Кичево
(ФОТО) Предмалку заврши извлекувањето на „мини“ наградната игра во „Kelly Doner“, Александар и Јана од Кичево, како и Ѓоко од Демир Хисар беа најсреќните на ова извлекување
Предмалку ги добивме среќните добитници во рамки на наградната игра на „Kelly Doner“ која траеше еден месец. Во среќниот сад имаше 226 купони, додека најсреќните кои претставничката на „Kelly Doner“ – Ива Стојаноска ги извлече се следните:
1. Награда, мобилен телефон „Samsung Galaxy A55 5G“ го доби Александар Димитријоски „Карпа“ од Кичево
2. Награда, ваучер од 3000 денари доби Јана Данеска од Кичево
3. Награда, ваучер од 1000 денари купон од „Kelly Doner“ доби Ѓоко Спасески од Демир Хисар.
– Упатуваме голема благодарност до сите учесници кои беа дел од оваа наградна игра. И премиерно ја известуваме јавноста дека ваквиот тип на пред се мали наградни игри кои народот кај нас едноставно ги обожава, а тоа се виде и по бројот на купони – ќе продолжат и во иднина, за порта.мк истакна Кристијан Врапчароски од „Kelly Doner“
Со среќа на сите добитници, во прилог фотогалерија, каде нашиот тим го проследи извлекувањето:
Кичево
ОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
На 25.11.2025 во 22:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(25) од Кичево и мопед со кичевски регистарски ознаки, управуван од 13-годишник од Кичево, по што возачот А.Ф. со возилото го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден и со него е извршен службен разговор.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.
Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
– Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган, за јавноста и медиумите предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
Како современа и опшествено одговорна компанија која веќе 32 години успешно функционира на домашниот пазар, преку нашиот веб го најавуваме дефинитивно најголемиот „Black Friday“, во нашиот град кој трае на 28.11 и 29.11. Можете да искористите и до 70% попуст на одредени производи од врвни светски производители како што се, ATLAS CONCORDE, Geberit, Liv, Sanovit, Creavit, STN, Qua, Bien, Gomez, Navarti, Tilezza, Geo Tiles, Unitas, Ideal Standard, итн.
Во понудата има голем избор на керамички и порцелански плочки, „wc школки“, „кабини“, „паравани“, мебел за бања и уште многу други производи за вашата бања кои ќе го подобрат и олеснат секојдневието!
Дополнителни информации и резервации можете да добиете на телефонските броеви 075/264-634 и на 075/228-948, на фејсбук, инстаграм или директно во нивниот продажен салон секој работен ден од 09:00 до 18:00ч, најдете ги на гугл мапа на магистрален пат, ТУКА
-
Кичево1 денОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево12 часаОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Кичево2 дена„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Македонија6 часа„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (26 ноември)
-
Хроника1 денМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза1 денОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
-
Автомобили1 денКако да заштедите гориво во зима: Експертски совети за правилен притисок во гумите
















