбалска игра.
Сите во фудбалот кои на било каков начин доаѓаат во ситуација поврзана со местењето на натпревари треба да се спротивстават и да пријават каков било пристап со можност да се „намести” натпревар преку доверливи платформи за известување.
Во 2021/2022, Комисијата за безбедност и интегритете при ФФМ организираше десетина едукативни семинари, обуки и предавања за заштита од местење на натпревари. Беа опфатени сите национални репрезентации, како и судиите и контролори во МФЛ.
Целта на предавањата е да им се даде важна информација на фудбалерите, судиите и останатите учесници во фудбалската игра за начинот на кој функционира целиот систем и процес на местење на натпревари, големото негативно влијание врз фудбалот, како и откривањето и превенцијата од него.
– Активностите кои ги реализиравме во оваа насока, ни даваат за право да веруваме дека заедно и конструктивно можеме да ги решаваме предизвиците и дека нашите заеднички предлози и насоките кои ги добиваме од УЕФА и ФИФА во однос на ова прашање, фудбалерите, судиите, но и сите останати кои се поврзани со фудбалската игра, ќе ги пренесат во своите клубови, тела и организации. Верувам дека со спроведувањето на низата семинари помогнавме разменувајќи искуство и знаење и дека пронајдовме најдобри методи за заштита од местење на натпревари. Сето тоа заради нашиот фудбал, но првенствено заради нашето општество, изјави Роберт Марковиќ од одделот за безбедност и интегритет при ФФМ.
-
Кичево2 дена
Се бара 52-годишник од кичевско, скоро една недела го нема
-
Кичево14 часа
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Кичево1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (3 јули)
-
Кичево11 часа
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хороскоп4 часа
Дневен Хороскоп (4 јули) – понеделник
-
Хроника1 ден
Трагедија ја потресе Македонија, се трага по телото, 14-годишник попладнево се удави во Беровско Езеро
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: Внимавајте, дури 27 санкции за возила кои престигнувале на недозволени места