Кичево
Катастрофална статистика за последните две седмици во Кичево скоро секој ден по еден каснат од куче скитник

Заклучно со почеток на месец ноември, според дневниот билтен за порта.мк истакнат од портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски, вкупно 12 луѓе биле нападнати од кучиња скитници на територијата на град Кичево и околните села, или во просек му доаѓа скоро секој ден по најмалце еден нападнат од куче скитник, пријавен случај во полиција (Ова е што знаеме, а што незнаеме и некој се спасил со брзина на светлината, а ги има многу не се во статистика)
Како сервис на граѓаните и како обични луѓе кои се соочиле со истиот проблем некогаш, добро знаеме кој е проблемот на своја кожа, иако сите по дома чуваме кученца, апелираме до надлежните институции да го решат овој проблем, и да се надеваме дека конечно ќе се стави крај на ова нешто кое тежнее и во други градови, но во нашиот дефинитивно станува сѐ повеќе и повеќе комплексно човек слободно да се движи. Доаѓа период на ладна зима, кучињата немаат храна и засолниште, а тоа може да доведе до поголема агресивност и нападите врз луѓето да зачестат, што би значело катастрофа на дневно ниво.
Единствена организација за кучињата скитници е „Грифон“ од Кичево, која на секоја иницијатива од народот гледаат да ги заштитат граѓаните. Неодамна за ТВ21 претседателот на оваа организација Несторовски, односно пред 9 месеци изјави дека околу 700 кучиња се во градот, додека 500 се во кичевските села, речиси двојно повеќе од минатата година.
Хронолошки редоследот на пријави по датум во ОВР Кичево е следен:
На 31.10.2022 година, С.Т.(47) од Кичево, во полициска станица пријави дека неговиот малолетен син на улицата „Тане Цалески“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, М.К.(63) од Кичево пријави дека неговиот малолетен внук на улицата „Влашки пат“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 03.11.2022 година во 09:50 часот, Н.А.(33) од Кичево во полициска станица пријави дека неговиот малолетен син на улицата „Партизански одреди“ бил каснат од куче скитник. Истиот ден, С.М.(47) и Ј.И.(65), двајцата од Кичево, како и Б.А.(48) од кичевското село Туин, пријавија дека на улиците „ Мирка Настеска“, булеварот „Осклободување“ и на улицата „Маршал Тито“ во Кичево биле каснати од кучиња скитници.
На 05.11.2022 во 10.05 часот, З.П.(69) од Кичево во полициска станица пријави дека на ул.„Рудничка“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 07.11.2022 година во 20.50 часот, К.Г.(56) од Кичево, во надлежната полициска станица пријави дека на улица „11 сeптември“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 08.11..2022 во 13.40 часот, Б.Г.(32) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „Ибе Паликуќа“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 09.11.2022 во 15.30 часот во полициската станица Кичево, А.Ц.(36) од Кичево пријавила дека на улицата „Рудничка“ во Кичево нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник. Истиот ден, А.И.(71) од Кичево пријавил дека на улица „Маршал Тито“ бил каснат од куче скитник
На 12.11..2022 година во 15 часот во ОВР Кичево, Б.Џ.(58) од кичевското село Колари, пријавил дека на булеваот „Ослободување“ во Кичево, бил каснат од куче скитник.
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Магазин2 дена
YouTube повторно воведува ограничувања: што значат новите правила за помладите креатори
-
Автомобили18 часа
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Lifestyle2 дена
Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани
-
Lifestyle2 дена
Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи