Следете не

Спорт

„Каменица Саса“ и „АС Јунајтед“ ќе се соочат во женското финале од Купот на Македонија во фудбал

Објавено пред

на

Двата тима ќе се борат за својот прв трофеј во натпреварувањето. Тренерите на двете екипи веруваат во успех.

Екипите на Каменица Саса и АС Јунајтед на 18. мај (среда) ќе се соочат во женското финале од Купот на Македонија. На натпреварот кој ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, двата тима ќе се обидат да стигнат до својот прв трофеј од најмасовното натпреварување.

Каменица Саса е актуелен првак. Скопје 2014 е последен освојувач на пехарот од Купот на Македонија од финалето одиграно 2019 година против Тиверија.

За тренерот на Каменица Саса, Зоран Златковски, освојувањето на трофејот во Купот на Македонија е приоритет, бидејќи како што вели, резултатите во првенството не соодветствуваат со квалитетот на екипата.

– Како тренер и предводник на екипата очекував подобри резултати во досегашниот тек од првенството, со оглед на тоа што поседуваме голем потенцијал и квалитет. Приоритет ни е освојувањето на Купот на Македонија, иако нема да се откажеме ниту од борбата за првото место во првенството. Подготвени сме за натпреварот, со нетпрение и голема желба го очекуваме финалето и се разбира дека очекуваме победа во нашето прво финале од историја на клубот.

Имаме голема почит за екипата и тренерот на Ас Јунајтед, Астрит Мерко, кој врши одлична работа. Противникот има квалитет и одлично функционираат како тим. Сметам дека ќе биде неизвесно и детали ќе го одлучат победникот. Очекувам интересен натпревар, неизвесен и борбен до самиот крај. Се надевам на победа и славје во Каменица.

Астрит Мерко, тренерот на АС Јунајтед вели дека противникот е поискусен, но верува во своите млади фудбалерки и ќе дадат сѐ од себе да победат на натпреварот.

– Го познаваме одлично тимот на Каменица Саса, поседуваат квалитет, играат одлично во последните неколку сезони во првата лига на Македонија. Очекувам интересен натпревар, голема борба и пожртвуваност кај двете екипи. Посакувам коректен натпревар. Верувам во моите фудбалерки. Имаме млада екипа која поседува потенцијал, речиси сите се репрезентативки и во натпреварувачки ритам. Ќе дадеме се од себе за да победиме. Можеби предност за нив може да претставува фактот што имаат поискусни фудбалерки и фудбалерки што доаѓаат од странство, но на крајот тоа не мора да биде пресудно. Верувам дека ќе биде неизвесно до самиот крај. Нека победи подобриот. 

Спорт

Младата репрезентација на Македонија со собир пред квалификациските меча против Ерменија и Украина

Објавено пред

на

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во хотел Парк го имаше официјалниот собир во пресрет на предвидените натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.

Нашите млади фудбалери заедно со селекторот и неговиот стручен тим денеска официјално го означија почетокот на подготовките за двата последни квалификациски меча против селекциите на Ерменија и Украина.

На 2. јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција.

Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.

Прочитај повеќе...

Спорт

Од денес по симболични цени пуштени во продажба картите за фудбалскиот меч Бугарија – Македонија

Објавено пред

на

Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварот Бугарија – Македонија во Разград на 2. јуни од Лига на нации, од денес (26. мај 2022), можат да купат билети за мечот на стадионот „Хувефарма“ преку официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети, MKTikets.

Цената на билет за натпреварот е 600 денари (вклучено ДДВ и достава).

На следниот линк ТУКА може да купите билети за натпреварот Бугарија – Македонија:

Продажбата ќе трае до понеделник (30. мај 2022). Своите билети за натпреварот, купувачите ќе ги добијат во вторник (31. мај 2022), преку карго достава на адресата која ја имаат наведено при електронското купување на билетите.

Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со пополнување на бараните податоци за идентификација (име и презиме, датум на раѓање, број на пасош, контакт телефон).

Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови на отворањето на новото издание од Лига на нации, додаваат од ФФМ во интегралниот текст за медиуми.

Прочитај повеќе...

Спорт

Шанса ќе добијат сите. Треба да продолжиме да бидеме конкурентни во Европа

Објавено пред

на

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција зборуваше за подготовките и натпреварите на најдобрата селекција од новото издание на Лига на нации.

На првиот собир на нашата репрезентација денеска, пристигнаа дел од фудбалерите, а ќе се комплетира во текот на наредните денови.

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:

– Поради повреда на стопалото, капитенот Стефан Ристовски нема да биде во можност да се стави на располагање за јунските натпревари. Аријан Адеми и Адис Јаховиќ се ослободени за подготовките и натпреварите поради напорната сезона и честите повреди, додека Ердал Ракип поради свои приватни причини, исто така нема да биде дел од тимот за овој собир. Тихомир Костадинов е во процес на рехабилитација од повредата на коленото.

– Ние сме во група со квалитетни противници. Квалитетот е израмнет, а јас не го запоставувам ниту Гибралтар, иако многумина го сматаат за аутсајдер. Нашата цел е освојување на првото место во септември кога завршува циклусот. Не чекаат шест тешки натпревари, а не само еден или четири.

– Императив во оваа селекција е секој да го даде најдоброто од себе. Фудбалерите да покажат дека имаат потенцијал, да го дадеме максимумот и на крајот да видиме што ќе ни донесе тоа. Ниту јас, ниту стручниот штаб не живее во минатото. Зад нас ги оставаме Италија и Португалија и ќе се обидеме најдобро што можеме да се носиме со новите предизвици.

– Шанса за настап и за потврда на својот потенцијал ќе добијат сите, ќе правиме ротации, а ќе бидеме задоволни ако го видиме квалитетот и потенцијалот на фудбалерите покажувајќи ни дека можеме да сметаме на нив во иднина, затоа што за нас целта останува ЕП 2024.

Базата ја имаме, ја направивме во 2015/16, сега го освежуваме тимот со млади фудбалери од репрезентацијата до 21 година. Покажавме дека можеме да бидеме конкурентни во Европа, но треба да продолжиме во таа насока.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Редовен Хороскоп за сабота (28 мај)

ОВЕН Држете се до добро познато општество и средина во која добро се сложувате, бидејќи луѓето ќе ве прифатат онакви...

Спорт9 часа

Младата репрезентација на Македонија со собир пред квалификациските меча против Ерменија и Украина

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во хотел Парк го имаше официјалниот собир во пресрет на предвидените натпревари...

Кичево9 часа

Денес во кичевската касарна „Чеде Филиповски-Даме“ беше одбележан 21-ви мај – „Денот на единицата“

Денес во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево со воена свеченост припадниците од 4. пешадиски баталјон (4.пб), од 1...

Магазин13 часа

Samsung ја покажа моќта на новиот сензор од 200 MP

Пред само неколку дена споменавме дека Моторола ќе вгради нов сензор Samsung од 200 MP во својот претстоен предводник, истиот...

Магазин13 часа

Инстаграм не им функционираше на многумина, проблемите сега се решени

Ако синоќа имавте проблеми со пристапот до Инстаграм – не сте единствените. Извештаите низ Интернет (Downdetector, Reddit) укажуваат на тоа...

Македонија15 часа

Предмалку регистриран земјотрес во Македонија

Предмалку во Македонија беше регистриран земјотрес кој според ЕМСЦ бил со јачина според сервисите околу 3.6 според Рихтеровата скала. Истиот...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за 27 мај (петок)

ОВЕН Денес ќе ви се чини особено напорен ден затоа што ќе бидете помалку продуктивни од вообичаено, нема да имате...

Спорт1 ден

Од денес по симболични цени пуштени во продажба картите за фудбалскиот меч Бугарија – Македонија

Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварот Бугарија – Македонија во Разград на 2....

Спорт1 ден

Шанса ќе добијат сите. Треба да продолжиме да бидеме конкурентни во Европа

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција зборуваше за подготовките и натпреварите на најдобрата селекција од новото издание...

Кичево1 ден

Урбана викенд програма во Република 96250

Петок (27.05.2022) го резервираме за љубителите на електронката музика диригирана од локалниот DJ PUNISHER, почеток во 21:00h (Second floor). Забавата...

НАЈЧИТАНИ